Миконос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 19:10:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Миконос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дара дење одмара, а навечер лудува: Потроши цело богатство на Миконос, еве за што плаќа пејачката https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dara-dene-odmara-a-navecher-luduva-potroshi-tselo-bogatstvo-na-mikonos-eve-za-shto-plaka-pejachkata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dara-dene-odmara-a-navecher-luduva-potroshi-tselo-bogatstvo-na-mikonos-eve-za-shto-plaka-pejachkata/#respond Sun, 27 Aug 2023 19:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=871598

Дара Бубамара потрошила дури 65.000 евра на Миконос! Пејачката ќе помине десет дена на грчки остров резервиран само за оние со длабок џеб. Очигледно тоа за неа не е проблем, бидејќи резервирала еден од најлуксузните хотели и секоја вечер излегува во елитните клубови каде што цените се превисоки. Дара отпатува за Миконос со својот фризер, кој е нејзин близок пријател. Сака да се одмори од настапите, бидејќи во текот на летото пееше речиси секоја вечер, а со тоа темпо ќе продолжи штом ќе заврши одморот.
Се наоѓа во хотел со поглед на море, кој има и базен. Кога ќе и здодее плажата, апартманот има џакузи каде може да се опушти, огромен кревет и воден кревет... На располагање и се и дневни масажи и козметички третмани во кои ужива. За тоа задоволство издвоила 15.000 евра, вели добро упатен извор. Според него, Дара дење одмара, а навечер лудува. -Иако и е потребен одмор од свирките, сепак не се заситува од излегувањето. Попладне е на дневни забави, а навечер во еден од најпознатите клубови на Миконос. Таму е секоја вечер! Како луда нарачува „перињон“! Келнерите ги почестува со шампањско, обезбедувањето го чести... За ноќ купува над 20 шишиња и тоа само шампањ, а кај се коктелите, виното... Богами за вечер троши најмалку 5.000 евра, вели соговорник за српските медиуми. Дара Бубамара пред два месеци се одмарала во Дубаи каде исто така потрошила многу пари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dara-dene-odmara-a-navecher-luduva-potroshi-tselo-bogatstvo-na-mikonos-eve-za-shto-plaka-pejachkata/feed/ 0
ЗАТВОРСКИТЕ ЌЕЛИИ ИЗГЛЕДААТ ПОХУМАНО: Мрачната страна на еден од најскапите острови во Грција – ова поволно сместување чини САМО 57 ЕВРА (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zatvorskite-kelii-izgledaat-pohumano-mrachnata-strana-na-eden-od-najskapite-ostrovi-vo-grtsija-ova-povolno-smestuvane-chini-samo-57-evra-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zatvorskite-kelii-izgledaat-pohumano-mrachnata-strana-na-eden-od-najskapite-ostrovi-vo-grtsija-ova-povolno-smestuvane-chini-samo-57-evra-video/#respond Thu, 20 Jul 2023 07:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=858315

Грција години наназад се наоѓа на самиот врв на најпопуларни европски летни дестинации за што заслужни се нејзините антички споменици, прекрасната храна и прекрасните острови на кои ги има најубавите плажи на светот. Во оваа медитеранска земја, жителите максимално ги искористиле сите благодати на туризмот, така што наоѓањето на поволно сместување е еднакво на добивање на лотарија, а овогодишните температури од 45 степени Целзиусови ги натерале туристите уште еднаш да размислат за своите грчки авантури. Агенцијата за патување Никана на својот Инстаграм профил објавила видео од поволно сместување на еден од најскапите грчки острови – Миконос. „Вака изгледа поволно сместување на Миконос. Без клима, 57 евра дневно за двајца“, напишано е на видеото.
Во малечка соба од куќичка се наоѓаат два кревети, огледало и вентилатор поради што луѓето веднаш почнале да коментираат. „Ова е класичен контејнер. Мобилен тоалет што се користи на паркинзите покрај автопатиштата. Подобро е да останете дома, да отидете на некоја река во близина или базен и за 52 евра да си купите мини-фрижидер, пиво и сендвичи и да уживате“, заклучил некој човек. Како што наведува „Јутарњи“, се нижеле и лути реакции, а некои заклучиле дека затворските ќелии изгледаат похумано. Една туристка одамна резервирала сместување за своето семејство, но ја загрижиле неподносливите жештини и пожари со оглед на тоа дека патува со родителите и малите деца. Му се јавила на адвокатот да види дали постои можност патното осигурување да ѝ го покрие одложувањето на патувањето на некој друг термин. „Мора да ги погледнете одредбите и условите кои се приложени ни во полисата на патното осигурување за да дознаете кои сѐ околности и настани се вклучени“, ѝ договорил адвокатот Деан Дунхам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zatvorskite-kelii-izgledaat-pohumano-mrachnata-strana-na-eden-od-najskapite-ostrovi-vo-grtsija-ova-povolno-smestuvane-chini-samo-57-evra-video/feed/ 0
Девет лица загинаа во потонатиот чамец во петокот кај Миконос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/devet-litsa-zaginaa-vo-potonatiot-chamets-vo-petokot-kaj-mikonos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/devet-litsa-zaginaa-vo-potonatiot-chamets-vo-petokot-kaj-mikonos/#respond Tue, 30 May 2023 13:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=840462

Девет загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со мигранти што во петокот се случи североисточно од грчкиот остров Миконос, откако денеска биле откриени безживотните тела на уште пет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, со помош на нуркачи била извршена подводна потрага во потонатиот глисер што се наоѓа на длабочина од приближно 30 метри и биле извлечени телата на четири жени и еден маж. Во спасувачката акција во петокот беа пронајдени двајца мажи во добра здравствена состојба, но и телата на тројца мигранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/devet-litsa-zaginaa-vo-potonatiot-chamets-vo-petokot-kaj-mikonos/feed/ 0
Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Миконос откако се преврти чамец со мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasuvachka-aktsija-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-mikonos-otkako-se-prevrti-chamets-so-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasuvachka-aktsija-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-mikonos-otkako-se-prevrti-chamets-so-migranti/#respond Fri, 26 May 2023 06:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=838894

