министерство за економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 17:02:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерство за економија се реорганизира, се формира Државен пазарен и технички инспекторат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-ekonomija-se-reorganizira-se-formira-drzhaven-pazaren-i-tehnichki-inspektorat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-ekonomija-se-reorganizira-se-formira-drzhaven-pazaren-i-tehnichki-inspektorat/#respond Tue, 24 Jan 2023 17:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=791327

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за економија да го спроведе Планот за негова реорганизација кој, меѓу другото, предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија – Државен пазарен и технички инспекторат. Според овој пример, предвидени се спојувања и на Фондот за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото, на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони и на Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви. Министерството е задолжено да го спроведе Планот според утврдените рокови. -Министерството за економија го спроведува Планот за реорганизација на Министерството согласно заклучок на Владата од седницата на 8 март 2022 година, кога Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа задолжени да започнат со спроведување на првиот пилот проект на министерскиот систем, согласно препораките од Интегрираниот извештај за државна реорганизација, информира Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-ekonomija-se-reorganizira-se-formira-drzhaven-pazaren-i-tehnichki-inspektorat/feed/ 0
Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/#respond Thu, 11 Aug 2022 10:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=717027

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. -Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа. Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/feed/ 0
Министерството за економија предлага трговците на мало во туристичките места да можат да работат во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-predlaga-trgovcite-na-malo-vo-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-predlaga-trgovcite-na-malo-vo-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela/#respond Thu, 12 May 2022 13:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=675700

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието на Република Северна Македонија. Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието. Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година. Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-predlaga-trgovcite-na-malo-vo-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela/feed/ 0
Се предлага продолжување на мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-predlaga-prodolzuvanje-na-merkata-za-zamrznuvanje-na-cenite-na-prehranbenite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-predlaga-prodolzuvanje-na-merkata-za-zamrznuvanje-na-cenite-na-prehranbenite-proizvodi/#respond Fri, 28 Jan 2022 14:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=623981

Дали цените на прехранбените производи ќе останат замрзнати ќе одлучува Владата. Министерот за економија објави дека доставиле одлука до Владата. -Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Во декември замрзнати беа цените на лебот, брашното, месото, шеќерот, зејтинот, млекото, како и на сувомеснатите производи, сирењето, урдата, оризот, јајцата и тестенините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-predlaga-prodolzuvanje-na-merkata-za-zamrznuvanje-na-cenite-na-prehranbenite-proizvodi/feed/ 0
Ваучерите за летување предизвикаа голем број негативни реакции на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaucherite-za-letuvanje-predizvikaa-golem-broj-negativni-reakcii-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaucherite-za-letuvanje-predizvikaa-golem-broj-negativni-reakcii-na-socijalnite-mrezi/#respond Tue, 17 Aug 2021 10:59:54 +0000 https://kurir.mk/?p=551612

Вкупно 3.025 граѓани се најдоа на листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари која беше објавена од страна на Министерството за економија листата. Голем број на граѓани имаа негативни ракции по објавата на листата. Граѓаните се незадоволни од изборот на Министерството за економија за ваучери за летување. Тие прашуваат по кој критериум се одбрани добитниците на ваучери? Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи: -Пола Чаир добитници? ; Овие само од ДУИ ли се?; Ова рамковно или гласачко?; Македонци 25%. Браво?; Јака листа од Крешник, колку проѕирно; А кај е Љутви Весели од Дебреше?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaucherite-za-letuvanje-predizvikaa-golem-broj-negativni-reakcii-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0
ПОВИКОТ СЕ ЗАТВОРА ДЕНЕС: Над 2600 апликации за издавање ваучери за одмор на лица со ниски приходи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/#respond Wed, 16 Jun 2021 06:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=524096

Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија. Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија. Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија. Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што се стимулира развојот на домашниот туризам. Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“. Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/feed/ 0
ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-mim-i-semm-ministerstvoto-za-ekonomija-da-gi-ponishti-tenderite-za-mediumska-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-mim-i-semm-ministerstvoto-za-ekonomija-da-gi-ponishti-tenderite-za-mediumska-kampanja/#respond Tue, 04 May 2021 14:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=505404

