министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 12:44:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За корупција осудени поранешен албански министер и екс пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:44:54 +0000 https://kurir.mk/?p=881556

Судот за организиран криминал и корупција во Тирана му изрече казна затвор на поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока во врска со обвинувањата за инсинераторот во Фиер, односно за договорот за концесија за изградба на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија. Поранешниот министер е осуден на 10 години затвор, но поради согласноста за скратен судски процес казната е намалена на 6 години и 8 месеци затвор. Исто така донесена е одлука да се заплени имотот на Кока, поточно „ објект за продажба на алкохолни пијалаци Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ во Драч, во вредност од 442.972 леки, како еквивалентен имот со дел од износот за кој се товари во казниво дело. Според обвинението Кока ги извршил кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, извршено во соработка“, „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“ и „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, истрагата за инсинераторот во Фиер ја финализирана во декември 2022 година. Кока на функцијата министер за животна средина беше во периодот 2013-2017 од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), сега Патија на слободата на Илир Мета и беше дел од владината коалиција со социјалистите, а од 2017 до 2021 пратеник од редовите на Социјалистичката партија. Во исто време Судот му изрече казна од 4 години на поранешниот социјалистички пратеник, Алќи Блако, кој со скратен судски процес во затвор ќе остане 2 години и 8 месеци, додека Клодијан Зото, главниот акционер на концесионерот на оваа печка е осуден на 12 години затвор, односно во ќелија ќе остане 8 години. Кока и Блако по издржувањето на казната имаат забрана да се занимаваат со полтика во период од пет години. Во меѓувреме, Специјалниот суд одлучи да ослободи три лица прогласувајќи ги за невини по покренатите обвиненија, додека условно се осудени уште шест лица. СПАК вели дека за овој инсинератор биле исплатени четири милиони евра, за работа која не била извршена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/feed/ 0
Извршено примопредавање на функцијата министер за информатичко општество и администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/#respond Tue, 28 Feb 2023 11:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=806001

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска се изврши примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу. Како што информираат од МИОА, во срдечна атмосфера, двајцата си посакале многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот. Новиот министер Алиу истакна дека силно верува оти со многу работа, упорност и одговорност, може да се постигнат резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани -Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како што се дигитализација, сајбер безбедност и развој на информациски и комуникациски технологии, кои заедно со новите проекти што ги подготвуваме со мојот тим, очекуваме значајно да влијаат на подобрување и позитивна трансформација на целокупниот ИКТ еко-систем во Република Северна Македонија. Силно верувам дека со многу работа, упорност и одговорност, можеме да постигнеме резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани, рече Алиу. Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор, реализирајќи над 100 различни проекти во области како дигитална трансформација, развој на стартап екосистеми, вештачка интелигенција и машинско учење. На должноста министер доаѓа од позиција на универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на факултетот за Компјутерски науки и технологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheno-primopredavane-na-funktsijata-minister-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/feed/ 0
Расте бројот на жртви: Ова се украинскиот министер и соработниците кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај Киев (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvi-ova-se-ukrainskiot-minister-i-sorabotnitsite-koi-zaginaa-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-kiev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvi-ova-se-ukrainskiot-minister-i-sorabotnitsite-koi-zaginaa-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-kiev-foto/#respond Wed, 18 Jan 2023 09:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=788805

Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна во близина на градинка во источното предградие на главниот град Киев. Покрај министерот Денис Монастирски, загинаа и неговиот заменик Евген Јењих и државниот секретар Јуриј Лубковиќ. Меѓу жртвите има три деца, а уште 10 од нив се во болница. Началникот на националната полиција Игор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската државна служба за вонредни состојби. По падот, во близина на градинката избувнал пожар, а децата и вработените биле евакуирани од зградата. Остатоците од хеликоптерот биле видливи пред запалената зграда. Во моментот на падот било темно и магливо, а првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда. Дваесет и две лица беа пренесени во болница, меѓу кои и 10 деца, рече Клименко.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvi-ova-se-ukrainskiot-minister-i-sorabotnitsite-koi-zaginaa-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-kiev-foto/feed/ 0
Петков: Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-dragomir-zakov-e-noviot-predlog-za-minister-za-odbrana-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-dragomir-zakov-e-noviot-predlog-za-minister-za-odbrana-na-bugarija/#respond Tue, 01 Mar 2022 10:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=638583

