Милан Кучан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Mar 2023 09:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Милан Кучан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: 31 година од промоцијата на македонските државни почести и првиот војнички почесен рапорт на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-31-godina-od-promotsijata-na-makedonskite-drzhavni-pochesti-i-prviot-vojnichki-pochesen-raport-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-31-godina-od-promotsijata-na-makedonskite-drzhavni-pochesti-i-prviot-vojnichki-pochesen-raport-na-makedonski-jazik/#respond Fri, 17 Mar 2023 08:51:42 +0000 https://kurir.mk/?p=812961

На 17 март 1992 година за првпат биле промовирани македонските државни почести. Ова се случило при доаѓањето на делегацијата на Република Словенија, на чело со претседателот Милан Кучан, при пречекот на аеродромот „Скопје“. Првпат при пречек на висок гостин била интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат била построена почесната единица на Македонската армија со македонско државно знаме и првпат командантот на почесната единица полковник Стефан Лазаревски на македонски јазик му рапортирал на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Републиката. -Делегацијата од Република Словенија пристигна на 17 март 1992 година и беше пречекана со највисоки почести. Датумот останува забележан како датум кога првпат при пречек на странска делегација се интонира химната „Денес над Македонија се раѓа“, првпат при пречек на странски државник се постројува почесната единица на АРМ, се вее македонското знаме, а јас бев првиот македонски офицер, командант на почесна единица, кој на македонски јазик му рапортираше на претседател на странска држава, вели Лазаревски, објавено во Нова Македонија. Војниците од почесната единица на сивомаслинестите униформи првпат имале поставено македонски државни симболи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-31-godina-od-promotsijata-na-makedonskite-drzhavni-pochesti-i-prviot-vojnichki-pochesen-raport-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Кучан: Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchan-makedonija-pokaza-dovolno-hrabrost-vo-obidot-so-grcija-da-iznajde-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchan-makedonija-pokaza-dovolno-hrabrost-vo-obidot-so-grcija-da-iznajde-reshenie-za-imeto/#respond Fri, 18 May 2018 06:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=55480

Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија, изјави во интервју за МИА првиот словенечки претседател Милан Кучан. Ова прашање, смета тој, не може да биде само билатерално прашање меѓу Македонија и Грција, туку тоа е и прашање  на Европската унија, која треба многу повеќе да се ангажира. - Но, бидејќи тоа прашање е нерешено долги години и главна препрека за почеток на преговори, или барем една од главните препреки за почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, мислам дека решавањето на тоа прашање би покажало дека Македонија е подготвена да ги исполни условите и да се покаже како веродостојна кандидатка, а од друга страна ЕУ мора да ја покаже својата волја дека сака да ја прими Македонија во своите редови, да ја отвори вратата на Европската унија. Мислам дека досега ЕУ не покажа големо ангажирање и постојано со прст покажувајќи дека треба прво да се решат прашањата во Македонија, вели Кучан. Друго прашање е, наведува тој, зошто толку се одлага процесот на проширување на Унијата. - Знаете дека за тоа работите се блокирани, не само во однос на Македонија бидејќи тука, пред се, се барањата на Франција да се посвети повеќе внимание на внатрешните односи во Унијата, внатрешната интеграција, за така во таа нова кондиција ЕУ да биде подготвена да им ги отвори вратите на новите членки, рече Кучан. Во интервјуто за МИА, првиот словенечки претседател вели дека во регионот и во Европа недостасуваат државници кои ќе бидат подготвени да прифатат одговорност за своите одлуки, имајќи предвид какви долгорочни последици ќе имаат тие одлуки за нивните земји, за населението и пошироко. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchan-makedonija-pokaza-dovolno-hrabrost-vo-obidot-so-grcija-da-iznajde-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-slovenija-milan-kuchan-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-slovenija-milan-kuchan-vo-poseta-na-makedonija/#respond Wed, 16 May 2018 07:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=54651

Поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија. Кучан ќе има повеќе средби во Скопје, меѓу кои и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Првиот словенечки претседател утре ќе има предавање на годишната меѓународна конференција за европски интеграции на тема „Европа и Балканот“. Конференцијата е во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-pretsedatel-na-slovenija-milan-kuchan-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0