милениум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 11:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милениум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Серенада за Битола: Групата „Милениум“ со прекрасни стихови покажаа љубов кон градот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/serenada-za-bitola-grupata-milenium-so-prekrasni-stihovi-pokazhaa-lubov-kon-gradot-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/serenada-za-bitola-grupata-milenium-so-prekrasni-stihovi-pokazhaa-lubov-kon-gradot-video/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=791654

Битолската  група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион,  направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа  потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна,  па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера. Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола. „Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“. Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил  Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер на видоспотоци, Даниел Јовески. Во екипата која учествуваа во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески. Извор: ВИСТИНА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/serenada-za-bitola-grupata-milenium-so-prekrasni-stihovi-pokazhaa-lubov-kon-gradot-video/feed/ 0
„Најсреќниот човек на светот“ со македонска премиера на 27 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/#respond Wed, 19 Oct 2022 09:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=747553

На 27 октомври во кино „Милениум“ во Скопје премиерно ќе се прикажува филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска. Овој месец, филмот кој што е македонски претставник за „Оскар“, ќе се прикажува и на пет фестивали низ целиот свет. Како што најавија од продукција Митевски, во текот на месеците кои следат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу земји. -Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Киев, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната, истакна актерката Лабина Митевска.
Од Киев, „Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска. Турнејата на „Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија, каде ќе се натпреварува за наградата „Весна“ за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-so-makedonska-premiera-na-27-oktomvri/feed/ 0
МКЦ и Градското кино „Милениум“ ги одложуваат настаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkc-i-gradskoto-kino-milenium-gi-odlozuvaat-nastanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkc-i-gradskoto-kino-milenium-gi-odlozuvaat-nastanite/#respond Tue, 10 Mar 2020 15:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=314686

Согласно препораките за справување со коронавирусот, Младинскиот културен ценар (МКЦ) и скопското Градско кино „Милениум“ денеска соопштија дека ги одложуваат настаните. – Ве известуваме дека Младинскиот културен ценар и кино „Милениум“ ги одложуваат настаните до крајот на препораката. За сите нови термини навремено ќе информираме, a публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, нив ќе може да ги искористи за новите термини, соопшти МКЦ. Кинотека денеска ги одложи сите настани и проекции, а Националната галерија го откажа отворањето на две изложби во Чифте амам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkc-i-gradskoto-kino-milenium-gi-odlozuvaat-nastanite/feed/ 0