михајло миноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Oct 2022 11:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png михајло миноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Миноски: Внатрешната Македонска Организација ја одреди иднината на македонскиот народ како државотворен народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vnatreshnata-makedonska-organizacija-ja-odredi-idninata-na-makedonskiot-narod-kako-drzavotvoren-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vnatreshnata-makedonska-organizacija-ja-odredi-idninata-na-makedonskiot-narod-kako-drzavotvoren-narod/#respond Sun, 23 Oct 2022 11:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=749585

23 Октомври и создавањето на Внатрешната Македонска организација заедно со настанот Илинденското востание ја одредија иднината на македонскиот народ како државотворен народ, вели проф. д-р Михајло Миноски на денешниот Научен симпозиум 129 години ВМРО „БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што не беше постигнато во периодот по Илинден до почетокот на Втората Светска Војна кога продолжуваа борбите со многу жртви, се реализира македонскиот народ, се реализира Илинденскиот идеал, идеалот на Македонската револуционерна организација во Втората Светска Војна, исто така со многу жртви, со самостојна борба ја издвојува својата слобода и создаде своја македонска национална држава конституирана на АСНОМ 1944 година. Тоа беше историско постигнување на македонскиот народ, идеал кој што беше вграден токму на овој ден пред 129 години. По конституирањето на македонската држава, таа како суверена, самостојна македонска држава влезе во составот на југословенската федерација како рамноправна конститутивна членка, со сите атрибути на самостојна државност и еднакво рамноправна со другите конститутивни држави. Македонскиот јазик стана службен јазик еднакво како и српско-хрватскиот и словенечкиот во Југословенската федерација, додаде тој. Миноски се осврна на сегашната состојба во државата, посочувајќи дека владата од позиција на власт со потпишување на двата договори со Бугарија и Грција си дала за право да го менува идентитетот на македонскиот народ и со тоа извршила атак врз македонската историска наука. Македонското државно раководство, односно последната влада на Република Македонија со потпишувањето на двата договори со Република Бугарија и со Република Грција практично изврши атак на македонската историска наука како нерелевантна историска наука и започна со наметнување на прекројувањето на промената на идентитетот на македонскиот народ и на македонската држава и следуваа промените на уставот и си даде за право да го менува историското минато, истакна тој. Миноски изјави дека секој еден Македонец, секој еден политичар треба да си го постави прашањето што направивме, што правиме и што треба да направиме за в иднина да ја сопреме ваквата погубна политика на сегашната влада. Треба да се постави прашањето пред секој еден од нас, пред секој Македонец, пред интелектуалците, пред политичките партии, пред политичарите, што направивме, што правиме и што треба да направиме за в иднина да ја сопреме ваквата погубна политика на сегашната влада, кажа Миноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vnatreshnata-makedonska-organizacija-ja-odredi-idninata-na-makedonskiot-narod-kako-drzavotvoren-narod/feed/ 0
Миноски: Во Битола Бугарија демонстрираше моќ и покажа дека нема да ја менува политиката кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vo-bitola-bugarija-demonstrirashe-mokj-i-pokaza-deka-nema-da-ja-menuva-politikata-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vo-bitola-bugarija-demonstrirashe-mokj-i-pokaza-deka-nema-da-ja-menuva-politikata-kon-makedonija/#respond Tue, 19 Apr 2022 16:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=665535

Овој настан беше добро смислен чин кој требаше да даде едно обележје на бугарската политика кон Македонија, тоа е повеќе демонстрација на моќ, дека Бугарија е во положба кога може да ги наметнува своите интереси и на тој начин да се престави пред македонската јавност, но и пред меѓународниот фактор, изјави за „Што не јасно“ на Алфа историчарот професор Михајло Миноски, за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој рече дека ова беше обид на Бугарија да покаже дека тоа што во целиот изминат период откако е членка на ЕУ следи континуирана политика и дека нема што да менува особено во политиката кон Македонија. За изборот на името на бугарскиот клуб во Битола, „Ванчо Михајлов“, тој вели дека е добро смислено затоа што Михајлов се залагал за држава на македонски Бугари кои припаѓаат на бугарскиот етнос и дека со неговото делување тој се уште е значаен и употреблив за Бугарија. -За изборот на Ванчо Михајлов, тоа е добро смислена програма која има континуитет во манифестациите затоа што Ванчо Михајлов наспроти она што е кај нас организатор на атентати и убиства, тој за Бугарија и бугарската политика има поголемо значење, како никоја друга историска личност. Ванчо Михајлов се покажа како многу вешт дипломат и важна личност за Бугарија и нивните бугарски служби. Како идеен творец за бугарската кауза, оваа осмислена национална бугарска доктрина е актуелна кај бугарските власти, истакна Миноски. Миноски посочи дека и сега е актуелна таа доктрина, велат дека во Македонија населението е бугарско, дека нема македонски јазик, значи ништо не се разликува сегашната доктрина од таа на Михајлов. -Затоа дојдоа од Бугарија и од владата и опозицијата на едно место, тоа беше демонстрација на моќ и дека тие може да доаѓаат кога сакаат и да прават што сакаат. Ќе беше изненадување да не дојдеа, нагласи Миноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-vo-bitola-bugarija-demonstrirashe-mokj-i-pokaza-deka-nema-da-ja-menuva-politikata-kon-makedonija/feed/ 0
Миноски: Партијата на власт сака да создаде генерација која ќе нема чувство на македонска припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-partijata-na-vlast-saka-da-sozdade-generacija-koja-kje-nema-chuvstvo-na-makedonska-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-partijata-na-vlast-saka-da-sozdade-generacija-koja-kje-nema-chuvstvo-na-makedonska-pripadnost/#respond Mon, 21 Dec 2020 17:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=446359

Проф. Д-р Михајло Миноски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа што го понуди Царовска каде историјата ќе стане дел од неколку науки и посочи дека со ова власта сака да создаде една генерација која ќе го нема она чувство на македонска припадност. За основно образование ми се чини дека е најнесоодветен термин дека треба историјата да влезе во оние науки за ученици од основно образование.Второто е само условно кажано замаглување на главниот проблем. Tоа значи една опасна тенденција по мене не само да се маргинализира и практично да се исклучи историското образование кај децата од најраната возраст тогаш кога се формира чувството кога се запознаваат со својата татковина, со минато на својот народ, со специфичностите на елементарните познавања и во тој случај треба тоа да се лиши едноставно децата да еден цел период во животот кога се формираат нивните основни сознанија да се лишат еленементарно, она што е образование кое е идентитетско, не само стручно. Затоа што македонскта историја и македонскиот јазик се идентитетот на државата и на нацијата, па според тоа задира во коренот на она што е идентитетско кај македонскиот народ. И во крајна линија се делигитимира државата како еден државотворен народ затоа со оваа тенденција се сака да се создаде едно чувство кај новите генерации кои ќе го немаат она чувство македонска припадност кон народот, кон нацијата туку само така како што ќе ја формулира партијата на власт, рече Миноски во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minoski-partijata-na-vlast-saka-da-sozdade-generacija-koja-kje-nema-chuvstvo-na-makedonska-pripadnost/feed/ 0