Микаела Шифрин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Mar 2023 18:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Микаела Шифрин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Микаела Шифрин ја заврши сезоната со победа и со два рекорди https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-ja-zavrshi-sezonata-so-pobeda-i-so-dva-rekordi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-ja-zavrshi-sezonata-so-pobeda-i-so-dva-rekordi/#respond Sun, 19 Mar 2023 18:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=813855

Американката Микаела Шифрин на импресивен начин ја заврши сезоната, откако триумфира на скијачката патека во Солде и така ја забележа 88. победа во рамки на Светскиот Куп. Шифрин ја забележа 21-та победа во велеслалом и заврши пред Теа Луиза Стјернесунд од Норвешка, а на подиумот имаше место и за Валери Грение од Канада. Олимписката шампионка го освои седмиот кристален глобус во кариерата во слалом, нешто што на никој друг не му успеало претходно. Со оваа победа Шифрин го мина Ингермак Стенмарк по број на победи во Светскиот Куп, а исто така и Врени Шнајдер по број на победи во велеслалом во женска конкуренција во рамки на Светскиот Куп. Шифрин ја заврши сезоната на првото место во генералниот пласман, а по неа следеше Лара Гут-Бехрами. Третото место ѝ припадна на Марта Басино, а четврта е Петра Влхова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-ja-zavrshi-sezonata-so-pobeda-i-so-dva-rekordi/feed/ 0
Шифрин стана најуспешната скијачка на сите времиња https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stana-najuspeshnata-skijachka-na-site-vremina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stana-najuspeshnata-skijachka-na-site-vremina/#respond Sat, 11 Mar 2023 18:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=810833

Американската скијачја Микаела Шифрин испиша нови страници на светското скијање и ја забележа 87. победа во кариерата со што ја прави најуспешната во историјата во двете конкуренции – женска и машка. Денеска победи во слаломот во шведскиот Оре и така го надмина апсолутниот рекорд на легендарниот Ингемар Стенмарк, чиј рекорд Американката го изедначи вчера. Шифрин беше најдобра во првото возење, а доминацијата ја потврди во втората и на крајот со 92 стотинки предност дојде до победата (1:41.77). Втора заврши Венди Холденер, а трета Ана Свен Ларсон. Претходно таа го осигура малиот кристален глобус во слаломот што и е седми во кариерата, а исто така го освои и големиот кристален глобус кој и е петти во кариерата. Што се однесува до бројот на победи и во машка и женска конкуренција, Шифрин е прва со 87, Стенмарк има 86, следува Линдзи Вон со 82 победи, а четврти е Австриецот Марсел Хиршер со 67 победи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stana-najuspeshnata-skijachka-na-site-vremina/feed/ 0
Шифрин го освои петтиот голем Кристален глобус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-go-osvoi-pettiot-golem-kristalen-globus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-go-osvoi-pettiot-golem-kristalen-globus/#respond Sat, 04 Mar 2023 15:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=808099

Американската скијачка Микаела Шифрин, по денешниот спуст во Норвешка, го освои петтиот Кристален глобус во кариерата. До крајот на сезоната останаа уште седум трки, но бидејќи беше подобра од швајцарската скијачка Лара Гут Берами, Шифрин обезбеди недостижна предност и голем Кристален глобус, кој претходно го освои во 2017, 2018, 2019 и 2022 година. Шифрин во генералниот пласман на Светскиот куп има 1.792 бодови, додека Лара Гут има 996 на втората позиција, по што следи Петра Влхова со 975 бода.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-go-osvoi-pettiot-golem-kristalen-globus/feed/ 0
Шифрин на чекор до рекордот на Стенмарк https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-na-chekor-do-rekordot-na-stenmark/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-na-chekor-do-rekordot-na-stenmark/#respond Sat, 28 Jan 2023 16:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=793223

Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа денеска 85. победа во кариерата во Светскиот куп, откако триумфираше на слаломот во чешки Шпиндлерув Млин. Шифрин победи со резултат 1:33:85 минути и сега е на само еден триумф ја дели од вкупниот рекорд според бројот на победи во Светскиот куп, кој е во сопственост на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк. За Шифрин ова, воедно, беше 11 победа оваа сезона, а петта во слалом. Второто место го освои Германката Лена Лир, а на подиумот се искачи и третопласираната Венди Холденер од Швајцарија. Шифрин води во генералниот пласман со 1.617 бодови, а водечка е и во поредокот во слалом со 705 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-na-chekor-do-rekordot-na-stenmark/feed/ 0
Нова велеслаломска победа за Шифрин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nova-veleslalomska-pobeda-za-shifrin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nova-veleslalomska-pobeda-za-shifrin/#respond Wed, 25 Jan 2023 21:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=791979

Aмериканската скијачка Микаела Шифрин го подобри својот рекорд во победи во Светскиот Куп откако попладнево победи на велеслаломската трка во Кроноплац, Италија. Шифрин славеше победа и вчера на првиот велеслалом во Кроноплац и го собори рекордот на Линдзи Вон, а денешната победа за неа беше 84. во кариерата. Сега само две победи ја делат од вкупниот рекордер во Светскиот Куп, Швеѓанката Ингемар Стенмарк. До оваа победа Шифрин стигна со време од 2:03:28 минути. На второто место заврши Рагнихилд Мовинкел од Норвешка која задоцни за 0.82 секунди. Последното место на подиумот го пополни Швеѓанката Сара Хектор која заостануваше 1.19 секунди зад победничката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nova-veleslalomska-pobeda-za-shifrin/feed/ 0
Шифрин во Крањска Гора го израмни рекордот на Вон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-vo-kranjska-gora-go-izramni-rekordot-na-von/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-vo-kranjska-gora-go-izramni-rekordot-na-von/#respond Sun, 08 Jan 2023 18:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=784753

