милијарди евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 May 2021 11:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милијарди евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ склучи трет договор со „Фајзер“ – еве колку милијарди ќе тежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skluchi-tret-dogovor-so-fajzer-eve-kolku-milijardi-kje-tezi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skluchi-tret-dogovor-so-fajzer-eve-kolku-milijardi-kje-tezi/#respond Thu, 20 May 2021 11:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=512912

Европската Комисија соопшти утрово дека е склучен нов договор со фармаевтската компанија „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е трет договор на Европската унија со „Фајзер“/„БиоНТек“. Освен резервираните 1,8 милијарда дози, договорот предвидува опционални 900 милиони дози по потреба, од крајот на оваа година до 2023. Европската Комисија нагласи дека овие вакцини треба да бидат адаптирани на евентуални нови соеви на вирусот. Брисел, исто така, бара вакцините да се произведуваат во ЕУ и експлицитно гарантира достава на дози за земјите на ЕУ од почетокот на 2022, за да се избегнат проблемите што се појавија на почетокот од оваа година кога не се испорачаа ветените дози. Овој договор, според Комисијата, ја зајакнува можноста за земјите членки да донираат дози на трети земји вон ЕУ или преку механизмот Ковакс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skluchi-tret-dogovor-so-fajzer-eve-kolku-milijardi-kje-tezi/feed/ 0
Поради пандемиските мерки германските малопродажни фирми ќе изгубат милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemiskite-merki-germanskite-maloprodazni-firmi-kje-izgubat-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemiskite-merki-germanskite-maloprodazni-firmi-kje-izgubat-milijardi-evra/#respond Wed, 16 Dec 2020 09:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=443885

Германското здружение на малопродажни фирми ХДЕ предвидува дека германските трговци, од кои голем број ќе ги затворат продавниците од денеска, ќе изгубт повеќе од шест милијарди евра од предбожиќната продажба во споредба со минатата година. – Крајот на годината, обично кога има голема продажба, се претвора во фијаско за голем број трговци на мало, истакна директорот на ХДЕ, Штефан Гент. ХДЕ очекува од продажбата нешто помалку од 98 милијарди евра во ноември и декември, што е седум проценти помалку од истиот период во 2019 година. Додека се предвидува пораст на малопродажбата преку интернер за речиси една третина односно околу 20 милијарди евра. Во Германија од денеска почна примената на строг карантин, Вторпат годинава во Германија е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи, сите продавници се затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките. Со заклучувањето, Германија сака да го запре ширењето на вирусот, а целта е во рок од една недела да се намали бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на максимум 50, а во моментов е над 173. Само за време на Божиќ, од 24 до 26 декември ќе има одредено олеснување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pandemiskite-merki-germanskite-maloprodazni-firmi-kje-izgubat-milijardi-evra/feed/ 0