милка тримчевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 11:50:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png милка тримчевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тримчевска: По завршување на постапката за носење на ДУП забелешките на граѓаните на Лисиче ќе бидат вметнати, нервозата кај СДС веројатно е заради тоа што ќе нема маркица за хотел како таа на мајката на Богоев https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trimchevska-po-zavrshuvane-na-postapkata-za-nosene-na-dup-zabeleshkite-na-graganite-na-lisiche-ke-bidat-vmetnati-nervozata-kaj-sds-verojatno-e-zaradi-toa-shto-ke-nema-markitsa-za-hotel-kako-taa-na-maj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trimchevska-po-zavrshuvane-na-postapkata-za-nosene-na-dup-zabeleshkite-na-graganite-na-lisiche-ke-bidat-vmetnati-nervozata-kaj-sds-verojatno-e-zaradi-toa-shto-ke-nema-markitsa-za-hotel-kako-taa-na-maj/#respond Thu, 20 Apr 2023 11:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=825921

Политичките партии кои се дел од власта за жал функционираат по принципот „секој ден нов коруптивен скандал“, па така „СДСМ Корумпирана“ треба да биде новиот слоган со кој оваа политичка партија ќе излезе на следните избори. Изминатите денови јавноста е сведок на неколку нови зделки, одлуки и договори со кои блиски роднини на раководството на СДСМ стануваат сопственици на државно земјиште по нереално ниски цени. Одлуки кои паѓаат на товар на граѓаните и кои во исто време нанесуваат значителна штета на буџетот на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Милка Тримчевска, советник во Советот на Општина Аеродром. -Додека, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза, секојдневно реализираат проекти, единствено нешто што реализираат функционерите на СДСМ се коруптивни скандали поврзани со блиски роднини на раководството на партија. Јавноста е сведок, а медиумите во неколку наврати информираа за фактот дека мајката на Стефан Богоев е „случајниот купувач“ на земјиште каде таа треба да изгради луксузен хотел, а сопругата на Димитар Ковачевски е „среќниот купувач“ исто така на државно земјиште каде наскоро ќе бидат поставени фотоволтаици. Ова е типичен пример на корупција, за која Државната комисија за спречување на корупција уште веднаш да отвори постапка. И додека секојдневно се редат коруптивните скандали партиските мегафони на СДСМ не престануваат да ја замајуваат јавноста со ширење лажни вести и дезинформации обидувајќи се вниманието на јавноста да го оттргнат од лошото и расипничко водење на државата. И веројатно единствено нешто кое знаат да го прават од политичката партија на власт е да склучуваат договори, матни зделки да ја лажат и манипулираат јавноста. Последниот во низата вакви обиди е пласирањето неточни информации поврзани со Деталниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче кој напротив се реализира целосно транспарентно и во согласност со законите и кој решава сериозни урбанистички проблеми на голем дел од жителите на овој дел од Аеродром. Градоначалникот Муцунски пред неколку денови на прес конференција спомена, јас денес уште еднаш да потсетам дека иницијативата за изработка на овој ДУП е започната во време на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, истата целосно во согласност со законите и најтранспарентно продолжува да се реализира за време на градоначалникот Муцунски. Доколку СДСМ бара некаква одговорност, тоа најпрво треба да го направи од нивните функционери. Затекнати од фактот дека се решаваат проблемите во Аеродром, веројатно тие очекуваат во Лисиче да никне хотел како тој на мајката на Стефан Богоев или пак да се постават фотоволтаици како тие на сопругата на Димитар Ковачевски. Веројатно во тој случај тие ќе дадеа поддршка за завршување на овој проект. Наводната „бетонизација„ во Лисиче за која тие се загрижени е само блеф, односно начин преку кој тие се обидуваат да ги забетонираат своите позиции во низата коруптивни зделки. По завршување на законски предвидената постапката, граѓаните на Лисиче ќе добијат Детален урбанистички план кој ќе бидат внесени голем дел од нивните забелешки и ќе ги реши голем дел