милијарда евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Feb 2023 13:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милијарда евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пимента: Халанд вреди околу една милијарда евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pimenta-haland-vredi-okolu-edna-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pimenta-haland-vredi-okolu-edna-milijarda-evra/#respond Sun, 19 Feb 2023 13:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=802297

Агентот на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, Рафаела Пимента, ја откри сумата за трансфер на норвешкиот фудбалер. - Ерлинг Халанд вреди околу една милијарда евра. Сериозна сум. Ова сума ја сметам за реална за играчот, изјави Пимента за „Телефут“. Халанд се пресели во Манчестер сити минатото лето. Оваа сезона Норвежанецот има 31 настап за англискиот клуб, постигна 32 гола и четири асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на 22-годишниот Халанд на 170 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pimenta-haland-vredi-okolu-edna-milijarda-evra/feed/ 0
Третиот „локдаун“ ќе ја чини трговијата на Австрија над милијарда евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-lokdaun-kje-ja-chini-trgovijata-na-avstrija-nad-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-lokdaun-kje-ja-chini-trgovijata-na-avstrija-nad-milijarda-evra/#respond Mon, 28 Dec 2020 08:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=449279

Третиот „локдаун“ на Австрија до 18 јануари повторно ќе ја чини австриската трговија повеќе од милијарда евра од прометот, предупредуваат истражувачите од Универзитетот Јоханес Кеплер (ЈКУ) во Линц. Тие очекуваат загуба на промет во износ од околу 1,9 милијарди евра бруто. Првото заклучување на пролет, според истражувачите, и донесе на трговијата загуба на промет од 3,8 милијарди евра, а втотиот „локдаун“ во ноември ја чинеше 2,2 милијарди евра. Со тоа австриската трговија, по трите заклучувања, ќе претрпе загуби во износ од околу осум милијарди евра. Здружението на трговци смета дури и на загуби во износ од 10 милијарди евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-lokdaun-kje-ja-chini-trgovijata-na-avstrija-nad-milijarda-evra/feed/ 0
Над милијарда евра влогови за обложување околу изборите во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-milijarda-evra-vlogovi-za-oblozuvanje-okolu-izborite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-milijarda-evra-vlogovi-za-oblozuvanje-okolu-izborite-vo-sad/#respond Fri, 30 Oct 2020 14:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=422694

Претседателските избори во САД се благодет за обложувалниците, и тоа на светско ниво. Околу една милијарда евра се веќе вложени за победникот, а тоа се засилува пред денот на изборите. Метју Шадик, одговорен за политичко обложување во британската компанија ГВЦ, ​​изјави дека ова е двојно повеќе од 2016 година, кога Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон. Републиканскиот кандидат Трамп е повторно аутсајдер, а неговиот демократски кандидат Џо Бајден е фаворит како на ГВЦ, така и на Лабрекс, Корал, Би-вин и „Вилијам Хил“. – Претпоставувам дека се во прашање милијарда фунти (1,1 милијарда евра), изјави Шадик. И според синџирот обложувалници „Вилијам Хил“, изборите во САД, веројатно, ќе бидат најголемиот настан во годината. – Влоговите веќе изнесуваат над 3 милиони фунти, а очекуваме да достигнат 10 милиони. Предвидуваме дека ова ќе биде најголемиот настан за обложување во 2020 година. Бројките се едноставно зачудувачки и ги надминуваат сите спортски настани, изјави претставникот на конгломератот, Руперт Адамс. Тој вели дека луѓето кои добиле минатиот пат, во голем дел, се враќаат. – Тоа се луѓе кои се држат до своите чувства и претчувства. Бајден е очигледен фаворит на обложувалниците, па сè уште има околу 65 отсто шанси за победа, но тоа е далеку од линијата за сигурна прогноза, што му дава на Трамп 10 отсто шанси. Пазарот на обложувалници му даваат шанса на Трамп од 35-45 отсто, додава познавачот. Шадик смета дека групата „про-Трамп“ обложувачи веруваат дека има милиони тн. „срамежливи“ гласачи на Трамп, што ќе дојдат до израз дури на денот на изборите. Според оваа теорија тие се срамат во анкетите да кажат дека ќе гласаат за Трамп. – Јасно е дека не ги интересираат анкетите. Некои сметаат дека тие се лажни или им недостасуваат милиони приврзаници на Трамп. Неверојатна е довербата што ја имаат во победата на Трамп… Од друга страна, либералната левица е сè уште трауматизирана од неговата претходна победа и тие не сакаат да ги ризикуваат своите пари. Ова се два различни психолошки фактори, па јас повеќе сакам да им верувам на анкетите отколку на обложувачките прогнози, вели Шадик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-milijarda-evra-vlogovi-za-oblozuvanje-okolu-izborite-vo-sad/feed/ 0
На ОН ветени 1,7 милијарди долари за помош на земјите од Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-on-veteni-1-7-milijardi-dolari-za-pomosh-na-zemjite-od-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-on-veteni-1-7-milijardi-dolari-za-pomosh-na-zemjite-od-afrika/#respond Wed, 21 Oct 2020 06:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=418749

