милионер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 09:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милионер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ЛАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛ САМО 9 ГОДИНИ – а еве во која дејност е земена најголемата плата на годишно ниво во износ од 195 илјади евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-lani-vo-makedonija-imal-samo-9-godini-a-eve-vo-koja-dejnost-e-zemena-najgolemata-plata-na-godishno-nivo-vo-iznos-od-195-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-lani-vo-makedonija-imal-samo-9-godini-a-eve-vo-koja-dejnost-e-zemena-najgolemata-plata-na-godishno-nivo-vo-iznos-od-195-iljadi-evra/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=894796

Најмладиот милионер во земјава има 9 години со еден милион денари од закупнина, додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференцијата на тема: „Годишна даночна пријава – Највисок доход во 2022 година“. Околу најмладото лице милионер во земјава, Лукаревска вели дека се работи по основ на некакво наследство и оттаму ги влече тие приходи. Лукаревската исто така обелодени дека најголемата месечна бруто плата во 2022 година била во дејноста трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра или околу 16.250 евра месечна бруто плата. Директорката на УЈП говореше и за полициската акција „Синџир“, при што повеќе бизнисмени се приведени. -За вакво кривично дело алармиравме заедно со МВР пред околу 2-3 месеци за одредена група даночни обврзници. Имаме соодветни дејствија преземено. За вчерашната акција за злосторничкото здружување на новоформирани компании кои сметководствено евидентирале фиктивен поврат, па со соодветни компензации го изиграле системот, станува збор за други даночни обврзници. Доставени се документи кои беа побарани од Управата за финансиска полиција. Ист е основот на некој начин. Во координација сме со институциите, рече Лукаревска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-lani-vo-makedonija-imal-samo-9-godini-a-eve-vo-koja-dejnost-e-zemena-najgolemata-plata-na-godishno-nivo-vo-iznos-od-195-iljadi-evra/feed/ 0
Најмладиот милионер во Македонија има само 8 години, најстариот 96 – еве колкави се најголемите примања и кој ги добива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-vo-makedonija-ima-samo-8-godini-najstariot-96-eve-kolkavi-se-najgolemite-primana-i-koj-gi-dobiva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-vo-makedonija-ima-samo-8-godini-najstariot-96-eve-kolkavi-se-najgolemite-primana-i-koj-gi-dobiva/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=805636

Даночните пријави што минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година. „Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице што во 2021 година било на 8-годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милион денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија“, рече директорката Лукаревска. На врвот на листата со пријавен годишен бруто-доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања е од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања. Највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари. На листата на највисоко рангирани бруто-плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности, компјутерско програмирање. Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милион денари на годишно ниво, доход остварен во странство. Граѓани од Скопје во 2021 година ја оствариле и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, а највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари му е исплатена на граѓанин на Велес од исплатувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун. На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиона денари. Во десетте топ-рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија. Жител на Ресен со 12,6 милиони денари остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи. Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот за издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот, кој изнесува 37 милиони денари. Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиона денари. По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје, кој остварил бруто-доход од 5,5 милиони денари. По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија, кој исто така е од Скопје, остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувачници, во износ од 31,3 милион денари. Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво. Највисок годишен бруто-доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милиона денари остварило лице од Тетово. Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелира граѓаните да ги потврдат и коригираат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmladiot-milioner-vo-makedonija-ima-samo-8-godini-najstariot-96-eve-kolkavi-se-najgolemite-primana-i-koj-gi-dobiva/feed/ 0
Две години криел од сопругата дека станал милионер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-godini-kriel-od-soprugata-deka-stanal-milioner/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-godini-kriel-od-soprugata-deka-stanal-milioner/#respond Thu, 16 Feb 2023 18:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=801424

Љубовта се заснова на доверба. Така велат сите што веруваат во љубов. Сепак, се чини дека еден Кинез, кој во локалните медиуми е претставен само под презимето Џоу, не верува во оваа изрека. Цели две години успеал да сокрие од сопругата дека добил на лотарија. Добитните бројки му ја збогатиле сметката за 1,36 милиони евра или околу 10 милиони јуани. Откако г-ѓа Џоу дознала за тоа, побарала развод, а судот во Венџоу во источната кинеска провинција Жеџијанг на 1 февруари пресудил дека Џоу мора да и плати отштета од повеќе милиони на својата сопруга, пренесува CdM. За време на судењето било кажано дека мажот и префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите легнале на неговата сметка, а неколку дена подоцна подигнал 700 илјади јуани за да и помогне на поранешната сопруга да купи стан. Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и поранешната сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да се избори за 60 отсто од тој дел од добивката. Ниту една од страните не поднела жалба, а медиумите не наведуваат зошто сопругот решил да крие од својата „драга“ дека се збогатил, објави „Хангжу дејли“.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-godini-kriel-od-soprugata-deka-stanal-milioner/feed/ 0
Нов MOZZART милионер: Мајсториште погоди четири точни резултати! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-mozzart-milioner-majstorishte-pogodi-chetiri-tochni-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-mozzart-milioner-majstorishte-pogodi-chetiri-tochni-rezultati/#respond Mon, 07 Nov 2022 12:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=756879

