министерство за финансии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 12:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за финансии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МФ: Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-se-namaluva-rokot-za-namiruvane-na-obvrskite-na-javniot-sektor-kon-privatnite-kompanii-na-30-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-se-namaluva-rokot-za-namiruvane-na-obvrskite-na-javniot-sektor-kon-privatnite-kompanii-na-30-dena/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=846122

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница. Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури, велат од МФ. Скратување за 30 дена има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена. Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена. „На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза“, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими. Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се 60 дена. Закон за финансиска дисциплина кој се применуваше досега е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-se-namaluva-rokot-za-namiruvane-na-obvrskite-na-javniot-sektor-kon-privatnite-kompanii-na-30-dena/feed/ 0
Бугарско МФ: На државата и се заканува банкрот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/#respond Wed, 15 Mar 2023 13:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=812272

Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека на државата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот нагласи дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време. Министерството за финансии ќе бара од сите министерства да ги намалат расходите на нивните буџети за не помалку од 10 отсто поради критичната состојба на буџетот. Според неа, задолжувањето кај ММФ би помогнало за зачувување на фискалната стабилност, но може да наметне сериозни финансиски ограничувања и дека во таа ситуација приходите би биле замрзнати. „Проценките направени од Министерството за финансии покажуваат дека доколку се задржат политиките донесени во 2022 година и ги рефлектираат фискалните ефекти од прописите што стапија на сила, а кои ги предодредуваат приходите и расходите, ефектот за 2023 година подразбира значително влошување на буџетскиот биланс во јавната администрација во износ од 6,9 отсто од БДП“, рече Велкова-Желева. Таа нагласи дека како резултат на мерките што ги донесе собранието кое ја избра владата со премиерот Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василиев „забележано е значително зголемување на расходите на буџетот за 2023 година и на среден рок дефицитите се повторно околу 6 или 7 проценти од БДП“. Бугарски медиуми јавија дека доколку се задржат наведените трендови на негативниот дефицит, се зголемува можноста за забрзан пристап кон предвидените горни граници на јавниот долг од 60 отсто од БДП. „За надминување на ризиците, Владата треба да вложи максимални напори за усогласување со дигиталните фискални правила и ограничувања од Законот за јавни финансии, односно да предложи трајни мерки за консолидирање на приходите и расходите за да се достигнат целните нивоа на дефицит за периодот 2023-2026 година“ заклучи Велкова-Желева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/feed/ 0
МФ: Денеска се одржува аукција за деветата еврообврзница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/#respond Mon, 06 Mar 2023 09:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=808517

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност. -Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите, велат од МФ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/feed/ 0
Вработените во Финансии најавуваат масовен штрајк ако нема зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-finansii-najavuvaat-masoven-shtrajk-ako-nema-zgolemuvane-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-finansii-najavuvaat-masoven-shtrajk-ako-nema-zgolemuvane-na-platite/#respond Tue, 28 Feb 2023 09:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=805928

Синдикатот на вработените во Министерството за финансии изрзуваат големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на платите. -Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%. Министерот за финансии тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор - Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените. Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството, се вели во соопштението. Посочуваат дека одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството. -Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови, најавуваат од Синдикатот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-finansii-najavuvaat-masoven-shtrajk-ako-nema-zgolemuvane-na-platite/feed/ 0
Бесими: Подготвени сме за издавање на еврообврзница, инвеститорите имаат доверба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/#respond Tue, 21 Feb 2023 10:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=803079

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во 24 Анализа. Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години. „Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот“, рече министерот Бесими. Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими. Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/feed/ 0
МФ: Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=798030

