Минхенска безбедносна конференција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 06:55:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Минхенска безбедносна конференција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски, Шолц и Макрон ќе ја отворат Минхенската безбедносна конференција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sholts-i-makron-ke-ja-otvorat-minhenskata-bezbednosna-konferentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sholts-i-makron-ke-ja-otvorat-minhenskata-bezbednosna-konferentsija/#respond Fri, 17 Feb 2023 06:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=801557

Денеска почнува Минхенската безбедносна конференција со воведно видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со говори на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Годишниот собир на високо ниво, кој се одржува во Баварија, јужна Германија, на кој се дискутира за клучните прашања за одбраната, е домаќин на претставници од 96 земји, јави ДПА. Главниот фокус на конференцијата оваа година е руската војна против Украина, која се ближи до својата прва годишнина на 24 февруари. За прв пат по повеќе од 20 години, руското раководство не е покането. Кристоф Хојсген, поранешен советник за надворешна политика на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, првпат оваа година претседава со конференцијата. Одлуката да не ја покани руската делегација ја оправда со тоа што не сака да им даде форум на рускиот претседател Владимир Путин и неговата влада за нивната пропаганда. За разлика од претходните години, иранските лидери и претставниците на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија исто така се исклучени од конференцијата. Меѓу учесниците има 40 шефови на држави и влади и речиси 100 министри. Меѓу високите функционери кои ќе одржат говор денеска се и највисокиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји и американската потпретседателка Камала Харис. Во моментов има високи тензии меѓу САД и Кина, откако САД соборија кинески балон над американскиот воздушен простор минатата недела. Според ДПА, Шолц треба да разговара со Макрон и за српско-косовскиот конфликт. Подоцна, двајцата треба да се сретнат со полскиот претседател Анджеј Дуда, во формат на дискусија стар 30 години познат како Вајмарски триаголник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sholts-i-makron-ke-ja-otvorat-minhenskata-bezbednosna-konferentsija/feed/ 0
Украинската криза ќе биде главна тема на Минхенската безбедносна конференција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-bide-glavna-tema-na-minhenskata-bezbednosna-konferencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-bide-glavna-tema-na-minhenskata-bezbednosna-konferencija/#respond Fri, 18 Feb 2022 11:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=633103

Германскиот град Минхен од денеска ќе биде центар на напорите на западните сили да ја координираат својата стратегија за украинската криза, каде светските лидери ќе учествуваат на тридневната Минхенска безбедносна конференција (МСЦ). Освен говорите на американската потпретседателка Камала Харис, германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери, на форумот од висок профил, на маргините ќе се одржат и голем број состаноци на кои ќе се разговара за тензиите на украинските граници, јави германската агенција ДПА. Харис – во редок настап на голем меѓународен настан – денеска треба да има средба со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, како и разговори со балтичките лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски и Шолц. Министрите за надворешни работи од Групата седум индустриски најразвиени земји утре ќе се сретнат на маргините на конференцијата, а на средбата ќе учествува и американскиот државен секретар Антони Блинкен. Германија во моментов претседава со групата. Русија не испрати официјална делегација на собирот во Минхен, првпат по неколку години, потсетува ДПА. Зголемувањето на бројот на руските војници на украинската граница и во соседна Белорусија, и барањата на Кремљ НАТО да не ја зачленува Украина во својот воен сојуз, доведоа до наплив на дипломатски активности за да се избегне целосен конфликт. Русија негира планови за инвазија на Украина, а претседателот Владимир Путин за време на посетата на Шолц на Москва во вторникот рече дека не сака војна во Европа. Сепак, најавите на Русија за повлекување на војската досега не се рефлектираа со големи промени на теренот. Конференцијата, која се одржува во нејзиното традиционално место во хотелот Бајеришер Хоф во центарот на Минхен, ќе биде отворена денеска попладне од страна на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Дискусиите за Украина, Русија и НАТО се очекува да доминираат во текот на утрешниот ден, додека неделата ќе биде посветена на иднината на Европската унија. На самата конференција ќе присуствуваат повеќе од 100 министри и повеќе од 30 шефови на држави или влади. Минатата година конференцијата се одржа виртуелно поради пандемијата на коронавирус. Годинава се одржува со физичко присуство, но во помал обем и под строги хигиенски мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-bide-glavna-tema-na-minhenskata-bezbednosna-konferencija/feed/ 0