Обложувалницата MOZZART често пати знае да исплати луди тикети и обложувачите да ги „награди“ со вртоглави добивки. Од овој викенд во Македонија има нов MOZZART милионер, откако играч од Гостивар доби милионска добивка. Играчот реши да одигра доста храбар тикет и со само 500 денари се приклучи на друштвото на MOZZART милионери – заработи 1.733.292 денари. На тикетот имаше пет натпревари, а овој подвиг добива на тежина затоа што на четири од нив, тој погоди точни резултати. Тикетот на играчот започна со тип за победа од 2:0 на АПОЕЛ против Енозис во петок, а потоа во саботата тој одигра победа на ПАОК од 2:0 над ПАС Јанина и победа од 2:1 на Галатасарај над Бешикташ. Третиот саботен меч беше обичен триумф на Наполи над Аталанта. Последен меч кој го чекаше му беше Динамо Загреб – Шибеник, одигра победа од 3:0 на „модрите“, што на крајот и се оствари за големо славје. Добитниот тикет можете да го погледнете на следниот линк. Во Скопје во неверојатниот викенд се славеше висока добивка, а можеби Вие сте следниот MOZZART милионер? Не ја пропуштајте можноста да се обложите во една од обложувалниците на MOZZART!]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-mozzart-milioner-majstorishte-pogodi-chetiri-tochni-rezultati/feed/ 0
Во овој хороскопски знак се родени НАЈБОГАТИТЕ луѓе на планетата https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/#respond Sat, 27 Aug 2022 07:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=724629

Според листата на Форбс во 2022 година, во светот има нешто повеќе од 1.000 милијардери чие вкупно богатство се проценува колективно на 12,7 трилиони долари. Најголем број милијардери, 735, живеат во Америка, а потоа следат кинеските милијардери, 603. Се збогатиле на различни начини, но нивниот успех и огромни пари може да се објаснат и од астролошки аспект. Имено, астролозите ги анализирале нивните натални карти за раѓање и се покажало дека повеќето од нив се родени во ист хороскопски знак. ЛАВ Доколку сте родени во хороскопскиот знак Лав, имате најмногу шанси да стекнете богатство. Лавовите се родени лидери и ги имаат сите карактеристики на лидер, без оглед на тоа каква работа работат. Тие се доминантни, имаат силен карактер, но и оптимистички поглед на животот. Во исто време, тие можат да бидат тврдоглави, арогантни и често агресивни, особено кога е работата во прашање. Не се откажуваат од своите цели, што е една од нивните главни карактеристики кога се во прашање работата и кариерата. Имаат остар ум, брзо размислуваат и не се плашат да ризикуваат. Интересно е што меѓу брокерите на Њујоршката берза има токму такви кои се родени во овој знак. Секако, тоа што некој е роден во знакот Лав не значи дека сигурно ќе стане богат, бидејќи за тоа мора да има предиспозиции, односно дека личноста се занимава со таков тип на профитабилен бизнис што може да донесе му огромна сума на пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/feed/ 0
5 корисни работи кои може да ги научите само од богатите луѓе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-korisni-raboti-koi-moze-da-gi-nauchite-samo-od-bogatite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-korisni-raboti-koi-moze-da-gi-nauchite-samo-od-bogatite-lugje/#respond Fri, 01 Jul 2022 08:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=698216

