министерски состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 18:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерски состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реакција на МНР во врска со изнајмувањето на возила за Министерскиот Совет на ОБСЕ: Не е точно дека ќе се потрошат околу 900 илијади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/#respond Fri, 03 Nov 2023 16:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=896258

Во врска со набавката за возила за потребите на високите делегации кои ќе пристигнат во земјата за Министерскиот Совет на ОБСЕ и во интерес на вистината замолуваме вашиот медиум интегрално да ја пренесе нашата реакција во однос на сите шпекулации кои се појавија во однос на оваа набавка. Не е точно дека Министерството ќе потроши преку 900.000 илјади евра како што се тврди во медиумите за изнајмување на возила. Станува збор за рамковен договор а од понудувачите е побарана цената да биде дефинирана за изнајмување по ден и по возило. Ова значи дека само откако ќе се исцрпат сите домашни институционални капацитети и достапни возила, ќе се изнајмат одреден број возила кои недостасуваат. Министерството интензивно планира и обезбедува возила од институциите, но заради стандардите кои се предвидени од ОБСЕ, нужно е да има резервна опција доколку истите не се обебзедат. Согласно досегашната анализа, веќе половина од потребните возила се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка. Понудените цени се цени кои ги дефинира понудувачот. Заради ниската достапност на возилата со потребната спецификација во толкав број, веројатноста цената на истите да биде повисока во понудата е очекувана. Наша цел е да обезбедиме што повеќе возила од институциите и на тоа интензивно се работи, но апсолутно е нужно да имаме поддршка од професионална компанија за оној дел кој ќе недостастува. Станува збор за возила со специфични карактеристики, опрема и перформански кои институциите ги немаат во доволен број, покрај ВИП возилата, ескортни возила, мини ван возилата и автобуси. Министерската Конференцијата на ОБСЕ преставува најголемиот надворешно - политички настан што било кога е организиран во земјава. Се очекува во Скопје да пристигнат над 70 делегации со приближно 1000 чкенови на делегациите на највисоко ниво, но и дополнително високи претставници од бројни меѓународни организации. Сметаме дека е недозволиво да не се исполнат стандардите и да не се одговори на обврските кои произлегуваат од обврските за организирање на ОБСЕ Министерскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/feed/ 0
Вонреден министерски состанок на ЕУ за коронавирусот в четврток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-ministerski-sostanok-na-eu-za-koronavirusot-v-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-ministerski-sostanok-na-eu-za-koronavirusot-v-chetvrtok/#respond Tue, 11 Feb 2020 07:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=302150

 Министрите за здравство на ЕУ в четврток ќе одржат вонреден министерски состанок во Брисел за да се координираат околу кризата со коронавирусот и неговите последици за јавното здравје и економијата, јави диписничката на МИА од Брисел. Коронавирусот однесе над илјада жртви во светот, а бројот на заразени расте и во земјите на Европската Унија. Министрите за здравство на сите 27 земји членки се свикани на вонреден состанок во Брисел, на кој ќе се разговара, меѓу другото, дали треба да се воведе ограничување врз летовите од и кон Кина, репатријацијата на европските граѓани и одговорот на кризните центри. Од 27 земји членки само Италија до сега одлучи целосно да ги суспендира летовите кон и од Кина, но според дискусиите на дипломатско ниво кои се одржаа вчера во Брисел, другите земји членки не планираат да му се придружат на Рим. Министрите треба да се договорат за заеднички итни здравствени и хигиенски мерки на европска територија за да се спречи ширењето на овој вирус. Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека е многу веројатно епидемијата да е поголема отколку што се мислеше, со оглед на тоа дека се детектирани заразени лица кои никогаш не патувале во Кина. Претставник на СЗО ќе им се придружи на министрите на ЕУ в четврток. Според официјалните податоци на земјите членки на ЕУ, до сега има 14 заразени лица во Германија, единаесет во Франција, тројца во Италија, четворица во Велика Британија, двајца во Шпанија и еден во Белгија, Финска и Шведска. Осумнаесет од овие случаи се увезени, останатите се заразени локално.т]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-ministerski-sostanok-na-eu-za-koronavirusot-v-chetvrtok/feed/ 0