Михаил Саакашвили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 12:22:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Михаил Саакашвили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саакашвили непрепознатлив, Зеленски бара да биде префрлен на клиника во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-neprepoznatliv-zelenski-bara-da-bide-prefrlen-na-klinika-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-neprepoznatliv-zelenski-bara-da-bide-prefrlen-na-klinika-vo-ukraina/#respond Tue, 04 Jul 2023 12:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=852514

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили првпат по неколку месеци се појави на телевизија речиси непрепознатлив. „Потполно невин човек се држи во притвор. Јас не направив никакво кривично дело“, рече тој во видео обраќање, што се емитуваше во живо на неколку независни ТВ канали. Саакашвили се наоѓа во цивилна болница, каде што беше префрлен минатата година откако започна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор. „Ставањето во затвор нема да ме скрши. Ќе бидам активно вклучен во грузиската политика“, рече тој. Лекарите рекоа дека Саакашвили (55) е изложен на ризик да умре од состојба која ја развил додека бил во притвор, иако грузиските власти велат дека му е пружена соодветна медицинска нега. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека од грузискиот амбасадор во Киев ќе биде побарано „да ја напушти Украина во рок од 48 часа за да одржи консултации во неговиот главен град“ за третманот на Саакашвили. Зеленски сака Саакашвили, кој доби украинско државјанство во 2019 година, да биде префрлен во клиника во Украина или на запад. Тој ја повика Грузија да го „предаде“ Саакашвили на Украина и да го „спаси овој човек“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-neprepoznatliv-zelenski-bara-da-bide-prefrlen-na-klinika-vo-ukraina/feed/ 0
Зеленски одлучи да го протера грузискиот амбасадор во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odluchi-da-go-protera-gruziskiot-ambasador-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odluchi-da-go-protera-gruziskiot-ambasador-vo-ukraina/#respond Mon, 03 Jul 2023 18:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852308

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе го протера грузискиот амбасадор во знак на протест поради поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, исто така украински државјанин, кој изгледал видно изнемоштен на неговото судење во Тбилиси. - Денеска побарав од Министерството за надворешни работи да го повика грузискиот амбасадор, да го извести за нашиот протест и да побара од него да ја напушти Украина во рок од 48 часа, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Неколку грузиски телевизии денеска објавија слики од Саакашвили кои покажуваат дека тој многу ослабел. Саакашвили (55) за време на сослушувањето преку видео врска изгледал видно слаб. Во еден момент тој ја подигнал маицата, откривајќи ги ребрата и стомакот. - Апсолутно невин човек се држи во притвор, рече Саакашвили, кому му се суди за „злоупотреба на положбата“, обвинение што тој го негира. Неговите лекари рекоа дека Саакашвили, човек кој тежел 115 килограми пред апсењето, изгубил околу 60 килограми во затвор и оти страда од труење со тешки метали, губење на телесна тежина и мускулна маса. Саакашвили ја водеше Грузија од 2004 до 2013 година, пред да замине во егзил во странство на осум години. Најмногу живееше во Украина, каде што доби државјанство и имал политички одговорности. Тој се врати во Грузија пред локалните избори на почетокот на октомври 2021 година, но веднаш беше уапсен и однесен на отслужување на шестгодишна затворска казна за „злоупотреба на положбата“. Таа казна беше изречена во негово отсуство во 2018 година. Тој потоа започна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради условите во затворот и поради тоа беше хоспитализиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-odluchi-da-go-protera-gruziskiot-ambasador-vo-ukraina/feed/ 0
Поранешниот грузиски претседател отруен во притвор, анализите покажале присуство на тешки метали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-gruziski-pretsedatel-otruen-vo-pritvor-analizite-pokazale-prisustvo-na-teshki-metali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-gruziski-pretsedatel-otruen-vo-pritvor-analizite-pokazale-prisustvo-na-teshki-metali/#respond Tue, 06 Dec 2022 19:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=771987

Поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили бил отруен со тешки метали во притвор и е во животна опасност доколку не добие соодветен третман, се вели во медицинскиот извештај што неговиот правен тим го објави во понеделникот, објави Москва тајмс. 54-годишникот бил однесен во болница минатата година по 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговото затворање, за кое групите за човекови права велат дека е политички мотивирано. Во извештајот објавен од адвокатскиот тим на Саакашвили, американскиот токсиколог Дејвид Смит рече дека „тестирањето открило присуство на тешки метали“ во телото на Саакашвили и дека патолошките симптоми што тој ги покажува се „последица на труење со тешки метали“. Смит, исто така, рече дека се прилично сигурни дека Саакашвили бил изложен на токсични агенси, вклучувајќи жива и арсен, дури откако бил затворен. Авторите на извештајот објавен на 28 ноември исто така рекоа дека на Саакашвили му биле давани штетни лекови без соодветен надзор. Без соодветен третман, „зголемениот ризик од смртност е неизбежен“, а третманот се чини дека е „одбиен или недостапен“ во Џорџија, додаде Смит. Но, грузиските власти инсистираат на тоа дека Саакашвили добил соодветна медицинска нега.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-gruziski-pretsedatel-otruen-vo-pritvor-analizite-pokazale-prisustvo-na-teshki-metali/feed/ 0
Според медицински извештај, поранешниот грузиски претседател Саакашвили бил затруен во затвор и е во тешка здравствена состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-medicinski-izveshtaj-poraneshniot-gruziski-pretsedatel-saakashvili-bil-zatruen-vo-zatvor-i-e-vo-teshka-zdravstvena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-medicinski-izveshtaj-poraneshniot-gruziski-pretsedatel-saakashvili-bil-zatruen-vo-zatvor-i-e-vo-teshka-zdravstvena-sostojba/#respond Mon, 05 Dec 2022 12:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=771152

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во затвор бил затруен со тешки метали и неговиот живот е во опасност доколку не добие соодветен третман, се посочува во медицинскиот извештај што денеска го објавија неговите адвокати. Педесет и четиригодишниот Саакашвили, кој е лидер на грузиската опозиција, беше хоспитализиран минатата година по 50-дневен штрајк со глад. На тој начин протестираше поради тоа што е испратен во затвор под обвиненија за злоупотреба на службената положба, за кои рече дека се политички мотивирани. Во извештајот објавен денеска од адвокатите на Саакашвили, американскиот токсиколог Дејвид Смит вели дека поранешниот грузиски лидер бил подложен на тестови кои покажале присуство на тешки метали во неговото тело. Се споменува дека жива и арсен се пронајдени во телото на поранешниот претседател по неговото труење. Авторите на извештајот, изработен на 28 ноември, велат дека третманот што сега го добива Саакашвили му штети бидејќи не се спроведува под соодветен медицински надзор. „Без соодветен третман, постои зголемен ризик од смрт“, се вели во документот. Според Смит, се чини дека на Саакашвили му бил одбиен таков третман или е недостапен во Грузија. Грузиските власти уверуваат дека Саакашвили ја добива сета потребна здравствена заштита. И грузискиот претседател Саломе Зурабишили рече дека правосудството мора да одлучи дали Саакашвили треба да биде ослободен од медицински причини. Друга лекарка, Маријан Јишкаријани, која го предводи медицинскиот конзилиум што го прегледа Саакашвили, рече дека му биле дијагностицирани лезии на мозокот и интоксикација што го оштетува нервниот систем. Тој боледува од тешки болести кои се некомпатибилни со условите под кои ја издржува казната, додаде таа. Според Тенгиз Цулаѕе, член на медицинскиот совет назначен од грузискиот омбудсман, Саакашвили изгубил речиси 40 килограми за време на притворот. Саакашвили беше приведен во октомври 2021 година, неколку дена откако се врати во својата татковина од егзил кој траеше неколку години. Тој беше баран од грузиската правда поради наводна злоупотреба на власта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-medicinski-izveshtaj-poraneshniot-gruziski-pretsedatel-saakashvili-bil-zatruen-vo-zatvor-i-e-vo-teshka-zdravstvena-sostojba/feed/ 0
Саакашвили штрајкува со глад во притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/#respond Sat, 02 Oct 2021 08:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=571707

