министерски форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 19:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерски форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Албанија утре почнува министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/#respond Wed, 02 Nov 2022 19:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=754797

Во Тирана утре почнува дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, со фокус на илегалната миграција. Покрај првите луѓе на ресорните министерства од земјите на Западен Балкан, во Тирана ќе допатуваат и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. Домаќини на овој значаен собир се министрите за правда Улси Мања и за внатрешни работи Бледи Чучи, кои ќе имаат и одвоени средби со еврокомесарите но и со нивни колеги од другите земји. – Присуството на еврокомесарот за правда Рејндерс, еврокомедарката за внатрешни работи Јохансон, чешкиот министер за правда Павел Блажек, како и други претставници од правосудните институции во ЕУ, се јасна порака за вниманието, приоритетот и интересот на Европската унија кон Западен Балкан во областа на правдата, напиша меѓу другото Мања во најавата за одржување на форумот. Според медиумите прашањето за запирање на преминувањето на мигрантите преку Западен Балкан е голем проблем за Европската унија. – Тоа е затоа што земјите-членки, како Австрија, овие месеци се соочија со пристигнување на илјадници мигранти. Ова е трета недела по ред како еврокомесарката Јохансон се среќава со министрите за внатрешни работи од регионот, наведуваат медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/feed/ 0
Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerski-forum-za-pravda-i-vnatreshni-raboti-eu-zapaden-balkan-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerski-forum-za-pravda-i-vnatreshni-raboti-eu-zapaden-balkan-vo-skopje/#respond Mon, 18 Nov 2019 06:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=265160

Република Македонија денеска и утре ќе биде земја-домаќин на „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, кој ќе се одржи во националното Собрание под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија. Како што соопштија од МВР, земјите членки на ЕУ ќе бидат претставени од страна на министрите за правда и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, релевантните ЕУ комесари за правда, потрошувачи и родова еднаквост и  за миграции, внатрешни работи и државјанство, Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос, како и други претставници на европските институции. Првиот ден од конференцијата ќе биде посветен на секторот правда,  вториот на секторот внатрешни работи. Комесарката за правда Јоурова, како што јави дописничката МИА од Брисел, денеска ќе учествува на состанокот на кој ќе се дискутира за владеењето на правото и судските реформи, како и за условите во затворите и употребата на алтернативни санкции. Јоурова во текот на денов ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет. Еврокомесарот за миграција Аврамопулос, пак, утре ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот. Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства. Во холот на Собранието денеска е најавена изјава на министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, а предвидена е и прес-конференцијата од првиот ден на Форумот. Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerski-forum-za-pravda-i-vnatreshni-raboti-eu-zapaden-balkan-vo-skopje/feed/ 0