милион долари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 07:58:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милион долари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски бизнисмен нуди милион долари за главата на Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-nudi-milion-dolari-za-glavata-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-nudi-milion-dolari-za-glavata-na-putin/#respond Thu, 03 Mar 2022 07:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=639874

Рускиот бизнисмен Александар Конаникин (55) нуди награда од милион долари за главата на Путин, пишува германски „Билд“. Тој на својата Фејсбук страница го „закачи“ ликот на Путин на плакат од Дивиот Запад со натпис „Башан жив или мртов“. Но, објавата многу брзо беше избришана од Фејсбук, се наведува во соопштението на самиот Конаникин. Тој се сомнева и дека причина за тоа е натписот на плакатот „Жив или мртов“. Еден милион долари – дали оваа сума пари може да поттикне еден или повеќе полицајци да го уапсат Путин и на тој начин на крајот да ја прекинат војната против Украина? Тешко е да се каже, бидејќи владеењето на Путин, меѓу другото, се заснова и на климата на страв од одмазда, пишува „Билд“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-biznismen-nudi-milion-dolari-za-glavata-na-putin/feed/ 0
Куќата на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд се продава за оклолу милион долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/#respond Wed, 26 May 2021 07:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=515096

Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“. Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата. Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992. и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин. Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн во оваа куќа го напишал најголемиот дел од албумот „In Utero“. Семејството се преселило во Сиетл на почетокот од 1994 година, каде што пејачот на „Нирвана“ изврши самоубиство на 27-годишна возраст. Треба да се истакне дека на куќата во Лос Анџелес ѝ треба реновирање „од корен“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-kurt-kobejn-i-kortni-lav-vo-holivud-se-prodava-za-oklolu-milion-dolari/feed/ 0
Преку лотарија и со награда од милион долари, оваа држава ја стимулира вакцинацијата против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-lotarija-i-so-nagrada-od-milion-dolari-ovaa-drzava-ja-stimulira-vakcinacijata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-lotarija-i-so-nagrada-od-milion-dolari-ovaa-drzava-ja-stimulira-vakcinacijata-protiv-kovid-19/#respond Thu, 13 May 2021 07:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=509745

Американската сојузна држава Охајо ќе им додели парични награди од еден милион долари на пет случајно избрани лица кои се вакцинирани против Ковид-19 во рамки на лотарија спроведена со цел да се надмине слабиот одѕив за имунизација што претставува проблем во САД, објави Би-Би-Си. Гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн изјави дека само полнолетните граѓани кои се вакцинирани ќе можат да учествуваат во извлекувањето. Првото извлекување е закажано за 26 мај. ДеВајн истакна дека наградите ќе бидат исплатени од фондовите за борба против коронавирусот на федералната Влада. Во САД досега 58,7 отсто од возрасната популација примиле по една доза од вакцините против коронавирусот. – Знам дека некои ќе речат:„ДеВајн, ти си луд!, напиша гувернерот на Охајо на Твитер, најавувајќи ја лотаријата во државата. Охајо нуди и лотарија за вакцинирани жители на возраст под 18 години. Наместо еден милион долари, тие можат да освојат целосна четиригодишна стипендија на еден од државните универзитети во Охајо, наведува Би Би Си. За да се убедат оние кои се уште не одлучиле дали да се вакцинираат, во различни делови на САД се нудат привлечни подароци – вклучувајќи пиво, крофни, билети за спортски настани и парични награди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preku-lotarija-i-so-nagrada-od-milion-dolari-ovaa-drzava-ja-stimulira-vakcinacijata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Џорџ Клуни раскажа како и зошто им дал по милион долари на 14 негови пријатели https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-raskaza-kako-i-zoshto-im-dal-po-milion-dolari-na-14-negovi-prijateli/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-raskaza-kako-i-zoshto-im-dal-po-milion-dolari-na-14-negovi-prijateli/#respond Wed, 18 Nov 2020 10:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=431107

