Министерство за информатичко општество и администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Aug 2018 10:50:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Министерство за информатичко општество и администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерството за информатичко општество и администрација вработува ИТ техничари со средно уметничко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-informatichko-opshtestvo-i-administracija-vrabotuva-it-tehnichari-so-sredno-umetnichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-informatichko-opshtestvo-i-administracija-vrabotuva-it-tehnichari-so-sredno-umetnichko/#respond Thu, 30 Aug 2018 10:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=94126

Министерството за информатичко општество и администрација објави оглас за вработување на 14 (четиринаесет) лица на неопределено време на работна позиција - Техничар за одржување на ИКТ опрема во основните и средните училишта. Во условите потребни за да се биде примен на оваа работна позиција е наведено дека се бараат и лица само со завршено средно образование и лица кои имаат завршено средно уметничко. Според упатените ваквите квалификации не соодветствуваат за оваа работна позиција па оттука во јавноста се наметнува прашањето дали станува збор за партиски вработувања во ек на референдумска кампања или пак вработување на партиски и неадекватен кадар.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-informatichko-opshtestvo-i-administracija-vrabotuva-it-tehnichari-so-sredno-umetnichko/feed/ 0
МИОА: Во јавните набавки за Дигиталниот самит нема ништо противзаконски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-vo-javnite-nabavki-za-digitalniot-samit-nema-nishto-protivzakonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-vo-javnite-nabavki-za-digitalniot-samit-nema-nishto-protivzakonski/#respond Wed, 11 Apr 2018 13:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=39191

Во постапката за јавна набавка за техничка реализација на Дигиталниот Самит, нема ништо спротивно на Законот за јавни набавки, тврди Министерството за информатичко општество и администрација. - Конечната одлука за форматот на Дигиталниот самит кој претставува обврска од Повеќегодишниот акциски план за регионална економска соработка на земјите од Западен Балкан, се донесе на 2 март на состанок на Управниот одбор за организација на Самитот, кој се одржа во Берлин, Германија, се вели во реакцијата од МИОА на обвинувањата за јавната набавка за Дигиталниот самит. Оттаму велат дека одлуките поврзани со форматот на самитот и потребниот буџет произлегле од заклучоците на овој состанок. За ова МИОА ја информирало и Владата на Република Македонија, за што доставило информација што била усвоена на педесет и осмата владина седница одржана на 13 март годинава. - Во вкупната сума предвидена за техничката реализација на самитот, вклучени се 50.000 евра од Советот за регионална соработка со седиште во Сараево (РЦЦ), 5.000 евра од Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), а остатокот од 190.000 евра се дел од Буџетот на МИОА за 2018-та година, велат од Министерството. Согласно ова, за спроведување на јавната набавка, потребно било претходно да се потпише договор со РЦЦ (14 март 2018) и ГИЗ (30 март 2018). Дополнително, било потребно да се склучи меморандум за соработка и договор со Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, каде се организираат дел од настаните. - Согласно законот за јавните набавки овие постапки во најкратки рокови траат 34 дена. Поради тоа не може да се примени рокот за спроведување на отворена постапка за јавна набавка, ниту пак за ограничена постапка. За жал работевме во екстремно кратки рокови кои не зависеа од нас. Ова беше единствен начин, Македонија да биде домаќин на еден од најголемите регионални настани за оваа година. Македонија повеќе не е изолирана земја, туку се стреми кон што е можно поголема поврзаност со своите соседи и градење на добрососедски односи Дигиталниот Самиот претставува единствена можност за да се зголеми дигиталното поврзување и соработка во ИТ сферата помеѓу земјите од регионот и ЕУ, се вели во реакцијата од МИОА. Заклучоците и дефинираните активности кои ќе произлезат од Дигиталниот Самит, додаваат оттаму, се од особено значење за економскиот развој на Македонија и остварување на заедничката цел, а тоа е влез во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mioa-vo-javnite-nabavki-za-digitalniot-samit-nema-nishto-protivzakonski/feed/ 0
Меѓународен скандал: За дигиталниот самит Манчевски поделил 245.000 евра во четири очи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-skandal-za-digitalniot-samit-manchevski-podelil-245-000-evra-vo-chetiri-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-skandal-za-digitalniot-samit-manchevski-podelil-245-000-evra-vo-chetiri-ochi/#respond Wed, 11 Apr 2018 11:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=39062

