миленичиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 12:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png миленичиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најавени нови законски измени: Се забранува неконтролирано размножување на домашните миленици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-novi-zakonski-izmeni-se-zabranuva-nekontrolirano-razmnozuvanje-na-domashnite-milenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-novi-zakonski-izmeni-se-zabranuva-nekontrolirano-razmnozuvanje-na-domashnite-milenici/#respond Thu, 17 Mar 2022 12:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=648881

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, пренесе Академик. Цел на предлог законот, образложуваат од министерството, е воспоставување на систем за контрола на неконтролираното размножување на кучињата преку регистрација на одгледувачници за кучиња и евидентирање на истите. -Се забранува неконтролирано размножување на домашните миленици, продажба и давање на подарок на домашни миленици на малолетници, се забранува држење на кучиња и мачки во продавниците за домашни миленици. Исто така се доуредуваат казнените одредби каде освен одземање на животните кои се држат за фармски цели се воведува нова прекршочна мерка, објави порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-novi-zakonski-izmeni-se-zabranuva-nekontrolirano-razmnozuvanje-na-domashnite-milenici/feed/ 0
Дали моето милениче ме разбира? Кучињата може да научат до 215 зборови и фрази! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-moeto-mileniche-me-razbira-kuchinjata-moze-da-nauchat-do-215-zborovi-i-frazi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-moeto-mileniche-me-razbira-kuchinjata-moze-da-nauchat-do-215-zborovi-i-frazi/#respond Thu, 09 Dec 2021 08:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=605990

Многумина сопственици на кучиња, откако животните биле припитомени, се прашуваат- „Дали моето милениче ме разбира?“ Според ново истражување во Канада кое опфатило 165 кучиња и нивните сопственици, открива дека животните целосно разбираат меѓу 15 и 215 зборови и изрази. Просечното куче може да разбере 89 зборови – исто колку и просечно 18-месечно бебе. Истражувачите Кетрин Рив и Софи Жак од Катедрата за психологија и невронаука на Универзитетот „Далхауз“ ја поврзаа способноста на животните да учат од нивните односи со луѓето. „Поради нивната еволутивна историја и блиските односи со луѓето, домашните кучиња научиле да реагираат на човечките вербални и невербални знаци на ниво неспоредливо со другите видови“, велат стручњаците. И додека некои сопственици на кучиња можеби не се согласуваат, истражувачите признаваат дека некои животни, понекогаш, можеби едноставно научиле правилно да реагираат на наредбите што ги слушаат, не морајќи целосно да го разберат нивното значење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-moeto-mileniche-me-razbira-kuchinjata-moze-da-nauchat-do-215-zborovi-i-frazi/feed/ 0
Миленичињата позитивно влијаат при карантин и изолација https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milenichinjata-pozitivno-vlijaat-pri-karantin-i-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milenichinjata-pozitivno-vlijaat-pri-karantin-i-izolacija/#respond Wed, 17 Nov 2021 12:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=596585

Истражувањата покажуваат и потврдуваат дека миленичињата позитивно влијаеле на менталното здравје на нивните сопственици при рестриктивните епидемиолошки мерки против коронавирусот. Испитување спроведено меѓу 1.200 сопственици на домашни миленици, посочува дека и за време на карантинот и затворањето дома, кучињата навистина може да бидат најдобри пријатели на човекот. Испитаниците, поточно 85 отсто од нив рекле дека кучињата имаат значително или умерено позитивно влијание, додека 75 проценти од испитаниците истото го кажале истото за мачките. Многу малку се оние кои мислат дека домашните миленици го влошиле нивниот квалитет на живот во изолација. Научниците веруваат дека миленичињата го подобруваат животот во целина. Тие се една од причините што човекот почесто го напушта домот и се дружи со други луѓе. И многу претходни студии покажаа дека тие го подобруваат менталното здравје. Ова особено кога човекот е тажен, депресивен или вознемирен. Се смета дека миленичињата го олеснуваат и воспоставувањето односи со други луѓе. Тие придонесуваат за чувство на почит, сочувствување и доверба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milenichinjata-pozitivno-vlijaat-pri-karantin-i-izolacija/feed/ 0
Ветеринарна комора: Со факти против беснило – сопствениците редовно да ги вакцинираат милениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarna-komora-so-fakti-protiv-besnilo-sopstvenicite-redovno-da-gi-vakciniraat-milenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarna-komora-so-fakti-protiv-besnilo-sopstvenicite-redovno-da-gi-vakciniraat-milenicite/#respond Tue, 28 Sep 2021 13:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=569437