Шифрин славеше со резултат 1:52,53 минути и со тоа стигна до 82 победа на Светскиот куп, со што го израмни рекордот на сонародничката Линдзи Вон во женска конкуренција. Американката по осмата сезонска победа е многу блиску до соборување на вкупниот рекорд кој го држи шведскиот скијач Ингемар Стенмарк со 86 победи. Шифрин со одлично второ возење ја потврди победата и зад себе ја остави Федерика Брињоне, која беше побавна за 0,77 секунди. Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами се искачи на третото место на подиумот со заостанување од 0,97 секунди. Во поредокот за велеслалом лидер е Басино со 425 бодови, односно има 25 повеќе од Шифрин, додека трета е Гут Бехрами со 357 бодови. Шифрин е убедливо прва во генералниот пласман на Светскиот куп со 1,115 бодови, втора е Влхова со 696, додека на третото место е Венди Холденер од Швајцарија со 519 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-vo-kranjska-gora-go-izramni-rekordot-na-von/feed/ 0
Шифрин стигна на 4 победи од рекордот на Линдзи Вон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stigna-na-4-pobedi-od-rekordot-na-lindzi-von/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stigna-na-4-pobedi-od-rekordot-na-lindzi-von/#respond Wed, 28 Dec 2022 06:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=781443

Американката Микаела Шифрин е победничка во велеслаломот кој се возеше во Земеринг. Шифрин стигна до својата 78. победа во Светскиот куп со време 2:07.18, пред словачката скијачка Петра Влхова со 13 стотинки заостанување (2:07.31), а трета заврши Италијанката Марта Басино со 31 стотинка побавно време од победничката (2:07.49) . Шифрин беше најбрза и на првата трка. По денешната победа Шифрин и понатаму води во генералниот пласман со 675 бодови, втора е Италијанката Софија Гоџа со 470 бодови, а трета Влхова со 420 бодови. Американската скијачка со оваа четврта сезонска победа се доближи до сонародничката  Линдзи Вон и нејзиниот рекорд по бројот на победи (82) во Светскиот куп, но и апсолутниот рекорд кој го држи шведскиот скијач Ингемар Стенмарк (86)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-stigna-na-4-pobedi-od-rekordot-na-lindzi-von/feed/ 0
Шифрин победи во Сент Мориц https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-pobedi-vo-sent-moric/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-pobedi-vo-sent-moric/#respond Mon, 19 Dec 2022 05:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=777344

Микаела Шифрин е победничка на супер-велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање, што се одржа во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.
Американката до својата четврта победа сезонава стига со 12.стотинки побрзо време од нејзината голема конкурентка Италијанка, Елена Куртони.
Место на подиумот обезбеди и Французинката, Роман Мирадоли која заостанат 40.стотинки зад победничката.
Шифрин која сезонава победи на трите слаломски трки,  сега има 77-победи во Светскиот куп и е на пет помалку од рекордот на нејзината сонародничка Линдзи Вон која кариерата ја заврши со 82 победи.
Дамите имаат пауза се до 27 декември за кога е закажан велеслаломот во австриски Земеринг.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shifrin-pobedi-vo-sent-moric/feed/ 0
Американската скијачка Шифрин со рекорд го закити триумфот на слаломот во Леви https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskata-skijachka-shifrin-so-rekord-go-zakiti-triumfot-na-slalomot-vo-levi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskata-skijachka-shifrin-so-rekord-go-zakiti-triumfot-na-slalomot-vo-levi/#respond Sun, 20 Nov 2022 07:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=763615

Микаела Шифрин е победничка во слаломот во рамките од Светскиот куп во Леви. Американката стигна до својата 75 победа на Светскиот куп славејќи за 16 стотинки пред Швеѓанката Ана Свен Ларсон. За американската скијачка ова беше нејзина 67 победа во дисциплината и со тоа го собори рекордот по број на победи во една дисциплина што го држеше Линдзи Вон. Словачката Петра Влхова го освои третото место со 20 стотинки зад Шифрин. Лена Дуер од Германија, најбрзата по првото возење, заврши на четвртата позиција (+0,075). Во недела во Леви е закажан уште една слаломска трка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskata-skijachka-shifrin-so-rekord-go-zakiti-triumfot-na-slalomot-vo-levi/feed/ 0
Микаела Шифрин на аукција продава свои работи- средствата ќе ги донира за борбата против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-na-aukcija-prodava-svoi-raboti-sredstva-kje-gi-donira-za-borbata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-na-aukcija-prodava-svoi-raboti-sredstva-kje-gi-donira-za-borbata-protiv-koronavirusot/#respond Thu, 26 Mar 2020 08:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=322365

Двократниот олимписки шампион во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронавирусот. Претходно, Шифрин, на аукција изложи неколку парчиња облека и чаши. Според неа, купувачите биле многу активни, така што на секои неколку дена таа ќе продава нешто друго. За потсетување, најголемиот број спортски настани се прекинати низ целиот свет поради пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mikaela-shifrin-na-aukcija-prodava-svoi-raboti-sredstva-kje-gi-donira-za-borbata-protiv-koronavirusot/feed/ 0