Премиерот на Бугарија Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана. Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел. Народното собрание во моментов е на 30-минутна пауза по барање на владејачката партија „Продолжуваме со промената“. Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Фејсбук и ја објави кандидатурата на познатиот експерт Тодор Тагарев, кој во 2013 година веќе беше министер за одбрана во преодната влада на Марин Рајков. Петков ја координирал промената со другите коалициски партнери, а го информирал и бугарскиот претседател Румен Радев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkov-dragomir-zakov-e-noviot-predlog-za-minister-za-odbrana-na-bugarija/feed/ 0
И по Заев, Заев: Лапсус на Ковачевски – Никола Салаковиќ министер за надворешни работи на Република Српска! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-zaev-zaev-lapsus-na-kovachevski-nikola-salakovikj-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-srpska-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-zaev-zaev-lapsus-na-kovachevski-nikola-salakovikj-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-srpska-video/#respond Fri, 28 Jan 2022 10:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=623863

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски за време на своето обраќање по повод српскиот празник Свети Сава направи вистински лапсус, проздравувајќи го Никола Салаковиќ како министер на Република Српска, а не на Србија. Никола Селаковиќ е министер за надворешни работи на Србија, а не не Република Српска. Република Српска нема министер за надворешни работи. Видеото можете да го погледнете ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-zaev-zaev-lapsus-na-kovachevski-nikola-salakovikj-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-republika-srpska-video/feed/ 0
Откупувачите излажаа – или утре средба со министерот или протести во среда, велат тутунарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupuvachite-izlazaa-ili-utre-sredba-so-ministerot-ili-protesti-vo-sreda-velat-tutunarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupuvachite-izlazaa-ili-utre-sredba-so-ministerot-ili-protesti-vo-sreda-velat-tutunarite/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=443147

Утре средба со министерот за земјоделство, а не во петок, бараат тутунарите кои денеска, по отворањето на пунктовите, повторно констатирале, како што велат, нереална проценка на родот и непочитување на договореното од страна на откупувачите. Ако средбата не се реализира, во среда, најавија, ќе има протести. -Откупувачите го излажаа министерот и целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и гнев кај тутунарите. Апелирам, тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре, како и со министерот за земјоделство да ги посетиме откупувачите. Ако не, ќе закажеме штрајк и в среда ќе има протести низ цела Македонија. Утре бараме да ни се дадат гаранции за до крјаот на откупот, а не постојано да има ситуација топло-ладно. Линијата да биде иста на целата територија на Макеоднија. Отстапки да нема за ниту еден откупувач, ниту за едно откупно место. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда ќе има протести низ цела Македонија. Имаме поддршка од оризопроизводителите, од лозарите, рече Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на групата македонски тутунари. Според Мирчески, обиколката на терен покажа дека освен Тутунскиот комбинат, другите откупувачи не го почитуваат договореното. Овен што проценката не е реална, се земаат и само пет отсто од првата берба, иако законски обврската е 30 проценти. – Договорот постигнат во петокот со откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен во градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат-Прилеп каде има благо попуштање на линијата, другите откупувачи ја терааат истата ситуација. Сѐ што е договорено, излезе дека е лага, изјави Мирчески. Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски потврдува дека проценката не е реална, ниту се почитува договореното. -На терен работата не е како што се договоривме. Прво, сѐ уште се одбиваат нетутунски материјали, повеќе од договоренто, проценката повторно е нереална. Се зема само пет отсто првата берба, а законски е 30 проценти. Земаат на еден тон две кутии, другото, велат да се врати назад. Се слушнавме со министерот за земјоделство, бараме утре да дојде, да се појде во фирмите дирекно да преговараме. Доколку не сакаат, покрај што поверениците ќе стопираат и ќе пријавувата до второстепената комисија, ќе ги блокираме откупните компании, рече Стомнароски. Од 23 000 тони тутун, досега се откупени само 1,6 насто. Во земјава од тутунот живеат околу 30 000 семејства. Инаку, утре 15 декември е крајниот законскиот рок сите откупувачи да ги отворат пунктовите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupuvachite-izlazaa-ili-utre-sredba-so-ministerot-ili-protesti-vo-sreda-velat-tutunarite/feed/ 0
Литванскиот министер за надворешни работи во самоизолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-samoizolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-samoizolacija/#respond Mon, 05 Oct 2020 11:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=412530

Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, објави дека оди во самоизолација по состаноците со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа тестирани позитивни на коронавирусот по посетата на Макрон на балтичките земји. Литванскиот министер за надворешни работи беше присутен на разни официјални настани за време на дводневната посета на францускиот државен врв, изјави претставничката на литванското Министерство за надворешни работи, Раса Јакилаитиен, а агенцијата БНС објави дека минатата недела двајца вработени во француската амбасада во Вилнус биле позитивни на коронавирусот. Литванскиот претседател Гитанас Науседа, неговата сопруга и неколку вработени во неговиот кабинет вчера беа тестирани и сите беа негативни, но од петмина службеници во претседателскиот кабинет, кои беа во близок контакт со француската делегација, беше побарано да одат во самоизолација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-samoizolacija/feed/ 0
Израелски министер поднесе оставка заради засилените мерки за изолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-podnese-ostavka-zaradi-zasilenite-merki-za-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-podnese-ostavka-zaradi-zasilenite-merki-za-izolacija/#respond Sun, 13 Sep 2020 13:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=402700

Израелскиот министер за градежништво, Јаков Ликман, од верската партија „Обединета Тора јудаизам“ денеска поднесе оставка во знак на протест против очекуваната одлука на владата да воведе засилени мерки за општа изолација за време на претстојните верски празници. Ликман, поранешен министер за здравство, долго време се закануваше дека ќе поднесе оставка доколку се одобрат ваквите мерки, а тој, исто така, најави дека неговата партија може да ја напушти владеачката коалиција, наведуваат израелските медиуми. Ликман го обвини докторот Рони Гамзу дека со месеци планирал изолација за време на еврејската Нова година и Денот на покајанието „Јом Кипур“, а дека овој потег го избегнувал во текот на летните месеци. Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, досегашниот министер најави дека мерките за изолација ќе ги спречат верниците, вклучително и десетици илјади Евреи кои не влегуваат во синагогите поголемиот дел од годината, да присуствуваат на најважните и најпосетуваните верски служби. Самиот Ликман во април се зарази со коронавирус и, исто така, беше фатен како присуствува на молитва во група со повеќе од десет лица и покрај забраната за такви собири. Новите засилени мерките беа одобрени во четвртокот од таканаречениот Кабинет за коронавирус, и со нив се предвидува новата изолација да почне на 18 септември во 6 часот, а училиштата да се затворат два дена порано, и да трае две недели. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-podnese-ostavka-zaradi-zasilenite-merki-za-izolacija/feed/ 0
Едниот брат министер, другиот директор! Владеењето на семејството Бесими https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edniot-brat-minister-drugiot-direktor-vladeenjeto-na-semejstvoto-besimi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edniot-brat-minister-drugiot-direktor-vladeenjeto-na-semejstvoto-besimi/#respond Fri, 04 Sep 2020 14:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=399268

