мила царовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 09:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мила царовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кога СДСМ е во опозиција правото на штрајк е уставно загарантирано право, а наставниците имаат право на незадоволство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-sdsm-e-vo-opozicija-pravoto-na-shtrajk-e-ustavno-zagarantirano-pravo-a-nastavnicite-imaat-pravo-na-nezadovolstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-sdsm-e-vo-opozicija-pravoto-na-shtrajk-e-ustavno-zagarantirano-pravo-a-nastavnicite-imaat-pravo-na-nezadovolstvo/#respond Mon, 18 Apr 2022 09:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=664658

Во јануари 2015 година, Мила Царовска, тогаш истакнат член на СДСМ, а подоцна и министерка за образование, го изнесе ставот на нејзината, тогаш опозициска партија дека со опструирање на правото на штрајк не само што власта го гази Уставот на Република Македонија, туку се газат и загарантираните права на работниците според конвенциите на Меѓународната организација на трудот, чијашто потписничка е земјава, пишува МКД.мк И тогаш штрајкуваа наставниците за поголема плата. Тогаш Царовска рече: „Директорите на училиштата немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк за заштита на своите права. Немаат право ниту да наложуваат на наставниците да одржуваат настава, за време на штрајк. Со кое право градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се редат како на филмска лента за да кажат дека настава ќе има, што е дополнителен притисок врз наставниците? Власта на Никола Груевски, исплашена од кулминација на огромното незадоволство во образованието, направи противуставни законски измени за замени на наставници во време на штрајк, мислејќи дека на тој начин ќе се заштити. Бидејќи оваа власт не знае ни Д од дијалог, прашање на време беше кога ќе стане јасно дека наставниците се изиграни, а власта ниту има намера да им ги покачи платите, ниту пак имаат намера да ги укинат казните што ги воведоа преку екстерното тестирање. Хаосот во образованието, преоптовареноста на наставниците со непотребна администрација и експериментите во обемната настава, големиот број казни преку коишто се полни буџетот, општата лоша економска ситуација во земјава ги натера наставниците да си ги бараат своите права. Ниту едни измени на закон, списоци, послушни градоначалници и директори не ќе можат да ја заштитат власта. Свеста на луѓето се разбуди. Назад нема“, рече тогаш Царовска. целиот текст на МКД.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-sdsm-e-vo-opozicija-pravoto-na-shtrajk-e-ustavno-zagarantirano-pravo-a-nastavnicite-imaat-pravo-na-nezadovolstvo/feed/ 0
Димитров, Царовска и Шеќеринска бараат апанажа, за да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци иако повеќе не се на функцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/#respond Fri, 21 Jan 2022 14:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=621695

Поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шеќеринска-Јанковска побарале апанажа. Тоа подразбира дека, доколку Собранието им ја одобри, ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж. Минатата недела, Собранието веќе им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани. Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/feed/ 0
Шаќири ја презеде од Царовска функцијата министер за образование и наука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-ja-prezede-od-carovska-funkcijata-minister-za-obrazovanie-i-nauka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-ja-prezede-od-carovska-funkcijata-minister-za-obrazovanie-i-nauka/#respond Mon, 17 Jan 2022 12:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=620301

Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата. -На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша Царовска на својот фејсбук-профил. Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-ja-prezede-od-carovska-funkcijata-minister-za-obrazovanie-i-nauka/feed/ 0
Царовска: Покажавме дека промени се возможни, продолжувам силно да се борам за еднаквоста, правата и интересите на децата, младите и жените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-pokazavme-deka-promeni-se-vozmozni-prodolzuvam-silno-da-se-boram-za-ednakvosta-pravata-i-interesite-na-decata-mladite-i-zenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-pokazavme-deka-promeni-se-vozmozni-prodolzuvam-silno-da-se-boram-za-ednakvosta-pravata-i-interesite-na-decata-mladite-i-zenite/#respond Sat, 15 Jan 2022 09:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=619573