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека најавува штрајк со глад, рече Ломџарија по средбата со Саакашвили, пренесе Тасс. Правобранителот додаде дека поранешниот грузиски претседател ги негира обвинувањата и себе се смета за политички затвореник. Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера изјави дека нема да го помилува поранешниот претседател, а сега опозицискиот политичар Саакашвили, откако тој вчера беше уапсен на враќање во земјата, по осум години минати во бегство во Украина. Веста за апсаењето ја објави премиерот Иракли Гарибашвили, откако Саакашвили, кој беше осуден во отсуство под обвинение за злоупотреба на службената положба, објави на својот профил на Фејсбук дека се вратил во земјата и се наоѓа во градот Батуми, што грузиските власти првично го негираа. Грузиските власти постојано повторуваат дека Саакашвили, кој беше претседател на земјата од јануари 2004 до ноември 2013 година, ќе биде уапсен веднаш по неговото пристигнување во земјата. Саакашвили е обвинет за злоупотреба на службената положба и прикривање на докази за кои во 2018 година беше осуден во отсуство на затворска казна, а тој тврди дека сите обвиненија против него се политички мотивирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/feed/ 0
Саакашвили уапсен по враќањето во Грузија по осум години, еден ден пред локалните избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-uapsen-po-vrakjanjeto-vo-gruzija-po-osum-godini-eden-den-pred-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-uapsen-po-vrakjanjeto-vo-gruzija-po-osum-godini-eden-den-pred-lokalnite-izbori/#respond Sat, 02 Oct 2021 07:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=571685