од локалните и урбанистички проблеми со кои тие се соочуваат. Токму решавањето на проблемите и развојот на општината се приоритетите на актуелното раководство на Општина Аеродром. Додека СДСМ се занимава со ширење неточни информации, ние сме цврсто посветени на процесот на реализација на проектите кои ќе значат поубав Аеродром. Само еден од примерите за тоа е почетокот на активностите за новиот парк „Радост“, локација во урбаното јадро на општината каде наместо три градежни маркици, деновиве никнува парк од 6000 метри квадратни. Деновите од владеењето на СДСМ во Република Македонија се избројани и ќе завршат на ист начин како што заврши нивното владеење во Аеродром. Изборите се место на кое граѓаните ќе дадат поддршка за проектите и развојот кои го промовира ВМРО-ДПМНЕ, наспроти лагите и неточните информации кои СДСМ секојдневно ги пласира во јавноста, рече Тримчевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trimchevska-po-zavrshuvane-na-postapkata-za-nosene-na-dup-zabeleshkite-na-graganite-na-lisiche-ke-bidat-vmetnati-nervozata-kaj-sds-verojatno-e-zaradi-toa-shto-ke-nema-markitsa-za-hotel-kako-taa-na-maj/feed/ 0
Тримчевска: Ги поддржуваме матурантите во нивните барања и сметаме дека тие се разумни и реални, а Царовска веднаш да им излезе во пресрет на барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-gi-poddrzuvame-maturantite-vo-nivnite-baranja-i-smetame-deka-tie-se-razumni-i-realni-a-carovska-vednash-da-im-izleze-vo-presret-na-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-gi-poddrzuvame-maturantite-vo-nivnite-baranja-i-smetame-deka-tie-se-razumni-i-realni-a-carovska-vednash-da-im-izleze-vo-presret-na-baranjata/#respond Sun, 24 Jan 2021 10:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=459129

Средношколската унија во Македонија најави и ја бојкотира наставата со барање за олеснување за матурантите за полагање на матурата. Бараат матурата да се состои од проектна задача и полагање на 2 предмети наместо четири и тоа: еден задолжителен - мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и уште еден, кој што ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет, за оние кои што планираат да го продолжат своето образование, ова денеска преку прес-конференција го истакна Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ. -Учебната година почна со еден месец задоцнување, и часот трае 30 до 35 минути, што значи скратување на наставните денови од 180 на најмалку 159 и од 166 на најмалку 145 за матурантите. Средните стручни училишта останаа со минимална или никаква пракса. Во наставниот процес се појавува како кусок на содржини, така и настава без повторување, а да не зборуваме за она што веќе многу пати е кажано, техничките потешкотии и пропустите во онлајн наставата. На учениците вклучувајќи ги и матурантите министерката Мила Царовска им вети скратени програми. На веб-страницата на Државниот испитен центар се објавени испитните програми за матурантите 2020/2021 година, вели Тримчевска. Таа додава дека за волја на вистината од испитната програма се исклучени неколку содржини од предметот македонски јазик и литература и толку. За сите други предмети скратени програми - нема. -Наместо тоа има изјава дека комисијата која ги креира прашањата треба да се насочи да креира прашања од пониско ниво. Прашуваме, кој ќе ја насочи Комисијата, што значи тоа прашања од пониско ниво? Ја прашуваме министерката Мила Царовска дали тоа е нејзината цел, матурантите во Македонија да се сведат на базични знаења? Зарем по секоја цена треба да се спроведе матурата со минимални знаења, наместо со успешно совладување на материјалот? Нели министерката декларира потреба од реформи за стекнување знаења, вештини и компетенции на европско ниво? Толку од искрената желба. Таа всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на прашања, односно ниско ниво на знаења. Ја информираме министерката дека Обединетото Кралство, Шкотска, Ирска, Франција, Белгија, Квебек ги укинаа испитите оваа година, токму поради состојбата во образованието во услови на КОВИД-19 пандемија. Само за министерката Мила Царовска сѐ е во ред и наставата во Македонија, без пречки се изведува кај 90% од учениците. Ја информираме министерката и дека податоците за бојкот на матурантите не и се точни. Настава бојкотираат многу повеќе ученици отколку што таа преку министерството шпекулира. Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува матурантите во нивните барања и смета дека тие се разумни и реални. Министерката Мила Царовска наместо да им го спречува физички влезот во министерството, ако навистина сака успешна матура, мора да им излезе во пресрет на барањата и да ги разбере, вели Тримчевска. Таа додава дека образованието е носечки столб на државата. Матурантите се идните носители во сите дејности во државата. Ним не им треба ниско ниво на знаење. На нашето образование му треба посветеност и напорна работа, не политички манипулации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-gi-poddrzuvame-maturantite-vo-nivnite-baranja-i-smetame-deka-tie-se-razumni-i-realni-a-carovska-vednash-da-im-izleze-vo-presret-na-baranjata/feed/ 0
Тримчевска: СДСМ наместо Уредба за откажување на матурата, удри врз просветните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-sdsm-namesto-uredba-za-otkazuvanje-na-maturata-udri-vrz-prosvetnite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-sdsm-namesto-uredba-za-otkazuvanje-na-maturata-udri-vrz-prosvetnite-rabotnici/#respond Mon, 13 Apr 2020 11:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=331428

СДСМ наместо да понуди помош, удри врз администрацијата и пред се врз просветните работници, кои и онака се оставени сами на себе да се справуваат во вонредната ситуација, но и со неспособноста и неорганизираноста на образовните власти, ова денеска преку прес-конференција го истакна Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ. -Владата донесе уредба со законска сила со која што ги ограничи исплатата на додатоците и надоместоците на платата на администрацијата, а со тоа во образованието. Тоа значи дека на наставниците им се укинуваат додатоците за одделенско раководство, менторство, минат труд и тешки услови. Во време кога се одвива настава за која секој наставник, секое училиште се оставени сами на себе да се снаоѓаат како умеат, во време кога во вонредни услови, без, од почеток никаква поддршка од министерството и владата, самостојно се организираа разни форми на интернет комуникација на наставниците со учениците и нивните родители, за да може да тече образовниот процес. Во услови кога и денес се уште се прави притисок врз наставниците со секојдневни нереални дописи и закани со државниот просветен инспекторат - СДСМ во образованието, на наставниците им ги крати стажот, надоместокот за класните раководители, им крати за менторството и за тешките услови. Можеби во моментов не патуваме по ридско планински села, но во условите во кои функционира процесот, образованието го освојува Монт Еверест: Борејќи се со интернет кој не подржува онлајн часови, со е-дневник што не функционира, со рокови за оценување, со постојани дописи и упатства, со ученици кои немаат уреди, со родителите на учениците кои и сами не знаат како да работат на различните платформи, бидејќи никој до сега не се потрудил да создаде стандард, платформа, да направи обука за наставниот кадар и учениците. И сепак се работи, со волја и амбиции да им овозможиме на учениците стекнување на знаења и движење кон следната година на образование, потенцира таа. Тримчевска додава дека платите во образованието се ниски и недостојни за работата и функцијата која се извршува во општеството. Платите во образованието се многу пати помали од оние на функционерите на СДСМ од 180.000 денари, или министерските од 70 до 90 илјади. Ним, во власта и СДСМ, можеби овие додатоци од неколку илјади денари им изгледаат малку, за нас во образованието сепак ни се многу. Уште повеќе, што платите во образованието се кратат и покрај колективниот договор, потпишан од СДСМ непосредно пред договорени избори. -Наместо власта во однос на образованието да се занимава со Уредба со која ќе се откаже полагањето на матура во вакви вонредни услови за завршување на наставната година, таа сега, и покрај сиот напор за продолжување на наставата и во вакви услови, всушност директно ги казнува и ги удира по џеб наставниците и стручните соработници во воспитно образовниот систем, вели Тримчевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-sdsm-namesto-uredba-za-otkazuvanje-na-maturata-udri-vrz-prosvetnite-rabotnici/feed/ 0