Северна Македонија денеска ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, која ќе се искористи исклучиво за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава, информира Министерството за финансии. По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра. -Поради доспеаните обврски, деветтата еврообврзница е издадена и покрај затегнатите услови на меѓународните пазари на капитал, за што сведочи и повеќекратното зголемување на референтните каматни стапки од големите централни банки, посочуваат од Министерството за финансии. Купонската каматна стапка од 6,25 проценти на годишно ниво, која денеска е постигната, укажуваат од МФ, е пониска од пазарните каматни стапки на веќе издадените еврообврзници, со кои во моментов се тргува на меѓународните берзи. Таа е многу пониска и од каматните стапки, кои преовладуваа во последните месеци од овој период на енергетска криза, која сѐ уште трае, и кои се движеа над 8 проценти. Финансирањето на буџетскиот дефицит за годинава е обезбедено под уште поповолни услови преку Макро-финансиската помош на Европската комисија, Линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ и други меѓународни институции, како Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. -Пристапот е, во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што интенцијата е да се оди со пократок период на отплата (наместо, вообичаениот од седум години), за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања, информира МФ. Побарувачката за деветтата еврообврзница, како што дополнуваат, беше 2,5 пати поголема во однос на понудената сума, што ја потврдува довербата на инвеститорите во нашата економија и економски политики. Каматата на издадената еврообврзница е на исто ниво со каматата на еврообврзниците со слична рочност од држави-членки на Унијата (како Унгарија и Романија) и кандидати за членство во ЕУ (Србија), кои ги издадоа од почетокот на годинава. Иако овие земји имаат подобар кредитен рејтинг, постигнатата купонска каматна стапка е на приближно исто ниво со онаа на деветтата еврообврзница. -Ова е потврда на здравите фундаменти и макроекономски политики кои ги спроведува Владата, како што беше наведено и од страна на ММФ при одобрувањето и прегледот на Линијата за претпазливост и ликвидност, а потврдено и преку макро-финансиската помош од Европската комисија, отворањето на скрининг процесот за почнување преговори за членство во ЕУ, како и посилната (од планираната) фискална консолидација и помалиот јавен долг во текот на 2022 година и во петгодишните проекции. Нашата заложба како Влада за внимателно управување со јавните финансии е преточена во современа законска регулатива, со носењето на новиот реформски Закон за буџети, со кои се поставуваат фискални правила, односно лимити за долгот и буџетскиот дефицит и Фискален совет како независно тело, кое ќе го надгледува неговото извршување, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/feed/ 0
Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет не земале плата, од Финансии им рекле дека нема дополнителни средства за исплата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-vrabotenite-vo-negoviot-kabinet-ne-zemale-plata-od-finansii-im-rekle-deka-nema-dopolnitelni-sredstva-za-isplata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-vrabotenite-vo-negoviot-kabinet-ne-zemale-plata-od-finansii-im-rekle-deka-nema-dopolnitelni-sredstva-za-isplata/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=795709

Од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски преку соопштение испратено до медиумите потврдија дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот. -Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано. Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5% на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии. Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-vrabotenite-vo-negoviot-kabinet-ne-zemale-plata-od-finansii-im-rekle-deka-nema-dopolnitelni-sredstva-za-isplata/feed/ 0
ССМ: Бесими прави кривично дело со бришење на одредбата за покачување на платите во Министерството за финансии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-besimi-pravi-krivichno-delo-so-brishene-na-odredbata-za-pokachuvane-na-platite-vo-ministerstvoto-za-finansii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-besimi-pravi-krivichno-delo-so-brishene-na-odredbata-za-pokachuvane-na-platite-vo-ministerstvoto-za-finansii/#respond Thu, 02 Feb 2023 12:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=795186

