мијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 May 2022 17:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Музичкиот камионет на Мијата ви ја претставува новата песна „Враќање дома“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-muzichkiot-kamionet-na-mijata-vi-ja-pretstavuva-novata-pesna-vrakjanje-doma/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-muzichkiot-kamionet-na-mijata-vi-ja-pretstavuva-novata-pesna-vrakjanje-doma/#respond Sat, 21 May 2022 18:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=679910

Мијата во соработка со Теда ви ја претставува најновата песна насловена ,,Враќање дома". Музиката е на Александар Пешевски, текстот на Весна Малинова, додека за аранжманот задолжени беа Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTА. Мијата е режисер на видео записот. Во оваа песна покрај неа вокално ја надополнува и Теда, Теодора Гошева Капсарова, кант авторка и пејачка од помладата генерација. -Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја, вели Мијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-muzichkiot-kamionet-na-mijata-vi-ja-pretstavuva-novata-pesna-vrakjanje-doma/feed/ 0
„Полетај“ е новото од Мијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poletaj-e-novoto-od-mijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poletaj-e-novoto-od-mijata-video/#respond Tue, 25 Jun 2019 08:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=212591

Пријатели, соработници, новинари... сите тие дојдоа вчеравечер да присуствуваат на промоцијата на новата песна и спот на пејачката и кантавторка Мијата. -„Полетај“ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кој ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките. Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами,  беа само дел од зборовите на Мијата раскажувајќи ни детали од тоа како се создаваше нејзината нова песна. „Полетај" е  музичко дело на  Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници. Во видео записот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас. Мелем продукција и Огнен Шапковски создадоа видео запис во кој извонредно е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа. „Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај", ни испеа Мијата во својата нова песна. Има надеж, секогаш има надеж за подобро утре, за надминување на проблемите, за живот со полни гради, за добра музика, каква што е новата рок песна на Мијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poletaj-e-novoto-od-mijata-video/feed/ 0
Еден живот, една љубов: Македонската пејачка позира со дрес од Вардар (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-zivot-edna-ljubov-makedonskata-pejachka-pozira-so-dres-od-vardar-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-zivot-edna-ljubov-makedonskata-pejachka-pozira-so-dres-od-vardar-foto/#respond Thu, 06 Jun 2019 08:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=205893

Сме ја виделе во повеќе изданија, но со новата промена ги изненади сите. Пејачката Наташа Крстевска, позната како Мијата, направи драстична промена во својата фризура, па се појави со суканици. Сепак, најубавото во нејзините нови фотографии кои ги објави на Фејсбук, е тоа што Мијата позира во дрес од Вардар. На фотографијата напиша „Еден живот, една љубов“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eden-zivot-edna-ljubov-makedonskata-pejachka-pozira-so-dres-od-vardar-foto/feed/ 0
Кабаре-концерт „Јаболки и круши за уметнички души“, Мијата понуди музика за сите сетила https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kabare-koncert-jabolki-i-krushi-za-umetnichki-dushi-mijata-ponudi-muzika-za-site-setila/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kabare-koncert-jabolki-i-krushi-za-umetnichki-dushi-mijata-ponudi-muzika-za-site-setila/#respond Sun, 02 Dec 2018 11:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=134804

„Јаболки и круши за уметнички души“, акустичниот кабаре концерт на Мијата ни покажа и докажа дека Скопје умее да препознае уметност. Беше вистинско уживање за публиката да се слуша 90 минути авторска музика, зашто сите дела, вклучувајќи ги и рецитациите, се дело токму на Мијата. Камерната сала на Македонската филхармонија создаде идеална акустика за песните, повеќето познати на публиката како „Домаќинска“, „Верувам во себе“, но и не толку експонираните како „Телово гори“, француската „Pardonnez- moi“ кои беа дел од саундтракот на „Јаболки и круши“. А тука беше и руската „Уралскаја Рабинушка“, каде што Мијата на маестрален начинсо својот вокал, целосно ѝ се предаде на публиката. „Нема да помине“, песната на Мијата посветена за нејзиниот починат татко, беше моментот кој донесе најмногу солзи во публиката, а хитот „Верувам во себе“, по кој најмногу ја препознаваат, Мијата го испеа заедно со сите во салата. „Срцето ми е полно. Ова беше мој прв настап пред скопската публика со ваков, акустичен концепт на перформансот. Чувството, енергијата присутна на сцена, интеракцијата со публиката, беше навистина тоа што го посакував. Успеавме да создадеме музика која ги галеше нашите души“, вели Мијата. Овој т.н. кабаре концерт собра на едно место прекрасни музичари и уметници - Зоран Костадиновски на акустична гитара, Кирил Туфекчиевски на својот контрабас, за перкусиите и сите „специфични тонови“ беше задолжен Ратко Даутовски, а пред пијаното беше Ајхан Куртов. Придружните вокали ги испеа Ангела Здравковска, рецитациите беа лесен залак за Јелена Мијатовиќ, а тие двајца на сцена, Мијата и Мето Јанакиевски, ни покажаа дека може со пантомима и музика да се раскаже една приказна, едно поинакво видување на љубовта. Публиката на овој неверојатно емотивен концерт воздивнуваше, се радуваше, се смееше и пееше, уживајќи во несекојдневниот и различен концепт што ѝ беше понуден. Мијата беше вистински уметник на сцена. Таа играше, пееше и глумеше и се покажа во издание во кое ретко кој ја знае. Секој си замина дома со полно срце музика, со разгалени сетила и со искрена желба ваквите концерти почесто да се случуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kabare-koncert-jabolki-i-krushi-za-umetnichki-dushi-mijata-ponudi-muzika-za-site-setila/feed/ 0
Мијата со концерт во македонската филхармонија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mijata-so-koncert-vo-makedonskata-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mijata-so-koncert-vo-makedonskata-filharmonija/#respond Tue, 27 Nov 2018 20:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=132844

...овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила... Камерната сала на Македонската филхармонија ќе биде местото каде што на 30-ти ноември (петок) во 20 часот, ќе се одржи концертот на Мијата, наречен „Јаболки и круши за уметнички души", што всушност претставува акустична кабаре претстава и одлична симбиоза на музиката и театарот. „Создадовме прекрасен перформанс кој изобилува со моја музика изведена од повеќе акустични инструменти како што се гитара, контрабас, перкусии, пијано... За уживањето да биде уникатно, на сцената ќе има и пантомимичар и рецитатор... Овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила", вели Мијата. Режијата за овој акустичен кабаре перформанс е на Војо Цветановски, а „делото“ го сочинуваат: Мијата како вокал, Мето Јанакиевски во улога на пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов на пијано, Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии) и Кирил Туфекчиевски на контрабас. Ангела Здравковска ќе биде придружен вокал, Тања Рибарска ќе ја има улогата на инспициент, а за рецитациите ќе биде задолжена Јелена Мијатовиќ. Преку „Јаболки и круши за уметнички души" Мијата ја раскажува својата приказна преку своите песни, но на еден многу интимен начин. Ова е ретка можност еден вокален изведувач да се најде во улога и на актер и тоа во концертно издание. Мијата со сите овие уметници на сцена, ќе создаде едно ново видување на својата музика раскажано на акустичен начин и ќе ги соедини за миг, музиката и театарот. Ова е чекор понапред во концептот наречен македонска забавна музика. „Едно е сигурно, додава Мијата, заедно со публиката во прекрасниот амбиент на Камерната сала на Македонската филхармонија, ќе создадеме ноќ за паметење. ...Се започна од јаболкото... Серпентијата ме научи како да се насладувам со сокот јаболков... Билетите по цена од 400 денари се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mijata-so-koncert-vo-makedonskata-filharmonija/feed/ 0
„Дај да бидам човек свој“ – порачува Мијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/daj-da-bidam-chovek-svoj-porachuva-mijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/daj-da-bidam-chovek-svoj-porachuva-mijata-video/#respond Wed, 03 Oct 2018 19:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=110400

Пејачката и кантавтор Мијата создаде одлична видео приказна за нејзината песна „Дај ми Да“. Оваа тема е дел од кабаре концертот „Јаболки и круши за уметнички души“, кој по Берово и Кочани ќе отпатува во Ресен како и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември. Кога на уметникот ќе му овозможите да покаже што носи во себе, тогаш за него нема поголема среќа. Берово и Кочани го видоа овој кабаре концерт, еден мој проект кој овој повторно заживеа оваа есен. Видео спотот е извадок од перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а и пораката е силна, зборувам  за слободата на секој од нас, изјави Мијата. Песната „Дај ми Да“ оригинално е една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски, од легендарната група Конкорд, кој е автор на музиката. Аранжманот  е на Трајко Симоновски-Таци со кого таа соработуваше на голем број од песните на албумот Небеска, а текстот го потпишува Мијата. Во кабаре концертот освен Мијата учествува и Мето Јанакиевски, Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук. „Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/daj-da-bidam-chovek-svoj-porachuva-mijata-video/feed/ 0
Контролорката Мијата на музички фестивал во Италија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontrolorkata-mijata-na-muzichki-festival-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontrolorkata-mijata-na-muzichki-festival-vo-italija/#respond Fri, 07 Sep 2018 09:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=97570

„Контрол фрик“ се вика бендот на кантавторката Наташа Крстевска- Мијата со кој ќе настапи на фестивалот „Контролерс мјузик фестивал“, специјализиран за настап на контролори на летање од целиот свет. Настанот ќе се одржи во понеделник во Саленто, Италија. Мијата, која 17 години работи контролор на летање, со својот бенд ќе го отвори фестивалот со 40 минутен настап. „ Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола, а јас им благодарам на моите колеги од Македонија кои ме избраа за свој претставник. Голема чест ми е што нашиот Контрол фрикс ќе го отвори овој историски фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција и здравје можеби и Македонија ќе биде земја домаќин. Се надевам на убава контрола на летање на сцена“ - ни изјави Мијата. Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде своето првенче најавува втор албум и други интересни перформанси со нејзин потпис во скоро време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontrolorkata-mijata-na-muzichki-festival-vo-italija/feed/ 0