Тримчевска: МОН да ја сфати сериозноста на моментот, веднаш да се укине државната матура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-mon-da-ja-sfati-serioznosta-na-momentot-vednash-da-se-ukine-drzavnata-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-mon-da-ja-sfati-serioznosta-na-momentot-vednash-da-se-ukine-drzavnata-matura/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=329160

Хаосот во образованието наместо да се средува, тој само се зголемува. Цел месец преку медиуми и преку пресови го повикуваме министерот за образование да преземе чекори, а и му нудиме решенија за успешно завршување на наставната година, ова денеска преку прес-конференција го истакна Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо решенија, од врвот за образованието, од МОН, се испраќаат недоречености, постојани дописи со неостварливи барања. Тоа создава притисок и врз учениците и врз наставниците, нервозни родители и ученици заради неорганизираност, уплашени наставници заради лоша интернет конекција со системот. И тоа се само неколку елементи кои што во услови на вонредна состојба ја дополнуваат и онака веќе видливата тензија. Власта и надлежните во министерството мора да ја сфатат сериозноста на моментот и конструктивната помош која што ја нудиме. Уште еднаш нагласуваме, предлагаме. Веднаш да се укине државната матура, и сите чинители да се ослободат од стресот за текот на полагањето. Оние на кои што ќе им биде потребна, полагање на матурата да се закаже во септември. Веднаш да сопрат заканите до наставниците со казни од Државниот просветен инспекторат. Веднаш МОН и БРО да изготват скратена програма до завршување на наставната година, со јасни насоки до наставниците како да постапуваат по неа, вели Тримчевска. Таа додава дека да се растеретат наставниците од неизводливото реално оценување. -Е-Дневникот не функционира. Да не се инсистира на негово пополнување со програма која не е реализирана, туку да се сведе на бележење на реално оствареното. Да се обезбеди обука за родителите на децата со посебни образовни потреби за обезбедување на континуитет и усвојување на основни, елементарни знаења. Ова се само дел од мерките и решенијата и инсистираме министерот за образование итно да ги спроведе, бидејќи се најитни за успешно завршување на наставната година. Доколку министерството смета дека му е потребно дообјаснување, слободно може да не повика на помош. Во ова време на болест и страв, на учениците да им го понудиме реално изводливиот максимум, да побараме од нив да бидат одговорни и исполнителни, да ги научиме на истрајност и корисно потрошено време. На наставниците им предлагаме да се подготват да го надоместат пропуштеното, само есенцијалното, на почетокот на идната година, на родителите да останат смирени, а на сите им препорачуваме во овие тешки моменти да си го чуваат здравјето и да седат дома, рече Тримчевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trimchevska-mon-da-ja-sfati-serioznosta-na-momentot-vednash-da-se-ukine-drzavnata-matura/feed/ 0
ЧУМУ Е-ДНЕВНИК, ЧУМУ СЕ’?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chumu-e-dnevnik-chumu-se/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chumu-e-dnevnik-chumu-se/#respond Sat, 04 Apr 2020 16:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=327331

