михајло арсовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Nov 2020 15:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png михајло арсовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прилепски актер претепан поради коментар за неносење заштитна маска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepski-akter-pretepan-poradi-komentar-za-nenosenje-zashtitna-maska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepski-akter-pretepan-poradi-komentar-za-nenosenje-zashtitna-maska/#respond Wed, 25 Nov 2020 15:26:22 +0000 https://kurir.mk/?p=434278

Прилепскиот актер Михајло Миленкоски преживеа травматично искуство зашто во маркет во Прилеп укажал да не се пуштаат луѓе кои не носат заштитни маски, оти е опасно за здравјето на луѓето. Брутално бил нападнат од прилепчанец кој не носел маска и онесвестен завршил на хируршкото одделение во прилепската болница. Миленкоски го опиша настанот не можејќи да сфати како може да се случи таков напад. -Влегов во маркет да пазарам. Имаше еден дечко кој не носеше заштитна маска. Не изреагирав во тој момент, но се оддалечив од него за да се заштитам себеси. На вработениот од маркетот му укажав и забележав дека не е фер да пуштаат луѓе кои не носат заштитни маски, бидејќи ситуацијата е крајно сериозна. Па и алармантна, а ние треба да бидеме свесни, особено во маркетите и при редиците во банките и во други институции и објекти. Изреагирав пред вработениот, а дечкото без маската ме слушна. Веројатно се налути и ми упати закана дека ќе ме почека надвор за да се разбереме што е проблемот. Тоа не го сфатив многу сериозно. Пазарев, излегов од маркетот, а дечкото ме чекаше, објаснува Миленкоски. Пред маркетот почнало травматичното искуство на Миленкоски кој набрзо завршил онесвестен, а се разбудил на хируршкото одделение во прилепската болница, каде се констатирани скршеници и потрес на мозокот поради што десет дена лежел дома. -Ме чекаше пред маркетот и ми рече дека тоа не е моја работа, луѓе умираат секојдневно, а што можел тој да направи. Се извинив ако се почувствувал навреден. Само што тргнав да заминам, ме фати за рамото, почувствував силна болка и на ништо друго потоа не се сеќавам. Се разбудив на хируршкото одделение во прилепската болница. Таму ми направија компјутерска томографија на главата. Имав скршен лев синус, правоаголно со вилицата, потрес на мозокот. Таму бев на опсервација 8 часа. Лекарот рече да си заминам дома зашто е опасно поради коронавирусот долго да лежам на болница. Дома бев затворорен речиси 10 дена за да мирувам во темница и во тишина. Сега сум подобро, но со одредени болки, вели Миленкоски. Случајот го приијавил во полицијата. Од социјалните мрежи знае за кого станува збор, но од полицијата досега нема конкретен епилог. -Случајот го пријавив во полицијата. Ме контактираа и до вчера немаше информација дали дечкото е најден. Денеска пак ме контактираа од полицијата, наново ја објаснив ситуацијата. Се надевам дека насилникот ќе биде најден. Јас знам од Фејсбук за кого станува збор. Жално е во денешно време да има вакви насилници. Полицијата мора да преземе мерки. Ако таков насилник тоа го направи, ќе го повтори и ќе нема крај, раскажа Миленкоски, не можејќи да сфати дека вакво насилство се случува во денешно време кога е најбитна заштитата на здравјето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepski-akter-pretepan-poradi-komentar-za-nenosenje-zashtitna-maska/feed/ 0
Почина дизајнерот Михајло Арсовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dizajnerot-mihajlo-arsovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dizajnerot-mihajlo-arsovski/#respond Tue, 25 Aug 2020 14:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=395297

Уметникот и дизајнер Михајло Арсовски почина вчера во Загреб, на 83 години, неколку месеци по смртта на неговата сопруга. Го нарекуваа еден од најголемите уметници во поранешна Југославија. Михајло Арсовски беше скопјанецот за кој малку скопјани знаат, но граѓаните на Загреб го доживуваат како есенција на градскиот живот, го нарекуваат изумител на хрватскиот дизајн, зачетник на поп-културата во Хрватска во 60-тите години на минатиот век. Михајло Арсовски е релативно непознат за македонските институции и публика, иако станува збор за уметник кој важи за основач на постмодерниот дизајн во Хрватска, за автор кој целосно го дизајнирал Театарот ИТД во Загреб, од плакати, изглед на билети и ентериер, па сѐ до фактот дека негови 13 плакати се дел од постојаната поставка на светскиот познатиот музеј на модерна уметност МоМа во Њујорк. Неговите графички решенија се одликуваат со изразени лични ставови, со отпор кон конвенционалното и со критичка дистанца во ликовната сцена. Михајло Арсовски е роден на 9 јули 1937 година во Скопје, во семејство на предвоени левичарски револуционери. Студирал историја на уметност и архитектура во Загреб. Многу од неговите постери од 60-те содржат суптилна критика, отпор кон владејачката идеологија и демистификација на култот кон југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. Арсовски некако избегнал да биде фатен во стапицата на комунистичката пропаганда. Арсовски изработувал колажи и постери за студентското движење од 1968 година, а уште повеќе е познат по плакатите изработени за претставите кои се играле во загрепскиот театар ИТД. Тој развил свој посебен и препознатлив визуелен јазик, користејќи ги типографијата, колажот и фотомонтажата како суштински елементи на неговата методологија. Книгата „Arsovski“ на Д-р Јасна Гаљер, историчарка на уметност, е објавена само на хрватски јазик Арсовски одиграл клучна улога во едукацијата на многу млади дизајнери во Хрватска во 80-тите години, меѓу кои Мирко Илиќ, Дејан Кршиќ, Никола Ѓурек и други. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dizajnerot-mihajlo-arsovski/feed/ 0