Милош Вучевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 07:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Милош Вучевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучевиќ: Состојбата на Косово е вознемирувачка, а животот на Србите е неодржлив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-sostojbata-na-kosovo-e-voznemiruvachka-a-zhivotot-na-srbite-e-neodrzhliv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-sostojbata-na-kosovo-e-voznemiruvachka-a-zhivotot-na-srbite-e-neodrzhliv/#respond Wed, 04 Oct 2023 07:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=884914

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ оцени дека состојбата на Косово е во најмала рака вознемирувачка и дека животот е неодржлив за Србите. Како што рече, од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на чело на приштинските институции, бројот на Србите на Косово е намален за 11 отсто и стравува дека овој тренд ќе продолжи. Имаме искрено воодушевување од сите Срби кои останаа и преживуваат на Косово сите овие години, рече Вучевиќ во изјава за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-sostojbata-na-kosovo-e-voznemiruvachka-a-zhivotot-na-srbite-e-neodrzhliv/feed/ 0
Српскиот МО: Ако нареди Вучиќ, војската ќе влезе на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=884251

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека војската ќе влезе на територијата на Косово доколку тоа го нареди претседателот Александар Вучиќ. „Војската на Србија ефикасно, професионално и успешно би ја извршила таквата задача. Но, ништо не би се направило зад грбот на КФОР. Ништо не правиме зад грб“, рече Вучевиќ и ја пофали соработката со КФОР и додаде: „Јас и генералот Мојсиловиќ ќе се занимаваме само со фактите“. Тој, пак, бил изненаден од „загриженоста“ на Приштина, со оглед на тоа што нема зголемување на борбената активност. „И немаше обука на било какви терористички сили, ниту упад на територијата на Косово од страна на српската армија“, нагласи Мојсиловиќ, отфрлајќи ги тврдењата дека Србија, министерството за одбрана и српската армија обучувале и вооружувале Срби на Косово и посочи на информации дека косовската полиција користи оружје од српската специјална индустрија што официјален Белград не ги продал. Исто така, Вучевиќ повтори дека поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кого Приштина го означи како организатор на конфликтот во Бањска, не учествувал во вежбите на Пасуљанските ливади, каде што често вежба српската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/feed/ 0
Вучевиќ: Ако наредеше претседателот Вучиќ,ќе влезевме на територијата на Косово, но ќе го известевме КФОР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=884248

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ на прес-конференција изјави дека доколку српските вооружени сили добијат наредба од претседателот на Србија, како врховен командант, „да влезат на територијата на Република Косово, како дел од Република Србија, Војската на Србија ќе ја извршат таквата задача ефикасно, професионално и успешно“, јави дописникот на МИА од Белград. -Во сите овие години, војниците на КФОР никогаш не преминале на територијата на Србија, ниту пак српската армија го направила тоа без дозвола на КФОР. Војската на Србија никогаш не прекршила никаков договор и тоа не е техничка туку суштинска информација. „Има систематска кампања против српската армија, против нејзиното распоредување на територијата на Србија. Доколку српските вооружени сили добијат таква наредба од претседателот на Србија како врховен командант да влезат на територијата на Косово, српските вооружени сили ќе извршат таква задача“, посочи Вучевиќ и додаде дека таквата можна задача би да се спровела професионално и секако однапред би се најавила на КФОР затоа што - „ние ништо не работиме зад грб“. Тој додаде дека немало обука на никакви терористички сили или каков било упад на територијата на Косово. -Според таа логика, морам да ги прашам сите, пред се Курти и неговите соизвршители, што ќе правиме со тоа што албанската полиција на Косово или таканаречената косовска полиција го користи истото српско оружје, праша Вучевиќ. Тој покажа фотографии на кои се гледаат, како што тврди, косовски полицајци и специјалци со пушки М70, автомати М72 и друго оружје произведено во Србија, нагласувајќи дека Србија не им ги продавала тие пушки. -Дали од таа аналогија произлегува дека Србија ја обучувала и вооружувала албанската косовска полиција да пука во Срби? Логично е Србите да имаат српско оружје, но од каде им на албанските полицајци наше оружје, праша Вучевиќ. Тој рече дека истото оружје и воена опрема може да се најде насекаде на територијата на поранешна Југославија и дека затоа е „целосна глупост“ да се тврди дека државата Србија, Министерството за одбрана и српската војска учествувале „во она што некои нарекуваат терористички акти“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/feed/ 0
Вучевиќ: Вучиќ ќе биде лидер на новото движење во Србија, нема причина за страв https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/#respond Sun, 28 May 2023 11:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=839721

