Милтиадис Варвициотис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Oct 2021 05:38:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Милтиадис Варвициотис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Варвициотис во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkiot-alternativen-minister-za-nadvoreshni-raboti-varviciotis-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkiot-alternativen-minister-za-nadvoreshni-raboti-varviciotis-vo-skopje/#respond Thu, 14 Oct 2021 05:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=578728

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре, ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, стои во соопштението. Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис денеска ќе имаат билатерална средба, по што ќе следат изјави за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkiot-alternativen-minister-za-nadvoreshni-raboti-varviciotis-vo-skopje/feed/ 0
Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-za-evropskata-perspektiva-na-sosednata-zemja-potrebno-e-ispolnuvanje-na-obvrskite-od-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-za-evropskata-perspektiva-na-sosednata-zemja-potrebno-e-ispolnuvanje-na-obvrskite-od-dogovorot-od-prespa/#respond Tue, 17 Sep 2019 07:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=241511

Исполнување на обврските од Договорот од Преспа, напуштање на секаков иредентистички елемент и почитување на владеењето на правото, се точките на кои, според грчкото МНР, се осврнал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, говорејќи за европската перспектива на нашата земја за време на состанокот на Советот за општи прашања во Брисел, jави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, на состанокот на кој главна тема била подготовката за Европскиот совет на 17 и 18 октомври, Варвициотис посебно се осврнал на спроведувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека за Грција да ја поддржи интегративната перспектива на северниот сосед, „услов од кој не се отстапува е веднаш да се исполнат обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорот, а се однесуваат на усогласеност со уставните промени што беа усвоени, целосно напуштање на било кој елемент на иредентизам и почитување на владеењето на правото“. -Во подготовките за следниот Европски совет, на агендата беа ставени одредени теми што многу се однесуваат на Грција. Првото е проширувањето со земјите од Западен Балкан и во однос на тоа побаравме нашите соседи да го почитуваат владеењето на правото, правилата на добрососедство и секако, да им служат на договорите што ги имаат потпишано, како што е Договорот од Преспа, рече Варвициотис по завршувањето на состанокот. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на проширувањето на унијата, истакнал дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но под поставените предуслови. Во однос на Албанија, рекол дека услов е земјата да ги исполни во целост петте приоритети поставени од унијата  и да даде особено значење на правата на грчкото национално малцинство. Во обраќањето на вчерашниот состанок, Варвициотис истакнал дека Грција го поддржува барањето на Кипар, на следниот Европски совет да се разгледа и прашањето со турските прекршувања и ескалацијата на нелегалните активности во Источниот Медитеран. -Го поставивме прашањето за турската провокација, како во однос на прекршувањата на суверенитетот на Кипар, така и за заканите со кои се соочува нашата земја во бегалското прашање. И, секако, ја поставивме и  побарувачката рамка преку која Грција доаѓа да бара дел од растот на Европа, во следната повеќегодишна финансиска рамка. Грција престана да биде земја која бара помош. Она што го бара е правото и можноста да се развие за да го постигне ритамот на развој и животниот стандард што го имаше пред кризата, рече Варвициотис по вчерашниот состанок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-za-evropskata-perspektiva-na-sosednata-zemja-potrebno-e-ispolnuvanje-na-obvrskite-od-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Варвициотис: Соседите да сфатат дека треба да го спроведат договорот во целост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-sosedite-da-sfatat-deka-treba-da-go-sprovedat-dogovorot-vo-celost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-sosedite-da-sfatat-deka-treba-da-go-sprovedat-dogovorot-vo-celost/#respond Fri, 30 Aug 2019 13:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=235099

За да започне европскиот тек, соседите ќе треба да сфатат дека ќе мора да го спроведат во целост договорот, а не „а ла карт” како што направија досега, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Реал фм”, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис го повторува ставот дека станува збор за лош договор, а „во рамките на европскиот тек на Скопје, Грција ќе се обиде да го подобри во корист на националните интереси”, нешто што според алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Атина ќе го направи „кога ќе почне европскиот тек на Скопје”. -Но, за да почне овој европски тек, соседите ќе треба да сфатат дека ќе треба да го спроведат во целост договорот, а не „ала карт” како што направија до сега, вели Варвициотис. Тој, за грчкото радио коментира дека „соседната земја сѐ уште не ги има завршено обврските што произлегуваат од договорот”. -Договорот од Преспа во оваа фаза предвидува дека од кај соседната земја ќе се елиминираат сите елементи што се поврзани со иредентизам, не само од правните текстови, туку и од сите учебници, второ ќе се елиминара терминот „македонски” од сите споменици, од сите кич споменици што постојат кај соседот. И секако сонцето од Вергина ќе биде тргнато од сите државни објекти, државни организации, државни симболи, организации на локалната самоуправа. Да бидеме искрени, ова, уште не е заршено. Тоа е обврска што ја презедоа соседите врз основа на Договорот од Преспа и не ја завршија, иако помина и соодветниот рок, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија. Во однос на писмата што си ги разменија со вицепремиерот, Варвициотис преку интервјуто му одговара на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос дека воопшто не станува збор за тајна дипломатија и објаснува што му одговорил на Бујар Османи. -Потенцирав дека е неопходно да се спроведе договорот од Преспа, еден договор постигнат од претходната влада за кој ние не се согласивме. Сметавме дека е договор што не одговараше на критериумите и на националните барања во врска со македонското прашање, но е договор што ја обврза земјата, тоа е договор кој колку и да не не прави среќни и со кој не се согласуваме, тоа е договор за кој Нова демократија никогаш не најави дека ќе го поништи, напротив, секогаш предупредуваше дека овој договор, штом се потпоише и штом се ратификува ќе донесе резултати, вели Варвициотис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-sosedite-da-sfatat-deka-treba-da-go-sprovedat-dogovorot-vo-celost/feed/ 0
Варвициотис: Атина ќе го следи секој чекор на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-atina-kje-go-sledi-sekoj-chekor-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-atina-kje-go-sledi-sekoj-chekor-na-skopje/#respond Sun, 04 Aug 2019 13:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=226289

Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека е во рамките што сме ги поставиле, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за неделното издание на весникот „Етнос“, jави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на прашање за европската перспектива на земјите од регионот, Варвициотис објаснува дека потребно е да се исполнат критериумите. – Грчката влада има цврст и позитивен став кон перспективата за проширување на Унијата кон поширокиот регион со земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, за нивна интеграција, сметаме дека е неопходно почитување на принципите на владеењето на правото и секако градењето на добрососедски односи. Ова значи усогласеност со воведените уставни измени и напуштање на било кој елемент на иредентизам. Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека се наоѓа во рамките што сме ги поставиле – вели Варвициотис. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Етнос“ ги споменува и трговските ознаки за производите, вели дека освен билатералниот институционален дијалог и меѓународната комисија на експерти, грчката Влада одбра дополнителна политичка и технократска димензија. – Од една страна, ги поставивме основите за спроведување на колку е можно пошироки активности за промовирање на „брендот“ на македонските производи, а од друга страна, целиот овој сплет ќе помине во Европската Унија, со главен критериум за европската интегративна перспектива на соседната земја – објаснува Варвициотис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/varviciotis-atina-kje-go-sledi-sekoj-chekor-na-skopje/feed/ 0