минатата година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jul 2020 10:02:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png минатата година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Рајанер“ има 95 отсто помали приходи во однос на минатата година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-ima-95-otsto-pomali-prihodi-vo-odnos-na-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-ima-95-otsto-pomali-prihodi-vo-odnos-na-minatata-godina/#respond Mon, 27 Jul 2020 10:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=381962

Нискобиџетниот ирски авиопревозник „Рајанер“ денеска соопшти за својата прва загуба во текот на првиот квартал од оваа фискална година, за која смета дека е „најпредизвикувачка во 35-годишната историја на компанијата“, како резултат на последиците од пандемијата на коронавирус. Нето загубата на компанијата, во периодот од април до јуни, изнесува 185 милиони евра, во однос на нето добивката од 243 милиони евра во истиот период лани. Приходите се опаднати за 95 проценти, на 125 милиони евра, во кварталот кој заврши на 30 јуни. Мерките за заштеда на трошоците не може да ја компензираат загубата на приходите. Пред една година приходите беа 2,31 милијарди евра. Компанијата соопшти дека поради забраните за патувања наметнати ширум Европа поради пандемијата, од средината на март до крајот на јуни речиси целата нејзина флота беше приземјена. „Рајанер“ превезе само 500.000 патници за разлика од 41,5 милиони во истиот период минатата година. Од 1 јули авиопревозаникот продолжи со летовите на голем број нејзини рути и очекува побарувачката бавно да расте во следните месеци. Постојат надежи дека до септември ќе достигне 70 проценти од нормалниот сообраќај. Ирската авиокомпанија очекува „многу предизвикувачка година“ и во моментнов е најисплашена од можниот втор бран на ширење на Ковид-19 низ Европа кон крајот на есента, кога ќе почне и сезоната на грипови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rajaner-ima-95-otsto-pomali-prihodi-vo-odnos-na-minatata-godina/feed/ 0
Лани регистрирани 955 дивоградби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-955-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-955-divogradbi/#respond Mon, 24 Jun 2019 12:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=212379

Во текот на минатата година во земјава се регистрирани 955 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел се во приватна сопственост, објави Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување или 26,1 отсто, 133 доградби, надградби и адаптации или 13,9  отсто, 113 деловни објекти или 11,9 отсто, 78 гаражи или 8,2 отсто, 134 огради или 14 отсто, 6 скалила или 0,6 отсто, 15 тераси  или 1,6 отсто, 28 летни тераси или 2,9 отсто, 95 настрешници 9,9 отсто, 13 времени објекти или 1,4 отсто и 91 помошен објект или 9,5 отсто. Најголем број бесправно изградени објекти, односно 98,1 отсто се во приватна сопственост. Најмногу или 226 се изградени во Скопје, а од скопските општини најмногу дивогради 71 се регистрирани во Центар. Во Куманово се регистрирани 78, Штип 70, Липково 68, Струмица 56, Охрид 50…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-registrirani-955-divogradbi/feed/ 0