Новиот претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека СНС ќе се приклучи на Народното движење, односно на Движењето за народот и државата, каде што како лидер го гледа Александар Вучиќ. -Ние сме први до него, кога велам ние - зборувам за СНС. Нема разделба, па сега некој да се исплаши или збуни. Ќе видиме дека партијата продолжува да работи во ист ритам, секако со истата политика, овие кадровски решенија се дел од партиската политика на континуитет, изјави Вучевиќ за ТВ Прва. Како што додаде, ќе ја зачува СНС како најсилна партија во Србија, „мотор на развојот на Србија и најголема поддршка за претседателот на државата“ Александар Вучиќ, кој најави формирање на ново движење чие официјално име допрва треба да се утврди. -Тоа не беше развод, немаше разделба, туку мирна транзиција, бидејќи Вучиќ сигурно не ја напушта партијата, но нема да ја води како претседател како во претходните 11 години, нагласи Вучевиќ. Тој рече дека на собранието на СНС имало многу емоции, пред се кај делегатите и членовите на партијата и дека тоа е на некој начин почит за Александар Вучиќ за начинот на кој работел и ја водел партијата и за односот што го изградил со членството, со луѓето кои се енергијата и силата на СНС.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-vuchik-ke-bide-lider-na-novoto-dvizhene-vo-srbija-nema-prichina-za-strav/feed/ 0
Вучевиќ: Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchevik-makedonija-i-albanija-imaat-nula-poeni-a-storija-se-za-eu-toa-e-golema-nepravda-i-obeshrabruvachki-za-site-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchevik-makedonija-i-albanija-imaat-nula-poeni-a-storija-se-za-eu-toa-e-golema-nepravda-i-obeshrabruvachki-za-site-nas/#respond Sun, 29 Jan 2023 13:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=793374

Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас, вели Вучевиќ за евроинтеграциите на регионот. Горд сум на нашите односи. Би сакал овие односи да бидат сѐ подобри и подобри. Ме загрижуваат демографските податоци. Македонија и Србија имаат изгубено значителен дел од населението и тоа е голем проблем и луѓето треба да разберат што се случува, вели министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ во ексклузивното интервјуто за Вечер.мк. -Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас, аргументира Вучевиќ за евроинтеграциите на регионот. Како се чувствувате во Македонија и како таа ви изгледа од денешна перспектива? -Секогаш добро се чувствувам кога сум во Македонија меѓу моите пријатели. Не можам да кажам дека сум како дома, но речиси како да сум дома, два пријателски и братски народи, македонскиот и српскиот, и две добри држави со одлични меѓусебни односи – пријатно ми е. Гледам дека Македонија се развива и драго ми е заради тоа, и секогаш гледам нешто ново. Задоволен сум што српско-македонските односи се на високо ниво, би сакал да бидат уште подобри, некои големи работи решивме, поправивме, унапредивме, и тоа е плус и за едната и за другата страна. Целото интервју на Вучевиќ можете да го прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchevik-makedonija-i-albanija-imaat-nula-poeni-a-storija-se-za-eu-toa-e-golema-nepravda-i-obeshrabruvachki-za-site-nas/feed/ 0
Вучевиќ: Се надевам дека КФОР ќе биде доволно паметен да не дозволи насилно отстранување на барикадите на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-se-nadevam-deka-kfor-kje-bide-dovolno-pameten-da-ne-dozvoli-nasilno-otstranuvanje-na-barikadite-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-se-nadevam-deka-kfor-kje-bide-dovolno-pameten-da-ne-dozvoli-nasilno-otstranuvanje-na-barikadite-na-kosovo/#respond Mon, 12 Dec 2022 08:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=774247

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека се надева оти ќе има „доволна интелигенција и одлучност“ во КФОР и ЕУЛЕКС да не дозволат насилно отстранување на барикадите на Косово. – Ние сме подготвени (Србија да испрати барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Косово) и Владата ќе одлучи за тоа во текот на неделата. Тоа (испраќањето на барањето) не ни падна на памет од очај, туку поради правните обрасци од Резолуцијата 1244, бидејќи очигледно нема доволно безбедносни капацитети, изјави министерот за белградски медиуми. Тој рече дека Србија ќе се обиде да направи се што може за да го зачува мирот и дека ќе бара политички договор, но дека за тоа е потребна волја од двете страни, односно и од Белград и од Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-se-nadevam-deka-kfor-kje-bide-dovolno-pameten-da-ne-dozvoli-nasilno-otstranuvanje-na-barikadite-na-kosovo/feed/ 0
Вучевиќ: Ситуацијата на Косово е тензична, доволно е едно чкорче за ескалација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-situacijata-na-kosovo-e-tenzichna-dovolno-e-edno-chkorche-za-eskalacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-situacijata-na-kosovo-e-tenzichna-dovolno-e-edno-chkorche-za-eskalacija/#respond Wed, 07 Dec 2022 13:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=772273

