мила цароска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jul 2020 12:29:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мила цароска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Мила и се одмили Боки 13, ќе го тужела за клевета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mila-i-se-odmili-boki-13-kje-go-tuzela-za-kleveta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mila-i-se-odmili-boki-13-kje-go-tuzela-za-kleveta/#respond Thu, 23 Jul 2020 12:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=380300

Бојан Јовановски на денешното судско рочиште за „Меѓународен сојуз“ меѓудругото изјави дека имал поддршка од некој од министрите од тогашниот владин состав, а за соработката со бизнисмените рече дека се случила со посредници. „Поддршка имав и од Мила Царовска, тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс-премиерот Зоран Заев. Ние всушност функциониравме како Министерство за социјала, згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле Буџет на Македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1ТВ се легални. Средствата на бизнисмените Мицевски и Амзоски не се уплатени на сметката на „Меѓународен Сојуз“, туку на приватна сметка. Што се тие, мали бебиња за да ги измами некој“ рече Јовановски на судското рочиште. Од повиканите, министерката Мила Царовска експресно и индикативно брзо демантираше поврзаност со проектите и најави инстант тужба за клевета до Јовановски. „Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“ - стои во соопштението испратено од Мила Царовска. Прашањето е колку е етички да тужиш некого кој веќе е осуден и обвинет во нов процес, или народски кажано, да удриш по „умрениот“, коментираат на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-mila-i-se-odmili-boki-13-kje-go-tuzela-za-kleveta/feed/ 0
Дали Цароска избрка професионалци од градинки за да вработи партиски војници? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-caroska-izbrka-profesionalci-od-gradinki-za-da-vraboti-partiski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-caroska-izbrka-profesionalci-od-gradinki-za-da-vraboti-partiski-vojnici/#respond Tue, 09 Oct 2018 19:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=113029

Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска, изјави дека министерството последниот месец обезбедило 126 нови вработувања во градинките низ Македонија, од кои поголемиот дел се на неопределено време. МТСП преку Министерството за финансии, обезбедило средства општините да вработат вкупно 1.025 воспитувачки, негувателки и друг персонал во детската заштита, со цел зголемување на бројот на кадар што се грижи за децата. За волја на вистината, треба да потсетиме дека истата министерка при стапување на функција избрка професионален кадар од градинките. Како причина, избрканите наведуваа дека е тоа бидејќи немаат членска книшка од СДСМ. Најпрво се избрка 8 вработени од градинката „Димче Мирчев“ без притоа да им биде дадена никаква најава, без основи, без размислување на последиците, како од морален така и од законски аспект. Две воспитувачки од градинката „Снежана“ во Чаир останаа без работа. Ова не беше прв случај на отпуштања од работа на воспитувачки и покрај тоа што им било ветувано дека нивниот работен статус ќе биде регулиран. Уште еден пример кој ја потресе македонската јавност беше што жена која беше вработена со договор на дело, во градинката „Весели цветови“ кај објектот „Мимоза“ во Кисела Вода, по истекот на договорот не доби продолжување. Денот кога жената го доби решението дека нема да и се продолжи договорот, која воедно беше и вдовица, доживеа мозочен удар од кој и почина, а зад себе остави и две мали деца на пет и две годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-caroska-izbrka-profesionalci-od-gradinki-za-da-vraboti-partiski-vojnici/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Цароска сака да ја контролира Комисијата за заштита од дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-caroska-saka-da-ja-kontrolira-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-caroska-saka-da-ja-kontrolira-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija/#respond Mon, 25 Jun 2018 14:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=69588

Министерката Мила Цароска сака да ја партизира и контролира Комисијата за заштита од дискриминација. Новиот закон за Спречување и заштита од дискриминација содржи козметички промени, кои можат да се донесат со Измена и дополнување на законот, што ќе значи континуитет на досегашниот, кој е во потполност усогласен со меѓународните стандарди. Всушност во својот извештај за Македонија ЕКРИ телото на Советот на Европа, препорачува измени и дополнување на законот, а не донесување на нов закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Венецијанската комисија, во своето мислење препорачува да не се менува сегашниот состав на комисијата, бидејќи тоа ќе влијае на независноста на тоа тело за еднаквост, за кое се препорачува да се зајакне. Менување на сегашните членови, според Венецијанската комисија би представувало политички притисок. Според комисијата, доколку тоа се случи ќе може да се претвори во нова пракса, со која секоја промена на власта ќе значи и промена на членовите на комисијата. На тој начин ова тело за еднаквост ќе ја изгуби смислата на неговото постоење. Во препораките се посочува да се изнајде начин, комисијата да се избира со двотретинско мнозинство, за да може да учествува и опозицијата, со што ќе се направи широк консензус и ќе се зацврсне независноста на комисијата. Во заклучоците на венецијанската комисија од четири најважни точки потенцирано е дека промената на сегашниот состав на комисијата ќе претставува сериозен удар врз независноста на комисијата и дека мора да се најде начин тоа да се избегне, стои во реакцијата и се додава: „Мислењето на венецијанската комисија е подржано и од Еквинет (тело за еднаквост на ЕУ) со писмо до Министерката за труд и социјална политика и од Европската комисија, која ќе го смета ова како непридржување кон реформите за кои владата треба да се залага“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-caroska-saka-da-ja-kontrolira-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija/feed/ 0
Царовска на Форум за родова еднаквост во Стокхолм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=41916

Министерката за труд и социјална политика учествува на Форумот за родова еднаквост во Стокхолм, чиј домаќин е шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром. Тркалезната маса на која се обрати министерката Царовска е посветена на мултидимензионалната родова перспектива на социјалниот дијалог и развојот на социјалниот дијалог како инструмент за родова еднаквост. - Трипартитниот социјален дијалог е есенцијална алатка за унапредување на родовата еднаквост во светот на работата. Родовата еднаквост е во суштината на пристојната работа и истата треба да се промовира паралелно со промовирање на социјалниот дијалог. Оттука, застапувањето, односно претставеноста на жените треба да се промовира на сите нивоа низ институциите на социјалниот дијалог. Родовата еднаквост е една од фундаменталните вредности на глобалното партнерство имајќи предвид дека е составен дел од инклузивниот раст во полето на пристојната работа, рече Царовска. Министерката нагласи дека токму затоа Република Македонија во декември минатата година пристапи кон „Global Deal“ - глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој, како единствен партнер од овој регион. Исто така, во програмата за работа на Владата на Република Македонија е предвидено вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа, заради дополнително унапредување и заштита на жените работнички. На Форумот во Стокхолм, што се одржува од 15 до 17 април, присуствуваат министри, високи претставници на агенциите на ООН, граѓански организации и синдикати. Во насока на постигување на целта за родово еднаков свет, на форумот се става акцент на социјалниот дијалог како значајна алатка за промовирање на родовата еднаквост на работното место.  Учеството на жените во институциите кои го водат социјалниот дијалог е само 15 проценти на глобално ниво (МОТ). Дури и во индустриите каде што работната сила е сочинета првенствено од жени, тие најчесто се претставувани од мажи. Ова се однесува и на земјите во развој и на развиените земји. Притоа, покрај зголемувањето на репрезентативноста на жените, особено важно е дали се отвораат и решаваат  релевантни прашања како што е еднаквата плата, социјалната заштита, родителското отсуство, сексуалното вознемирување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/feed/ 0