Две лица се спасени, откако се превртил чамец со мигранти во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, а според портпаролот на грчката крајбрежна служба на Грција Никос Кокалос, спасените изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина. Кокалос за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите. Преку европскиот број за итни случаи 112 крајбрежната служба била информирана дека се превртил чамец по што почнала спасувачката акција и биле откриени две лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spasuvachka-aktsija-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-mikonos-otkako-se-prevrti-chamets-so-migranti/feed/ 0
„Забава“ на Миконос: Собарки пробале слатки оставени од гостите, завршиле во болница со халуцинации https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabava-na-mikonos-sobarki-probale-slatki-ostaveni-od-gostite-zavrshile-vo-bolnica-so-halucinacii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabava-na-mikonos-sobarki-probale-slatki-ostaveni-od-gostite-zavrshile-vo-bolnica-so-halucinacii/#respond Tue, 04 Oct 2022 09:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=740771

Грчките медиуми јавуваат дека на Миконос пет лица завршиле во болница откако консумирале слатки кои во собите ги оставиле гостите, а кои биле полни со халуцигени супстанци. Дека Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога не е нов податок. Во изнајмените вили, остануваа се и сешто по заминувањето на богатите гости. Како што јавува Прототема, пет собарки се хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите. Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, нагла промена на емоциите и халуцинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabava-na-mikonos-sobarki-probale-slatki-ostaveni-od-gostite-zavrshile-vo-bolnica-so-halucinacii/feed/ 0
МНР: Нашата Амбасада во Атина е во контакт со грчките власти во врска со тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/#respond Fri, 08 Jul 2022 15:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=702419

Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени наши државјани осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи. Во соопштението на МНР, се посочува дека тројцата осомничени македонски државјани се со иницијали О.П, Г.П. и Н.Т.. – Амбасадата останува во контакт со официјалните институции од каде се очекува наскоро да се добие и официјална писмена потврда за деталите од овој настан, се додава во соопштението на МНР. Како што претходно денеска јави дописничката на МИА од Атина, тројца државјани на Северна Македонија – двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос под обвинение за трговија со дрога. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис. Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога. Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога. Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата. За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/feed/ 0
На Миконос уапсени тројца македонски државјани, меѓу нив и 21-годишна девојка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-mikonos-uapseni-trojca-makedonski-drzavjani-megju-niv-i-21-godishna-devojka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-mikonos-uapseni-trojca-makedonski-drzavjani-megju-niv-i-21-godishna-devojka/#respond Fri, 08 Jul 2022 10:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=702243

Тројца државјани на Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис. Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога. Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога. Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата. За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите. Пракса на грчката полиција е во соопштенијата да не објавуваат лични податоци за уапсените, односно иницијали и националност, туку соопштуваат само дали се грчки или странски државјани, меѓутоа според потврдени информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за тројца државјани на Северна Македонија. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ објави дека уапсената девојка е ќерка на политичар од Северна Македонија, меѓутоа не постои потврда на оваа информација. Сепак, според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за 21-годишна девојка со голем број следачи на Инстаграм, со кои споделувала фотографии од Миконос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-mikonos-uapseni-trojca-makedonski-drzavjani-megju-niv-i-21-godishna-devojka/feed/ 0
На грчките острови Миконос и Милос позитивни над 50 отсто од направените тестови за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-mikonos-i-milos-pozitivni-nad-50-otsto-od-napravenite-testovi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-mikonos-i-milos-pozitivni-nad-50-otsto-od-napravenite-testovi-za-kovid-19/#respond Wed, 29 Jun 2022 17:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=697467

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос и Милос во изминатата седмица надмина 50 отсто, а во цела Грција е над 12 проенти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, за стапката на позитивност во периодот од 20 до 26 јуни 2022 година, на Миконос 53,53 отсто од направените тестови биле позитивни, на Милос 52,45 проценти, а на Санторини 39,51 отсто. Според стапката на позитивност, следат островите Итаки, Парос, Карпатос, Крф, Кос и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со над 20 отсто. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 12,7 проценти, од вкупно 715.666 лабораториски тестови (ПЦР и рапд). Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.661.004 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 168.440 реинфекции што е 4.4 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.218 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-mikonos-i-milos-pozitivni-nad-50-otsto-od-napravenite-testovi-za-kovid-19/feed/ 0
Миконос: 37 отсто од тестираните се позитивни на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=691435

На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто. Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти. Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 проценти, од вкупно 556.948 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 4,88 отсто пред една седмица. Националната организација за јавно здравје на Грција еднаш седмично, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/feed/ 0
КОРОНАВИРУСОТ ДИВЕЕ ПО ГРЧКИТЕ ОДМАРАЛИШТА: На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни на КОВИД-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/#respond Wed, 08 Jun 2022 17:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688531

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а со над десет проценти се островите Парос, Икариа, Тинос и Родос, како и источниот и западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Во центарот на Атина, стапката на позитивност е 8,52 отсто, во Солун 3,04 проценти, додека пак на Халкидики и Тасос е 1,9, односно 0,82 проценти. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 4,88 отсто од вкупно 570.363 лабораториски тестови (ПЦР и рапд). Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 3.483.275 случаи на Ковид-19 и нешто помалку од 140.000 повторни заразувања, а починаа вкупно 29.966 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0