И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во завршното обраќање на крајот од нејзиниот мандат, со кое им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба да им служи во три наврати, како министерка за труд и социјална политика, вицепремиерка, а во последната година и половина и како министерка за образование и наука. “Бев во влада предводена од социјалдемократи, кои успеаа да ја вратат слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакнат меѓусебната граѓанска почит.Во еден исклучително тежок период, во време на транзиција од режим кон демократија, но и во време на сериозна здравствена криза, заедно со мојот тим покажавме дека можеме многу да придонесеме во справување со општествените и предизвиците на секој поединец и да направиме темелни промени кои водат кон подобро утре.Работевме интензивно, транспарентно и отчетно. Доследно застапувајќи ги демократските, а почитувајќи ги граѓанските вредности, но и потреби, барања и иницијативи, притоа водејќи се по една и единствена мисла дека ова општество може и мора да биде еднакво за сите, дека има место за секого и секој заслужува подеднаков третман од државата. Горда сум на постигнатите резултати, на сите успешно спроведени реформски процеси и на оние кои се во тек, а сум сигурна дека токму поради постигнатата ефективност ќе продолжат да се реализираат до целосното остварување на целта заради која и се отпочнати”, рече Царовска. Царовска истакна дека со социјалната реформа која ја имплементираше како министерка за труд и социјална политика целосно е променет начинот на кој државата се грижи за најранливите. ,,Системот на социјална заштита сега е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик, при што во моментов 35.500 домаќинства се приматели на финансиска помош која ја зголемивме речиси тројно, а обезбедивме и поддршка за вработување. За да ја намалиме детската сиромаштија, воведовме детски додадок кој го користат околу 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти”, рече Царовска. Со промените направени во секторот труд и социјала ги унапредивме и правата на лицата со попреченост и создадовме социјална сигурност за повозрасните. Решен е и деценискиот проблем на стечајците со обезбедувањето на месечен надоместок до пензионирање. “Нашиот императив беше да создаваме вистински инклузивно и праведно општество, притоа менувајќи ја јавната перцепција за лицата со попреченост и создавајќи простор за нивна подеднаква вклученост во сите општествени процеси. Во оваа насока, донесовме и одлука да повеќе нема згрижени деца во сивите и гломазни институции. Тие сега живеат во семјна атмосфера, со повеќе љубов и внимание во малите групни домови, а „Тимјаник“ стана синоним за борбата против дискриминација и за прифаќање на лицата и децата со попреченост во заедницата”, рече Царовска. Министерката посочи дека се направени сериозни инвестиции во раниот детски развој и воспитание, со изградбата на најсовремени градинки и вложување во усовршување и кариерен развој на воспитувачите и негователите со што е вратени достоинството на оваа професија. Како министерка за образование и наука Царовска истакна дека со образовната реформа обезбеди добра основа за континуиран развој на националниот образовен систем. “Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо.Посебните училишта станаа основни училишта со ресурсни центри и тие обезбедуваат поддршка на секое училиште во кое има запишани ученици со попреченост, за што, ангажирани се 500 образовни асистенти кои повеќе не се товар на родителите и старателите, туку обврска на државата”, вели Царовска. Министерката посочи дека МОН изминатиот период работеше и на враќање на атрактивноста и вредноста на средните стручни училишта кои беа загубени поради негрижа во минатото. “Концептот на дуално образование се прошири во целата држава, а во практичната подготовка на учениците се вклучи и бизнис заедницата. Основавме три регионални центри за стручно образование и обука со кои ќе се овозможи стручна надградба, доквалификација, или преквалификација заради полесно