Едниот брат министер, другиот директор на државна болница. Експертите поделени во ставовите дека би можело да има судир на интереси во случајот на Фатмир Бесими министерот за финансии, со неговиот брат Флорин Бесими кој е прв човек на тетовската болница. Поранешниот член на антикорупциската комисија Ариф Муса за Алсат вели дека има голема можност за судир на интереси. Причината за тоа е што двајцата се на високи раководни функции. За конкретниот случај Муса вели дека би можело да се фаворизира болницата во Тетово од страна на министерот за добивање средства од државата каса. Екс-антикорупционерот смета дека ќе треба некој друг да одлучува, а не министерот кога тетовската болница ќе аплицира за пари од буџетот или за други државни поволности. „Кога ќе треба да се носи таква одлука тогаш министерот треба да се повлече од одлучувањето. За таквите проекти би требало уште нешто да направи министерот. Значи, не треба воопшто да учествува во носење одлуката за финансирање на проекти за болницата во Тетово“, вели Муса. Но, Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ вели дека нема никаква поврзаност помеѓу финансии и тетовската болница и судир на интереси тука нема. Инаку, на стартот на мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ ја стресе скандал со непотизам. Во него беа вклучени блиски роднини на министри и високи функционери на власта кои добија вработување под државна капа. Дел од нив по притисокот на јавноста се откажаа од работните места, но добар дел и понатаму добиваат државна плата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edniot-brat-minister-drugiot-direktor-vladeenjeto-na-semejstvoto-besimi/feed/ 0
За во рубриката ,, Верувале или не”: Новиот министер за информатичко општество станал професор на 21 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviov-minister-za-informatichko-opshtestvo-stanal-profesor-na-21-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviov-minister-za-informatichko-opshtestvo-stanal-profesor-na-21-godina/#respond Mon, 31 Aug 2020 19:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=397496

Новиот министер за информатичко општество и администрација во својата биографија поднесена до македонското собрание навел дека станал професор на само 21 година на Меѓународниот универзитет во Струга. Во продолжение прочитајте повеќе за биографијата на новиот министер во МИОА: Јетон Шаќири – министер за информатичко општетсво и администрација Роден на 17 март 1987 година, во Струга. Образование: Од 1 септември 2008 година е професор по економски науки – Факултет за економски науки, Меѓународен универзитет во Струга; Од 1 септември 2009 до јуни 2018 година Меѓународен универзитет во Сгруга, Директор на Додипломски и Последипломски студии, Од јуни 2018 до декември 2019 година директор на МЈП „Проаква“ – Струга, Јануари 2020 – во тек, директор на ЈП „Водовод и Канализација3 – Струга. Дипломирал на Економски науки, Државен универзитет на Тетово, Тетово (2005-2008); Магистер по економски науки Меѓународен универзитет во Струга – Бизнис економија, магистер по економски науки – 27 јули 2010, Доктор по економски науки – Универзитет на Тирана, Економски факултет – 16 септември 2016 година. Други искуства: Октомври 2003 – Training – Vienna Inscurance Group, Hotel Sileks Ohrid; Април 2004 – OBSE project „Together“ in Struga, Септември 2010 – Обука за компјутерски науки организирана од Секторот за технологија – Скопје; Април 2012 – учесник на тркалезна маса во организација на Општина Прешево; Ноември 2012 – Учесник на економска сесија, лидер во Универзитетот во Валона на симпозиумот организиран за 100-годишнината на албанската независност; Април 2015 – Обука од Народна банка на Р Македонија организирана од гувернерот Димитар Богов, обука за млади банкари; Декември 2017 – член на Управен одбор на ЈП Комунално – Струга; Претседател на огранок Струга 2 на ДУИ, Член на Генералниот совет на ДУИ, Член на Претседателството на ДУИ, огранок Струга. Познавање на албански (мајчин) јазик, MS Word, Excel, Powerpoint.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviov-minister-za-informatichko-opshtestvo-stanal-profesor-na-21-godina/feed/ 0