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека утринава немало инциденти на северот на Косово, но дека „атмосферата е напната и дека е доволно едно чкорче да се запали за да се отиде во непосакувана насока“, јави допсиникот на МИА од Белград. Вучевиќ за телевизијата Прва изјави дека „Приштина во текот на мандатот на Курти прави низа еднострани потези кои имаат за цел да не се почитуваат сите договори кои на некој начин биле постигнати“. -Тоа е јасна порака до Србите дека тие таму не се добредојдени, рече Вучевиќ. Во врска со информациите од косовските медиуми дека се слушнале експлозии при вчерашниот обид на членовите на општинските изборни комисии да влезат во општинските згради на северот на Косово поради организирање на предвремени локални избори бојкотирани од Српска листа, Вучевиќ рече дека тоа е „глупост“. Тој оцени дека врз Србите на северот на Косово се спроведува „многу организиран терор“ од страна на администрацијата на Албин Курти и дека целта на акциите што ги спроведуваат е „да се вознемират, исплашат и протераат Србите“. Во меѓувреме Владата на Србија донесе Регулатива со која ќе се овозможи продолжување на регистрацијата на моторните возила со српски ознаки на градовите од Косово. Станува збор за Уредба за посебните услови за важење на регистрацијата на моторните возила кои имаат регистерски ознаки на градови и општини на територијата на Косово, која од денеска стапува во сила. Како што соопшти Владата на Србија, со донесувањето на оваа регулатива, отсега па до натаму ќе им биде продолжена регистрацијата на сите возила со ознаки KM, PR, GL и на имињата на другите српски градови на територијата на Косово. -Овие возила како и досега ќе можат слободно да се движат во сообраќајот, со поседување на задолжително осигурување и доказ за технички преглед на возилото, не постар од една година. Владата ја донесе одлуката во согласност со прописите за регистрација на моторни возила на надлежните органи на Србија, како и постигнатиот договор во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина за спречување на ескалација на ситуацијата и продолжување на барањето за трајно решение на проблемот со регистарските таблички на моторните возила на подрачјето на АП Косово и Метохија, се наведува во одлуката на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-situacijata-na-kosovo-e-tenzichna-dovolno-e-edno-chkorche-za-eskalacija/feed/ 0
Српскиот министер за одбрана предупредува: Ситуацијата на Косово и понатаму е тензична https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-situacijata-na-kosovo-i-ponatamu-e-tenzichna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-situacijata-na-kosovo-i-ponatamu-e-tenzichna/#respond Sat, 26 Nov 2022 10:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=766836

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“. Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“. - Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори, изјави министерот за ТВ Пинк. Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-situacijata-na-kosovo-i-ponatamu-e-tenzichna/feed/ 0
Вучевиќ: Доколку Курти испрати полицајци во северно Косово ќе има несогледливи последици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-dokolku-kurti-isprati-policajci-vo-severno-kosovo-kje-ima-nesogledlivi-posledici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-dokolku-kurti-isprati-policajci-vo-severno-kosovo-kje-ima-nesogledlivi-posledici/#respond Thu, 10 Nov 2022 10:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=758487

