миле талевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 15:11:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png миле талевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза, со наследени енормни долгови и блокирани сметки од нивните претходници, реализираа илјадници проекти за само 10 месеци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-vo-vreme-na-kriza-so-nasledeni-enormni-dolgovi-i-blokirani-smetki-od-nivnite-prethodnici-realiziraa-iljadnici-proekti-za-samo-10-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-vo-vreme-na-kriza-so-nasledeni-enormni-dolgovi-i-blokirani-smetki-od-nivnite-prethodnici-realiziraa-iljadnici-proekti-za-samo-10-meseci/#respond Thu, 11 Aug 2022 15:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=717199

СДСМ се исплашени од катастрофалниот сопствен рејтинг и од недовербата од граѓаните па решија да се занимаваат со лаги кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талевски од СДСМ. По катастрофалниот пораз на локалните избори, СДСМ изгубени во времето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со промашени теми. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираат илјадници проекти иако СДСМ ги остави општините во катастрофална состојба, со долгови и блокирани сметки во време на криза. Без помош од централната власт во време на енергетска криза и енормни сметки за електрична енергија, сепак градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и реализираат проекти. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 10 месеци од својот мандат реализираа двојно повеќе проекти од 4 годишниот мандат на нивните претходници во сите општини. Нови градинки, училишта, реконструкција и изградба на стотици километри на улици, реконструкција и изградба на фекални и атмосферски канализациони мрежи, нови паркови и спортски терени се делата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за квалитетот и знаењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што, градоначалниците на СДСМ бараат совети и помош токму од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. На Талески не му беше доволна пораката на граѓаните од локалните избори во Прилеп, каде што СДСМ изгубија со повеќе од 5500 гласа разлика, повторно реши да се брука со прес конференции полни со лаги и манипулации. Јасно им е на СДСМ, Ковачевски и Талески дека на следните предвремени парламентарни избори ќе доживеат целосен дебакл, токму заради нивната неспособност, криминал и националните предавства кои ги направија на Македонија и граѓаните, се вели во реакцијата на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-vo-vreme-na-kriza-so-nasledeni-enormni-dolgovi-i-blokirani-smetki-od-nivnite-prethodnici-realiziraa-iljadnici-proekti-za-samo-10-meseci/feed/ 0