Минеаполис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 16:42:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Минеаполис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерството за правда на САД ја истражува полицијата во Минеаполис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-pravda-na-sad-ja-istrazuva-policijata-vo-mineapolis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-pravda-na-sad-ja-istrazuva-policijata-vo-mineapolis/#respond Wed, 21 Apr 2021 16:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=500462

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека Министерството за правда на САД ќе започне истрага за полицијата во Минеаполис, објавија американски медиуми. Проверката ќе ги опфати полициските практики – од прекумерна употреба на сила до дискриминација на лица со здравствени проблеми. Истрагата е објавена откако поротата одлучи да го осуди поранешниот полицаец Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд. На прес-конференција, Гарланд истакна дека истрагата ќе процени дали полицијата во Минеаполис е поврзана со модел или практика на прекумерна употреба на сила, вклучително и за време на протести. Претходно, Гарланд вети дека борбата против полициското самоволие ќе биде приоритет. Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени одлуката на поротата како „огромен чекор“ кон правдата во САД. Претходно, Министерството за правда објави истрага во која ќе се процени дали оние кои се вмешани во смртта на Флојд ги повредиле неговите граѓански права. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvoto-za-pravda-na-sad-ja-istrazuva-policijata-vo-mineapolis/feed/ 0
Одложен изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozen-izborot-na-porota-vo-sluchajot-na-poraneshniot-policaec-vo-mineapolis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozen-izborot-na-porota-vo-sluchajot-na-poraneshniot-policaec-vo-mineapolis/#respond Tue, 09 Mar 2021 06:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=479274

Американски судија го одложи изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис, обвинет за убиството на Џорџ Флојд, во мај минатата година. До одложувањето дојде затоа што судијата чекаше одлука од Апелацискиот суд за тоа дали може да се додаде ново обвинение за убиство. Додека стотици демонстранти се собраа пред судницата да побараат пресуда за Дерек Шовин, судијата Питер Кејхил рече дека нема надлежност да одлучува дали треба да се повлече обвинението за убиство од трет степен. Тој исто така рече дека аргументите на обвинителите дека тоа ќе влијае на целиот случај се „послаби“. Кејхил планираше да го продолжи судењето и првично донесе одлука изборот на поротата да започне според предвиденото. Но, откако обвинителите поднесоа предлог до Апелацискиот суд да го запре случајот, судијата ги испрати дома потенцијалните поротници на еден ден. Дерек Шовин се соочува со обвиненија за убиство затоа што повеќе од седум минути клечеше на вратот на Флојд, објави Би-Би-Си. Шовин е обвинет за ненамерно убиство и убиство од втор степен Максималната казна со која се соочува е 40 години затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozen-izborot-na-porota-vo-sluchajot-na-poraneshniot-policaec-vo-mineapolis/feed/ 0
Илјадници присутни на комеморацијата на Џорџ Флојд во Минеаполис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-prisutni-na-komemoracijata-na-dzordz-flojd-vo-mineapolis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-prisutni-na-komemoracijata-na-dzordz-flojd-vo-mineapolis/#respond Fri, 05 Jun 2020 06:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=354026

Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот. Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, времето колку што офицерот Дерек Шовин го држел коленото на вратот на жртвата. Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј, на почетокот на комеморацијата се појави на комеморацијата, клекнајќи и плачејќи крај ковчегот на Џорџ Флојд. Телото на Џорџ Флојд е положено во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, зад присутните беше поставен мурал со неговиот лик, пренесува „Гардијан“. Свештеникот Ал Шерптон, кој ја водеше молитвата, кажа дека САД никогаш не биле „големи“ за црнците. -Зборуваме за голема Америка. Голема за кого? Ние за првпат ќе ја направиме Америка голема за секого. Никогаш не беше голема за црнците. Никогаш не беше голема за Хиспаносите. Никогаш не беше голема за другите. Ниту за жените, рече Шерптон, пренесен од Си-Ен-Ен. Тој, исто така, кажа дека САД се на крстосница и дека верува повеќе од кога и било претходно дека работите во земјата ќе се променат и дека приказната за Џорџ Флојд е приказна за црнците. „Вече 401 години причината што не можеме да бидеме што сакаме и сонуваме е дека клекнувате на нашиот врат. Време е да застанеме во името на Џорџ и да речеме – Тргнете го коленото од нашиот врат!“ На комеморативната служба присуствуваа и свештеникот Џеси Jексон, сенаторката Ејми Клобучар и членовите на Конгрес, меѓу кои и добро познатите Тами Гибсон, Кевин Харт, Тифани Хедис и други. Адвокатот на семејството Флојд, Бенџамин Крамп изјави дека не сакаат два правосудни системи во САД, еден за црнците и еден за белците. -Џорџ Флојд не го уби пандемијата на коронавирусот. Другата пандемија ,што многу добро ја знаеме во САД, го уби Џорџ Флојд, пандемијата на расизамот и дискриминација, рече Крамп. Комеморацијата во Минеаполис е прва во низата, бидејќи комеморативните собири ќе се одржат во уште во два града во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-prisutni-na-komemoracijata-na-dzordz-flojd-vo-mineapolis/feed/ 0
Судири меѓу полиција и демонстранти во Минеаполис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-policija-i-demonstranti-vo-mineapolis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-policija-i-demonstranti-vo-mineapolis/#respond Thu, 28 May 2020 09:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=350955

Полиција и демонстранти во Минеаполис се судрија втора вечер по ред за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот при полициско приведување. Дел од полицијата, која беше распоредена на покриви, употреби солзавец, пластични куршуми и димни бомби за да ги растера демонстрантите, кои ја гаѓаа полицијата со камења, шишиња со вода и други предмети. Протестите започнаа неколку часа откако градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј го повика обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој на видео снимка се гледа како со колено е потпрен на вратот на Флојд, кој се пожалил дека не може да дише и починал во полициски притвор. Претседателот на САД, Доналд Трамп напиша на Твитер дека го повикал Федералното истражно биро (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-policija-i-demonstranti-vo-mineapolis/feed/ 0