Животот не е едноставен, без разлика на тоа дали имате или немате пари. Но, богатите луѓе и милионерите имаат различни проблеми. Кои пет работи може да ги научите од „милионерските неволји“, а кои ќе ви покажат дека да се нема пари е целосно во ред? 1. Постојаната грижа за пари не им дава мир Луѓето кои се родени богати или сами се збогатиле многу се грижат за финансиите. Без разлика дали станува збор за акции или угодување на семејството за да покажат раскош пред другите, нивните грижи се сосема поинакви, пишува Times of India. 2. Немаат приватност Ако имате многу пари, станувате славни. Ако сте познати, во денешно време нема да имате ни секунда приватен живот. Животот на славните се следи на секој чекор, не можат да отидат никаде без некој да ги препознае и фотографира. Нивниот приватен живот станува јавен, а тоа може да биде многу мачно. 3. Загрижени се за безбедноста Безбедноста на милионерите и нивните семејства почнува да станува работа од витална важност. Потребно им е обезбедување, а нивните деца никогаш не можат да бидат оставени без надзор. Поради тоа, милионерите се чувствуваат многу непријатно. 4. Тајни Луѓето кои имаат пари мора да чуваат многу тајни. Не смеат да откријат на премногу луѓе колку се всушност богати, а дури и давањето на приватна адреса станува проблематично. Многу милионери исто така мора во тајност да одат некаде на одмор или на шопинг. 5. Несакани критики Кога ќе станете славни и ќе ја изгубите приватноста, станувате објект на несакани критики. Луѓето имаат чувство дека имаат право да судат за вас и за вас да претпоставуваат секакви бесмислици. Не смеете да направите ниту една грешка, бидејќи луѓето забораваат дека и богаташите се сепак само луѓе како и сите останати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-korisni-raboti-koi-moze-da-gi-nauchite-samo-od-bogatite-lugje/feed/ 0
Цеца му пеела на МИЛИОНЕР од Швајцарија: Ја пречекале како кралица, а еве колку искеширал богаташот! (ВИДЕО+ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-mu-peela-na-milioner-od-shvajcarija-ja-prechekale-kako-kralica-a-eve-kolku-iskeshiral-bogatashot-video-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-mu-peela-na-milioner-od-shvajcarija-ja-prechekale-kako-kralica-a-eve-kolku-iskeshiral-bogatashot-video-foto/#respond Wed, 02 Mar 2022 08:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=639135

Светлана Цеца Ражнатовиќ минатиот викенд била специјална гостинка на роденденска забава на еден милионер од Швајцарија. Станува збор за Тео Корач (31) со потекло од Црна Гора, кој со години живее и работи во Цирих. Бизнисменот организирал спектакуларен пречек за најголемата балканска ѕвезда. Таа во земјата пристигнала со авион, и тоа во бизнис класа, додека на аеродромот ја чекала луксузна лимузина. Била сместена во еден од најскапите хотели, во луксузен апартман.
Цеца на социјалните мрежи сподели како се забавува на приемот, но не и кај кого пее. Како што пренесуваат медиумите, Тео е голем обожавател на српската ѕвезда и имал желба токму таа да го разубави неговиот роденден. Забавата се одржала во познат ресторан во центарот на Цирих, и тоа за кремот на швајцарската, српската, хрватската и црногорската елита, пренесуваат српските медиуми. Балканската ѕвезда својот настап го започнала во 23 часот, а точно на полноќ му го честитала триесет и првиот роденден и му посакала сѐ најдобро во животот. Кога го запеала хитот „Београд“, сите гости ги кренала на нозе, а славеникот постојано бил покрај неа и наздравувал.
Тео Корач не се штедел за својот роденден, па прославата го чинела, како што тврдат негови познаници, повеќе од 100.000 евра. Цеца пеела еден час и потоа им посакала на гостите да продолжат да се забавуваат. Домаќинот ја испратил ѕвездата до врата и ѝ се заблагодарил што му ја збогатила прославата. Инаку тој на сите гости што дошле од поранешните југословенски републики им платил авионски карти и сместување. Забавата траела до раните утрински часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-mu-peela-na-milioner-od-shvajcarija-ja-prechekale-kako-kralica-a-eve-kolku-iskeshiral-bogatashot-video-foto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Каевски е единствениот триесет годишник кој на сметка има 4 милиони денари, а не е иноватор или ИТ инжинер, од каде му се парите? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kaevski-e-edinstveniot-trieset-godishnik-koj-na-smetka-ima-4-milioni-denari-a-ne-e-inovator-ili-it-inziner-od-kade-mu-se-parite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kaevski-e-edinstveniot-trieset-godishnik-koj-na-smetka-ima-4-milioni-denari-a-ne-e-inovator-ili-it-inziner-od-kade-mu-se-parite-foto/#respond Sun, 10 Oct 2021 14:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=576531

