Милош Форман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 05:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Милош Форман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ретроспектива на делата на Милош Форман во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/#respond Wed, 05 Apr 2023 05:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=820339

Со проекција на играниот филм „Коса“ од денеска во Кинотека во Скопје ќе започне да се емитуваат дела на режисерот Милош Форман. Режисерот е добитник на два „Оскари“ и педесеттина други престижни награди на филмските фестивали ширум светот и со творештво има обединето два филмски „света“ – источноевропскиот со појдовна точка во родната Чехословачка и Холивуд, со придружниот европски шмек. Тој е роден во 1932 година во гратчето Часлав, како Јан Томас Форман. Во Втората светска војна останал без родителите Ана и Рудолф, кои биле убиени во нацистичките концентрациони логори Аушвиц и Бухенвалд, поради нивното еврејско потекло. Во средината на 50-те години, Милош Форман студира сценарио на прочуената филмска школа ФАМУ, каде што дипломира во 1957, а потоа си го пробива патот во чешката кинематографија – работејќи на разни позиции. Форман со своите рани дела е протагонист на чешкиот „нов бран“, со филмови во кои тој мајсторски го спојува документарното и играното, создавајќи еден посебен сензибилитет. Овој месец, Кинотеката ќе прикаже значаен дел од неговата филмографија, и тој избор ги опфаќа неговите луцидни пионерски чекори со среднометражниот филм КОНКУРС (Konkurs / Audition, 1964), потоа долгометражните играни филмови ЦРН ПЕТАР (Černý Petr / Black Peter, 1964), ВЉУБЕНАТА РУСОКОСА (Lásky jedné plavovlásky / A Blonde in Love, 1965) и најнакрај – ГОРИ, МОЈА ГОСПОЃИЦЕ (Horí, má panenko / The Firemen's Ball, 1967), неговиот последен чехословачки наслов пред заминувањето во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/feed/ 0
Почина режисерот Милош Форман https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochina-reziserot-milosh-forman/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochina-reziserot-milosh-forman/#respond Sat, 14 Apr 2018 10:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=40547

На 86-годишна возраст по кратко боледување синоќа почина познатиот американски режисер со чешко потекло Милош Форман. Како што соопшти менаџерот на Форман, Денис Аспланд, режисерот-оскаровец починал во неговиот дом во местото Ворен во американската сојузна држава Конектикат. Форман е добитник на Оскар за режија за филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“. Тој е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството минал во дом за деца без родители. Во 50-те години на минатиот век почнува да се занимава со снимање филмови, како еден од претставниците на „златната генерација на чехословачката кинематографија“. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман се наоѓа во Париз, од каде емигрира за САД и во 1975 година добива американско државјанство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochina-reziserot-milosh-forman/feed/ 0