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни еднаш им подарил, како изненадување, милион долари во готово на 14 негови пријатели. Еден од долгогодишните пријатели на глумецот, Ренди Гербер пред три години раскажа за овој негов необичен потег, а Клуни сега појасни што претходело и како се случило тоа… Тој една вечер ги поканил своите најблиски пријатели на вечера. Тоа се случило септември 2013 година, непосредно пред премиерата на филмот со Клуни – „Гравитација“. Филмот, односно распродажбата на премиерата завршила како „многу добра зделка“ за него, оти бил платен врз основа на процентот на приход од киноблагајните, како и неговата колешка во кинохитот – Сандра Булок. Скоро во истовреме, тој ја запознал и својата идна сопруга Амал, иако сѐ уште не биле во врска. А, немал поблиско семејство. Сепак, решил да прослави со тие што му биле како семејство… – Си помислив, сѐ што имам, се овие момци кои, сите во последниве 35 години, ми помогнале на еден или друг начин. Спиев на нивните каучи кога ми беше тешко… Ми позајмија пари кога немав… Ми помогнаа токму тогаш кога ми требаше помош во минатото. Па. и јас им помагав, раскажува Клуни за „Џи-кју“. Следниот филм кајшто Клуни ќе се појави е драмата „Полноќно небо“ (The Midnight Sky), закажан за 23 декември годинава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-raskaza-kako-i-zoshto-im-dal-po-milion-dolari-na-14-negovi-prijateli/feed/ 0
Германец 20 години на лотарија играл ист броеви и освои 1,67 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanec-20-godini-na-lotarija-igral-ist-broevi-i-osvoi-1-67-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanec-20-godini-na-lotarija-igral-ist-broevi-i-osvoi-1-67-milioni-dolari/#respond Tue, 29 Jan 2019 08:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=157699

Љубител на игри на среќа од германскиот главен град Берлин, 20 години на лотарија ги играл истите броеви и викендов, конечно, освои 1,67 милиони долари. Играчот чие име не се открива, од 1998 година упорно ги повторувал истите шест бројки на „Лото 6 од 49″ кое се извлекува секоја сабота, па деновиве конечно му се посреќи. Според претставник на Лотаријата во Берлин, уплатата на добитното ливче чинела 6,75 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanec-20-godini-na-lotarija-igral-ist-broevi-i-osvoi-1-67-milioni-dolari/feed/ 0
ФОТО: Како изгледа градник од милион долари? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kako-izgleda-gradnik-od-milion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kako-izgleda-gradnik-od-milion-dolari/#respond Tue, 06 Nov 2018 16:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=124340

Модната куќа Victoria's Secret го претстави новиот градник Fantasy Bra со кој ќе ја отвори годинашната ревија на долна облека. Честа да го носи „градникот од соништата“ оваа година ѝ припадна на Швеѓанката Елса Хоск, модел со седумгодишен стаж меѓу Ангелите на Victoria's Secret. Градникот го дизајнираше Swarovski и се состои од 21.000 дијаманти, а неговата вредност се проценува на 1 милион долари. Изработката на Fantasy Bra траеше 930 часа, а покрај градникот, Елса ќе носи и кристален ѓердан и белегзија што за Swarovski ги дизајнираше Кристофер Кејн. „Ова е најубавиот градник што некогаш сум го видела и одлично се вклопува во мојот личен стил. Ме враќа во 90-тите и целиот е направен од дијаманти – тоа за мене е совршено“, беше првата реакција на Елса кога го виде градникот. Ланскиот Fantasy Bra чинеше двојно повеќе и беше изработен од злато и опточен со повеќе од 6.000 скапоцени камења, меѓу кои дијаманти, жолти сафири и син топаз. Го носеше Лаис Рибеиро. Годинашната ревија на Victoria's Secret ќе се одржи задутре, на 8 ноември, во Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kako-izgleda-gradnik-od-milion-dolari/feed/ 0