михаил горбачов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Sep 2022 08:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png михаил горбачов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО ЖИВО: Граѓаните се простуваат од Михаил Горбачов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-gragjanite-se-prostuvaat-od-mihail-gorbachov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-gragjanite-se-prostuvaat-od-mihail-gorbachov/#respond Sat, 03 Sep 2022 08:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=728145

На скромна церемонија, во Салата на колоните граѓаните му оддаваат последна почит на Михаил Горбачов, последниот советски лидер. Тој ќе биде погребан денеска без државни почести и без присуство на рускиот претседател Владимир Путин и западните лидери. Како што претходно соопшти Кремљ, Путин нема да присуствува поради претходни закажани обврски. Рускиот претседател во четвртокот приватно положил цвеќе врз ковчегот во болницата во Москва каде Горбачов починал. Ќерката на Горбачов, Ирина, најави дека погребот ќе биде скромен. Тој има воена почесна гарда околу одарот , што е само еден елемент на државните почести. Тоа е минимално во споредба со националниот ден на жалост и државниот погреб во главната катедрала во Москва што се одржа во 2007 година за поранешниот руски претседател Борис Елцин. Тој беше клучен во соборувањето на Горбачов додека се распадна Советскиот Сојуз, а подоцна лично го избра Путин за негов наследник. И покрај тоа, Горбачов (92), како и Елцин, ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи, покрај неговата сопруга Раиса, која почина пред 23 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-gragjanite-se-prostuvaat-od-mihail-gorbachov/feed/ 0
Денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов, без државни почести и високи гости https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-mihail-gorbachov-bez-drzavni-pochesti-i-visoki-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-mihail-gorbachov-bez-drzavni-pochesti-i-visoki-gosti/#respond Sat, 03 Sep 2022 07:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=728113

Михаил Горбачов, последниот советски лидер и миленик на Западот кој доживеа пропаст на сите реформи што ги почна во својата татковина, денеска ќе биде погребан без државни почести и без присуство на рускиот претседател Владимир Путин и западните лидери. Горбачов стана херој на Западот затоа што помогна да се стави крај на Студената војна, да се олесни обединувањето на Источна и Западна Германија и да се склучи договор за контрола на оружјето со САД. Меѓутоа, многу Руси не може да му го простат тоа што не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, како и економскиот хаос предизвикан од неговата „перестројка“. Горбвачов почина во вторникот на 92-годишна возраст, а московјаните ќе можат да го посетат неговиот одар во импозантната Сала на колоните, недалеку од Кремљ, каде што им се оддава последна почест на поранешните советски лидери. Не е изненадувачки што Путин, долгогодишен офицер на КГБ кој распадот на Советскиот Сојуз го нарече „геополитичка катастрофа“, му ги скрати државните почести на Горбачов и соопшти дека поради презафатеност нема да да присуствува на погребот. Многу западни шефови на држави и влади вообичаено би биле присутни на денешниот погреб, но сега се држат настрана поради јазот во односите Исток-Запад по инвазијата на Путин врз Украина од 24 февруари. Ќерката на Горбачов, Ирина, најави дека погребот ќе биде скромен.Тој ќе има воена почесна гарда околу одарот , што е само еден елемент на државните почести, соопшти Кремљ. Тоа е минимално во споредба со националниот ден на жалост и државниот погреб во главната катедрала во Москва што се одржа во 2007 година за поранешниот руски претседател Борис Елцин. Тој беше клучен во соборувањето на Горбачов додека се распадна Советскиот Сојуз, а подоцна лично го избра Путин за негов наследник. И покрај тоа, Горбачов, како и Елцин, ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи, покрај неговата сопруга Раиса, која почина пред 23 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-mihail-gorbachov-bez-drzavni-pochesti-i-visoki-gosti/feed/ 0
Путин нема да присуствува на погребот на Горбачов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-gorbachov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-gorbachov/#respond Thu, 01 Sep 2022 12:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=727240

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов поради натрупаниот работен распоред, соопшти Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин утрово му одал последна чест на Горбачов со посетата и полагањето венец во московската Централна клиничка болница, каде тој почина во вторникот. – За жал, работните обврски на претседателот не дозволуваат тоа да го стори на 3 септември, па одлучи да го направи денеска, појасни Песков. Како што тој додаде, погребот на Горбачов ќе има „елементи“ на државен погреб, вклучително и почесна стража и дека државата помага при негово организирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-gorbachov/feed/ 0
Штајнмаер му оддаде почит на Горбачов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-mu-oddade-pochit-na-gorbachov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-mu-oddade-pochit-na-gorbachov/#respond Wed, 31 Aug 2022 08:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=726461

