Милан Јазбец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jul 2020 09:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Милан Јазбец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проштална средба на Пендаровски со словенечкиот амбасадор Јазбец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pendarovski-so-slovenechkiot-ambasador-jazbec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pendarovski-so-slovenechkiot-ambasador-jazbec/#respond Thu, 23 Jul 2020 09:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=380124

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец. На средбата, како што информира кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Словенија и беше констатирано дека двете држави негуваат исти, европски вредности, со традиционално пријателство и силно стратешко партнерство. Во тој контекст претседателот Пендаровски и амбасадорот Јазбец го реафирмирале интересот за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера кадешто постои голем потенцијал. Нагласувајќи ја континуираната словенечка поддршка на билатерално, регионално и мултилатерално ниво, претседателот Пендаровски истакнал дека Македонија високо ја цени помошта на Словенија во спроведувањето на реформските процеси, во насока на нашата европска интеграција, којашто ќе се одрази позитивно на стабилноста и просперитетот на целиот регион. Двајцата соговорници размениле мислења и информации и за активностите поврзани со пандемијата на КОВИД-19, нагласувајќи ја потребата од зголемена соработка и солидарност помеѓу државите како одговор на здравствените и социо-економските предизвици наметнати од овој глобален проблем. Претседателот Пендаровски изразил благодарност за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јазбец посакувајќи му натамошен успех на личен и на професионален план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pendarovski-so-slovenechkiot-ambasador-jazbec/feed/ 0
Средба Мицкоски- Јазбец: Институциите замижуваат пред сомнежите за криминал на власта и се користат единствено за пресметка со политичките неистомисленици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-jazbec-instituciite-zamizuvaat-pred-somnezite-za-kriminal-na-vlasta-i-se-koristat-edinstveno-za-presmetka-so-politichkite-neistomislenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-jazbec-instituciite-zamizuvaat-pred-somnezite-za-kriminal-na-vlasta-i-se-koristat-edinstveno-za-presmetka-so-politichkite-neistomislenici/#respond Tue, 08 May 2018 18:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=51719

Наместо со информации за прогрес и реформи, јавноста секојдневно е преплавена со афери и коруптивни скандали на власта кои немаат никаква разрешница. Институциите се заробени и замижуваат пред сомнежите за криминал на власта, а се користат единствено за пресметка со политичките неистомисленици. Ова беше една од темите на кои што се разговараше на денешниот состанок помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јазбец, информираат од партијата. -Мицкоски ја изрази загриженоста од фактот дека Република Mакедонија не само што не оди напред, туку и назадува во поголем број области. На средбата се разговараше и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го запозна амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања, со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите права со политичкиот терор кој го спроведува власта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава: „На средбата претседателот Мицкоски ја презентираше и лошата економска состојба, која е предизвикана од лошите економски политики на владата кои се повеќе им штетат на граѓаните. Од страна на Мицкоски беше констатирано дека добрите односи со Република Словенија треба да се негуваат и унапредуваат. Исто така беше потенцирано дека на Република Македонија и се неопходни искуствата на Словенија во евроатланската интеграција. На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Словенија за членство на Македонија во НАТО и Европската Унија. За овие стремежи за интеграција да се остварат неопходно е власта да се зафати со работа и остварување на приоритетните реформи преку активно вклучување на опозицијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-jazbec-instituciite-zamizuvaat-pred-somnezite-za-kriminal-na-vlasta-i-se-koristat-edinstveno-za-presmetka-so-politichkite-neistomislenici/feed/ 0