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања. Од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за посредување на закуп на медиумскиот простор. Според описот на јавната набавка целта е да се склучи договор со приватна фирма за сума од околу 200.000 евра која потоа ќе ги изработи овие стратегии и ќе плати на онлаjн медиуми пари за кампања за промоција. -Партнерските организации ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека праксата за закуп на медиумски простор е забранета и во спротивност со Заклучокот на Владата од 24-та седница од 22.08.2017, a во согласно со мерката 6.1.2. од Планот 3-6-9, која се однесува на стопирање со владините реклами. Со овој заклучок се обврзуваат државните органи да престанат да емитуваат/рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл. (со исклучок на социјалните медиуми), се вели во денешното соопштение од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ. сст/са/Скопје, 4 мај 2021 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања. Од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за посредување на закуп на медиумскиот простор. Според описот на јавната набавка целта е да се склучи договор со приватна фирма за сума од околу 200.000 евра која потоа ќе ги изработи овие стратегии и ќе плати на онлаjн медиуми пари за кампања за промоција. -Партнерските организации ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека праксата за закуп на медиумски простор е забранета и во спротивност со Заклучокот на Владата од 24-та седница од 22.08.2017, a во согласно со мерката 6.1.2. од Планот 3-6-9, која се однесува на стопирање со владините реклами. Со овој заклучок се обврзуваат државните органи да престанат да емитуваат/рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл. (со исклучок на социјалните медиуми), се вели во денешното соопштение од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-mim-i-semm-ministerstvoto-za-ekonomija-da-gi-ponishti-tenderite-za-mediumska-kampanja/feed/ 0
Месец ипол откако влезе во сила, законот е само фикција: Граѓани не можат да ги пререгистрираат возилата и плаќаат казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mesec-ipol-otkako-vleze-vo-sila-zakonot-e-samo-fikcija-gragjani-ne-mozat-da-gi-preregistriraat-vozilata-i-plakjaat-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mesec-ipol-otkako-vleze-vo-sila-zakonot-e-samo-fikcija-gragjani-ne-mozat-da-gi-preregistriraat-vozilata-i-plakjaat-kazni/#respond Tue, 02 Feb 2021 12:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=463134

Законот објавен во службен весник, а на терен ништо не функционира. Спорет официјалната документација, Законот за регистрација на возилата со странски регистарски таблици е објавен во службен весник на 22.12.2020-та година од кога и влегува на сила. Како што е објавено на платформата за правни акти, а превземено од извор од Собранието за донесени одлуки, овој закон се применува од 11.01.2021-ва година. Но, ова не е вистина. Сопствениците на вакви возила се соочија со големи проблеми откако Владата покажа целосна неспособност да го стави навистина во сила овој закон.   До нашата редакција пристигнаа поплаки дека иако Законот за регистрација на возила со странски таблици е донесен и објавен во службен весник, истиот не функционира. Имено, сопственици на овие возила велат дека се заглавени кај царинските служби и не можат да ги царинат возилата. Дополнително, не можат да ги пререгистрираат и покрај тоа што сите давачки до царина им се платени. За истите возила од страна на сообраќајната полиција се изрекува казна од 500 евра за изминат технички преглед од државата од која доаѓаат, а сопствениците на возила информираат дека од надлежните во царина им е укажено дека возилата не смеат да ја напуштат државата доколку сакаат да ги царинат возилата по новиот закон. КУРИР, по информациите добиени од сопствениците на вакви возила, побара одговор од Царинската управа на Македонија. Од таму, добивме одговор дека тие не се надлежни. -Ова е закон за регистрација на возила, за кој е надлежно Министерството за економија. Ве молиме обратете се таму, како единствени надлежни за регистрација и хомологација, стои во одговорот кој КУРИР го доби од Царинската управа. Веднаш се обративме до Министерството за економија прашувајќи ги: Што точно се случува со примена на законот, до каде се постапките и како ќе бидат решени овие проблеми? Од таму одговор не добивме. Со оглед на фактот што министерот за економија  по нашите прашања одговори јавно за овој проблем, очигледно е дека избегнува детално да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Соочен со фактот дека обезличена е најавата дека законот е во функција, бидејќи не е, министерот одговори дека од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички. -Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши сега повторно дава новби рокови, а за иронијата да биде поголема, кажува дека со регистрацијата може да почнат и другите институции  како што е Царинската управа. Како што веќе информиравме во овој текст, на прашањата од КУРИР за оваа тема, Царинската управа кажа дека надлежно е министерството. -Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции  како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши. Министерот сигурно знае дека ова е прашање за егзистенција на голем број на луѓе кои со своите возила треба да патуваат во странство по работа и да се вратат повторно во Македонија. Повеќе од две недели, изгубени во лавиринтите додека некој ги убедува дека законот се применува, а не се применува.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mesec-ipol-otkako-vleze-vo-sila-zakonot-e-samo-fikcija-gragjani-ne-mozat-da-gi-preregistriraat-vozilata-i-plakjaat-kazni/feed/ 0
Граѓаните изреволтирани: Што се крие зад новиот законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-izrevoltirani-shto-se-krie-zad-noviot-zakonot-za-registracija-na-vozila-so-stranski-registarski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-izrevoltirani-shto-se-krie-zad-noviot-zakonot-za-registracija-na-vozila-so-stranski-registarski-tablichki/#respond Thu, 28 Jan 2021 10:33:13 +0000 https://kurir.mk/?p=460912

