милијардерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 12:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милијардерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тејлор Свифт стана милијардерка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tejlor-svift-stana-milijarderka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tejlor-svift-stana-milijarderka/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=893793

Тејлор Свифт влезе во редот на милијардерите. Нејзината вкупна нето-вредност сега изнесува 1,1 милијарда долари, благодарение на турнејата „Ерас“ што соборува рекорди, објави „Блумберг“. Според наводите, пејачката е една од ретките уметници кои достигнале милијарда само со музика и концерти. Крис Лејден, директор за маркетинг во „Ситгик“ (SeatGeek), смета дека „турнејата на Тејлор Свифт - „Ерас“ ја пишува „книгата за економијата на забавата“, истакнувајќи дека поп-изведувачката е „економски феномен“. Покрај стадионите за концерти, пејачката доминира и во кината. Во првиот викенд, нејзиниот концертен документарен филм „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ заработи околу 96 милиони долари на киноблагајните во САД и Канада, што го прави концертен филм со најголема заработка на домашен терен во неговиот премиерен викенд. Турнејата „Ерас“ би можела да заработи 2,2 милијарди долари само од продажба на билети во Северна Америка, според истражувањето во август на истражувачката компанија „Квесчн про“ (QuestionPro). Таа сума ја претставува досегашната продажба на влезници за северноамериканските настапи, како и вториот дел што продолжува следната година, а што би ја направило турнеја со најголема заработка досега. Според некои стручни анализи во САД, тоа има битно влијание на целокупното американско стопанство. Пејачката објави во 2019 година дека има намера повторно да ги сними своите први шест студиски албуми откако нејзината поранешна издавачка куќа ги оспори и ѝ ги одзеде нејзините авторски права. Оттогаш, Свифт издаде „Тејлор“ верзии за неколку свои албуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tejlor-svift-stana-milijarderka/feed/ 0
Сигурно не сте слушнале за неа: Таа е најбогата пејачка во светот, а животот и се променил во 2000 година (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-ne-ste-slushnale-za-nea-taa-e-najbogata-pejachka-vo-svetot-a-zivotot-i-se-promenil-vo-2000-godina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-ne-ste-slushnale-za-nea-taa-e-najbogata-pejachka-vo-svetot-a-zivotot-i-se-promenil-vo-2000-godina-foto/#respond Sat, 16 Jun 2018 19:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=66446

Кирсти Бертарели се најде на листата на најбогати жени во светот, а многумина немаат ни слушнато за неа. Нејзиното богатство се проценува на 9,88 милијарди долари. Сепак титулата најбогата пејачка не ја добила поради нејзиното занимавање, туку бидејќи се омажила за милијардерот Ернест чие богатство се проценува на 9,66 милијарди фунти. Таа живее во Швајцарија заедно со сопругот и трите деца, а за него пејачката се омажила во 2000 година. Кирсти била обична девојка во минатото која победила на еден натпревар за убавина, потоа станала текстописец и пејачка. Парот инаку живее луксузен живот патувајќи на многу дестинации низ светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-ne-ste-slushnale-za-nea-taa-e-najbogata-pejachka-vo-svetot-a-zivotot-i-se-promenil-vo-2000-godina-foto/feed/ 0
Taa е најмладата милијардерка во земјата: Најбогата жена во Кина заработи 2 милијарди долари за 4 дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/taa-e-najmladata-milijarderka-vo-zemjata-najbogata-zena-vo-kina-zaraboti-2-milijardi-dolari-za-4-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/taa-e-najmladata-milijarderka-vo-zemjata-najbogata-zena-vo-kina-zaraboti-2-milijardi-dolari-za-4-dena/#respond Mon, 08 Jan 2018 13:44:00 +0000 http://kurir.mk/?p=7796

Скок акцијата на најголемата кинеска градежна компанија „Кантри голден холдингс“, го зголеми богатството на потпретседателката Јанг Хуијан за 2,1 милијарди долари за само првите четири трговски денови во оваа година. Нејзиното богатство, во чии раце е контролниот удел во компанијата, порасна на 25,6 милијарди долари до 5 јануари, благодарејќи на што стана петта најбогата личност во Кина, според Блумберговиот индекс на милијардери. 36 годишниот Јанг е најбогата жена во Кина и најмлад милијардер во земјата. Татко и на неа уште во 2005 годиа и го префрли контролниот пакет акции како би ја припремил Јанг Хуијан за свој наследник. Нејзиниот татко Јанг Гуокианг во 1992 година бил соосновач на компанијата „Кантри Гарден“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/taa-e-najmladata-milijarderka-vo-zemjata-najbogata-zena-vo-kina-zaraboti-2-milijardi-dolari-za-4-dena/feed/ 0