Обединетите нации соопштија дека им биле ветени повеќе од 1,7 милијарди американски долари за финансирање на напорите за помош на Буркини Фасо, Мали и Нигер до крајот на 2020 и 2021 година, а шефот на Одделот за хуманитарни работи на ООН, Марк Лукук предупреди дека во регионот Сахел „претстои трагедија“, но посочи дека може да се спречи. На виртуелна конференција за собирање помош, Лукук рече дека околу 13 милиони луѓе, од кои пет милиони се деца, имаат потреба од итна хуманитарна помош за да преживеат. Тој рече дека повеќе од седум милиони луѓе гладуваат. – Хуманитарните потреби во централниот дел на Сахел се поголеми отколку што некогаш биле, а стапката на пораст на потребите е навистина алармантна, рече Лукук на конференцијата организирана од ОН, ЕУ, Германија и Данска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-on-veteni-1-7-milijardi-dolari-za-pomosh-na-zemjite-od-afrika/feed/ 0
Германија плати околу милијарда евра за американските трупи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-plati-okolu-milijarda-evra-za-amerikanskite-trupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-plati-okolu-milijarda-evra-za-amerikanskite-trupi/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=369736

Германија, во изминатите десет години, плати околу една милијарда евра за стационирање на американската армија на нејзината територија, а Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп најави повлекување на 9.500 војници, плаќаат многу повеќе. Две третини од тие трошоци, односно 648,5 милиони евра, се за мерки за изградба на инфраструктура, а 333,9 милиони евра за таканаречените последици од одбраната, кои вклучуваат штета предизвикана од стареењето на американските војници и враќањето на американските инвестиции во поранешни бази. Овие податоци произлегуваат од одговорот на Министерството за финансии на прашањето на пратеничката на Левица, Бригита Фрајхолд. Сепак, САД имаат многу поголеми трошоци за стационирање на својата армија во Германија. Министерството за одбрана на САД ги проценува трошоците за оваа година на околу 8.125 милијарди долари, што е за 61 пат повеќе од 132,4 милиони евра, колку што Германија издвои за овие цели минатата година. Сепак, американската војска има огромни предности во однос на базите во Германија, затоа што преку нив ги обезбедува војниците, на пример, во мисиите во Ирак и Авганистан. Во моментов, околу 35.000 американски војници се стационирани во Германија. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-plati-okolu-milijarda-evra-za-amerikanskite-trupi/feed/ 0
Во Италија запленета дрога во вредност од над една милијарда евра наменета за финансирање на ИД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zapleneta-droga-vo-vrednost-od-nad-edna-milijarda-evra-nameneta-za-finansiranje-na-id/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zapleneta-droga-vo-vrednost-od-nad-edna-milijarda-evra-nameneta-za-finansiranje-na-id/#respond Wed, 01 Jul 2020 08:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=366413

Финансиската полиција во Неапол во пристаништето Салерно откри и заплени дрога во вредност од над една милијарда евра. Полицијата откри 14 тони амфетамини, 84 милиони таблети со лого „каптагон“, што се произведува во Сирија од страна на Исламска држава за финансирање на тероризмот. Дрогата била скреина во инустриски цилиндри за хартија, кои требало да ги спречат скенерите да ја откријат содржината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zapleneta-droga-vo-vrednost-od-nad-edna-milijarda-evra-nameneta-za-finansiranje-na-id/feed/ 0
Поддршка од 1,7 милијарда евра за социјално и економско закрепнување на ЗБ од ЕИБ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/#respond Thu, 07 May 2020 15:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=343134

