микис теодоракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Sep 2021 12:31:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png микис теодоракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласена тридневна национална жалост во Грција за смртта на Теодоракис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-tridnevna-nacionalna-zalost-vo-grcija-za-smrtta-na-teodorakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-tridnevna-nacionalna-zalost-vo-grcija-za-smrtta-na-teodorakis/#respond Thu, 02 Sep 2021 12:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=558377

Со одлука на грчката Влада, од денеска во Грција е прогласена тридневна национална жалост за смртта на композиторот Микис Теодоракис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, истакнувајќи дека „Микис е нашата историја и треба да ја продолжиме, како што ќе сакаше и тој“. – Како што знаете, имав чест да го познавам многу години, а неодамна дури и го посетив. Неговите совети секогаш беа драгоцени за мене, особено оние што се однесуваа на единството на нашиот народ и на надминувањето на линиите на поделба. Верувам дека најдобра чест за овој светски Грк е ние, со нашите дела, да ја спроведеме во пракса оваа негова порака, рече Мицотакис. Тридневната национала жалост во Грција предвидува знамињата да бидат на половина копје, а може да бидат затворени и дел од јавните служби. Последен пат, тридневна жалост во земјата беше прогласена во јули 2018 година по катастрофалните пожари во близина на Атина. Грчкиот композитор Микис Теодоракис почина утрово од срцев удар на 96-годишна возраст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-tridnevna-nacionalna-zalost-vo-grcija-za-smrtta-na-teodorakis/feed/ 0
Почина познатиот грчки композитор Микис Теодоракис познат по изјавата: „Македонија е една и грчка“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/#respond Thu, 02 Sep 2021 07:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=558211

На 96-годишна возраст денеска во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“,  јави дописничката на МИА од Атина. Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Според грчките медиуми од 90-те години, за време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорбас“. На концертот присуствувале и претставници на државниот врв меѓу кои и тогашниот претседател Киро Глигоров. Во 2018 година, кога во тек беа преговорите за името, како и една година подоцна по постигнувањето на Договорот од Преспа, а во Солун и Атина се одржуваа протести, Микис Теодоракис даде јавна и отворена поддршка на демонстрантите, неколку пати, преку грчките медиуми го изразуваше неговиот став против решението. На еден од протестите во Атина, на 4 февруари 2018 година, беше еден од централните говорници и им се обрати на демонстрантите, упатувајќи порака дека „Македонија е една и грчка“. Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос, а во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимаваше и со политика и во периодот 1990-1992 година беше и министер и пратеник. Членовите на грчкиот Парламент, утрово, на почетокот на денешната седница, со едноминутен молк го „испратија“ Микис Теодоракис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/feed/ 0
Теодоракис итно хоспитализиран, доживеал срцев удар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-itno-hospitaliziran-doziveal-srcev-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-itno-hospitaliziran-doziveal-srcev-udar/#respond Mon, 06 Aug 2018 06:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=84884

Срцев удар преживеал познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во петокот кусо пред полноќ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа. Од саботата напладне е во добра состојба и вон животна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-itno-hospitaliziran-doziveal-srcev-udar/feed/ 0
Заканувачки пораки до Теодоракис, му ја офарбаа куќата пред да се обрати на протестот за нашето име https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakanuvachki-poraki-do-teodorakis-mu-ja-ofarbaa-kukjata-pred-da-se-obrati-na-protestot-za-nasheto-ime/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakanuvachki-poraki-do-teodorakis-mu-ja-ofarbaa-kukjata-pred-da-se-obrati-na-protestot-za-nasheto-ime/#respond Sat, 03 Feb 2018 17:37:44 +0000 http://kurir.mk/?p=17927

Напад врз куќата во која живее познатиот грчки композитор,  во близина на Акропол, во Атина, се случил денес кратко по 15:30 часот. Група на анархисти, според весникот “GreekReporter“,  фрлал бои на влезот на куќата на Теодоракис, и испишале заканувачки пораки со спреј на ѕидот на куќата по што веднаш  заминале. „Вашата приказна започнува во планината и завршува на националните могила на Синтагма“, се вели во една од пораките која се однесува на утрешниот митинг. Микис Теодоракис треба да биде еден од главните говорници на утрешниот митинг против „Скопје“ на главниот плоштад Синтагма во Атина. Идентитетот и бројот на сторители сé уште не е познат, пишува и „Катимерини“. За попладнево беше најавен протест на анархист во Атина во исто време кога екстремнодесничарскат „Златна зора“ во седиштетото на партија ќе одбележува годишнина од грчко-турскиот инцидент на островпот Имија во 1956-та година. Полицијата презема мерки да не дојде до судир меѓу двете спротивставени групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakanuvachki-poraki-do-teodorakis-mu-ja-ofarbaa-kukjata-pred-da-se-obrati-na-protestot-za-nasheto-ime/feed/ 0
Теодоракис: Зборот Македонија во името на Скопје е поопасно од банкротот на Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-zborot-makedonija-vo-imeto-na-skopje-e-poopasno-od-bankrotot-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-zborot-makedonija-vo-imeto-na-skopje-e-poopasno-od-bankrotot-na-grcija/#respond Tue, 09 Jan 2018 09:33:37 +0000 http://kurir.mk/?p=8049

