министер за локална самоуправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Oct 2022 10:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министер за локална самоуправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risto-penov-e-noviot-minister-za-lokalna-samouprava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risto-penov-e-noviot-minister-za-lokalna-samouprava/#respond Fri, 28 Oct 2022 10:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=751743

Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“. – Можеби Ристо Пенов бил некогаш подобро запознаен со предизвиците на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат општините, но има градоначалници во овој момент кои се соочуваат со актуелните проблеми и знаат што е најсериозно потребно за локалната самоуправа да се развива. Курто Дудуш е од ЛДП кандидат и нејасно е зошто ЛДП нема доверба тој да е министер за локална самоуправа. Курто Дудуш најверојатно не е пожелен ни во ЛДП, ни во Владата да ги застапува интересите на локалната самоуправа, рече Милошоски. Мојата препорака до премиерот и до Ристо Пенов, како што рече, е „да се охрабрат и да им овозможат на граѓаните да изберат премиер, министер за локална самоуправа, за економија, за здравство и се друго, луѓе на кои ќе им веруваат, бидејќи очигледно е дека овој тим остварува само неуспеси“. Пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ верува дека Пенов ќе биде на „познат терен“ во ресорот локална самоуправа и на тоа според неа може да се гледа како позитивен развој на настаните. – Метрополата се најде во клинч меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кое ја донесе на тоа место. За жал, поради неуспешниот партиски пазар стана јасно дека Скопје ќе се гуши во ѓубре, ниту едно дрво нема да биде засадено, јавниот сообраќај ќе остане нерешен, греењето и осветлувањата Владата ќе ги решава, а Данела и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја шират војната и во останатите општини во Градот Скопје. Од тие причини, уште повеќе го поддржувам предлогот Ристо Пенов да биде избран за министер и се согласувам со очекувањата на премиерот дека треба и врувам дека тој ќе демонстрира посветеност, работа, чесен пристап кон граѓаните и државата. Знам дека и колегите од опозицијата го делат ова мислење за Пенов без разлика на овој перформанс наменет исклучиво за нивното гласачко тело, рече Шкријељ. Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова вели дека Ристо Пенов е еден од ретките политичари за кој сеќавањата во јавноста се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и на искуство. – Не е човек кој само приватизирал, туку човек што ги средил состојбите во градот Скопје. Пенов е татко на функционалноста на Скопје, новата автобуска станица, стазата на кејот, модернизација на скопскиот плоштад и ред други проекти за кои може да сведочат граѓаните, рече Зајкова. Пратениците продолжија со втората точка на дневен ред, односно изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На седницата на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risto-penov-e-noviot-minister-za-lokalna-samouprava/feed/ 0
Изборот на Пенов за министер пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-penov-za-minister-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-penov-za-minister-pred-pratenicite/#respond Tue, 25 Oct 2022 05:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=750008

Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако неговиот сопартијец и претходник Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.
На дневен ред на 88. пленарна седница е изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за, како што побара претседателката на Комисијата за прашања на изборите на именувањата Марија Георгиевска со допис до претседателот на Собранието Талат Џафери, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. Со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, поради тоа што Џафери на конференција во Загреб треба да го прими одликувањето што со указ му беше доделено од украинскиот претседател Володимир Зеленски и да има свое обраќање. На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-penov-za-minister-pred-pratenicite/feed/ 0
Изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа денеска пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-risto-penov-za-minister-za-lokalna-samouprava-deneska-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-risto-penov-za-minister-za-lokalna-samouprava-deneska-pred-pratenicite/#respond Tue, 18 Oct 2022 05:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=746806

Собранието денеска треба да ја продолжи 88. седница, на која пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самуправа. Пенов е предложен за ова министерско место откако досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини. Оставката на Милевски беше констатирана на вчерашната пленарна седница. На денешното продолжение на 88. пленарна седница, пратениците меѓу другото ќе дискутираат и за предлозите за избор на судии на Уставниот суд, како и за Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Пратениците вчера едногласно дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозицијата. Од присутните 84 пратеници, сите гласаа „за“. Немаше ниту еден против или воздржан. Собранието, исто така едногласно, со вкупно 76 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, поднесен од пратеници од владејачките партии.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-risto-penov-za-minister-za-lokalna-samouprava-deneska-pred-pratenicite/feed/ 0
Се уште не е закажана седница за избор на Пенов за министер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-zakazana-sednica-za-izbor-na-penov-za-minister/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-zakazana-sednica-za-izbor-na-penov-za-minister/#respond Wed, 12 Oct 2022 08:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=744087

Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи пленараната собраниска седница за негов избор. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на оваа позиција откако досегашниот министер Горан Милевски од лични причини поднесе оставка. Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности. Засега официјално на веб страната на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура. Нова собраниска седница Џафери од поодамна има закажано за 17 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-zakazana-sednica-za-izbor-na-penov-za-minister/feed/ 0
Номинацијата на Ристо Пенов за министер денеска пристигнува во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/#respond Mon, 10 Oct 2022 05:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=743253

Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. Претходно Ковачевски изјави дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав. -Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/feed/ 0