вработување и обезбедување економска лична независност”, рече Царовска. Министерката посочи дека ученичкиот и студентскиот стандард се издигнаа на повисоко ниво. Над 27 илјади, студенти добиваат субвенциониран студентски оброк, нова мерка за олеснување на студентскиот живот и поголем фокус кон суштината на студирањето, а поголемиот дел од стипендиите се зголемени за 80%, но и се воведоа нови категории. ,,Посебно сум горда што дури и во вонредни околности и услови на пандемија, овозможивме секое дете да продолжи да учи во училница, како најдобра опција од интерес на младите”, рече Царовска. Со процесот на дигитализацијата кој беше забрзан во изминатите година и половина, училиштата се опремија со современа информатичка опрема, додека голем дел од услугите во областа на образованието - како уписи на првачиња, аплицирање за стипендии и сместување во ученички и студентски домови, станаа достапни електронски. “За време на мојот мандат во МОН, изградивме неколку нови училишта и спортски сали, а повеќе беа опфатени и со реконструктивни активности. Имаме и проект за реконструкција и постигнување на целосна енергетска ефикасност на студентските домови кој е во тек и ќе се реализира до 2024 година”, рече Царовска. Министерката посочи дека науката е заживеана со двојно зголемување на средствата за оваа намена. Во последните два месеца распределени се речиси 250 милиони денари за опремување и поддршка на научните лаборатории и за реализација на научно - истражувачки проекти од посебен интерес за граѓаните и државата”, вели Царовска. Царовска се заблагодари за успешната и конструктивна соработка на сите соработници, на раководителите на другите државни институции како и на претставниците на граѓанскиот сектор и меѓународните организации за целокупниот придонес и поддршка во напорите за остварување на целите кои беа составен дел од владините програми за работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-pokazavme-deka-promeni-se-vozmozni-prodolzuvam-silno-da-se-boram-za-ednakvosta-pravata-i-interesite-na-decata-mladite-i-zenite/feed/ 0
Академскиот вајар Филиповски со аргументи против Мила Царовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademskiot-vajar-filipovski-so-argumenti-protiv-mila-carovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademskiot-vajar-filipovski-so-argumenti-protiv-mila-carovska/#respond Tue, 21 Dec 2021 14:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=611312

Академскиот вајар Димитар Филиповски, во свој пост јавно ја критикува министерката за образование Мила Царовска, и аргументирано ги наведува дел од слабостите во нејзиното раководење со овој ресор. Текстот насловен „Реквием за една министерка“ ви го пренесуваме во целост: -Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“ Мила ЦаровскаНепочитувана министерке Царовска,Навистина немав намера повеќе во животов да се занимавам со Вас. Што би се рекло- доста е. Од Вас!Но слушајќи ја денес Вашата изјава, решив да Ви го напишам ова писание, не за да нешто Ви соопштам, бидејќи Вас ништо не Ве допира, туку за да подетално можат моите другари, колеги и цела јавност (за Вас плебс), да видат со каков африкански диктатор си имавме работа ние од образованието. Не знам на што се должеше Вашето деспотско однесување. Од една страна постојано зборувавте за Европа и европски вредности и секако за Вашите омилени МАРГИНАЛИЗИРАНИ КАТЕГОРИИ на родови булшит филозофии, а од друга страна посамобедисана и полоша сте од Роберт Мугабе. Тоа е веројатно поради фактот што никогаш не сте работеле во образование, а дојдовте како самопрогласен реформатор и ослободител од долгогодишните несоодветни политики во образованието. И така прекрасно поткована со знаења, стекнати во невладината ХЕРА, дојдовте да заповедате, да не почитувате никого. Чудно, ХЕРА склучи договор со БРО за незнам колку пари да не учат нас и нашите деца за тоа дека нема само маж и жена, туку има и друго. За тоа дека има пол, но има и род. За тоа дека секс може да имаат и маж со маж. Прекрасно! Сега така ослободени од стеги, гордо чекориме во иднината. Но, непочитувана министерке за ова веќе знаат сите. Заради Вас и Вашите каприци изборите поминаа на штета на СДСМ. Добро, не само заради Вас, но секако Вие непочитувана министерке сте во Топ 5 најомразени личности од власта. Секако, да не заборавам и најлош министер за образование. И ова не е само моја оцена. Цело министерство плаче од Вас. Од портирот доле што мора да ви го чува лифтот и да ги брка сите од фоајето кога Вие доаѓате, па се до 14-ти кат. Сите сектори го сонуваат денот кога ќе си заминете. И Вие и Вашите умислени послушнички што си ги донесовте од Труд и социјала.