миле јанакиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 09:39:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png миле јанакиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Камбовски за случајот Јанакиески: Судот во изречената казна затвор мора да го засмета и дотогаш одредениот притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=854287

Со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење, вели во изјавата за МКД.мк академикот Владо Камбовски, професор по кривично право, за случајот со затворската казна за Миле Јанакиески во случајот Титаник. Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во сушинска смисла влијае врз нивното толкување од страна на судовите, особено кога се работи за комплексни случаи, вели Камбовски во писмената изјава која ја пренесуваме во целост. „Во случајот на Јанакиевски се битни две клучни околности од кое треба да се води системското и телеолошкото толкување на одредбите од Кривичниот законик за казната и засметувањето на притворот во изречената казна, во светлина на одредбите и на Законот за кривичната постапка. Првите се однесуваат на процесниот аспект на притворот и другите облици на лишување од слобода, кои го опфаќаат секое лишување од слобода како процесна мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката. Покрај куќниот притвор, поимот на лишување од слобода ги подразбира и полициските мерки на задржување на осомничениот во полициската истрага. Притворот, како и другите облици на лишување од слобода не се поврзани со кривичното дело или дела за кои е осомничен обвинетиот. Ако е тој осомничен/обвинет за повеќе кривични дела, му се одредува една мерка на притвор, заради обезбедување на негово присуство во постапката за сите дела. Значи, не постои диференцирање на притвор за едно дело, па потоа притвор за друго, трето... за кои се води една постапка или повеќе постапки. Вторите се однесуват на материјалниот аспект определен со одредбите од КЗ кои имаат рефлексии и врз постапката што се води против обвинетиот. Една е ситуацијата кога против обвинетиот се води кривична постапка со едно обвинение за повеќе дела, извршени во стек (еден судски предмет, еден судски совет). Во тој случај судот донесува една пресуда за сите дела сторени во стек и изречува единствена казна според правилата за одмерување на казната за дела во стек согласно чл.47 ст.1 од КЗ, според која ‘времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна’. Во пресудата со која се изрекува казната, судот е должен во траењето на казната да го засмета и времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, согласно чл. 404 ст.1 т.6 од Законот за кривичната постапка, според која ‘во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече: ......одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна...’. Друга е ситуацијата кога на едно лице му се суди во повеќе раздвоени кривични постапки, оформени како различни судски предмети со подигање на повеќе обвиненија, пред различни совети и со донесување на пресуди во тие постапки. За тие случаи треба да важи правилото дека во секоја постапка при донесување на осудителна пресуда судот мора да одлучи за засметување на притворот што му бил одреден на обвинетиот, независно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки (на пример одреден е притвор заради обезбедување негово присуство во истрагата за едно дело, но потоа истрагата е проширена и на други дела или се покренати истраги и за други дела). Во тој случај судот при донесувањето на осудителната пресуда мора да се држи за императивната норми од чл.47 ст.1 КЗ и чл.404 ст.1 т.6 од ЗКП за засметувањње на притворот, односно куќниот притвор, при изрекувањето казна затвор за посебното дело. Притоа, судот не смее да ја избегне таквата обврска поаѓајќи од сознанието дека против обвинетиот, кој е правосилно осуден, се водат други кривични постапки, кои не се завршени со правосилна судска пресуда. Во спротивен случај, судот го повредува принципот на пресумпцијата на невиност, според која никој не може да се смета за виновен сѐ додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Недозволено е во таа смисла и калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и прависилна судска пресуда за тие дела. Според тоа, со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење. Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор. Ова толкување на случајот Јанакиевски не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo - секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, се вели во изјавата на Владо Камбовски. И универзитетскаите професори Гордан Калајџиев и Слаѓана Тасева сметаат дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“ изјави вчера професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Тој посочува дека случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон. „Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев. До Кривичниот суд поднесено е барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е веќе спроведен. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години. Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно. извор: mkd.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kambovski-za-sluchajot-janakieski-sudot-vo-izrechenata-kazna-zatvor-mora-da-go-zasmeta-i-dotogash-odredeniot-pritvor/feed/ 0
Скопска апелација му го укина куќниот притвор на Миле Јанакиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopska-apelacija-mu-go-ukina-kukjniot-pritvor-na-mile-janakievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopska-apelacija-mu-go-ukina-kukjniot-pritvor-na-mile-janakievski/#respond Thu, 18 Nov 2021 14:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=597013

Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиевски, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост. – Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор, информираат од Основен кривичен суд Скопје и додаваат дека мерката претпазливост е забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopska-apelacija-mu-go-ukina-kukjniot-pritvor-na-mile-janakievski/feed/ 0
Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/#respond Mon, 12 Jul 2021 16:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=535660

Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиевски на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон обвинението не смеело да ја види „светлоста на денот“, да биде покренато, затоа што Обвинителството ги знаело одредбите на тој Закон. – Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Со овој закон за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведени кривични постапки и целосно се ослободваат од издржување на казна затвор, лица за кои постои основано сомневаење дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Сорабанието на РМ од 27 април 2017 година. Се ослободваат од кривично гонење според КЗ и друг Закон на РМ, лицата за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието од 27 април 2017, наведе адвокатот Миланов. Додаде дека согласно ставот три од членот 1 од Законот за амнестија, истиот не се однесува за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат казна затвор за овие настани за кои пости основано сомение дека учесгвувале во подготвување или организирање на настаните во РМ или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело здружување заради непријателска дејност. – Овој исклучок за гонење не може да биде применет во овој предмет, затоа што вашата правна квалификација, поставена од Обвинителството и со изменетото обвинение е членот 313, што значи дека не можа да се користи овој дел за лица со учество во организирање или подготвување. Законот не се однесува исто така на лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали. Ништо што е внесено во овој исклучок не може да се однесува на ниту еден од овие кои како обвинети се наоѓаат во оваа судска сала и за кои вие постапувате, потенцираше Миланов. Тој посочи дека Законот за кривична постапка е небулозен, со што Судечкиот совет не може да прекине постапка без одобрение од Обвинителството. На таа основа, побара од Судечкиот совет да донесе ослободителна пресуда. При изнесувањето на завршните зборови прочита голем број цитати од пратеници кои сведочеле за овој случај. – Овие искази беа пред вас, ги слушавте и сите тие јасно потврдуваат дека ниту постоеше организација на пратеници, ниту пак таква организација правеле Спиро Ристевски или Миле Јанакиевски. Поради настапување на околности поради кои не постои можност за кривично гонење, односно согласно одредбата 402 став 1 точка 6, барам да го одбиете ова обвинение за Спиро Ристевски и Миле Јанакиевски за коишто тоа го истакнувам во овој нивен завршен збор, но исто така и за Вељановски. Сите докази верувам дека доволно Ве убедија дека овие тројца обвинети не го сториле кривичното дело кое им се става на товар, заклучи Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/feed/ 0
Пак Миле им е крив: Нов 30-дневен домашен притвор за Јанакиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pak-mile-im-e-kriv-nov-30-dneven-domashen-pritvor-za-janakievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pak-mile-im-e-kriv-nov-30-dneven-domashen-pritvor-za-janakievski/#respond Tue, 23 Feb 2021 15:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=472843

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески доби нови 30 дена домашен притвор за случајот „ТНТ“. Случајот „ТНТ" се однесува за уривањето на комплексот „Космос" на инвеститорот Фијат Цановски. За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pak-mile-im-e-kriv-nov-30-dneven-domashen-pritvor-za-janakievski/feed/ 0
Ристовски и Атанасовски одат во куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/#respond Fri, 31 May 2019 15:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=203998

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд ја замени мерката притвор со куќен за Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои се обвинетите за нападот во Собранието на 27 април 2017 година, а на Миле Јанакиевски му го продолжи куќниот притвор уште за 30 дена. Кривичниот совет одлучуваше по барање на Обвинителството за организиран криминал кое денеска подигна обвинение за четири лица- обвинети дека се организатори на наислниот упад. –Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, а во однос на денеска поднесниот обвинителен акт за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кои го прифати предлогот и на двајца од обвинетите мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Што се однесува до обвинителниот акт истиот ќе биде распореден согласно АКМИС системот на Совет за оценка на обвинителен акт. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, претходно денеска информира, дека е поднесен обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање. Како што соопшти Јавното обвинителство, наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Парламентот на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието. Криичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети. Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор. Во соопштението од ЈОРМ не се посочува идентитетот на четворицата обвинети за организирање на собраниските настани на 27 април 2017. Во предистражната постапка, Обвинителството за огранизирање на „27 април“ ги сомничеше поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Владимир Атанасовски и Никола Бошковски од УБК. За насилствата во Собранието, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/feed/ 0
Укината мерката притвор за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-merkata-pritvor-za-mile-janakievski-i-kiril-bozinovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-merkata-pritvor-za-mile-janakievski-i-kiril-bozinovski/#respond Fri, 28 Dec 2018 11:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=146055

Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница  Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје. Истовремено, додава Апелацискиот суд во соопштение, со со четири различни решенија на  Кривичниот совет на Судот на обвинетите Јосифовиќ, Божиновски, Арсовска и Јанакиевски им е определена мерката куќен притвор. Вака донесените одлуки, соопшти Апелацискиот сауд, ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-merkata-pritvor-za-mile-janakievski-i-kiril-bozinovski/feed/ 0
Миланов: Амнестија дава собранието, а не претседателот- тој дава аболиција, која за случајот „Титаник“ е дадена уште во 2016 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-amnestija-dava-sobranieto-a-ne-pretsedatelot-toj-dava-abolicija-koja-za-sluchajot-titanik-e-dadena-ushte-vo-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-amnestija-dava-sobranieto-a-ne-pretsedatelot-toj-dava-abolicija-koja-za-sluchajot-titanik-e-dadena-ushte-vo-2016-godina/#respond Mon, 19 Nov 2018 18:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=129722

Прво и основно ако одиме по соопштението од кабинетот на претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, воопшто ниту имало средба која што била во насока на било каков разговор за амнестија, уште помалку тоа било со некаков си посредник на господинот Миле Јанакиевски или Кирил Божиновски, ова во вечера во емисијата „Отворено на Алфа“ го истакна адвокатот Еленко Миланов. -Ако го следиме тоа соопштение не се спори, што не го спори ниту Миле Јанакиевски дека тој остварил средба со претседателот на државата, но во врска со актуелната политичка ситуација во државата, а не за некаква амнестија. Правно е многу погрешно да воопшто тоа што стои во службената белешка да се бара амнестија, затоа што амнестија дава собранието, не претседателот, тој и не е надлежен да дава амнестија, тој може да даде аболиција. Аболицијата за конкретниот случај „Титаник“ е дадена уште во април, мај 2016 година, што значи тоа е право кое веќе е стекнато и што има сега повторно да бара во таа насока, а дури и да постави ново барање за аболиција, тоа не укажува на бекство, вели Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-amnestija-dava-sobranieto-a-ne-pretsedatelot-toj-dava-abolicija-koja-za-sluchajot-titanik-e-dadena-ushte-vo-2016-godina/feed/ 0
Одбраната во случајот „Топлик“ на СЈО се сомнева во автентиноста на аудио материјалите, судот не му даде збор на техничкиот советник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-sluchajot-toplik-na-sjo-se-somneva-vo-avtentinosta-na-audio-materijalite-sudot-ne-mu-dade-zbor-na-tehnichkiot-sovetnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-sluchajot-toplik-na-sjo-se-somneva-vo-avtentinosta-na-audio-materijalite-sudot-ne-mu-dade-zbor-na-tehnichkiot-sovetnik/#respond Fri, 11 May 2018 09:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=52956

Одбраната во случајот „Топлик“, каде обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се сомнева во автентичноста на аудио материјалите со кои се стекнало СЈО. Поради ова, одбраната на денешното рочиште донесе свој технички советник, Мирослав Котевски, ангажиран за нивни стручни потреби, на кој судијата Осман Шабани не му даде можност да говори. Па неговите стручни мислења околу прибавените тонски докази ги кажа адвокатот Сања Алексиќ. -Тонските записи за водење разговори се складираат на систем наменет за легално следење на комуникации во МВР и се презентираат од истиот систем во МВР. Тонските записи од 20 април 2018, се презентирани од медиум кој не е дел од тој примарен систем за легално следење. Што значи дека овие тонски записи се копии. Оттаму автентичноста е дискутабилна и спорна со самиот факт што во судницата се презентираат копии, рече Алексиќ. Според одбраната веродостојноста на тонските записи се проверува во специјализирани лаборатории за да се утврди нивната целовитост и континуитет. Предметот се однесува на продажбата на градежна парцела за изградба на комплексот „Сончев град“. За овој случај снимките од прислушуваните телефонски разговори се прифатени како доказ. Покрај Јанакиески, во случајот се обвинети уште пет лица. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба. Одбраната во „Топлик“ се сомнева во автентичноста на аудио материјалите со кои се стекнало СЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-vo-sluchajot-toplik-na-sjo-se-somneva-vo-avtentinosta-na-audio-materijalite-sudot-ne-mu-dade-zbor-na-tehnichkiot-sovetnik/feed/ 0