Пандемија! Covid-19! Вонредна состојба за политичарите, вонредна состојба за угостителите, вонредна состојба за судството, за економијата... ама највонредна за образованието! Така одлучија надлежните, не се прекина воспитно-образовната работа заради вонредната состојба, ама затоа упатија на највонредни мерки за организирање на наставата . Е-учење! Во време кога на учениците треба да им се покаже дека ништо не мора да се учи и научи токму сега зашто се’ се научува во некое друго подобро време, во време кога на учениците, наставниците и родителите единствено што им треба се сигурност и емоционална стабилност нам најважни ни се повторно оценките. За родителите за упис во средно образование или на факултет, за наставниците средниот успех на паралелката, небаре тоа е најважното, небаре круната ќе им падне на петкашките паралелки, а за учениците стрес! Но, македонски наставници се тоа, можат, умеат , знаат, а најмногу од се и тоа што не знаат и не умеат, ќе научат. Ама да не се претера малку?! Разбирливо е откако не се заврши наставната година по прогласувањето на вонредната состојба, планирањето, организацијата и реализацијата на е - учењето да се спороведе на начин што е реално можен , а не на идеален начин. И убаво е да се стремиме кон идеалното, ама па и да сме свесни дека не постои. Е, ама нашите надлежни за образование си замислија се’ идеално, впрочем како и за се друго периодов. Незнаење ли е и или несвесност за реалноста? Откако помина шоковата состојба по прекинот на наставата и радоста на учениците небаре се на распуст, се помина на изнаоѓање решенија како понатаму, како и што да се направи да не ни останат децата ненаучени. И ете така се отиде предалеу. Притисокот врз наставниците ги помина сите граници. Платформи, снимање часови, па јавни часови, па успешни ли се или не, па еден куп импровизации, па повратни информации, е -портфолија,чуда... внесување податоци,е-состаноци, е еее , што ли е следно Е? Системот неподготвен за ситуацијата, без национална стратегија и без ресурси. Измалтретирани наставници кои се во виртуелно училиште, измалтретирани родители мислиш сите за се’ се стручни, учениците под притисок (мислам на оние одговорните или со одговорни родители). А ефектот?! Ќе видиме. Искрено, познавам многу наставници кои во оваа збрканица одлично се снаоѓаат, има и кои одлично знаат што работат и како треба да работат, ама сепак има наставници и тоа поголем дел кои талкаат или воопшто не се заморуваат околу е-учење. Тие најчесто велат: „Еее еее што не поминало, па и ова!“ Не значи дека не се добри наставници, ама ете од новини стравуваат. И супер, таман некако тргна и со платформи и со е-часови, ама па сега се поставува прашањето колку ученици се вклучени во оваа е-настава. И знам за многумина кои не се, ама па и како да се?! Во семејства каде гладта царува, е - учење нема, таму каде што трошна куќа покрив од априлски снег чува и таму е-учење нема. А треба ли да има и онаму каде што стравот од covid -19 царува, таму каде што тато е во карантин, а баба се плаши да кивне?! Треба ли?! Знаете што треба сега ? Единствено дом што мириса на топол оброк, разиграно семејство, подигање на духот и најважно од се’ чување на здравјето. Да се седи дома и да се чува здравје! Но, да не бидам погрешно разбрана, немам јас ништо против учењето на далечина, напротив и годиниве наназад па и сега го поддржувам, ама кога би било во нормални услови практицирано (има и такви примери, секоја чест, ука за другите сега се), а и сега во вонредни услови неизбежно најпогодно е, збор да нема...Но, прашањето е колкава е ефективноста на ваков раштиман оркестар. Секое училиште своја песна, ама па и и оваа им е од оние по слободен избор на оркетарски смотри. Па кој што си избрал тоа ќе пее. Слободен избор на училиштата за ресурсите што ќе ги користат за е-настава. Па едни вака, други онака. И тоа не се смета за страшно само да е некако. Еве, има наставници кои до пандемијава не слушнале за е-учење (па сите не се во чекор со напредокот),има наставници во училишта кои е-учење спроведуваат само оние поупатените, некаде само Х или Y генерација наставници или оние поупорните. Да не се заборави дека за некои наставници овој тип на настава им стана и поле за докажување, дека појавно е од претходно, а и чалам малку пред другите. И ако, ако е ефективно и добро е да се поучуваме меѓусебно, ама ако е! Впрочем па, и, наставниците се даватели на јавни услуги во основното и средното образование. Јавно е се! А и надзор позасилен сега се има, родители, старатели, а и ДПИ е тука. А, да не зборувам за родителите како дополнителни наставници по дома. Се разбира оние поупатените, оти некои и за корка леб се борат. Овој тип на настава треба да биде збогатување на наставната програма , а не реализација. И