Групата на Европската инвестициска банка ќе го поддржи социјалното и економското закрепнување на Западен Балкан од пандемијата на Ковид-19 со 1,7 милијарди евра. Тоа, како што наведуваат во соопштение, е дел од пакетот со финансиска поддршка за регионот вреден 3,3 милијарди евра што беше објавен на 29 април од Европската комисија, а ги следи напорите на „Тимот Европа“ за поддршка на Западен Балкан. Директни корисници на пакетот со поддршка од ЕУ ќе бидат националните здравствени сектори и малите и средните претпријатија што, исто така, има цел зајакнување на националните банкарски сектори и обезбедување техничка поддршка за реализирање развојни проекти и стимулирање на многу потребните инвестиции. -Заради ублажување на здравствените, социјалните и на економските последици од пандемијата, ЕИБ ќе обезбеди нови финансиски средства и ќе ги забрза потпишувањето и распределбата на одобрените кредити за клиентите од приватниот и од јавниот сектор од Западен Балкан, при што околу 600 милиони евра се наменети за приватниот сектор, наведуваат во соопштението. -Наспроти огромните предизвици што се создадени од кризата со Ковид-19 во рамките на самата ЕУ, Унијата ја покажа својата непоколеблива поддршка за нејзините партнерски земји и својата посветеност на меѓународната соработка и координација. На огромните потреби во регионот може да се одговори само со тимска активност и ЕИБ се радува да даде свој придонес во Инвестициската рамка за Западен Балкан и во претстојниот Економски и инвестициски план за закрепнување, изјави Вернер Хојер, претседател на ЕИБ. Оливер Вархеј, комесар на ЕУ за соседство и проширување оценува дека државите од Западен Балкан во одговорот на пандемијата на Ковид -19 се третираат како привилигирени партнери и идни земји членки. – Заедно со ЕИБ сме ангажирани во испораката на важен финансиски пакет за поддршка на директните потреби и на економското закрепнување и сега сме сериозно фокусирани на забрзаното користење на овие средства во целиот регион. Брзата испорака е клучна и сите сме посветени на тоа. Нашата работа ќе продолжи додека се подготвуваме за сеопфатен економски и инвестициски план што ќе му помогне на Западен Балкан со долгорочно закрепнување, ќе обезбеди поттик за економиите и ќе ги поддржи реформите кога и ако тоа е потребно, истакна Вархеј. Сетот мерки на ЕИБ за итни ситуации за Западен Балкан опфаќа: одобрување нови наменски финансиски средства со пофлексибилни услови и проширена квалификуваност, за поддршка на здравствениот сектор и на малите и на средните претпријатија и претпријатијата со средна пазарна капитализација што се погодени од пандемијата, забрзување на распределбата и на потпишувањето на постојните трансакции, пренасочување на постојните инструменти за поддршка на здравствениот и на приватниот сектор, зголемување на достапните финансиски средства од ЕИБ во рамки на „Ковид Топ-ап“ и проширена квалификуваност за проекти од здравствената и од цивилната заштита што ги промовира јавниот сектор во согласност со неговата утврдена национална стратегија за подготвеност за пандемија и за итни ситуации. -Нивото на поддршка што е потребно за регионот е огромно и наложува соработка на сите фактори, на земјите од регионот, институциите на ЕУ, меѓународните и европските финансиски институции и на земјите членки на ЕУ. Групата на ЕИБ е посветена на продолжувањето на нашата добра соработка со сите наши партнери од Западен Балкан, вклучително и преку платформи, како што е Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), стои во соопштението. Покрај овој пакет на директна поддршка, ЕИБ продолжува со подготовка на портфолио на проекти, кое во моментов се проценува на 2,3 милијарди евра, за поддршка на долгорочен одржлив развој на регионот врз основа на неговиот капацитет да понуди достапни, долгорочни финансиски средства и техничка помош за Западен Балкан. Во периодот од 2008 до 2019 година Групата на ЕИБ има инвестирано повеќе од 8 милијарди евра во регионалните економии во сите сектори, а тоа, како што истакнуваат, ја прави најголем меѓународен кредитор