Споделување факти и отфрлање на сите митови или заблуди, е фокусот на годинашната глобална кампања по повод Светскиот ден на борба против беснилото, 28 Септември, соопшти Ветеринарната комора на Република Македонија. Комората апелира сопствениците редовно да ги вакцинираат домашните миленици, кучињата и мачките. Вакцинацијата против беснило, нагласува, е со Закон утврдена обврска и гарантира превенција од оваа тешка и смртоносна заразна болест. -Корона пандемијата покрена многу сомнежи и заблуди за болестите, нивното ширење и за вакцинацијата воопшто. Поради ова, имаше одредено двоумење во врска со воведувањето на вакцините за КОВИД-19 во многу земји и многу луѓе се плашат да се вакцинираат. За беснилото, ова не е ништо ново, бидејќи стравовите, заблудите и дезинформациите за болеста и нејзината превенција датираат стотици години наназад. Од таа причина, оваа година темата е фокусирана на споделување факти за беснило, а не ширење страв за болеста врз основа на дезинформации и митови, наведува Ветеринарната комора. Фактите, додава, се единствениот начин да се победат лажните вести. -Затоа, низ процес на информирање и едукација, ние, ветеринарните лекари сме должни да помогнеме да се споделат точни факти, бидејќи одлуките за контрола на беснило во нашата земја се базираат на точни и најсовремени информации. Со споделување факти за придобивките од вакцинирање на вашите животни против беснило можеме да ги отфрлиме сите митови за вакцинација и да се осигураме дека сите се заштитени, а болеста е елиминирана, истакнува Комората. Во рамки на одбележувањето на 28 Септември, денеска, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа тркалезна маса на која професионалците од ветеринарната и хуманата медицина дискутираа за беснилото од сите аспекти. Како што беше заклучено, единствениот начин на кој може да се елиминира беснилото, е преку заедничка работа и обединување кон заедничката цел – нула жртви од беснило до 2030. Мотото на годинашната глобална кампања е „Беснило: Факти, а не страв”. Светските статистики покажуваат дека секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarna-komora-so-fakti-protiv-besnilo-sopstvenicite-redovno-da-gi-vakciniraat-milenicite/feed/ 0
На вашиот миленик дајте му едно од овие имиња – сите значат СРЕЌА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashiot-milenik-dajte-mu-edno-od-ovie-iminja-site-znachat-srekja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashiot-milenik-dajte-mu-edno-od-ovie-iminja-site-znachat-srekja/#respond Tue, 07 Sep 2021 15:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=560579

Во многу култури среќата се поврзува со името и се доживува премногу сериозно. Имињата кои се одредуваат за луѓето и за бизнис компаниите се избираат така што вклучуваат позитивни поими и зборови, а пред да се изберат, дури се прават и одредени нумеролошки анализи. Исто така постојат и имиња на кучиња за кои се смета дека носат среќа. Погледнете за кои имиња се верува дека се такви, па инспирирајте се да употребите некое од нив за вашиот следен миленик. Луна Ова име значи месечина, па така и римската божица на месечината го носи името Луна. Доколку сакате вашиот миленик да го наградите со среќно и убаво име, со Луна нема да погрешите. Скај Во превод значи небо (на англиски Sky), но и носител на вода, што прави ова име да биде многу моќно, затоа што водата е неопходна за целиот жив свет. Ова име е универзално и можете да му го дадете на вашиот миленик без разлика дали е машко или женско. Фреди Ова е вистинско име за слатко и разиграно куче. Фреди се поврзува со мирен владетел, што значи дека на своето семејство ќе му донесе среќа и благосостојба. Коко Ова име прво почнале да го користат Французите и Шпанците. Се смета за среќно затоа што во едно долгогодишно истражување било откриено дека кучињата со име Коко биле меѓу најсреќните, односно најмалку биле погодени од различни повреди и болести. Мини Името како да е создадено за мало женско куче. Како и името Коко, така и за ова име истражувањата покажале дека носи голема среќа. Пени Ова прекрасно и елегантно име е создадено за вашето слатко женско куче. Името се однесува на паричната единица што се користи во Велика Британија, односно значи паричка, па се верува дека семејството кое на своето куче ќе му го даде името Пени, ќе може да ужива во материјална сигурност. А материјалната сигурност значи и добра заштита за домашните миленици. Астра Ова е силно име што значи ѕвезда, па така асоцира на сѐ што е возвишено и необјасниво. Феликс Ова име често им се дава на мачките, но не е ретко ниту меѓу кучињата. Тоа не е воопшто чудно со оглед на тоа дека ова име значи среќа и успех. Шива Ова има најчесто им се дава на женските кучиња, но добро им прилега и на машките. Шива значи среќен, па се верува дека кучињата кои го носат ова име носат голема среќа и исполнет живот. Лаки Ова а еднакво популарно име и за машките и за женските кучиња. Лаки значи среќен (од англискиот збор Lucky), па кучето кое ќе го краси ова име, ќе биде голем среќник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashiot-milenik-dajte-mu-edno-od-ovie-iminja-site-znachat-srekja/feed/ 0
Овие растенија се ОПАСНИ за вашите миленичиња, не ги чувајте дома! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rastenija-se-opasni-za-vashite-milenichinja-ne-gi-chuvajte-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rastenija-se-opasni-za-vashite-milenichinja-ne-gi-chuvajte-doma/#respond Sat, 07 Aug 2021 11:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=547623