Министерот за Економија, Крешник Бектеши, неодмна во јавноста излезе со изјава дека се донесува закон за сите странски возила кои што се наоѓаат на територијата на Република Македонија дека ќе имаат можност да платат царина од само 50% од сумата. Донесувањето на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија, е со цел постојните возила кои се управуваат од страна на сопствениците кои се наоѓаат во територијата на Република Македонија и се со странски регистарски таблици, а се влезени во територијата пред 01. Октомври 2020 година, да им се овозможи да се регистрираат согласно овој закон, со давачки кои се намалуваат за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи. Но, реалноста е многу поинаква. Илјадници граѓани почнаа царинска постапка за своите возила каде што се соочуваат со проблеми и никој не им дава објаснување зошто на царина не поминува ни едно возило со намалени давачки на 50% како што ветуваше Министерот Бектеши. Царинските службеници ги праќаат граѓаните да извадат таканаречена „Потврда за сообразност за возилото“ од бирото за метрологија како услов за плаќање на царина на 50% од вкупната сума. Во бирото за метрологија пак на граѓаните им соопштуваат дека таа потврда се издава на веќе царинето возило и не можат да издадат таква потврда. Во време на пандемија, илјадници граѓани секојдневно чекаат редици по шалтерите на царинските испостави, шпедиции и технички прегледи за да ги платат трошоците за возилата и да си ги регистрираат во Република Македонија. И покрај донесениот закон, Службен весник на Р.М. бр:305/2020 од 22.12.2020, а кој почна да се применува од 11.01.2021, одговор од никој не добиваат, велат дека сите си ги креваат рамениците и само ги шетаат од институција до институција. Се поставува прашањето дали и кога ќе се договорат Министерството за екомија со царинската управа и бирото за метрологија. Граѓаните изреволтирани прашуваат каде е проблемот што никој не знае да каже каква е оваа игра, на веќе донесен закон кој е стапен на сила само се префрла „топката“ и се стои во место, никој не превзема одговорност а има и определен рок во законот каде што треба да се заврши оваа предвидена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-izrevoltirani-shto-se-krie-zad-noviot-zakonot-za-registracija-na-vozila-so-stranski-registarski-tablichki/feed/ 0
Уште посрамно од украдената фотографија: Министерството за економија за изработка на истата платила околу 20 илјади евра (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-posramno-od-ukradenata-fotografija-ministerstvoto-za-ekonomija-za-izrabotka-na-istata-platila-okolu-20-iljadi-evra-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-posramno-od-ukradenata-fotografija-ministerstvoto-za-ekonomija-za-izrabotka-na-istata-platila-okolu-20-iljadi-evra-foto/#respond Mon, 15 Jun 2020 11:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=358086

Министерството за економија во четири очи склучила договор во висина од околу 20 илјади евра со компанијата која е во центарот на вниманието откако беше објавена фотографијата за кампањата на Владата за летување во нашата земја под мотото „Дома си е дома“. Имено Министерството за економија преку електронскиот систем за јавни набавки склучила договор со фирма за подготовка на совтверско решение- платформа за издавање на ваучери за работници со ниски приходи во висина од околу 20 илјади евра. Доказ дека власта рационално и правилно ги троши парите е вчерашната фотографија која стана буквално срамен хит на социјалните мрежи. Преку украдена фотографија од германскиот национален парк „Берчесгаден“ тие ги повикуваат граѓаните да летуваат дома доделувајќи им ваучери за туризам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-posramno-od-ukradenata-fotografija-ministerstvoto-za-ekonomija-za-izrabotka-na-istata-platila-okolu-20-iljadi-evra-foto/feed/ 0