Сојузот на синдикати смета дека со вчерашното бришење на одредбата за зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 проценти, ресорниот министер Фатмир Бесими свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик. Укажува дека одредбата за зголемување на платите Бесими сам ја донел и ја бранел и е должен да ја спроведе. Во пресрет на првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против државата, односно Владата за дискриминацијата и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно Закон, закажано за утре во 10 часот , Синдикатот соопштува дека „судот може да стави крај на самоволието на министерот“. -Министерот Бесими со бришење на одредбата за зголемување на плата што самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон Закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа, велат од ССМ во соопштение. Бесими, според ССМ, е главната причина поради која 138 000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија услогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон. ССМ прашува „дали Бесими треба да раководи со Министерството за финансии“, особено ако, како што потенцира, пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемување на платите за да го задржи кадарот во министерството. Со вчерашните случувања, посочува Синдикатот, веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа повеќе од 650 вработени во Министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите. -Шест месеци укажуваме дека односот на одредени владини функционери е недостоен и недостоинствен кон работниците, а Владата како награда кон таквите министри дополнително им дава надлежности кои се спротивни на Закон и меѓународни документи како оние надлежности кои му ги даде на министерот за финансии Бесими да не дозволува потпишување на ниту еден колективен договор, а токму поради непотпишување на колективните договори сме доведени во состојба Бесими мислењето да го менува од денес за утре, што произлегува дека кој што сака и како сака прави во Владата, а Владата потоа го спасува во услови кога ќе произлезе проблем од таквото однесување, стои во соопштението. Министрите, дополнува ССМ, спротивно на закон самите одлучуваат и бираат дали ги спроведуваат одредбите од законите и дали одредени членови ќе ги применуваат или не, па така на своја рака одлучија дека членот 8 од Законот за минималната плата за усогласување на платите некаде ќе го спроведуваат, а некаде нема, а сега иако донесоа Закон за буџети за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти, одлучуваат да не го почитуваат и да не го спроведуваат законот, па Владата наместо да го следи добриот пример и за сите работници во јавниот сектор да ги зголеми платите , со вчерашниот чин таа сака да им скрати и да земе од работниците и од нивните плати. -Ваквите случувања на самоволие и самовластие на овој министер кои што продолжуваат и понатаму треба да бидат доволен аргумент за основаноста на тужбата на ССМ и апелираме судот со своја одлука да стави крај на ваквото самовластие и самоволие на одредени министри како Министерот за финансии Бесими и да престане атакот врз работниците и правниот поредок и судот да овозможи заштитат на правната сигурност, велат од ССМ. Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување на Законот за буџети. -Предложените законски измени се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради, како што е објаснето од страна на Министерството за финансии, неколку причини. Тоа се: неможност од утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност којашто произлегува од работното место, со цел допрецизирање на законот за буџети и имајќи предвид дека Законот за системот на плати во јавниот сектор е во постапка на донесување, информираше владината прес-служба.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-besimi-pravi-krivichno-delo-so-brishene-na-odredbata-za-pokachuvane-na-platite-vo-ministerstvoto-za-finansii/feed/ 0
Вработените во МФ излегоа на протест, си го бараат покачувањето од 30 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-mf-izlegoa-na-protest-si-go-baraat-pokachuvaneto-od-30-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-mf-izlegoa-na-protest-si-go-baraat-pokachuvaneto-od-30-protsenti/#respond Wed, 01 Feb 2023 13:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=794729

Протест на вработените во Министерството за финансии. Вработените во Минситереството протестираат бидејќи не го добиле ветеното покачување на платата од 30 отсто, како што беше предвидено. -На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам различно гледање на тоа што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали 30 отсто за луѓето во Министерство за финансии или луѓето во мојот кабинет кои оперираа со портфолио кое веројатно ниедна друга институција го нема, ќе речам дека тоа е малку затоа што тие заслужуваат повеќе, рече вицепремиерот Битиќи минатата година. Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 отсто, во Министерство за образование за 29 отсто, во Министерство за одбрана близу 15 отсто, заедно 5 отсто предвиден раст на платите во целито јавен сектор.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-mf-izlegoa-na-protest-si-go-baraat-pokachuvaneto-od-30-protsenti/feed/ 0
МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-sektor-kje-gi-namiruva-obvrskite-kon-privatnite-kompanii-za-30-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-sektor-kje-gi-namiruva-obvrskite-kon-privatnite-kompanii-za-30-dena/#respond Thu, 25 Aug 2022 13:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=723872

Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена. Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година. -Со предлогот се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена, информираат од Министерството за финансии. Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена. -Измените се вршат со цел усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно ЕУ Директивата за задоцнето плаќање, велат од Министерството за финансии. Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена. Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена. Актуелниот Закон за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-sektor-kje-gi-namiruva-obvrskite-kon-privatnite-kompanii-za-30-dena/feed/ 0