мило ѓукановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 20 May 2023 18:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мило ѓукановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓукановиќ: Црна Гора повторно на крстопат – Европа или балкански национализам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tsrna-gora-povtorno-na-krstopat-evropa-ili-balkanski-natsionalizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tsrna-gora-povtorno-na-krstopat-evropa-ili-balkanski-natsionalizam/#respond Sat, 20 May 2023 18:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=836838

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ последен пат ѝ се обрати на јавноста како шеф на државата – еден ден пред инаугурацијата на новиот претседател Јаков Милатовиќ. Претседателот на Црна Гора во заминување Мило Ѓукановиќ ја одржа на Цетиње редовната годишна конференција за медиумите, со која овој пат го завршува својот претседателски мандат. Тој последен пат на јавноста ѝ се обрати како шеф на државата – еден ден пред инаугурацијата на новиот претседател Јаков Милатовиќ. Ѓукановиќ претходно му посака на наследникот успешна работа, по два повеќечасовни состаноци минатите денови, а пред примопредавањето на должноста. Ѓукановиќ двапати ја вршеше должноста претседател на државата, а седум пати беше црногорски премиер. Моите резултати никој не може да ги оспори, порача Ѓукановиќ во последниот претседателски говор. Сѐ што е направено во минатите години, истакна тој, е легитимација на современа Црна Гора. Тој изрази надеж дека, како што кажа, сега е јасно дека секоја политичка промена не значи промена на подобро. „Црна Гора покажа спремност за промени што кажуваат за еманципацијата на државата“, наведе Ѓукановиќ, кој е и поранешен лидер на ДПС со која повеќе од две децении владееше во Црна Гора. Ѓукановиќ рече дека во Црна Гора е зачуван мирот и е зацврстена мултиетничката слога и дека во 90-тите години земјата била поштедена од разурнувања за време на НАТО-нападите. „По мирен пат обновена и меѓународно признаена држава, членка на НАТО, пред влезот во Европската Унија, најразвиена економија на Западен Балкан. Реализирани се проектите тунел Созина, Луштица, ветерници… Сето тоа е легитимација на Црна Гора“, рече Ѓукановиќ и додаде дека нема намера поексплицитно да да ги сумира резултатите на власта, која, како што кажа, тој ја персонифицирал. Тој истакна дека Црна Гора покажала спремност за промени. „За време на југословенската воена драма избрани се мирот и стабилноста. Референдумот не беше само чин на обнова на државноста што ни беше ускратена ниту демократска свеченост. Тоа беше израз на зголемената самодоверба на граѓаните и вербата во сопствените способности. Потоа е направен пресврт кон европскиот културен круг. А тоа не беше едноставен зафат. Тоа не е работа што се завршува во мандатот на една власт, ниту може да биде завршена. Нашата земја сѐ уште е во рана фаза на процесот на еманципација, оптоварена со тешко бреме на економска заостанатост, како и со контроверзен однос на делот граѓани спрема државата“, наведе, меѓу другото, Ѓукановиќ. Тој истакна дека на Црна Гора повеќе од сѐ ѝ е потребна стабилна, компетентна, патриотска влада, која ќе ја афирмира граѓанската држава и мултиетничката демократија и ќе го реализира членството во ЕУ. „Вонредните избори се првата голема шанса и голема надеж, зашто Црна Гора е повторно на стратегиски крстопат, од кој е можно назад во Европа или во балканскиот национализам“, рече тој и изрази надеж дека новата влада што ќе биде избрана ќе ја преземе одговорноста и ќе создаде услови за одвивање нормален политички живот во Црна Гора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tsrna-gora-povtorno-na-krstopat-evropa-ili-balkanski-natsionalizam/feed/ 0
Ѓукановиќ: Останувам во политиката, никој не може да ги оспори моите резултати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ostanuvam-vo-politikata-nikoj-ne-mozhe-da-gi-ospori-moite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ostanuvam-vo-politikata-nikoj-ne-mozhe-da-gi-ospori-moite-rezultati/#respond Fri, 19 May 2023 15:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=836503

Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора во заминување, денеска изјави дека ќе остане во политиката и дека никој не може да ги оспори неговите резултати и историското значење, како и дека ќе биде „почесен претседател на Црна Гора“. - Нема вечна влада, вечна е само Црна Гора, рече Ѓукановиќ на прес-конференцијата во Цетиње, со која завршува неговиот претседателски мандат. На прашањето дали има намера да се повлече од политиката, Ѓукановиќ одговори дека нема да се повлече од она на што го посветил својот живот. „Па, животот го посветив на европскиот развој на Црна Гора. Не мора да си претседател на партијата за да бидеш одговорен граѓанин. Се што и треба на таа политика и на таа партија во сите идни кампањи, ќе добие од мене, рече тој. Наведувајќи дека поднел оставка од функцијата лидер на ДПС, истакна дека нема намера да го менува партискиот дрес. - Јас сум убеден член на проевропската развојна политика на Црна Гора. Во секое својство ќе продолжам да ја поддржувам партијата на која бев на чело, која и денес е стратешка поддршка на проевропски развој на Црна Гора, вели Ѓукановиќ. Тој рече и дека ќе ја искористи законската можност да побара титула почесен претседател, што е предвидено со закон. Вели дека не размислувал дали ќе се занимава со друга работа. Ѓукановиќ посочи дека тој период ќе го посвети на средување на својата архива, систематизирање на долгиот политички живот. Тој оцени дека може да користи некому што има амбиција да се занимава со политика. - Добро е да се зачуваат тие пишани траги. Јас неколку пати се повлеков од политиката и на такви прашања сум одговарал слично. Ако одлучам да ја надополнам основната дејност со нешто друго, тоа ќе биде израз на сериозна одлука да ја распределам енергијата. Тоа ќе биде само во случај да ја препознаам можноста да се вклучам во некој бизнис што нема да го наруши угледот на Црна Гора и мојот углед како претседател и премиер, рече Ѓукановиќ. Прашан за очекувањата од вонредните парламентарни избори на 11 јуни, тој истакна дека верува дека по изборите ќе има искушенија, што ќе се огледа во храброста на партиските лидери да направат коалиција која ќе може одговорно да води сметка за интересите на Црна Гора, а најважен интерес е патот на европскиот развој. Се друго се калкулации, вклучително и оние - само не со оваа или онаа, најчесто, само не со претходната власт, ​​потенцираше Ѓукановиќ. Тој уште истакна дека станува збор за дезинформации дека ќе се преселел во Обединетите Арапски Емирати. - Никогаш, во ниту еден момент од мојот живот не помислив да се преселам од Црна Гора. Црна Гора е мојата доживотна адреса, рече тој на последната прес-конференција во улога на претседател на Црна Гора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ostanuvam-vo-politikata-nikoj-ne-mozhe-da-gi-ospori-moite-rezultati/feed/ 0
ДПС ја прифати оставката на Ѓукановиќ, за в.д. претседател на партијата е назначен Данијел Живковиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-ja-prifati-ostavkata-na-gukanovik-za-v-d-pretsedatel-na-partijata-e-naznachen-danijel-zhivkovik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-ja-prifati-ostavkata-na-gukanovik-za-v-d-pretsedatel-na-partijata-e-naznachen-danijel-zhivkovik/#respond Thu, 06 Apr 2023 14:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=821089

Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) денеска ја прифати оставката на претседателот Мило Ѓукановиќ од лидерската позиција во партијата, а за в.д. претседател е назначен Данијел Живковиќ, пишува подгорички „Вијести“. Одлуката е донесена на седница на Управниот одбор во Подгорица. Претходно беше најавено дека освен оставката на Ѓукановиќ, теми на седницата ќе бидат и вонредните парламентарни избори закажани за 11 јуни, како и подготовката на непосредни избори за лидер на ДПС. Ѓукановиќ вчера поднесе оставка од лидерската позиција во ДПС, откако на 2 април ги загуби претседателските избори од неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ. Ѓукановиќ беше на чело на ДПС од 1998 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dps-ja-prifati-ostavkata-na-gukanovik-za-v-d-pretsedatel-na-partijata-e-naznachen-danijel-zhivkovik/feed/ 0
По поразот на изборите: Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-porazot-na-izborite-milo-gukanovik-podnese-ostavka-na-liderskoto-mesto-vo-dps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-porazot-na-izborite-milo-gukanovik-podnese-ostavka-na-liderskoto-mesto-vo-dps/#respond Wed, 05 Apr 2023 18:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=820728

По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).

РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.

Ѓукановиќ на чело на ДПС е од 1998 година. За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и два мандата претседател на Црна Гора.

Тој во неделата беше убедливо поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.

Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-porazot-na-izborite-milo-gukanovik-podnese-ostavka-na-liderskoto-mesto-vo-dps/feed/ 0
Еден ден по поразот ова е голем шок и за него – инспекторите чукнале на вратата на Мило Ѓукановиќ, еве што му наредиле да направи веднаш! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/#respond Wed, 05 Apr 2023 07:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=820370

Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја достави одлуката за уривање на објекти од 170 и 89 метри квадратни, а се огласи и УРА на премиерот во технички мандат на Дритан Абазовиќ. „Урбанистичката и градежната инспекција на Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на чело со министерката Ана Новаковиќ Ѓуровиќ денеска (вторник) донесе решение со кое на субјектот Мило Ѓукановиќ му наложи да урне два бесправно изградени објекта во КО (катастарска општина) Кочани во Никшиќ објави УРА на Твитер. Во решението, рокот за извршување на таа наредба е 20 дена од денот на приемот, а доколку Ѓукановиќ во тој рок не ги урне тие објекти, тоа ќе го направи државата на негова сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/feed/ 0
“Пу, пу – не важи”: Ковачевски му даде поддршка на Ѓукановиќ, па после поразот видеото беше експресно избришано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pu-pu-ne-vazhi-kovachevski-mu-dade-poddrshka-na-gukanovik-pa-posle-porazot-videoto-beshe-ekspresno-izbrishano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pu-pu-ne-vazhi-kovachevski-mu-dade-poddrshka-na-gukanovik-pa-posle-porazot-videoto-beshe-ekspresno-izbrishano/#respond Sun, 02 Apr 2023 21:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=819245

Во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Црна Гора во неделата, македонскиот премиер Димитар Ковачевски во видео обраќање му даде поддршка на досегашниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, кое ноќта по соопштувањето на конечните резултати експресно беше избришано. Јаков Милатовиќ победи на претседателските избори во Црна Гора во неделата, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и поранешен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави ЦЕМИ врз основа на над 80 отсто преброени гласови.  
Не е невообичаено странски политичари во време на изборните трки да поддржуваат тамошни функционери и кандити од сродните политички опции. Во овој случај уште повеќе што некои медиуми шпекулираа со наводни деловни врски на Ковачевски со луѓе од блиското опкружување на Ѓукановиќ. И тука нема ништо спорно, но се чини срамно е и некоректно лидерот на македонските социјалдемократи да ја негира сега поддршката на челникот на црногорската Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, затоа што секако меѓупартиската соработка би требало да продоли и натаму, анализира Нетпрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pu-pu-ne-vazhi-kovachevski-mu-dade-poddrshka-na-gukanovik-pa-posle-porazot-videoto-beshe-ekspresno-izbrishano/feed/ 0
Ѓукановиќ го призна поразот, Црна Гора има нов претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-go-prizna-porazot-tsrna-gora-ima-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-go-prizna-porazot-tsrna-gora-ima-nov-pretsedatel/#respond Sun, 02 Apr 2023 20:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=819243

Мило Ѓукановиќ го призна поразот во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора и му честиташе на својот противкандидат Јаков Милатовиќ. „Го прифаќам ваквиот суд на демократската јавност на Црна Гора. Ѝ посакувам сè најдобро на Црна Гора, сакам новиот претседател да биде достоен на довербата што ја доби“, изјави Ѓукановиќ во својот изборен штаб. Според последните податоци на Центарот за демократска транзиција, 37-годишниот Милатовиќ освои 58,9%, а Ѓукановиќ 41,1% гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-go-prizna-porazot-tsrna-gora-ima-nov-pretsedatel/feed/ 0
Ѓукановиќ: Уверен сум дека ќе победам на изборите, без оглед на излезноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-uveren-sum-deka-ke-pobedam-na-izborite-bez-ogled-na-izleznosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-uveren-sum-deka-ke-pobedam-na-izborite-bez-ogled-na-izleznosta/#respond Thu, 30 Mar 2023 06:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=817985

Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека е уверен оти ќе победи во вториот круг од изборите на 2 април, без оглед на тоа колкава ќе биде излезноста и оцени дека Србија и Русија продолжуваат да се мешаат во изборните процеси и внатрешните политички состојби во Црна Гора. Гостувајќи на РТЦГ, Ѓукановиќ рече дека пред изборите било јасно дека победникот ќе се одлучува во вториот круг. Тој порача дека Црна Гора в недела не избира меѓу двајца кандидати, туку пат кон иднината и додаде дека гласот за него е глас за континуитет. Потенцира дека неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ ја персонифицира политиката на „Отворен Балкан“ и потсети дека за таа иницијатива секогаш зборувал „како за предворје на српскиот свет“. На прашањето дали и тој изјавата на шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман дека Хрватите во Црна Гора треба да гласаат за него, ја сфаќа како мешање во внатрешните работи на Црна Гора, Ѓукановиќ рече дека тоа не го смета за мешање, бидејќи постапувањето на Србија и Русија не може да се стави на исто ниво со изјавата на хрватскиот министер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-uveren-sum-deka-ke-pobedam-na-izborite-bez-ogled-na-izleznosta/feed/ 0
Ѓукановиќ: Ако останам претседател, Црна Гора ќе влезе во ЕУ во следните 5 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ako-ostanam-pretsedatel-tsrna-gora-ke-vleze-vo-eu-vo-slednite-5-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ako-ostanam-pretsedatel-tsrna-gora-ke-vleze-vo-eu-vo-slednite-5-godini/#respond Wed, 29 Mar 2023 12:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=817724

Актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ пред вториот круг од претседателските избори в недела изјави дека „сите потенцијали на големосрпскиот национализам“ се во функција во предизборната кампања. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека и за време на актуелната предизборна кампања „имаше мешање однадвор“ и додаде дека тоа „постојано се случува“. „Само некој кој не е заинтересиран за балканскиот живот и политика не гледа дека големосрпскиот национализам е многу активен, дека неговите актери сфаќаат дека се ближи моментот кога ќе мора да се соочат со фактот дека Косово е изгубено и би сакале да обезбедат некаква компензација во форма на, би рекол, продолженото влијание на Србија врз регионот. И претпоставувам никого не изненадува што првиот поглед оди кон Црна Гора“, рече Ѓукановиќ. Ѓукановиќ рече дека е уверен во својата победа во вториот круг од изборите на 2 април, во кој неговиот противкандидат е заменик-претседателот на популистичко движење Европа сега, Јаков Милатовиќ. Тој изјави дека денес „неспоредливо му е појасно дека Црна Гора не го избира само својот претседател, туку дека треба да ја потврди својата истрајност на патот кон постигнување на европскиот систем на вредности, место во ЕУ и европски квалитет на живот“. „Алтернатива на тоа е членството на Црна Гора во Отворениот Балкан, „српскиот свет“ и оние веќе видени лоши алтернативи во кои земјите од Западен Балкан, низ историјата, го трошеа своето време“, додаде тој. Изрази уверување дека, доколку остане на функцијата претседател, Црна Гора ќе стане членка на ЕУ во текот на неговиот следен мандат, односно во следните 5 години. „Апсолутно сум сигурен дека тоа можеме да го оствариме во мојот следен претседателски мандат. Потребно е само државата да добие одговорна администрација преку соодветни претседателски избори, а потоа и на парламентарните избори на 11 јуни“, порача Ѓукановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-ako-ostanam-pretsedatel-tsrna-gora-ke-vleze-vo-eu-vo-slednite-5-godini/feed/ 0
Ѓукановиќ: Изборот е дали Црна Гора ќе биде покраина на голема Србија или европска земја https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-izborot-e-dali-tsrna-gora-ke-bide-pokraina-na-golema-srbija-ili-evropska-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-izborot-e-dali-tsrna-gora-ke-bide-pokraina-na-golema-srbija-ili-evropska-zemja/#respond Mon, 27 Mar 2023 06:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=816716

Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, на изборна трибина во Сутоморе изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде, како што наведе, „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава. Ѓукановиќ рече дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел неговиот противкандидат во вториот круг од претседателските избори од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, а тоа е дека Црна Гора не само што била запрена на патот кон ЕУ, туку денес меѓу Подгорица и Унијата е ископана огромна бездна, која, како што рече, „треба да биде гробница на независна, граѓанска, европска Црна Гора“. Ѓукановиќ истакна дека Воислав Шешељ и организациите на Црногорците во Белград, истите кои на 21 мај 2006 година наместо граѓаните се понудија да одлучат дали Црна Гора ќе биде независна, сега го поддржуваат Милатовиќ. Ѓукановиќ рече дека е убеден дека ќе победи на изборите на 2 април. Милатовиќ е противкандидат на Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора закажан за 2 април, откако од вкупно седум кандидати двајцата освоија најголем број гласови во првиот круг на 19 март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-izborot-e-dali-tsrna-gora-ke-bide-pokraina-na-golema-srbija-ili-evropska-zemja/feed/ 0