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска му оддаде почит на починатиот руски добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен советски претседател Михаил Горбачов, нарекувајќи го „голем државник“. – Германија останува должна кон него, од благодарност за неговиот одлучувачки придонес за германското обединување, од почит за неговата храброст во прифаќањето на отворената демократија и градењето мостови меѓу истокот и западот, како и во сеќавање на неговата голема визија за заедничка и мирна Европа, рече Штајнмаер. Штајнмаер додаде дека „денес овој сон лежи во урнатини, уништен од бруталната руска инвазија врз Украина“, пренесе ДПА. – Горбачов страдаше во последните години од зголеменото отуѓување меѓу Русија и Западот, рече Штајнмаер. Горбачов почина вчера на 92-годишна возраст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtajnmaer-mu-oddade-pochit-na-gorbachov/feed/ 0
Горбачов – едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-edno-od-najvaznite-lica-od-vtorata-polovina-na-dvaesettiot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-edno-od-najvaznite-lica-od-vtorata-polovina-na-dvaesettiot-vek/#respond Wed, 31 Aug 2022 07:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=726356

Поранешниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир, Михаил Горбачов, кој почина синоќа на 92-годишна возраст, многу историчари го сметаат за едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век, пишуваат медиуми. Тој беше последен претседател на СССР, стави крај на Студената војна без крвопролевање, но, не успеа да го спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз. Горбачов поднесе оставка од својата функција на 25 декември 1991 година, а Советскиот Сојуз се распадна по 69 години. „Михаил Сергејевич Горбачов почина вечерва по тешка и долготрајна болест“, соопшти Централната клиничка болница во Москва. Според Тасс, тој ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи покрај својата сопруга Раиса, која почина во 1999 година. Од сиромашно семејство до партискиот врв Горбачов е роден на 2 март 1931 година во сиромашно семејство во Приволноје кај Ставропол во јужна Русија. Како правник, брзо се приклучи на комунистичката партија, а потоа со годините се проби до самиот врв на партиската номенклатура. Беше нејзин осми и последен генерален секретар. Ја водеше од 1985 до распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година. Кога во 1985 година стана генерален секретар на советската комунистичка партија, на 54-годишна возраст, тргна да го ревитализира системот со воведување програми на гласност и перестројка што имаа за цел да обезбедат поголема демократија и економски раст. Но, неговите реформи излегоа од контрола. Неговата политика на „гласност“ – слобода на говор – овозможи дотогаш незамислива критика на партии и држави, но, исто така ги охрабри националистите кои почнаа да вршат притисок за независност во балтичките републики Летонија, Литванија, Естонија и на други места. Иако беше посветен следбеник на советската држава и социјалистичките идеали, реформите на ослабениот систем, според него, беа нужни за понатамошен напредок на земјата. Во тоа доста го увери и нуклеарната несреќа во Чернобил од 1986 година, што откри многу сериозни недостатоци на комунистичкиот систем и неспособност на највисоките носители на одлуки да спречат такви катастрофи и да го заштитат населението. Советските власти катастрофата ја признаа со неколку дена задоцнување и тоа дури кога зголемената радиоактивност е забележана во соседни земји. Во областа на надворешната политика, тој одлучи да ја прекине советската интервенција во Авганистан и да започне разговори со тогашниот американски претседател Роналд Реган, што доведе до неколку договори за ограничување на вооружувањето. Кога продемократски протести зафатија земји од советскиот блок од комунистичка источна Европа во 1989 година, тој се воздржа од употреба на сила – за разлика од претходните лидери на Кремљ, кои испратија тенкови да ги задушат востанијата во Унгарија во 1956 и во Чехословачка во 1968 година. Но, протестите поттикнаа аспирации за автономија во 15 републики на Советскиот Сојуз, кој се распадна во наредните две години на хаотичен начин. Горбачов залудно се бореше да го спречи колапсот. Следбениците на „тврдата линија“ се обидоа во 1991 да го соборат од власт со државен удар што не успеа. Тоа го означи крајот на политичката кариера на Горбачов и тој мораше да си поднесе оставка, а Советскиот Сојуз се распадна. За многумина во Русија – предавник Потоа Горбачов главно се повлече од активната политика, но остана важна личност од заднината која долго изнесуваше ставови за релевантни теми од Русија и од светот. Го сметаа за гласен критичар на првиот претседател на Русија, Борис Елцин, како и на актуелниот, Владимир Путин. Меѓу историчарите, тој се смета за едно од најзначајните лица од втората половина на дваесеттиот век. Во 1990 година, тој доби Нобелова награда за мир. Но во Русија за многумина е предавник. Советски носталгичари му замеруваат што допуштил да се распадне земјата што комунистите 70 години ја граделе на урнатините на империјална Русија. Дека станувало збор за голема геостратешка грешка, неколкупати оцени и Путин. Многумина Руси никогаш не ги простија турбуленциите што неговите реформи ги предизвикале, сметајќи го последователниот пад на животниот стандард како превисока цена за демократија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-edno-od-najvaznite-lica-od-vtorata-polovina-na-dvaesettiot-vek/feed/ 0
Светските лидери се збогуваат со Горбачов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-se-zboguvaat-so-gorbachov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-se-zboguvaat-so-gorbachov/#respond Wed, 31 Aug 2022 06:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=726337

