министер за надворешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jun 2022 07:02:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министер за надворешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лапид: Нема да чекам на изборите, веднаш ќе се зафатам со проблемите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lapid-nema-da-chekam-na-izborite-vednash-kje-se-zafatam-so-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lapid-nema-da-chekam-na-izborite-vednash-kje-se-zafatam-so-problemite/#respond Tue, 21 Jun 2022 07:02:18 +0000 https://kurir.mk/?p=693495

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека нема да чека нови избори за да се справи со бројните предизвици и дека ќе се соочи со нив веднаш штом ќе ја преземе функцијата привремен премиер од актуелниот премиер Нафтали Бенет. -Треба да се справиме со трошоците за живот, да водиме кампања против Иран, Хамас и Хезболах и да се спротивставиме на силите кои се закануваат да го претворат Израел во недемократска земја, рече Лапид. Претходно, израелската Влада потврди дека ќе го распушти парламентот и ќе се подготви за нови избори по неколкунеделниот засилен притисок врз кревката владејачка коалиција на Бенет. Претходно британските медиуми јавија дека неименуван израелски функционер изјавил дека Бенет и Лапид се договориле за распуштање на парламентот и дека Лапид во меѓувреме ќе ја преземе функцијата премиер. Следната недела ќе се одржи гласање во парламентот, по што Лапид ќе ја преземе премиерската функција, рече претставникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lapid-nema-da-chekam-na-izborite-vednash-kje-se-zafatam-so-problemite/feed/ 0
Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-litvanija-gabrielius-landsbergis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-litvanija-gabrielius-landsbergis/#respond Tue, 03 May 2022 13:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=671165

Претседателот Стево Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, кој денеска престојува во работна посета на Македонија. Соговорниците се осврнаа на блиската билатерална соработка која преку Вилнус групата датира од 2000-та година, како платформа за поддршка на процесот на пристапување кон НАТО врз основа на принципот на солидарност, што се заокружи со влезот на Македонија во Алијансата. Во контекст на заокружување на стратешките цели, на средбата се разговараше и за македонското европско досие, за конечно отпочнување на пристапните преговори со ЕУ - процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на нашиот регион, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот. Претседателот Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка од Литванија како земја членка на групата „Пријатели на проширувањето“ и изрази надеж дека континуираната заложба од литванска страна ќе биде целосно реализирана преку интегрирање на Македонија во Европската Унија, заедничка цел којашто треба да се постигне исклучиво преку мериторен систем низ призмата на европските вредности. Во однос на актуелните геополитички околности и безбедносните импликации предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, претседателот Пендаровски истакна дека Македонија ќе продолжи да демонстрира силна солидарност со Украина и ќе ја продолжи соработката со сојузниците и партнерите во рамките на НАТО и ОБСЕ. Македонија, потенцираше претседателот, се приклучи на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и напорите за организирање ефективна хуманитарна помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, и е подготвена да прифати бегалци од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-litvanija-gabrielius-landsbergis/feed/ 0