минибус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png минибус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Запленет албански минибус во кој е откриен бункер за криење стока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=877903

Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде минибус со албански регистарски таблички во кој се откриени специјални бункери наменети за криење стока. Како што информираат од Царинската управа, случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот. По поднесена пријава до надлежниот суд, донесена е одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон. -Специјални бункери во вентилацискиот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана - Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат, биле покриени со тапацир, соопшти Царинската управа. Ова, како што велат, е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/feed/ 0
Трагедија во Индија: Преполн училишен минибус падна од карпа – најмалку 11 луѓе загинаа, сите останати се во критична состојба (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-indija-prepoln-uchilishen-minibus-padna-od-karpa-najmalku-11-lugje-zaginaa-site-ostanati-se-vo-kritichna-sostojba-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-indija-prepoln-uchilishen-minibus-padna-od-karpa-najmalku-11-lugje-zaginaa-site-ostanati-se-vo-kritichna-sostojba-foto/#respond Wed, 14 Sep 2022 12:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=732643

Единаесет лица загинаа, а 29 се повредени, откако преполн училишен минибус падна од карпа во северниот дел на Индија. За време на несреќата во минибусот се возеле речиси 40 луѓе. Девет лица загинале на лице место, а две им подлегнале на повредите подоцна во болница. Официјални лица информираа дека 29 луѓе се во критична состојба, вклучувајќи шестмина кои со хеликоптер се префрлени во болница во Џаму. Заменик гувернерот Маној Синха на Твитер напиша дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра). (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-indija-prepoln-uchilishen-minibus-padna-od-karpa-najmalku-11-lugje-zaginaa-site-ostanati-se-vo-kritichna-sostojba-foto/feed/ 0
Пар од Англија со хуман гест – купиле минибус за превоз на украински бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/par-od-anglija-so-human-gest-kupile-minibus-za-prevoz-na-ukrainski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/par-od-anglija-so-human-gest-kupile-minibus-za-prevoz-na-ukrainski-begalci/#respond Fri, 25 Mar 2022 09:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=653133

Двојка од Бристол, Англија, одлучи да им помогне на украинските бегалци, па купиле минибус со девет седишта за превоз на луѓе од Украина до Велика Британија. Тие ќе им помагаат на оние кои ги имаат потребните документи, да влезат во земјата. Пол Хејвуд е поранешен јавен службеник, а Ема е возачка на камион. Таа има искуство со возење на долги релации во неколку земји. Инаку, нивни пријател им дал 5.000 фунти (6.000 евра) за да го купат минибусот и 500 фунти за гориво. За да заштедат пари, за време на патувањето спиеле во возилото, меѓу помошта што ја превезувале. – Минавме многу студена ноќ во Германија, сведочи Ема. Имаат контакти и во Полска. Нивна пријателка од Бристол, која има украинско потекло, се надева дека тие ќе можат да ги превезат и нејзината мајка и сестри, а меѓу другото, и да помогнат околу патните исправи. – Се трудиме да не бидеме премногу нервозни. Во мигов го третираме ова како патување, бидејќи тоа го правиме постојано. Гледавме вести и сфативме дека можеме да даруваме пари, но тоа нема да направи голема разлика, рече Ема. Таа вели дека се свесни за предизвиците што ги чекаат на нивниот пат кон земјата разурната од војна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/par-od-anglija-so-human-gest-kupile-minibus-za-prevoz-na-ukrainski-begalci/feed/ 0
ФОТО: 12 загинати и 20 повредени, страшни сцени од тешка сообраќајка во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-12-zaginati-i-20-povredeni-strashni-sceni-od-teshka-soobrakjajka-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-12-zaginati-i-20-povredeni-strashni-sceni-od-teshka-soobrakjajka-vo-turcija/#respond Sun, 11 Jul 2021 10:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=535012

Во сообраќајна несреќа во Турција, минибус се преврте и се запали при што загинаа 12 лица, а повредени се 20. Минибусот кој превезувал мигранти се превртел во источна Турција додека патувал навечер. Телевизиите пренесувале снимки од мигрантите на кои им била пружана медицинска помош покрај патот, додека останатите спасувачки екипи ги пребарувале остатоците од минибусот. Мигрантите најголем дел од Иран, Авганистан и Пакистан редовно ја преминуваат иранската граница во Турција пешки пред да најдат превоз до Истанбул и Анкара. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-12-zaginati-i-20-povredeni-strashni-sceni-od-teshka-soobrakjajka-vo-turcija/feed/ 0
ФОТО: Пожарникарите три часа ја сечеле каросеријата од возилото за да го извлечат возачот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pozarnikarite-tri-chasa-ja-sechele-karoserijata-od-voziloto-za-da-go-izvlechat-vozachot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pozarnikarite-tri-chasa-ja-sechele-karoserijata-od-voziloto-za-da-go-izvlechat-vozachot/#respond Mon, 08 Apr 2019 08:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=183779

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница, објавува МКД.мк
Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајот се одвива наизменично по една лента.

Припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.

Увидот на самото место е во тек.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-pozarnikarite-tri-chasa-ja-sechele-karoserijata-od-voziloto-za-da-go-izvlechat-vozachot/feed/ 0