Но, да почнам нели околу средно уметничко. Нели тоа е училиштето во кое јас работам. Култното средно уметничко низ кое поминале многу, премногу големи луѓе. Што професори, што ученици. Едно и единствено, расадник на македонската ликовна култура. Вам, непочитувана министерке тоа ништо не Ви значи, бидејќи Вие не сте веројатно од овој свет. Вие да бевте присутна во реалноста и да не бевте самобендисана, ќе завртевте 5-6 телефона и ќе дознаевте кого носите за ВД директор во уметничко. Оти во Скопје со 5-6 телефона се се дознава. Барем така прават оние што сакаат да бидат информирани. И така неимформирана, непочитувана министерке , си го донесовте за ВД директор во средно уметничко Филип Фидановски. Веројатно единствен критериум за Вас беше неговата ЛГБТ ориентација. Немаше потреба од уверение за директор, Тојфел тест по англиски…и сите оние критериуми наведени во член 91 од законот за средно образование. Од тој ден (11.11.2020) кога го назначивте за ВД Филип Фидановски, во средно уметничко се случи она што србите го викаат “Оде воз у кукуруз ”Вашиот незаконски поставен пулен самиот со одлука си ја зголеми платата од 33.000 ден. на 43.000 ден. Ги прогласи и тоа со документ, колегите членови на училишниот одбор за криминалци, го попречуваше изборот на претставници на родители, изборот на членови на одборот, вршеше мобинг и го принуди секретарот да оди во предвремена пензија.Вашиот пулен непочитувана министерке, во април 2020 година, кога во Македонија умираа по 50 луѓе дневно од Ковид, издаде наредба за 8 часовно работно време на професорите без оглед на тоа што немаат толку часови по распоред. Исто така, издаде наредба за настава со физичко присуство. Кога цела Македонија беше онлајн. Вашиот пулен Филип Фидановски со Ваша помош ги промени нормативите. Ви пиша писмо во кое Ви соопшти дека на пола школо им ги менува нормативите и тие остануваат на улица. И Вие му потпишавте. Ги имам СИТЕ документи. Смени нормативи на пример на предметот Применета графика, каде што наместо Факултет за ликовни уметности-графика, стави Факултет за ликовни уметности-сликарство?!? Ги укина сите нормативи по предмети со норматив ФЛУ-педагошки оддел. На состанок ни изјави дека ќе донел светско име да предава Фотографија. Ќе го донел Милчо Манчевски. Да не ти се верува!!! Секако дека оваа вест Милчо ја демантираше.Дали ова Вам непочитувана министерке Ви изгледа нормално? Му потпишавте согласност за нови нормативи затоа што Ви е убав? Или маргинализиран?Дали знаете дека организираше приемен испит на Задушница? На празник, спротивно на законот. Дали знаете дека склучи договор за превоз на ученици без тендер? Дали знаете дека не поднесе завршна сметка пред одборот?Дојдовте ли барем еднаш да поразговарате со нас? Кога велам НАС, мислам на сите професори што се спротиставивме на ова лудило. А тоа бевме 99% од професорите. Никој немаше позади Филип Фидановски. Сите беа против него и неговите лудории. И вие наместо да дојдете и да го решиме проблемот, Вие не нарековте “Бандата на Диме” Епа бандата Ве примора да го отстраните од директор. Пишувавме, реагиравме, штрајкувавме пред МОН…цела јавност ни даде подршка. Отиде Вашиот ВД во историјата. И никогаш повторно нема да биде директор. А сега непочитувана министерке вториот дел од ова писание! Делот каде што ќе Ве разобличам. Каде што ќе докажам дека позади Вашата наместена насмевка се крие само криминалец. Оти криминалец е нели човек кој не ги почитува законите. Особено е поразително кога министер не почитува право и закон. Бидејќи владата за тоа се залага. И Европа налага, нели? Правосудство, право, владеење на закони. Но да одиме по ред.Откако, несреќникот ВД директор Филип Фидановски на почетокот на август 2021 год. си поднесе оставка, нели требаше нормално да се назначи друг директор на училиштето. Но Вашиот најголем кошмар т.