Доколку сте во потрага по зеленило кое ќе го украси вашиот дом потребно е да знаете дека некои растенија се опасни по здравјето на домашните миленичиња. Спатифилум (Spathiphyllum) Ова популарно зимзелено растение со бели цветови е убаво, но е мошне опасно за мачки и кучиња. Џвакањето на листовите кај домашните миленичиња може да предизвика повраќање и потешкотии со голтање. Фикус лира (Ficus lyrata) Ова собно растение не е многу мудар избор за сопствениците на домашни миленичиња. Иако нема смртоносно дејство на кучиња и мачки, сериозно ја надразнува устата и слузокожата. Колоказија (Colocasia esculenta) Тропското растение колоказија, познато под името слоново уво, според зборовите на експертите може да доведе до отекување на устата, повраќање и диареја кај домашните миленичиња. Еукалиптус (Eucalyptus gunny) И покрај смирувачкиот мирис и убавите листови, еукалиптусот кај домашните миленичиња може да предизвика депресија и малаксаност. Еластичен фикус (Ficus elastica) Популарното собно растение, кое го карактеризира восечен изглед на листовите, може да предизвика иритации на кожата кај луѓето и да предизвика болести на системот за варење кај домашните миленичиња.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-rastenija-se-opasni-za-vashite-milenichinja-ne-gi-chuvajte-doma/feed/ 0
Сопствениците на миленичиња конечно можат да земат воздух: Регистрирана вакцина против коронавирус за животни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenicite-na-milenichinja-konechno-mozat-da-zemat-vozduh-registrirana-vakcina-protiv-koronavirus-za-zivotni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenicite-na-milenichinja-konechno-mozat-da-zemat-vozduh-registrirana-vakcina-protiv-koronavirus-za-zivotni/#respond Thu, 01 Apr 2021 07:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=490624

Првата руска вакцина против коронавирусoт е регистрирана во Русија, изјави во средата заменик директорот на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија на Русија, Константин Савенков, најавувајќи дека неговото масовно производство може да започне веќе во април. Карникав-Ков е првиот и моментално единствениот лек против коронавирус за животни во светот и најпрво бил тестиран на зајаци. Клиничките испитувања започнаа во 2020 година, а по спроведувањето на сите студии, тие заклучија дека вакцината е безопасна и високо имуногена, а сите испитани животни развиле антитела во 100% од случаите. Масовното производство на вакцини за животни започнува во април. Ова е значајно откритие затоа што некои видови животни се подложни на инфекција, поточно во 2020 година, масовните инфекции на животните се забележани на фармите во Данска. Според руските научници, употребата на вакцината Карнивак-Ков може да спречи развој на мутација на вирусот, што најчесто се јавува при пренесување на патогени микроорганизми помеѓу видовите. Нема научни докази за пренесување на коронавирус од животни на луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenicite-na-milenichinja-konechno-mozat-da-zemat-vozduh-registrirana-vakcina-protiv-koronavirus-za-zivotni/feed/ 0
Ова ни едно милениче не го сака: Пет работи кои го имитираат секое куче https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-ni-edno-mileniche-ne-go-saka-pet-raboti-koi-go-imitiraat-sekoe-kuche/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-ni-edno-mileniche-ne-go-saka-pet-raboti-koi-go-imitiraat-sekoe-kuche/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=485575