добро, ете, се научи и ZOOM и GOOGLE CLASSROOM и GOOGLE DRIVE, и се снима на големо и не знаеш домот на наставникот дали е студио или виртуелна училница. Тешко на оние наставници што имаат и свои деца ученици. Да креираат е- часови или за е-оценување да помогнат на своите деца. Портфолиото треба да се наполни. Бaтериите на телефоните по двапати се полнат, сметката за потрошен интернет допрва ќе се види. Некако се фати ред, па колку ученици се вклучуваат тоа е друга тема. А колку и како се реализира е - настава со ученици со посебни образовни потреби? Како и кој?! Ама добро и тоа, на е-пошта имат еден куп испратени материјали за учење, ете се завршило работа. Сега пак новини, нови упатства ,нови правила или стари правила во нови услови. И пак се Е! Ете, е-одделенски совети, е- наставнички совети. Повторно и тоа не е така страшно, супер, ќе се видиме барем и за здравје ќе се прашаме. Ама, успех ќе треба да се реферира, стекнати знаења да се оценат. Од е-портфолија до е-евидентен лист, преку е-дневник. Имаат ли наставниците и е-потпис??? Туку, е-дневникот како јаготка на тортата. И е-дневник требало. По социјални мрежи прочитав дека наставници и го молат Господ да не проработел. Ете, до таму дошло. Па и вистина наставниците одговорно во истиот миг да си завршат работа и веројатно го оптоварија системот и толку! Или не го бива? Не за друго, кој ќе биде прв е важно, ама па и цела плата ќе се земе. Веројатно ќе се седи пред компјутер во глуво доба за да се внесуваат податоци, да се наполни е-дневникот. Упорни македонски наставници. Занимација без мана. Комплетна неподготвеност за нешто непотребно. Чуму е-дневник сега?! А,што ќе се внесува во е-дневникот? Реализирани наставни единици?! Евиденција на оправдани и неопрадани изостаноци? Описни и бројчани оценки? Пак, ќе повторам: занимација без мана. Има ли потреба од ваков притисок за лажна слика. Кој кого лаже? Или сам се лаже?! Секоја чест за наставници и училишта коишто и во оваа ситуација одлично функционираат и можеби со минимални недоследности ќе се поклопат реалните податоци со оние внесените во е-дневник. Ама, малку се. Што со оние кои се изгубени во овој вртлог. Немаат интернет, немаат компјутер, немаат резервен компјутер затоа што имаат и деца ученици дома па отвораат линкови за е-учење, не знаат како да реализираат е-настава, болни се или се родители на деца до 10 години( за нив мерката не важи)... Различни се искуствата за реализирање на наставата. Погоре реков секој своја песна и не велам дека не се прави максимум што може,ама аршинот не е ист. Еден наставник снима час, па го следат сите ученици од генерација, па колешка ќе сработи друг час за сите ученици повторно, па еден ден само еден час, друг ден пак само еден час,едни работат за други и сенешто слушнав деновиве.И добро, па вонредна сосотојба е. Проблем е доколку часовите по наставен план и програма се внесат во е-дневник како 100 % реализирани. Ви се молам! Дури има некои и само по е-пошта ќе им испратат наставни ливчиња или линковски врски до конкретни теми, и без повратна информација ќе треба и да оценат. И тоа оценувањето е најмал проблем, велат си ги знаеле учениците кој колку знаел или колку може да научи. Ете и за ова тримесечие знаат. Немаат верба дека родителите дома повеќе ги научиле, а можеби и се во право, нели? И во целиот овој непотребен хаос, единствено се радувам што добар дел од наставници без стекнати ИТ вештини ќе се стекнат барем со минимум компетенции или оние со минимум ќе ги развијат. А за е-дневник си знаат од порано, така што.... Чуму е-дневник, чуму се’ ? Впрочем се’, ама баш се’ од ова е најмалку важно. Дури и да ја пречкртаме оваа учебна година, неважно е, ќе пристигне друга, ама треба некој да ја пречека. Да се чуваме, да се крепиме, ум да не држи, чедата да си ги погалиме, да ги научиме на истрајност и корисно потрошено време! Е, тоа е најважно! А денешниве ученици без грижа, секако ќе знаат и умеат повеќе од сите нас. Сите сме свесни за тоа, нели? Пандемија! COVID-19, a април 2020! Епа, чуму е-дневник, чуму се’?! Колумна на М-р Милка Тримчевска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chumu-e-dnevnik-chumu-se/feed/ 0