е јас повторно Ви се појави. Овој пат како избран кандидат на јавен оглас за директор. За Ваша несреќа, неможевте да инсталирате “Ваши” луѓе во УО (бидејќи такви во уметничко нема), па моравте да се соочите со проблем. Проблемот за Вас се викаше Димитар Филиповски. Избран кандидат на оглас за директор. Кандидат што ги исполнува сите услови согласно законот. Но Вие, непочитувана министерке моето решение го ставивте во “мирување” додека не завршеле изборите што не беа ни распишани. Браво! На сугестија знаете чива ја донесовте колешката Елена Дуковска за ВД директор и тоа на 06.08.2021. Без уверение за положен испит за директор. Спротивно на законот. Оти нели пишува таму…и за ВД треба Уверение.За да нема некакви заблуди, колешката Елена Дуковска ја почитувам и она е далеку од ликот и делото на Филип Фидановски. Проблемот сте Вие непочитувана министерке.Зошто? Затоа што се мајмунисувате со законите на оваа држава. Затоа што ја испративте инспекторката Соња Зашовска од ДПИ, која констатираше со записник дека НИКОЈ во училиштето нема соодветни квалификации за директор. За ова ЛАЖНО составување на записник против инспекторката Зашовска е покрената и постапка. Документи, министерке, документи. Corpus delicti. Се жалев до второстепена комисија министерке. И Ве добив министерке. Ви го поништија решението и Ви наложија да постапите по огласот на кој што бев избран. И за ова имате документи во прилог непочитувана министерке. Но, внимавајте сега колку сте склони на противзаконие…постапувате на 16.11.2021 според налогот добиен од второстепена и се повикувате на записникот на инспекторот Соња Зашовска која констатирала нели дека никој нема во училиштето Уверение за директор, ОСВЕН Елена Дуковска што била запишана да полага и имала уплатница???Носите Решение за нов ВД мандат на Елена Дуковска врз основа на записник ??? Оној што барем малку разбира право, знае што ова значи. Нормално, моето решение го одбивате, согласно записникот на инспекторот Соња Зашовска. Непочитувана министерке, јас имам Уверение за директор и тоа едно од 2012-та кога прв пат го полагав и едно од 2017-та кое е трајно.И правдата ќе си ја истерам. И не само јас. И сите оние мои колеги од уметничко кои се бореа и се борат сеуште со штетата што ја направивте. И не само колеги. И родители. И ученици. И бивши и сегашни. Сите оние што застана гордо и со исправена глава против Вашиот терор. Поздрав непочитувана министерке и да даде Господ никогаш повеќе да не дојде во ниедно министерство личност како Вас. ПС- Незнам зошто ќе го менувате цел кров на училипштето за 150.000 евра кога нигде не тече. Без почит, Димитар Филиповски, академски вајар од Скопје- професор во ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,,-Скопје ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademskiot-vajar-filipovski-so-argumenti-protiv-mila-carovska/feed/ 0
Царовска донесе одлука да не учествува во новата Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-donese-odluka-da-ne-uchestvuva-vo-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-donese-odluka-da-ne-uchestvuva-vo-novata-vlada/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=610734

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна. -Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска. Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса. Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-donese-odluka-da-ne-uchestvuva-vo-novata-vlada/feed/ 0
Царовска не е загрижена: Дневно се заразуваат од 25 до 70 деца – активни околу 750 случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-e-zagrizena-dnevno-se-zarazuvaat-od-25-do-70-deca-aktivni-okolu-750-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-e-zagrizena-dnevno-se-zarazuvaat-od-25-do-70-deca-aktivni-okolu-750-sluchai/#respond Mon, 29 Nov 2021 12:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=601455

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Бројките што ги соопшти се исти како и во минатите недели, нема голем број КОВИД-позитивни ученици. Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече Царовска, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број што во апсолутни бројки е 25 до 70 деца на вкупно 255.000 ученици. Активни случаи во училиштата како што соопшти Царовска не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физиччко присуство што во апсолутни бројки е околу 760. Тоа значи дека околу 10% од дневната бројка на заразени со ковид отпаѓа на децата од училишна возраст како и нешто под 10% од вкупниот број на активни случаи. Министерката за образование и наука, истакна дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од најголем интерес за учениците. -Се следи ситуацијата и таа е стаблна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министертството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија. Но, апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште. Тоа не е само наша проценка, туку и според меѓународните организации што работат на квалитетот на образованието во целиот свет, посебно во земјите во развој како што е нашата, изјави Царовска по доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески. Во врска со претстојниот конгрес на СДСМ на кој ќе се избира нов партиски лидер и нови состави на органите на партијата, Царовска одговори дека постапката е отворена и сите членови, рече, многу транспарентно имаат можност да се пријават. -Мислам дека целиот тој процес на демократски начин ќе се одвива во нашата социјалдемократска партија, рече Царовска која е еден од потпретседателите на СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-e-zagrizena-dnevno-se-zarazuvaat-od-25-do-70-deca-aktivni-okolu-750-sluchai/feed/ 0
Царовска: Со оставката на Заев, престанува и мандатот на целото раководство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-so-ostavkata-na-zaev-prestanuva-i-mandatot-na-celoto-rakovodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-so-ostavkata-na-zaev-prestanuva-i-mandatot-na-celoto-rakovodstvo/#respond Fri, 05 Nov 2021 16:44:26 +0000 https://kurir.mk/?p=591509

Досегашната потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство. „Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-so-ostavkata-na-zaev-prestanuva-i-mandatot-na-celoto-rakovodstvo/feed/ 0
Димитриевски: Луѓето како Филипче, Царовска немаат ништо врска со СДСМ тие треба да се минато, поради нив партијата побегна од идеологијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-lugjeto-kako-filipche-carovska-nemaat-nishto-vrska-so-sdsm-tie-treba-da-se-minato-poradi-niv-partijata-pobegna-od-ideologijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-lugjeto-kako-filipche-carovska-nemaat-nishto-vrska-so-sdsm-tie-treba-da-se-minato-poradi-niv-partijata-pobegna-od-ideologijata/#respond Wed, 03 Nov 2021 09:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=590133

Мојата партија избега во една друга насока, побегна од идеологијата. СДСМ од секогаш била државотворна партија која што ги носела клучните одлуки за оваа држава, во најтешките моменти и изнаоѓала начин како да ги преброди сите кризи. Голем број на луѓе од раководството кои што денеска се во тоа мое СДСМ всушност и никогаш не ни припаѓале во партијата, во моментов дури и биле многу поблиски со одредени други политички структури, и успеаја да се наметнат во таа лоша имплементирана кадровска политика. Еве конкретен ќе бидам, Фондот во министерство за здравство го водат луѓе кои што не се блиски до СДСМ. Или да го земам Филипче кој што никогаш не ни бил нешто во СДСМ. Мила Царовска која што дојде од невладин сектор, истакна Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во утринска емисија на телевизија 24. Димитриевски додаде дека тие луѓе кои што сега ја креираат кадровската политика во СДСМ треба да бидат минато. - Во овие избори кандидатите за градоначалници на СДСМ не доживеаја пораз, туку доживеаја политиките кои што се спроведуваат на централно ниво, заклучи Димитриевски. Димитриевски посочи дека длабоко е разочаран од некои изјави, посебно од изјавите на Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-lugjeto-kako-filipche-carovska-nemaat-nishto-vrska-so-sdsm-tie-treba-da-se-minato-poradi-niv-partijata-pobegna-od-ideologijata/feed/ 0
Неформалниот маж на Мила Царовска отвори локал во Ист Гејт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neformalniot-maz-na-mila-carovska-otvori-lokal-vo-ist-gejt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neformalniot-maz-na-mila-carovska-otvori-lokal-vo-ist-gejt/#respond Sat, 30 Oct 2021 15:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=588219

Извесен твитерџија „Шефот“ по повод отворањето на големиот мол „Ист гејт“ забележува: „Што не кажувате дека и неформалниот маж и на малото диктаторче @mila_carovska отворил локал у Ист Гејт“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neformalniot-maz-na-mila-carovska-otvori-lokal-vo-ist-gejt/feed/ 0