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство поради смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, објави синоќа Кремљ. – Владимир Путин го изразува своето најдлабоко сочувство по смртта на Михаил Горбачов и утринава испрати телеграма со сочувство до неговото семејство и блиските, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Последниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир, почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, по долга болест, јавија руски медиуми. Други светски лидери исто така му одадоа чест на Горбачов. Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази „длабока тага“ и го нарече Горбачов „уникатен државник, кој го промени текот на историјата“. „Направи повеќе од кој било друг, за да поттикне Студената војна да заврши на мирен начин“, пишува во соопштението на Гутереш. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша Горбачов како „водач кој беше достоен за доверба и почит“. Последниот советски лидер „одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. Го отвори патот кон слободна Европа. Тоа е наследство што нема да го заборавиме“, напиша таа на Твитер. Францускиот претседател Емануел Макрон му се заблагодари на Горбачов за „ангажманот за мир во Европа“. Според Макрон, „тој е човек на мирот, чии избори го отворија патот кон слободата за Русите“. – Неговиот ангажман за мир во Европа ја промени нашата заедничка историја, додаде Макрон. Британскиот премиер на заминување, Борис Џонсон ги поздрави неговите „храброст и интегритет“. „Многу ме натажи веста за смртта на Горбачов. Секогаш се восхитував на неговите храброст и интегритет што ги покажа при завршувањето на Студената војна“, објави тој на Твитер. Џонсон додаде дека во моменталната агресија на Путин во Украина, „неговата неуморна посветеност на отворањето на советското општество останува пример за сите нас“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-se-zboguvaat-so-gorbachov/feed/ 0
Бајден: Горбачов беше редок лидер кој придонесе за побезбеден свет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gorbachov-beshe-redok-lider-koj-pridonese-za-pobezbeden-svet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gorbachov-beshe-redok-lider-koj-pridonese-za-pobezbeden-svet/#respond Wed, 31 Aug 2022 05:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=726325

Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“. „Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение. Тој додава дека „неговите постапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“. „Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден. Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување. Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gorbachov-beshe-redok-lider-koj-pridonese-za-pobezbeden-svet/feed/ 0
Почина Михаил Горбачов, човекот кој стави крај на Студената војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mihail-gorbachov-chovekot-koj-stavi-kraj-na-studenata-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mihail-gorbachov-chovekot-koj-stavi-kraj-na-studenata-vojna/#respond Tue, 30 Aug 2022 20:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=726286

Михаил Горбачов, кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз, почина на 92-годишна возраст, соопштија руските новински агенции, цитирајќи официјални лица од болницата. Горбачов, последниот советски претседател, склучи договори за намалување на оружјето со Соединетите држави и партнерства со западните сили за да ја отстрани железната завеса. Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година. Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-mihail-gorbachov-chovekot-koj-stavi-kraj-na-studenata-vojna/feed/ 0
Горбачов: Светот е во колосална опасност од нуклеарен судир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-svetot-e-vo-kolosalna-opasnost-od-nuklearen-sudir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-svetot-e-vo-kolosalna-opasnost-od-nuklearen-sudir/#respond Mon, 04 Nov 2019 14:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=259983

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната тензија меѓу Русија и Западот го доведува цел свет во „колосална опасност“ од можен нуклеарен судир и повика на уништување на нуклеарното оружје. -Се додека постои оружје за масовно уништување, како што е нуклеарното, опасноста за цел све е колосална. Сите нации би требало да повикаат на уништување на нуклеарното оружје. Тоа е нешто што мораме да го направиме ако сакаме да го спасиме човештвото и пленатета, изјави Горбачов во интервју за Би Би Си. На прашањето дали напнатоста меѓу Русија и Западот потсетува на времето на Студената војна, Горбачов рече дека станува збор за „про-студена војна“. Последниот советски лидер ја освои Нобеловата награда за мир во 1990 година за историскиот договор со тогашниот американски претседател Роналд Реган за намалување на нуклеарното оружје, од кој Доналд Трамп се повлече оваа година. Одлуката на Горбачов да не ја испраќа Советската армија во Источна Германија кога „падна“ Берлинскиот ѕид пред 30 години, се смета за клучна за одржување на мирот за време на Студената војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorbachov-svetot-e-vo-kolosalna-opasnost-od-nuklearen-sudir/feed/ 0
ФОТО: Некогаш владееше со најголемата земја на светот- вака денес изгледа последниот претседател на СССР https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nekogash-vladeeshe-so-najgolemata-zemja-na-svetot-vaka-denes-izgleda-posledniot-pretsedatel-na-sssr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nekogash-vladeeshe-so-najgolemata-zemja-na-svetot-vaka-denes-izgleda-posledniot-pretsedatel-na-sssr/#respond Thu, 09 May 2019 09:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=195922

Поранешниот лидер на Советскиот сојуз Михаил Горбачов се појави денеска на воената парада во Москва, по повод Денот на победата. Горбачов видно остарел, а очигледно има проблеми и со движењето. Поради тоа му помагаа две момчиња, веројатно телохранители. Погледнете како изгледа: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nekogash-vladeeshe-so-najgolemata-zemja-na-svetot-vaka-denes-izgleda-posledniot-pretsedatel-na-sssr/feed/ 0