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека обезбедувањето мир на Косово е „обврска на КФОР, а нивна процена е колку жива сила и оружје се потребни за тоа“, јави дописникот на МИА од Белград. -Гледаме на КФОР како фактор кој мора да ја заштити и гарантира безбедноста на сите граѓани во покраината. Посебно сега, по повлекувањето на Србите од институциите во покраината, да не му се дозволи на (Албин) Курти да испрати полицајци од албанска националност од југ да ги заменат српските полицајци. Тоа би бил пат со несогледливи последици, истакна Вучевиќ за „Вечерње новости“. Шефот на ЕУЛЕКС на Косово, Ларс Гунар Вигемарк, изјави дека „во моментов, седум земји-членки на Европска Унија се подготвени да придонесат и да се приклучат на патролите на ЕУЛЕКС во северниот дел на Косово.“ -Во саботата имавме средба со командантот на КФОР, министерот (Џељал) Свечља и вршителот на должноста директор на полицијата, изјави Вигемарк за Кљан Косова. Тој изјави и дека добил писмено барање од косовската полиција да продолжат да бидат на терен и да ја следат ситуацијата, особено во северниот дел на Косово. Вигемарк посочи дека пред два дена од Италија пристигнале 23 карабинери, а се очекуваат припадници на жандармеријата од најмалку уште две земји како дел од Европската полиција. -Минатата недела веќе додадовме сили на теренот, а вчера ја засиливме единицата, рече Вигемарк, наведувајќи дека ситуацијата на теренот моментално е мирна.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-dokolku-kurti-isprati-policajci-vo-severno-kosovo-kje-ima-nesogledlivi-posledici/feed/ 0
Вучевиќ: Србите ќе се вратат во косовските институции самo со почитување на Бриселскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor/#respond Tue, 08 Nov 2022 14:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=757485

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србите ќе се вратат во институциите на северот на Косово кога Приштина ќе почне да ги исполнува своите обврски и кога ќе почне да го почитува Бриселскиот договор, јави дописникот на МИА од Белград. -Србите ќе се вратат во институциите, ова не е трајно напуштање на институциите, ова е суспензија до спроведување на Бриселскиот договор и исполнување на обврските од страна на Приштина. Српската страна исполни се, а албанската не, нагласи Вучевиќ за ТВ Пинк. Тој оцени дека одлуката на Србите од северно Косово да ги напуштат полицијата, судството и администрацијата, собранието и владата е моментална и ќе трае до спроведувањето на Бриселскиот договор и исполнувањето на обврските од Приштина. Вучевиќ посочи дека ситуацијата на Косово е мирна, но големата тензија, предвидена со едностраните одлуки на Приштина, е загрижувачка и може да доведе до натамошна ескалација и нарушување на се што требаше да се уреди преку форматот на дијалогот. -Ситуацијата стана крајно деликатна по разрешувањето на Ненад Ѓуриќ, кој беше регионален полициски командант на северниот регион, и одлуката на Србите да ги напуштат сите институции на територијата на покраината, нагласи Вучевиќ. Тој смета дека Србите реагирале демократски и достоинствено, но дека тој чин бил изнуден од одлуките на Приштина и дека луѓето на Косово се загрижени и одговорни. -Ова не беше демонстрација на моќ на Србите, тоа беше принуден потег… Луѓето се загрижени, а од друга страна одговорни, народот на Косово е заглавен во ќош, а ова трае веќе 23 години, рече Вучевиќ. Коментирајќи ги повиците за „воздржаност“ од двете страни, Вучевиќ рече дека Белград е воздржан 10 години од кога е потпишан Бриселскиот договор и дека албанската страна не ги спроведува основните обврски од тој договор. -Европската унија прво треба да одговори дали Курти го поништи Бриселскиот договор, дали е можно Курти да е посилен од она што го гарантираше ЕУ, дали на овој начин ќе делегираме правни акти и договори, бидејќи тогаш се е беспредметно, и одиме во целосен ќорсокак, посочи Вучевиќ. Во однос на пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички, тој ја посочи состојбата на парадокс и смета дека српската страна е ставена во „невозможна“ ситуација. -Албанската страна ги укина статусно неутралните таблички и ја доведе српската заедница во невозможна ситуација, тие не можат да ги изберат табличките, немаат опција да имаат статусно неутрални таблички и се ставени пред свршен чин – или ќе имате табличките што ви ги наметнуваме или ќе ве уапсиме, ќе ве казниме, ќе ви ја земеме колата. Српските полицајци нема да го прават тоа, тие ги казнуваат сопствените граѓани, рече Вучевиќ и додаде дека Србија мора да им помогне на луѓето кои останале без работа со напуштање на институциите. Во однос на развојот на безбедносната ситуација, тој смета дека КФОР и ЕУЛЕКС мора да го компензираат недостатокот на Срби во институциите. -КФОР мора да го замени и компензира заминувањето или суспензијата на српските полицајци на северот на Косово, би било катастрофално Курти да ја испрати својата полиција на Косово. Не мислам дека КФОР ќе стане полиција, но многу е важно да се спроведат суштински безбедносни прашања за сите Срби на Косово, забележа Вучевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevikj-srbite-kje-se-vratat-vo-kosovskite-institucii-samo-so-pochituvanje-na-briselskiot-dogovor/feed/ 0