милчо манчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 09:41:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милчо манчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Кајмак“ со фестивалски проекции во Стокхолм, Рим, Хаг, Лондон, Буенос Аирес, кинопремиери во Холандија и Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=896098

Филмот„Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја завршува фестивалска година со проекции во Стокхолм, Рим, Хаг и Лондон, а следната година ќе ја почне со официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот од 2 ноември е и на редовниот кино репертоар во Хрватска. На крајот на месецов, режисерот Манчевски ќе присустува на проекцијата во Хаг и ќе одговара на прашања на публиката, по што ќе почне и кино прикажувањето низ Холандија. Исто така, Манчевски ќе присуствува и на проекцијата во Рим. На барање на Македонската амбасада, на 29 ноември „Кајмак“ ќе се прикажува во Лондон за студентите и поширокиот академски аудиториум на University College London. Минатиот месец, пак, „Кајмак“ го отвори 18. издание на Македонскиот филмски фестивал во Торонто. На покана на Институтот за филм на Шангајскиот универзитет и шпанскиот Универзитет на Кастилја-Ла Манча, Манчевски минатиот месец во Толедо, Шпанија одржа десетдневен семинар за филмска режија, за класата студенти на овие универзитети. Изминатава годинава Манчевски одржа серија мастеркласови на фестивалите низ светот, од Токио, преку Калабрија, Тирана, Торонто. „Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Досега освои шест фестивалски награди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-so-festivalski-proektsii-vo-stokholm-rim-hag-london-buenos-aires-kinopremieri-vo-holandija-i-hrvatska/feed/ 0
„Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vecherva-ke-ja-dozhivee-danskata-premiera/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vecherva-ke-ja-dozhivee-danskata-premiera/#respond Mon, 19 Jun 2023 07:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=847278

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж). Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн. Светскиот продажен агент, Левел К од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите... „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vecherva-ke-ja-dozhivee-danskata-premiera/feed/ 0
„Кајмак“ освои специјална награда во Португалија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-osvoi-spetsijalna-nagrada-vo-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-osvoi-spetsijalna-nagrada-vo-portugalija/#respond Mon, 06 Mar 2023 10:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=808533

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто. Ова беше 43. издание на фестивалот кој се одржува во португалскиот град Порто. Како еден од наградените филмови, „Кајмак“ имаше специјална дополнителна проекција на затварањето на Фантаспорто.

Oва е најнова награда за Манчевски, најтрофејниот македонски режисер, кој има освоено повеќе од 60 меѓународни награди и признанија во досегашната кариера. Меѓу нив се и Златен лав во Венеција, Номинација за Оскар, Индепендент спирит (САД), ФИПРЕСЦИ (награда на меѓународната асоцијација на критичари), Давид ди Донатело (Италија), Сребрен Кондор (Аргенитна), Сребрена Палма во Валенција (Шпанија), Најдобра режија на Реинденс (Лондон), Најдобар филм на Синеквест (Калифорнија), ФЕДЕОРА (награда на медитеранската критика) Филм на годината во Турција, Најдобар филм на фестивалот во Сао Пауло (Бразил), Награда 11. Октомври, Гран при во Санкт Петерсбург (Русија), Почесен докторат од ВГИК (Русија), итн. Најраните награди што ги има освоено за неговите филмски остварувања се на фестивалот Белград Алтернативи (за експериментален филм) во 1984 и Најдобар рап спот на МТВ во 1991.

Португалскиот културен магазин „Лаксанте“ го оценува филмот со четири ѕвезди и пишува: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.“

„Кајмак“ е седми филм на Манчевски, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

Филмот, црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството, беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kajmak-osvoi-spetsijalna-nagrada-vo-portugalija/feed/ 0
Проекција на „Кајмак“ на филмскиот фестивал Фантаспорто во Португалија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-kajmak-na-filmskiot-festival-fantasporto-vo-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-kajmak-na-filmskiot-festival-fantasporto-vo-portugalija/#respond Thu, 02 Mar 2023 08:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=807011