„Туркањето во банкрот и раскинување на нашето општествено ткиво беше огромен проблем. Но, да дојдеме до точка каде што е загрозен интегритетот на нашата земја, ова не е само огромно прашање, туку нормална смрт“, вели познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во писмо до јавноста за проблемот со името на северниот сосед. Во воведот тој, доколку добро го разбираме, се обидува да алармира дека националниот банкрот на Грција е помал проблем отколку допуштање на терминот „Македонија“ во решението на проблемот на долгогодишниот спор. Големиот национален уметник, како што го нарекува „Прототема“, бара да нема отстапување од одлуката на Советот на политичките лидери од 1992 година, со која се дефинира националната линија за Скопје, според која терминот Македонија не треба да биде вклучен во името на Скопје. „Секое повлекување од оваа линија ќе има катастрофални резултати за иднината на нашата земја, бидејќи по осумте години грабеж на грчкиот народ, што нè доведе до моменталната драматична ситуација, сè што останува е да го зачуваме нашиот национален интегритет“, вели тој. „Возејќи се на името ‘Македонија’ и со деформирањето на историските настани до степен на смешното барање за проширување на своите граници на сметка на нашите заради создавање на т.н. ‘Егејска Македонија’, клучната цел на соседната земја, тие негуваа генерации Македонци со оваа идеја и сега веруваат дека се вистински потомци на кралот Филип и на Александар Велики“. На крајот од писмото Теодоракис завршува со заклучок: „Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Тоа не е национализам, тоа е патриотизам. И на Грција денес, повеќе од кога било, ѝ требаат патриоти“. Благој Нацоски му одговори на Теодоракис Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој е колега и пријател на притворениот Игор Дурловски му напиша писмо на прославениот грчки композитор и диригент Микис Теодоракис. Грчкиот музичар предходно побара Грција и властите во Атина да не попуштаат ниту чекор од своите црвени линии во спорот за името Македонија која според него има исклучиво грчка историја. Благој Нацоски настапува во најславните оперски куќи низ светот меѓу кои и миланската Скала. Целото писмо до Теодоракис од Благој Нацоски Маестро Теодоракис, најискрено останав длабоко изненаден читајќи ги Вашите изјави во денешното издание на грчкиот весник Прототема, кои се однесуваат на проблемот што Вашата земја го има со името на мојата татковина. Моето изненадување е од повеќе причини: – најпрвин, од личност како Вас, признат врвен уметник во целиот свет очекував барем малку повеќе космополитизам и отвореност. Ние, музичките уметници ја имаме таа среќа да работиме една благородна професија која истовремено ни овозможува да патуваме низ целиот свет говорејќи на јазик (музичкиот) кој успева да ги сруши сите ѕидови и сите конфликти. Оваа уметност ни овозможува сите нас да бидеме обединети во едно големо семејство каде што културните разлики помеѓу народите претставуваат едно богатство на човечкиот израз. – второ, во 1997 Вашето најпознато дело “Гркот Зорба” беше изведено во тогаш МАКЕДОНСКИОТ Народен Театар, денешна МАКЕДОНСКА Опера и Балет, заедно со МАКЕДОНСКАТА Филхармонија, во присуство на Претседателот Киро Глигоров и целокупниот државен врв на Македонија, настан пренесуван во живо од страна на МАКЕДОНСКАТА Радио Телевизија и грчката национална ТВ. Јас лично како ученик во средното музичко училиште во Скопје ги следев сите проби, а мојата мајка учествуваше во изведбата. Тогаш не се сеќавам дека имавте замерка да настапите во главниот град на Република Македонија диригирајќи лично со двата македонски национални оркестри и хор. Во таа прилика го посетивте и гробот на Зорба, кој се наоѓа во гробиштата во Бутел. Токму приказната за Зорба како историска личност и како книжевен лик, би можела да биде еден од позитивните примери и ‘адути’ за проникнувањата меѓу културите на балканските народи, но не како нов ‘мит’ туку како потстрек за барање на конструктивни решенија. Ова мое обраќање кон Вас сакам да го завршам со енда мисла на авторот на книгата за Гркот Зорба, славниот грчки писател Никос Казанѕакис, која гласи: „Едно време ги делев луѓето на Бугари, Турци, Македонци и Грци, сега ги делам на добри и лоши. А еден ден и тоа нема да го правам, затоа што сите заминуваме во една иста почва…“ Со почит Благој Нацоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-zborot-makedonija-vo-imeto-na-skopje-e-poopasno-od-bankrotot-na-grcija/feed/ 0