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили вчера беше уапсен откако по осум години се врати во својата татковина. Апсењето се случи само еден ден пред одржувањето на денешните локални избори. Би-Би-Си потсетува дека прозападниот опозиционер ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, а на власт беше 2004 до 2013 година. Подоцна беше обвинет за наводна злоупотреба на службената положба и прикривање – обвинувања за кои рече дека се политички мотивирани. Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди и премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили, кој дополни дека тој веднаш е префрлен во затвор. Тој рече дека специјалните сили го привеле Саакашвили за кого беше распишана потерница со оглед што не беше достапен за органите на прогон. Апсењето се случи 18 часа откако Саакашвили, кој беше прогласен за виновен во отсуство и кој живееше во Украина во последните осум години, објави на Фејсбук дека се враќа во Грузија. Инаку, Саакашвили вчера изутрина соопшти дека пристигнал во својата татковина по осумгодишно отсуство. „Добро утро, Грузија. Веќе сум во Грузија по осум години “, напиша тој на својата страница на Фејсбук. Политичарот објави и видео со кое потврдува дека пристигнал во Батуми. „Ова е мојот Батуми. Ова требаше да биде мојот американски технолошки универзитет Батуми, кој го уништија. Можевме да имаме вакцина денес, а ковидот немаше да убие толку многу луѓе. Многу ми недостасуваа овие места. Мојот сон се оствари денеска“, напиша тој. Потсетувајќи дека во сабота, 2 октомври, во земјата се одржуваат локални избори, Саакашвили ги повика граѓаните да излезат на избори и да ги „заштитат“ своите гласови. Меѓутоа, грузиските власти прво демантираа дека тој се вратил во земјата. Грузиското Министерство за внатрешни работи прво тврдеше дека Саакашвили не ја минал државната граница. Претседателот на владејачката партија „Грузиски сон-Демократска Грузија“, Иракли Кобахиѕе, исто така рече дека Саакашвили не е во земјата. -Саакашвили не е во Батуми. Видеото на Михаил Саакашвили не е снимено во Грузија, рече тој. Кобахиѕе го нарече поранешниот шеф на државата „кловн“ и рече дека навистина би сакал тој да се врати во Грузија. -Тогаш целото општество ќе види каков кловн е Михаил Саакашвили, и тоа ќе стави крај на целата гротеска во грузиската политика, вклучително и во однос на поларизацијата, рече тој. Марија Барабаш, вработена во канцеларијата на Саакашвили во Киев за грузиската телевизија „Мтавари Архи“, не ги потврди или негираше информациите за престојот на политичарот во Грузија. Таа само објави дека Саакашвили го напуштил Киев. -Пред три дена го собра тимот и рече дека оди во Грузија, бидејќи сега е пресвртница за земјата, кога мора да се направи избор помеѓу Европа и минатото. Ни рече дека мора да замине затоа што таму се одржува важен референдум и мора да биде во Грузија, рече Барабаш. Саакашвили во понеделникот вечерта објави дека купил авионска карта за Тбилиси за 2 октомври – за локалните избори. И покрај тоа што беше во странство осум години, поранешниот претседател се уште се смета за водечка опозициска фигура и ги повика поддржувачите на митинг во главниот град Тбилиси оваа недела, наведува Би-Би-Си. Тој во неколку наврати ги повика гласачите да го поддржат Обединетото национално движење (ОНМ) на денешните избори. Таа главната опозициска партија што тој ја основаше и од неа се очекува да се спротистави на владејачката партија Грузиски сон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-uapsen-po-vrakjanjeto-vo-gruzija-po-osum-godini-eden-den-pred-lokalnite-izbori/feed/ 0
Масовни протести во Грзуија против можноста за враќање на Саакашвили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-protesti-vo-grzuija-protiv-moznosta-za-vrakjanje-na-saakashvili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-protesti-vo-grzuija-protiv-moznosta-za-vrakjanje-na-saakashvili/#respond Mon, 26 Nov 2018 07:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=131870

Во грузискиот главен град Тбилиси десетици илјадници луѓе синоќа протестираа против можното враќање на поранешниот претседател Михаил Саакашвили, три дена пред вториот круг од претседателските избори на 28 ноември, јави ДПА. Организаторите на протестот велат дека над 90.000 луѓе демонстрирале против опозицискиот кандидат Григор Вашаѕе, поранешен министер за надворешни работи. Во предизборната кампања тој вети дека ако биде избран, ќе го помилува Саакашвили, кој е осуден на шест години затвор поради злоупотреба на власта и сега живее во Холандија. Вчерашниот протест беше организиран од опозициската Алијанса на патриоти. Претседателката на партијата Ирма Инашвли изјави дека Грузија не треба да се враќа во „ерата на конфискација на сопственост и тортура” и ги повика Грузијците да ја изберат за претседателот Саломе Зурабишвили која е противкандидат на Вашаѕе. Зурабишвили е поранешна амбасадорка на Грузија во Франција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-protesti-vo-grzuija-protiv-moznosta-za-vrakjanje-na-saakashvili/feed/ 0
Саакашвили приведен во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-priveden-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-priveden-vo-kiev/#respond Mon, 12 Feb 2018 14:30:02 +0000 http://kurir.mk/?p=20793

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска е приведен во Киев, соопшти неговата портпаролка Татјана Баграновскаја. - Михаил Саакашвили денеска беше грабнат во ресторанот Сулугуни недалеку од просториите на нашата партија, изјаи таа, додавајќи дека тој бил населно внесен во бело комбе и одевден во непознат правец. Таа наведе дека луѓето кои го привеле Саакашвили биле во маскирани униформи и дека не се претставиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-priveden-vo-kiev/feed/ 0