Кучињата не можат јасно и гласно да ни кажат на нашиот јазик што точно не сакаат, но можат да покажат со своето однесување кои работи ги иритираат. Земање во раце и гушкање Сите сопственици сакаат да ги прегрнуваат своите миленичиња, но според експертите, нашиот топол допир не го сакаат големите или малите кучиња затоа што ги прави да се чувствуваат исплашени и да се чувствуваат „заробени“. Затоа, овој приказ на човечка наклонетост не е погоден за кучиња. Ненадејно будење Ниту луѓето, ниту животните не го сакаат ова. Да бидеме искрени, никој не сака ненадејно будење. Според експертите, постарите кучиња лошо реагираат на ненадејно будење. Ако го разбудите вашето куче кога спие, направете го тоа внимателно. Почекајте неколку минути за да се пресели од најдлабоката фаза на спиење во нормалната фаза од која ќе се разбуди помирно. Во спротивно, постои можност тој да биде иритиран поради ненадејно будење до тој степен што дури и да гризе. Промени Промените ги збунуваат кучињата, што пак може да доведе до проблеми во однесувањето, како што се лаење, копање или други деструктивни однесувања. Контрадикторни сигнали Честопати луѓето не разбираат кои сигнали им даваат на кучињата за соодветно однесување, а тоа ги збунува кучињата. Ако не сакате вашето куче да скокне врз вас, не го галете кога ќе скокне. Ние понекогаш го забораваме ова и ги галиме кога ќе скокаат врз нас, а потоа ќе ги осудиме следниот пат кога ќе го сторат тоа во други околности. Збунувачки, нели? И кучињата така мислат. Странец во куќата На домашните миленици им треба повеќе време да прифатат странци. Може да биде застрашувачко за кучето да гледа странец како влегува во домот, што во суштина е безбедна зона, така што воведувањето на нов човек мора да се изврши надвор од домот на неутрална територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-ni-edno-mileniche-ne-go-saka-pet-raboti-koi-go-imitiraat-sekoe-kuche/feed/ 0
Кога можете да ги шетате миленичињата овој продолжен викенд? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-mozete-da-gi-shetate-milenichinjata-ovoj-prodolzen-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-mozete-da-gi-shetate-milenichinjata-ovoj-prodolzen-vikend/#respond Sat, 23 May 2020 07:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=349262

За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за време на продолжениот празничен викенд, соопштија вчера од Владата. Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-mozete-da-gi-shetate-milenichinjata-ovoj-prodolzen-vikend/feed/ 0
Се препорачува физичка дистанца и меѓу домашни миленичиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-preporachuva-fizichka-distanca-i-megju-domashni-milenichinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-preporachuva-fizichka-distanca-i-megju-domashni-milenichinja/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:48:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338783

Американскиот Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ) препорачува граѓаните кои ги шетаат домашните миленичиња да држат физичко растојание од најмалку два метри не само меѓу себе, но и меѓу миленичињата. За мачките пак, се препорачува да се држат дома. ЦДЦ исто така препорачува луѓето да ги избегнуваат парковите за кучиња или други јавни места каде се собираат луѓе и кучиња. Во САД досега се појавија повеќе случаи на пренос на Ковид-19 од луѓе на мачки, како лавови или тигри. Иако мнозинство од епидемиолозите се убедени дека домашните животни не играат некаква улога во ширењето на заразата, тие препорачуваат личност инфицирана од Ковид-19 да не контактира со домашно животно. Доколку таа личност мора да се грижи за животното, ЦДЦ препорачува обврзно носење маска и миење на рацете пред интеракција со животното. Првиот случај на животно тестирано позитивно од коронавирус беше забележан кај тигар во Зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, на почетокот на месецов. Потоа, во истата зоолошка имаше позитивни случаи на уште четири тигри и три афрички лава. Друштото за заштита на животинскиот свет соопшти дека тие животни се добри, се однесуваат нормално и јадат, и дека им се намалила кашлицата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-preporachuva-fizichka-distanca-i-megju-domashni-milenichinja/feed/ 0