Министер за правда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 14:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Министер за правда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов белгиски министер за правда Пол ван Тихелт положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/#respond Mon, 23 Oct 2023 14:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892226

Пол ван Тихелт денеска пред белгискиот крал Филип положи заклетва како нов вицепремиер и министер за правда и Северното Море на Белгија. По полагањето на заклетвата, Ван Тихелт изјави дека ќе побара истрага, одговори и решенија за нападот во Брисел од минатиот понеделник при кој мигрантот по потекло од Тунис, Абдесалем Ласавед уби двајца шведски државјани и рани трет. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Ван Тихелт истакна дека ќе работи на спроведување на новиот Акциски план за полицијата и судството, што во саботата го презентираше белгискиот премиер Александер де Кро и дека има намера да постигне резултати. Ван Тихелт, кој доаѓа од редовите на партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на премиерот Де Кро, го наследи Винсент ван Кикенборн, кој поднесе оставка откако беше обелоденето дека биле направени сериозни пропусти поврзани со барањето на туниските власти за екстрадиција на Ласавед, кој избегал од затвор во Тунис за време на „арапската пролет“ во 2011 година. Ласавед, кој претходно бил во затвор и во Шведска, поднел барање за азил во Белгија, но иако тоа му било одбиено пред три години, тој не бил депортиран од земјата. Досега 50-годишниот Ван Тихелт беше заменик шеф на Кабинетот на Ван Квикенборн и важеше за негова десна рака. Од 2016 до 2020 година тој раководел со Координативната единица за анализа на закани (ОЦАД), во чиј мандат се случија нападите на бриселскиот аеродром и метро станицата Малбек во Брисел во март 2016. Пред тоа работел и во кабинетот на министерот за внатрешни работи, како и во Јавното обвинителство во Антверпен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/feed/ 0
Десислава Ахладова е новиот министер за правда во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/desislava-ahladova-e-noviot-minister-za-pravda-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/desislava-ahladova-e-noviot-minister-za-pravda-vo-bugarija/#respond Thu, 03 Sep 2020 13:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=398744

Бугарскиот Парламентот гласаше за оставка на министерот за правда Данаил Кирилов и го одобри предлогот функцијата да ја врши неговата сегашна заменичка Десислава Ахладова, јави БГНЕС. Кирилов најави дека ќе се повлече од функцијата на 26 август по разговорите со премиерот Бојко Борисов. Кандидатурата на Ахладова ја претстави вицепремиерката Екатерина Захариева, а веднаш по гласањето, новата министерка положи заклетва од собраниската говорница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/desislava-ahladova-e-noviot-minister-za-pravda-vo-bugarija/feed/ 0
Бугарскиот министер за правда Данаил Кирилов поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-pravda-danail-kirilov-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-pravda-danail-kirilov-podnese-ostavka/#respond Wed, 26 Aug 2020 14:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=395702

Бугарскиот министер за правда, Данаил Кирилов, поради критиките упатени до него преку социјалните мрежи, одлучи да поднесе оставка по разговор со премиерот Бојко Борисов. Премиерот на Бугарија ќе донесе одлука дали ќе ја прифати оставката на Кирилов по разговорите со партнерите во владејачката коалиција. Доколку владејачката коалиција ја прифати оставката на Данаил Кирилов, за неа ќе мора да се изјаснат пратениците во собранието, кое повторно ќе биде свикано на 2 септември, по летната пауза. Кирилов беше избран за министер за правда во март 2019 година, откако неговата претходничка Сека Цачева поднесе оставка, поради обвиненија дека наводно купила луксузен стан по ниска цена. Ако неговата оставка биде прифатена, Кирилов ќе биде петтиот министер што ќе ја напушти Владата откако почнаа антивладините протести во јули. Од почетокот на протестите, оставки поднесоа бугарскиот министер за финансии, економија, туризам и внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-pravda-danail-kirilov-podnese-ostavka/feed/ 0
Гок: Ако Џонсон стане премиер, јас заминувам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gok-ako-dzonson-stane-premier-jas-zaminuvam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gok-ako-dzonson-stane-premier-jas-zaminuvam/#respond Sun, 21 Jul 2019 07:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=220612

Британскиот министер за правда Дејвид Гок изјави дека в среда ќе поднесе оставка доколку Борис Џонсон победи на внатрепартиските избори во Конзервативната партија и стане нов премиер на Велика Британија. Гок, која ја извршува оваа функција од јуни 2016 година кога премиер стана Тереза Меј, порача оти не може да продолжи да работи во влада на Џонсон, поранешен шеф на британската дипломатија, доколку тој побара Брегзит без договор со ЕУ. Според него, таквиот потег на Лондон ќе води кон национално „понижување“. – Имајќи предвид дека бев во кабинетот откако Тереза Меј дојде на власт, сметам дека е одговорно од мене да поднесам оставка како и таа, истакна Гок. Трката за нов лидер на ториевците влегува во последните 48 часа, гласањето е утре, резултатите ќе бидат соопштени во вторник, а противник на Џонсон е актуелниот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gok-ako-dzonson-stane-premier-jas-zaminuvam/feed/ 0
Две полни ленти не се важи ако си министер за правда? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-polni-lenti-ne-se-vazi-ako-si-minister-za-pravda-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-polni-lenti-ne-se-vazi-ako-si-minister-za-pravda-foto/#respond Wed, 10 Jan 2018 12:05:44 +0000 http://kurir.mk/?p=8875

Откако пред дваесетина дена службеното возило на министерот за правда беше непрописно паркирано на тротоар пред зградата на министерството, денеска било фотографирано како прави сообраќаен прекршок, минува преку две полни ленти. На фотографиите кои се поставени на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, може јасно да се види како возилото со вклучен трепкач тргнува, врти и влегува во спротивната лента. За посетување, истиот службен „Пасат“ на министерот беше паркиран на самиот тротоар, по што од Град Скопје монтираше столпчиња за возилата да не можат да се качуваат на тротоарот, а министерот вети дека повеќе нема да го паркира возилото на тротоар. За волја на вистината, не вети ништо околу правењето сообраќајни прекршоци… ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-polni-lenti-ne-se-vazi-ako-si-minister-za-pravda-foto/feed/ 0