милијарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 11:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милијарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-e-dolzhna-13-272-7-milijardi-evra-shto-e-84-otsto-od-nejziniot-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-e-dolzhna-13-272-7-milijardi-evra-shto-e-84-otsto-od-nejziniot-bdp/#respond Sat, 22 Apr 2023 11:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=826386

Јавниот долг на сите земји членки на ЕУ на крајот на 2022 година изнесувал 84 отсто од нивниот бруто домашен производ, што е за 4 проценти помалку од 2021. Долгот, пак, на еврозоната, бил 91,6 отсто од нејзиниот БДП. Тоа е намалување во однос на 2021 кога изнесувал 95,5 проценти, објави Евростат. Намалувањето на нивото на јавниот долг лани е резултат на повисокиот номинален раст на БДП отколку на долговите на земјите членки. Највисок национален долг од земјите на ЕУ на крајот од минатата година е забележан во Грција 171,3 отсто од БДП. Следуваат Италија (144,4 отсто), Португалија (113,9 отсто), Шпанија (113,2 отсто), Франција (111,6 отсто) и Белгија (105,1 отсто). Најдобар резултат во ЕУ на крајот на 2022 година имала Естонија, каде што националниот долг изнесува 18,4 отсто од БДП. На второ место е Бугарија (22,9 отсто), а на трето Луксембург (24,6 отсто). Под просекот на ЕУ се и нордиските и земјите од Централна и Источна Европа (Данска, Шведска, Литванија, Летонија, Чешка, Ирска, Романија) Иако најзадолжена земја во ЕУ, Грција најмногу го намалила односот на долгот кон БДП во споредба со претходната година, за 23 процентни поени. Долгот во однос на БДП го намалиле и Кипар, Португалија, Ирска, Хрватска, Данска, Италија, Литванија и Шпанија. Учеството на јавниот долг во БДП го зголемиле Чешка Естонија, Финска и Луксембург. Во апсолутни бројки, вкупниот јавен долг на Европската унија на крајот на 2022 година изнесувал 13.272,7 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-e-dolzhna-13-272-7-milijardi-evra-shto-e-84-otsto-od-nejziniot-bdp/feed/ 0
Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/#respond Wed, 04 May 2022 06:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=671434

На Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал. – Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо, рече Зеленски. Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска клима за странските компании. – Ќе добиете пристап до нашата земја, до нашиот пазар од над 40 милиони, рече украинскиот претседател. Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата и инфраструктурата на долг рок. Претходно, украинските власти изјавија дека странските средства на Банката на Русија, замрзнати како резултат на санкциите, може да се искористат за обнова на земјата. Украинското Министерство за економија ја процени нивната сума на 415 милијарди долари и побара од западните партнери да развијат механизам за конфискација на овие пари во корист на Киев. Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Западот замрзнал околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари резерви на Централната банка во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/feed/ 0
Финансиски проблеми за Де Ниро: „Ќе биде добро ако успее да заработи 7 милиони оваа година“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/finansiski-problemi-za-de-niro-kje-bide-dobro-ako-uspee-da-zaraboti-7-milioni-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/finansiski-problemi-za-de-niro-kje-bide-dobro-ako-uspee-da-zaraboti-7-milioni-ovaa-godina/#respond Sun, 12 Jul 2020 10:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=374381

Американската филмска легенда Роберт Де Ниро, тврди дека пандемијата му задала голем удар, кога станува збор на финансискиот план. Глумецот се појави на судење преку „Скајп“ и откако неговата поранешна сопруга Грејс Хејтовер, даде итна наредба месечниот лимит да и се подигне од 50.000 на 100.000 долари. Филмската ѕвезда остана без долар откако ланецот ресторани и хотелот кои ги поседува се затворени неколку месеци поради коронавирусот. Неговата адвокатка изјавила дека тој во април загубил 3 милиони долари, а следните месеци дополнителни 1,87 милиони. Адвокатката посочила дека доколку има среќа, Де Ниро оваа година ќе заработи само 7,5 милиони долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/finansiski-problemi-za-de-niro-kje-bide-dobro-ako-uspee-da-zaraboti-7-milioni-ovaa-godina/feed/ 0
Германските туристички агенции проценуваат загуба од 10,8 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/#respond Mon, 04 May 2020 14:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=341500

Германскиот туристички сектор процени денеска дека до средината на јуни поради забраната за патувања, воведена со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот, ќе загуби до 10,8 милијарди евра заработувачка. – Работењето на патничките агенти и оператори речиси е целосно прекинато со владината уредба за забрана на меѓународни патувања, која истекува кон средината на јуни, наведе во соопштение претседателот на Германското здружение за патувања (ДРВ), Норберт Фјебиг. Освен загубата на заработувачката, турустичкиот сектор е оптоварен и со трошоци за надомест на клиентите за откажаните патувања, нагласи Фјебиг, барајќи од државата итна програма за неповратна помош. Според него, две третини од германските патнички компании веќе се соочени со банкрот. – Политичарите веќе не можат со прекрстени раце да гледаат како патничките агенции и туроператори остануваат без приходи, порачува Фјебиг. Германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис минатиот викенд повика за формирање фонд за туристичка помош доколку Берлин не успее да ја убеди Европската комисија да ги ублажи регулативите за исплата на надоместоци за откажаните патувања. Германија се залага на компаниите, наместо тоа, да им се овозможи издавање на ваучери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-turistichki-agencii-procenuvaat-zaguba-od-10-8-milijardi-evra/feed/ 0
Епл, Амазон, Мајкрософт, Алфабет и Фејсбук изгубија 75 милијарди долари за еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/#respond Sat, 10 Nov 2018 19:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=126322

