милан ѓурчинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jul 2018 05:58:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милан ѓурчинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДПМ организира комеморација за академик Милан Ѓурчинов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpm-organizira-komemoracija-za-akademik-milan-gjurchinov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpm-organizira-komemoracija-za-akademik-milan-gjurchinov/#respond Tue, 31 Jul 2018 05:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=82936

Друштвото на писатели на Македонија денеска од 11 часот ќе одржи комеморација за книжевниот научник, критичар и есеист, академик Милан Ѓурчинов, кој почина на 24 јуни.  Милан Ѓурчинов (1928-2018) беше член на писателската асоцијација од 1956 година, а во еден период и нејзин претседател. - Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот впечатливо обемен и квалитетен опус, Ѓурчинов даде неодминлив влог во критичката опсервација на нашата литература во текот на повеќе од шест децении. Притоа, тој континуирано остана приврзаник на концептот на вредносна критика која директно, аргументирано и едуцирано искажува суд за книжевното дело. Таква критика, која денес и е потребна на нашата култура можеби повеќе од кога и да е, може да произлезе само од перото на интелектуално љубопитна, етички силна, стабилна и слободна личност, каква што беше и самиот тој, соопшти ДПМ. За личноста и за високите дострели на делото на Ѓурчинов ќе говорат: Соња Стојменска-Елзесер, Мишел Павловски, Елизабета Шелева, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Трајче Кацаров и Гоце Смилевски. Комеморација за академик Ѓурчинов во петокот одржа Македонската академија на науките и уметностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpm-organizira-komemoracija-za-akademik-milan-gjurchinov/feed/ 0
Почина академик Милан Ѓурчинов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-milan-gjurchinov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-milan-gjurchinov/#respond Wed, 25 Jul 2018 10:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=80839

На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал на универзитетите во Љубљана,  „Ломоносов“ во Москва и „Сорбона“ во Париз. Академик Ѓурчинов бил професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, шеф на Катедрата за славистика, а во 1980 година ја основал Катедрата за општа и компаративна книжевност и бил нејзин раководител. Активно учествувал на меѓународни и на домашни конгреси, симпозиуми и други собири, како и на семинарите за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Членувал во повеќе општествени и културни асоцијации и редакциски одбори. Бил член на Редакцијата на списанието „Разгледи“ и претседател на Советот на „Струшки вечери на поезијата“. Тој спаѓа во репрезентативната група македонски интелектуалци, значајни за културната афирмација на Македонија. Академик Ѓурчинов е критичар, антологичар, теоретичар на литературата и славист, а неговата активност во областа на книжевната историја се однесува, пред сè, на руската книжевност, особено студиите за Чехов, Достоевски и Пастернак. Многу други осврти и есеи за руски писатели сведочат за неговиот постојан интерес за руската литература во минатото и денес и за нејзиното вклучување во македонскиот културен хоризонт. Академик Милан Ѓурчинов е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ја критичката дејност кон европските стандарди. Бил член на повеќе меѓународни тела и асоцијации: на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет, чиј претседател бил од 2003 до 2008 година, на Извршниот совет на Европското друштво за култура (Венеција) и др. Од 2002 година бил член на Медитеранската академија во Неапол, Италија. Акад. Ѓурчинов е член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, а во еден мандат бил и негов претседател. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, а за редовен член е избран на 21 април 1994 година. Погребот на академик Милан Ѓурчинов ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на ­­26 јули (четврток) во 11,30 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во Капелата од 10,30 до 11,30 часот. По повод смртта на акад. Милан Ѓурчинов, Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка Комеморативна седница на 27 јули (петок), во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-milan-gjurchinov/feed/ 0
Трибина на ДПМ посветена на академик Милан Ѓурчинов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tribina-na-dpm-posvetena-na-akademik-milan-gjurchinov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tribina-na-dpm-posvetena-na-akademik-milan-gjurchinov/#respond Tue, 20 Feb 2018 08:01:18 +0000 http://kurir.mk/?p=23076

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе организира трибина „Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката“ посветена на академик Милан Ѓурчинов по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Како што најави ДПМ, на трибината ќе учествуваат академик Влада Урошевиќ, д-р Елизабета Шелева, д-р Лидија Капушевска Дракулевска, д-р Соња Стојменска Елзесер и д-р Димитрија Ристевски. На отворањето на трибината, претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски на академик Ѓурчинов ќе му предаде Повелба на ДПМ по повод неговото 60-годишно членување во  Друштвото. - Како есеист, критичар, книжевен историчар, теоретичар и антологичар, Милан Ѓурчинов остави силен печат во сите позначајни фази од развојот на македонската литература, во времето на книжевната конфронтација, одбраната на модернистичките тенденции и промовирањето на книжевниот плурализам, до најновите литературни процеси од 21 век, соопшти ДПМ. Милан Ѓурчинов својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност. Неговите Избрани дела се објавени  во десет тома. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tribina-na-dpm-posvetena-na-akademik-milan-gjurchinov/feed/ 0