на Западен Балкан. Во согласност со политиката на ЕУ и националните приоритети, ЕИБ ќе поддржува проекти што овозможуваат транзиција на регионот кон –еколошки прифатлива енергија, дигитализација, подобра можност за поврзување, отворање нови работни места и вработување на младите, заштита на животната средина и отпорност на природни катастрофи, со истовремено унапредување на регионалната соработка и на економската интеграција. Главниот фокус на Банката на ЕУ во здравствениот сектор е ставен на модернизацијата, реструктуирањето и унапредувањето на јавниот здравствен сектор на Западен Балкан, со проекти со кои се промовираат еднаков пристап и унапредувања на квалитетот на грижата за пациентите. ЕИБ е подготвена да обезбеди финансиски средства и техничка поддршка за здравствените системи на Западен Балкан заради решавање на недостатоците и на потребите, унапредување на болничката инфраструктура и нивно трансформирање во поинтегрирани и поиздржливи национални здравствени системи. Паралелно со тоа, Банката на ЕУ им обезбедува на партнерите во регионот техничка помош од сопствените ресурси и преку грантови на ЕУ (на пример, ВБИФ) за реформа на здравствените сектори во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ, како и за натамошно зајакнување и изградба на нивните капацитети. Од ЕИБ во соопштеието наведуваат дека малите и средните претпријатија се клучни за економски развој, иновации, социјална интеграција и за отворање нови работни места и вработување меоѓу 60 и 80 отст од активното население од Западен Балкан. -ЕИБ ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат регионалните МСП како последица од пандемијата на Ковид-19. Групата ќе го зголеми финансирањето низ целиот свој спектар на производи и услуги што ќе им бидат достапни на МСП (кредити, гаранции и советодавни услуги). Цел е да се одговори на директните предизвици со кои се соочуваат МСП, како и да се одржи нивната способност за преземање идни инвестиции и закрепнување од сегашната криза. Дел од оваа поддршка ќе биде обезбеден со инструментот Фонд за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан (ЕДИФ), поддржан од ЕУ, велат од ЕИБ. Појаснуваат дека кредитирањето на МСП и на претпријатијата со средна пазарна капитализација од ЕИБ претставува речиси половина од вкупното кредитирање во регионот до денес. Финансиските средства на ЕИБ се канализираат преку локалните финансиски институции, кои последователно ги користат овие средства за кредитирање на малите и на средните претпријатија. Само во изминативе десет години тие пристигнале до околу 28.400 МСП и поддржале повеќе од 200.000 работни места на регионално ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/feed/ 0
Манчестер сити стана првиот клуб во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на своите играчи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/manchester-siti-stana-prviot-klub-vo-istorijata-koj-potroshi-povekje-od-milijarda-evra-na-svoite-igrachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/manchester-siti-stana-prviot-klub-vo-istorijata-koj-potroshi-povekje-od-milijarda-evra-na-svoite-igrachi/#respond Mon, 09 Sep 2019 12:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=238593

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде Манчестер сити. Англискиот клуб е првиот во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра. На второто место е ПСЖ (913 милиони), додека трет на оваа листа е Реал (902 милиони). Рејтинг на ТОП 10 клубови според потрошени средства на своите фудбалери според ЦИЕС: 1. Манчестер сити (Англија) – 1 милијарди и 14 милиони евра 2. ПСЖ (Франција) – 913 милиони 3. Реал Мадрид (Шпанија) – 902 4. Манчестер јунајтед (Англија) – 751 5. Јувентус (Италија) – 719 6. Барселона (Шпанија) – 697 7. Ливерпул (Англија) – 639 8. Челзи (Англија) – 561 9. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 550 10. Арсенал (Англија) – 498.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/manchester-siti-stana-prviot-klub-vo-istorijata-koj-potroshi-povekje-od-milijarda-evra-na-svoite-igrachi/feed/ 0