Филмот „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски денеска ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во португалскиот град Порто. Манчевски досега три пати беше лауреат на Фантаспорто - во 2020 година кога со „Врба“ ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за Најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“, во 2017 со „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма „Недела на режисерите“, а во 2016-та ја доби Наградата за кариера, при што беше организирана и ретроспектива на неговите филмови во Порто. Утре, пак, „Кајмак“ ќе биде емитуван на 51. Издание на еден од најважните филмски настани во регионов, ФЕСТ во Белград, каде се предвидени уште две проекции – утре и в сабота. На овој фестивал, Манчевски настапи со филмот „Мајки“, кој во 2011 година ја освои Специјалната награда на жирито „Небојша Ѓукелиќ“, а во 2020 неговиот филм „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција на ФЕСТ. Седмиот целовечерен филм на Манчевски „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Улрик Боел Бенцен, дизајнер на продукција Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, а композитори се Данскиот гудачки квартет. Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент Иан Прајор. Копродуцент на филмот е Македонската радио-телевизија. Филмот ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година. Веднаш потоа беше прикажан и на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, а по гала премиерата во Македонската филхармонија, „Кајмак“ почна истовремено да се прикажува во кината низ 30 градови низ целата држава, со што стана најгледан филм во земјава во текот на минатата година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-kajmak-na-filmskiot-festival-fantasporto-vo-portugalija/feed/ 0
Милчо Манчевски гостин на британскиот амбасадор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/milcho-manchevski-gostin-na-britanskiot-ambasador-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/milcho-manchevski-gostin-na-britanskiot-ambasador-vo-makedonija/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=772357

Ми беше чест што денес во Британската резиденција ми беше гостин престижниот македонски режисер Милчо Манчевски. Разговаравме за неговата импресивна и долгогодишна кариера во филмската индустрија, како и искуството работејќи со колеги и од Обединетото Кралство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/milcho-manchevski-gostin-na-britanskiot-ambasador-vo-makedonija/feed/ 0
„Кајмак“ во кино стана настан на сезоната https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vo-kino-stana-nastan-na-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vo-kino-stana-nastan-na-sezonata/#respond Tue, 29 Nov 2022 09:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=768070