Епл, Амазон, Мајкрософт, Алфабет и Фејсбук, петте најголеми технолошки компании на Њујоршката берза, изгубија вкупно 75 милијарди долари во пазарна вредност во петокот, јави Си-Ен-Би-Си. Од петте компании, Амазон покажаа најлоши перформанси, откако акциите на онлајн трговецот ја завршија сесијата со пад од 2,4 отсто. Берзанските индекси забележаа пад во последната сесија од седмицата, откако падот на цената на нафтата и скептицизмот околу еветнуален трговски договор меѓу САД и Кина ги зголемија стравувањата дека економскиот раст ќе продолжи да се забавува. Акциите на технолошките компании се приближија до најлошите резултати од 2008 година. Индексот „Насдак Композит“ го заврши октомври со пад од 9,2 отсто, а водечки фактор во тој однос беа падовите на цената на акциите на Амазон и Алфабет. И покрај вчерашниот пад, индексите „Насдак“ и „Ес енд Пе 500“ ја завршија неделата на зелена територија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/feed/ 0
Граѓаните во банките чуваат 4 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-vo-bankite-chuvaat-4-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-vo-bankite-chuvaat-4-milijardi-evra/#respond Sun, 28 Oct 2018 10:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=120412

Во македонските банки заклучно со 30 септември годинава македонските граѓани имаат депозити во износ од 4,082 милијарди евра. Од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија за МИА информираат дека за една година депозитите на населението забележале раст од  8,69 проценти или 4,08 отсто од почетокот на годинава. Ова, како што информираат за МИА од Фондот за осигурување на депозитите на Република Македонија, е најголем раст во последните три години. – Најмал т.е. негативен е растот на депозитите во 2016 година во износ од минус 2,5 отсто, што најверојатно се должи на тогашната политичка криза. Веќе во јуни 2017 година се забележува полугодишен раст од 1,02 отсто, а во јуни 2018 година тој е највисок и изнесува 2,61 процента, велат од Фондот од каде уверуваат дека депозитите се сигурни и безбедни. -Фондот за осигурување на депозити како специјализирана државна финансиска институција за осигурување на депозити на граѓаните и обесштетување на истите силно влијае врз градење на довербата што македонските граѓани ја имаат во банкарскиот систем во Република Македонија. Показатели за растење на довербата се и пораснатите депозити во текот на оваа 2018 година, што се најзабележителни во последните три години, изјави за МИА директорот на Фондот за осигурување на депозитите Борче Хаџиев. Тој ги охрабрува граѓаните да ги чуваат своите заштеди во македонските банки и штедилници и да го следат принципот на распределба на своите депозити согласно законскиот лимит за исплата на обесштетување до 30 илјади евра во денарска противвредност по депонент во една банка, филијала на странска банка или штедилница. Податоците покажуваат дека стапката на покриеност на депозитите во првиот семестар на 2018 година има константен износ што во септември 2018 година изнесува 6,53 проценти. Фондот, како што наведуваат оттаму, има неисплатена обврска за обесштетување во износ од 150,9 милиони денари или близу 2,45 милиони евра, што претставува само 9,91 отсто од вкупните обврски за обесштетување. – Доколку пресметаното обесштетување се анализира по групи односно по висина на износ на обесштетување се утврдува дека во категоријата од 100 до 500 денари, процентот на неисплатено во однос на пресметано обесштетување изнесува дури 96,01 отсто, што значи дека токму малите износи, односно нивната неатрактивност е причина што овие износи не се исплатени, односно подигнати од страна на депонентите, велат за МИА од Фондот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-vo-bankite-chuvaat-4-milijardi-evra/feed/ 0
Кој заработува милијарди во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-zarabotuva-milijardi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-zarabotuva-milijardi-vo-makedonija/#respond Wed, 19 Sep 2018 10:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=103005

Според официјалните бројки на Македонската берза за хартии од вредност единаесетте најголеми компании имаат нето-приход од 760 милиони евра. За првите 6 месеци на македонскиот пазар на капитал објавени се финасиските резултатит на 101 компанија кои што можата да се пофалат дека заедно имаат реализирано нето приход од околу 1,16 милијарди евра. Во групата на топ 11 компании се најдоа ОКТА, “Макпетрол”, Македонски телеком, “Алкалоид” (консолидиран), Арчелор Митал ЦРМ, “Макстил”, “Пекабеско”, “Усје”, “Фершпед” (консолидиран) и “Гранит”. Компанија со најголеми нето приходи во земјава е скопската рафинерија ОКТА, каде приходите достигнаа 197 милиони евра, што се повисоки за 22,7 милиони евра во споредба со оние во 2017 година. По ОКТА на листата се најде повторно компанија од нафтениот бизнис, конкретно најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, скопски “Макпетрол”. Нето приходите за првите шест месеци на Макпетрол достигнуваат 157,8 милиони евра. По овие две компании следува и најголемата фармацевска компанија скопски “Алкалоид” со приход од 77,8 милиони евра, Македонски телеком со 81,3 милиони евраи Арчелор Миттал ЦРМ со 53,8 милиони евра. И црната металургија котира добро, а предводник е Макстил кои што во првите 6 месеци од годинава реализирале приходи од 47,8 милиони евра. Генерално пак Македонската берза за хартии од вредност во првите осум месеци од годинава во споредба со истиот период лани регистрира раст на прометот од 182,44%. Официјалните бројки покажуваат дека најголема добивка реализраат компаниите од банкарскиот, енергетскиот, услужниот сектор, а најголема загуба има кај индустријата. На Македонската берза котираат 106 компании, но 101 досега ги имаат објавено своите финасиски извештаи.Од овие компании 72 оствариле добивка, 27 загуба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-zarabotuva-milijardi-vo-makedonija/feed/ 0