Дарко Каевски е единствениот триесетгодишник во Македонија, кој не е иноватор или ИТ инжинер, а што има 4.070.000 денари депозит во банка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Кааевски од СДСМ. Како Дарко Каевски со само триесетина години се стекнал со чисти 65 илјади евра? Ако се земе предвид дека Каевски зема плата од околу 1.000 евра, ќе дојдеме до заклучок дека му биле потребни 5 ипол години без да троши ниту еден денар за да ги заштеди тие пари. Ова можеби некако ќе го поверувавме, да не беше уште еден податок од имотниот лист на Каевски, а тоа е стан во Скопје, купен во 2020 година, од 62м2, за кој не навел колку пари чини. Ако се земе предвид дека квадрат станбен простор е над 1000 евра, се доаѓа до бројка од над 60 тина илјади евра, пари за кои нема логичен одговор како ги стекнал младиот Каевски. Ова води до објаснувањето дека Каевски требало да работи 10 години за плата од 1.000 евра, без да троши денар од неа на јадење, домување или друг вид на трошок. Каевски има само 30 тина години, а друг вид на примање од кое би го стекнал овој голем имот не пријавил во својот анкетен лист. Покрај огромниот имот на Каевски, огромен имот е пријавен и на име на неговите родители, а тоа се деловен простор во Скопје, два стана, градежно земјиште во Волково, нива во Петровец, над 25.000 евра депозити во банки, и друг броен имот. Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието. Каевски, но и институциите треба да одговорат како Каевски стекнал имот за кој нема покритие во примања, но и како фирмата на неговиот татко од државата додека тој е функционер наплатила 315.000 евра? Случајот Каевски мора детално да се испита. Токму овој Каевски шири лаги и невистини за кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ Стефче Трпковски. СДСМ знае дека губи во Сопиште како и на секаде во Македонија и затоа со компромитирани кадри тешки милиони шири лаги за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Во Сопиште по наредба на Сања Лукаревска беше испратен и Арафат Муареми, а се врши притисок со лаги и манипулации во медиумите. СДСМ во Сопиште ќе изгуби, а од пораз не ги спасува ниту младиот милионер Каевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kaevski-e-edinstveniot-trieset-godishnik-koj-na-smetka-ima-4-milioni-denari-a-ne-e-inovator-ili-it-inziner-od-kade-mu-se-parite-foto/feed/ 0
ГЛЕДАЧИТЕ БЕСНИ: Ова е најтешкото и најглупавото прашање во „Милионер“! Тој одговори точно, дали ќе можете и вие ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledachite-besni-ova-e-najteshkoto-i-najglupavoto-prashanje-vo-milioner-toj-odgovori-tochno-dali-kje-mozete-i-vie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledachite-besni-ova-e-najteshkoto-i-najglupavoto-prashanje-vo-milioner-toj-odgovori-tochno-dali-kje-mozete-i-vie/#respond Thu, 26 Aug 2021 20:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=555412

Гледачите на британската верзија на квизот „Сакаш ли да станеш милионер“ се пожалија дека натпреварувачот кој настапи оваа недела го доби „најтешкото прашање досега“, а тоа го објавија и бројни британски медиуми. Глен Бан, кој освои 32 илјади фунти во последното шоу, го доби првото прашање во новата емисија, што натера многу луѓе да го сожалуваат. - Од 2000 година наваму, Оскар за најдобра актерка нема освоено жена чие име започнува со која од овие букви, гласеше прашањето. Глен не го знаеал, па го искористил џокерот и се обидел да добие помош од најдобрата пријателка на неговата сопруга. Но, се покажа дека ниту таа не го знае одговорот, па Глен одлучи да се коцка, па тој одговори на Г - и погоди. Иако Глен успеа да одговори правилно, многумина го критикуваа ова прашање на социјалните мрежи. „Какво глупаво прашање“, „Најлошото прашање што сум го слушнал“, „Ова не е добро прашање“, „Ова е најлошото прашање што сум го слушнал во ТВ емисија. Многу ми е мило што тој успеа да одговори “, беа некои од коментарите. Глен на крајот си замина дома со 125.000 фунти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledachite-besni-ova-e-najteshkoto-i-najglupavoto-prashanje-vo-milioner-toj-odgovori-tochno-dali-kje-mozete-i-vie/feed/ 0
Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер: Никола oд Муртино ocвoи СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikogash-ne-znaete-koi-se-vasheto-mesto-i-vreme-za-da-stanete-milioner-nikola-od-murtino-ocvoi-super-milioner-dzek-pot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikogash-ne-znaete-koi-se-vasheto-mesto-i-vreme-za-da-stanete-milioner-nikola-od-murtino-ocvoi-super-milioner-dzek-pot/#respond Sat, 27 Mar 2021 11:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=488498

Во Видеолотарија Касинос Аустриа пристигна Никола Алачев од Муртино. Тој е среќен сопственик на 8.442.127,00 денари, откако го освои вториот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Добивката е постигната во Спортлајф во Муртино. Никола Алачев заедно со семејството, пристигна во просториите на Видеолотарија. Видно возбуден и се’уште во неверување за големата среќа, ја раскажа својата среќна приказна. Во моментот кога видел дека ја освоил добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, возбуден го оставил добитниот ваучер кај вработениот во Спортлајф и веднаш излегол малку на воздух, да се соземе. Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил. Тие ќе му бидат убав спомен дека на 25 март 2021 година, добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Аустриа го измени неговиот живот на подобро. Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Првиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 10.922.768,00 денари беше освоен во Бет ту мар B2M 057 Трубарево на 15.03.2021. Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните МИНИ И МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени. Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikogash-ne-znaete-koi-se-vasheto-mesto-i-vreme-za-da-stanete-milioner-nikola-od-murtino-ocvoi-super-milioner-dzek-pot/feed/ 0