За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак“ по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија. „Кајмак“ наскоро почнува да се прикажува и во странство. Во преговори се повеќе земји, а засега се потврдени: Грција, Данска, Хрватска, Кипар, Србија, Тајван и САД. По гала премиерата во Македонската филхармонија на 16 ноември, каде филмот беше пречекан со неколкуминутни стоечки овации, „Кајмак“ почна истовремено да се прикажува низ целата држава: во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Штип, Битола, Пехчево, Гевгелија и Скопје. И покрај сите напори на продуцентите и на дистрибутерите, „Кајмак“ не се прикажува во Велес, па велешани одат во Скопје, Штип и Свети Николе да го видат филмот. „Сакаме секој да има можност да го види филмот во кино. Не е исто дали го гледате на мал или голем екран, сам или во друштво. Покрај тоа, не е само Скопје Македонија“, изјави режисерот Манчевски. Киноприкажувањето на „Кајмак“ стана настан на сезоната. Во многу градови со „Кајмак“ има кинопроекција првпат по многу години – Пробиштип, Пехчево, Делчево... Со филмот се отвори новото кино во Крушево, а во Свети Николе филмот се прикажува дури во две кина истовремено. Се пробија многу граници за киноприкажување и тоа е особено важно, оти станува збор за македонски филм во време на практично замрена киноприкажувачка дејност во земјата. Продуцентите организираа гостување на екипата и премиера и во Битола, а во Милениум екипата одржа разговор пред публиката, каде, покрај другите љубители на филмот, имаше и бројни студенти. Денеска, по повод роденденот на Синеплекс, билетите за „Кајмак“ може да се купат по цена од само 150 денари. Поради големиот интерес, „Кајмак“ ќе се прикажува во 5 термини: од 18 часот, 19 часот, 20:15 часот, 21:15 часот и од 22:30 часот. Во рецензијата на филмската публикација „Проектор“, дел од порталот „A good movie to watch“ пишува: „Времето ќе покаже пред колкава публика ќе игра „Кајмак“, кој сега го почнува своето меѓународно патување, но непредвидливото сфаќање за кармичката правда на овој филм ќе биде уникатно, трагикомично искуство за секој кој ќе има среќа да го види“ И македонскиот одглас за филмот беше голем, меѓу другите, писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска напиша: „Кајмак“ се два триаголника совршено вглавени во квадратот на нашето заробено постоење во заробениот град, во заробената земја. Чудесна геометрија на мајчинството, сексот и безнадежноста за подобро“. „„Кајмак“ е маестрално остварување“, вели македонскиот новинар Сотир Трајков. Професорката и актерка Синоличка Трпкова, смета дека „Манчевски на топол и љубовен начин ја размрда македонската транзициска малограѓанштина, лошотилакот и лицемерието. Љубовта нема правила, и во „Кајмак“ тоа вистински звучи, изгледа и се чувствува“ Филмскиот критичар Тони Цифровски во својот осврт за филмот рече: „Дистанцираното набљудување на нечии животи одеднаш ве втурнува во вртлог од емоции и пресврти, а зачудувачка е леснотијата со која отфрлајќи ја наметката на пуританството можеме да се поистоветиме со секој еден машки или женски лик од оваа потрага по љубов“. „Со „Кајмак“, Манчевски се потврдува како еден од ретките современи уметници во светот, кој страсно ја истражува човековата состојба, ја набљудува со огромен искрен интерес, без судење и фолирање, и ја обликува во парче уметност што трансцендира чиста, невоздржана емоција која допира длабоко“, напиша Марина Костова. Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна, а весникот „Џапан тудеј“ го нарече филмот „мрсна сатира“. „Кајмак“ беше прикажан и на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, Тајван. По двете преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер, следеа сесии разговори со публиката. „Кајмак е љубовна приказна за возрасни, црна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Филмот е копродукција на четири држави. 53% од буџетот доаѓа од странски извори - од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуримаж. 36% од Македонската агенција за филм. Остатокот од поддршката дојде од Македонската радио-телевизија, која е копродуцент на филмот. Филмот го помогнаа и партнерите: Алкалоид, НЛБ Банка и Виза, Окта, Дајмонд, Витаминка, Тиквеш и бројни други фирми и поединци. По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Александар Микиќ, Сара Климоска, Симона Спировска, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ и други. Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-vo-kino-stana-nastan-na-sezonata/feed/ 0
Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ утре премиерно во киното Мис Стон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najnoviot-film-na-milcho-manchevski-kajmak-utre-premierno-vo-kinoto-mis-ston/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najnoviot-film-na-milcho-manchevski-kajmak-utre-premierno-vo-kinoto-mis-ston/#respond Wed, 16 Nov 2022 10:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=761575

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ на 17.11.2022, утре од 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан во киното Мис Стон при НУЦК „Марко Цепенков“. Проекциите ќе се одржуваат и петок 18.11.2022 и сабота 19.11.2022 со почеток од 19.30 часот. Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот. Филмот говори за две семејства кои си ја бараат среќата - пристојни на почетокот, среќни на крајот. Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ. Милчо Манчевски освен што е потписник на режијата , автор е и на сценариото. Филмот „Кајмак“, е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najnoviot-film-na-milcho-manchevski-kajmak-utre-premierno-vo-kinoto-mis-ston/feed/ 0
„Кајмак“ на Манчевски премиерно на фестивалот во Токио https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-na-manchevski-premierno-na-festivalot-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-na-manchevski-premierno-na-festivalot-vo-tokio/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:06:45 +0000 https://kurir.mk/?p=735673

Се обидувам да правам „глокални“ филмови – и локални и глобални, рече денеска режисерот Милчо Манчевски на прес-конференцијата по повод неговиот најнов филм „Кајмак“ чија светска премиера ќе се одржи идниот месец, на фестивалот во Токио. „Кајмак“ ќе биде во официјалната конкуренција, во трката за награди. Засега се планирани две проекции, на 26-ти и 29 октомври, но најверојатно ќе има и трета. Како што најави продуцентот Јане Ќортошев, македонкската публика ќе го види филмот во кино наскоро. Се прават напори тоа да биде во средината на ноември, на гала премира каква што имаше „Врба“. На Македонскaта телевизија, пак, според очекувањата, ќе се прикажува при крајот на идната година. „Кајмак“ е црна комедија која се случува во денешно Скопје. Се снимаше минатото лето во исклучително професионална атмосфера. Се работи за европска копродукција меѓу Северна Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, но вклучени се и филмски работници од Англија, Италија и Србија. Копродуцент е Македонската телевизија, а филмот доби поддршка и од европскиот фонд Еуроимаж. -Светската премиера ќе биде на далечниот исток, на фестивал од А категорја и еден од најголемите во светот, фестивалот во Токио. Со ова филмот добива прекрасен старт. Сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот, а многу скоро по светската премиера ќе биде донесен и во земјава, рече Ќортошев. Според директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски, за македонската кинематографија нема граници, а премиерата на „Кајмак“ во Токио ќе и даде дополнителна вредност на македонската кинематографија која е рамо до рамо со европската. На прес-конференцијата беше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која им честита на Манчевски и на целата екипа. -Светската премира во Токио е голем успех за филмот и за македонската кинематографија и култура. Филмовите на Манчевски ја афирмираат македонската култура и држава низ сите континенти и се трајна вредност на современата македонска кинематографија, рече министерката. Прашан накусо да го долови филмот, Манчевски рече дека секој добар филм поаѓа од локално тло, од локален извор. -Не седнувам со агенда, да кажам „еве сега ќе правиме локален или универзален филм“. Секој добар филм содржи ДНК од местото од кое доаѓа, но може да се ужива и разбере секаде во светот. Прашање на умешноста на авторот и на темата е дали ќе бидат универзално препознаени или не. „Кајмак“ е безобразна трагедија, имавме неверојатна екипа, глумците беа ниво повисоко од светското, а мотото на филмот е „За танго се потребни тројца“. Останатото ќе го видите наскоро, напомена Манчевски. Светскиот филмски фестивал во Токио почнува на 23 октомври, а прес-конференцијата и прес-проекцијата на „Кајмак“ се закажани за 27 октомври. Тој ден, како што рече Манчевски, веројатно ќе се одржи и предвидениот мастер клас за јапонските и други студенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kajmak-na-manchevski-premierno-na-festivalot-vo-tokio/feed/ 0
Седум нови трофеи за „Врба“ на Манчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=605103

„Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. „Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер за Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева, исто така изминатата недела, е добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. Филмот „Врба“ има интензивен фестивалски живот дури и две години после светската премиера, во октомври 2019 на Римскиот филмски фестивал. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија... „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Манчевски цела есен го монтира неговиот седми филм „Кајмак“, „безобразна комедија“. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. „Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Се снимаше летово во Скопје и околината, а во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Иан Прајор, Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевиг и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/feed/ 0
Почна снимањето на „Кајмак“ на Милчо Манчевски https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-kajmak-na-milcho-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-kajmak-na-milcho-manchevski/#respond Tue, 06 Jul 2021 11:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=532788

Во хотел „Лимак“ во Скопје денеска почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на режисерот Милчо Манчевски. Филмот ќе се снима пет недели на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Центар, Лисиче. – Лето е преубава работа. Жешко лето е уште поубава. Жешко лето кога се снима најубава. Со ваков супериорен актерски тим и топ екипа му нема крај на меракот, изјави режисерот Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото за „Кајмак“ – црна комедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Според продукцијата, филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината. „Кајмак“ е европска копродукција во која поголем дел од финансиите се од странство – 52 проценти од средствата се од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, а 48 проценти од нашата Агенција за филм. „Кајмак“ доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж. Помогнат е од голем број домашни и странски поединци и компании. Копродуцент е Македонската радио-телевизија, а во екипата се вклучени филмски работници од Англија, Италија и Србија. Во актерската екипа се. Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ… Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг-директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка Марио Микисанти. Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“ со продуцентот Јане Ќортошев. Во текот на снимањето се очекува во Скопје да пристигнат и копродуцентите на филмот од Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар – „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчар во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската „Скала продакшнс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-kajmak-na-milcho-manchevski/feed/ 0