Меѓународен скандал поврзан со Дигиталниот самит на западен Балкан кој во Скопје ќе се оддржи на 18ти и 19ти месецов, пишува порталот Лидер. Според документите и податоците до кои стигна „Лидер“, под изговор за наводна крајна итност (иако настанот е најавен од ноември минатата година) Министерството за информатичко општество и администрација без тендер, во четири очи, доделило 12.724.632 денари без ДДВ или приближно 245.000 евра со ДДВ на скопската компании Панекс, ДВД 5 и Дигитал Центар. Компании ги добиле овие 245.000 евра за Техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен балкан 6, 2018 во Скопје. За набавки од ваков карактер според законот предвидена е тендерска процедура, во која ќе се пријават повеќе компании и ќе се изберат најповолните понуди, но, министерот Дамјан Манчевски одлучил во четири очи да им ги даде парите на овие три компании. Според анализата, станува очигледно дека Манчевски против-законски го злоупотребува делот во законот предвиден за набавки од „крајна итност“, и во четири очи преку обичен договор доделува пари иако настанот е најавен уште на осми ноември 2017, што остава доволно време да се распише тендер за техничка поддршка. За овој настан, кој сега за него е изненадување и не знаел дека ќе се случи па морало да направи интервентна набавка, во ноември минатата година Манчевски имаше и изјава, која беше пренесена од Државната новинска агенција МИА, во која кажа дека Македонија поради своите заложби и лобирања добила можност да организира ваков настан. -Заложбите на оваа Влада не се да работи сама, туку заедно со сите засегнати страни. Токму заради ова, при подготовка на концептот за лобирање Македонија да биде домаќин на првиот Дигиталниот самит, ги вклучивме и претставниците на бизнис секторот, универзитетите и граѓанските организации кои работат во областа на информатичкото општество. Нивната поддршка ни е од големо значење, истакна на осми ноември лани министерот Манчевски. Изјава, за настанот кој сега ги изненадува и станува „крајна итност“ тогаш дал и Министерот за надворешни работи Никола Димитров. -Уверен сум дека ќе бидеме добри домаќини, познати сме како добри домаќини. Да се надеваме дека овој самит ќе донесе свежи шанси и просперитети за дигиталниот свет, рече лани Никола Димитров.

Парите ги добила компанија со сомнително минато и кривични пријави за управителот

Една од компаниите кои во четири очи ги добиле парите од МИОА е Панекс од СКОПЈЕ, која во минатото беше теретена за кривични дела “Даночно затајување“, “продолжено кривично дело“ и “Помагање“. Во првиот случај, беше поднесена кривична пријава е поднесена против З.П. (45) од Скопје, управител и сопственик на агенција за маркетинг комуникации “Панекс“ Скопје и Б.Н. (41), како и против правното лице “Панекс“. Имено, како што тогаш информираше финансовата полиција, во периодот од 2007 до 2009 година, Б.Н. по претходен договор со З.П. изготвувал фиктивни фактури кои го доставувал во фирмата “Панекс“ иако не постоел должничко доверителски однос, при што од банкарската сметка на фирмата на фирмите “Комител“ и “Ферум Ко“ биле префрлени околу 260.000 евра. Тие средства без да бидат оданочени, во целост биле подигнати во готово на име дневници и трошоци од страна на пријавениот Б.Н. и по претходно договорена провизија се вратени на З.П.

Меѓународен Скандал: Настанот е на Европската Комисија

Ваквото незаконско делење на пари во четри очи за настанот Дигитален самит за Западен Балкан претставува меѓународен скандал, затоа што на самитот кој што ќе се се одржи на 18 и 19 април ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите од регионот и земјите-членки на ЕУ, кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија и од Советот за регионална соработка (РЦЦ). Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, на форумот учество ќе земат и претставници од ИТ индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати за дигиталната платформа за размена на идеи и предлози. Настанот е се одвива под капата на Европската Комисија, што ќе создаде дополнителен проблем за Македонија, ако се знае дека ЕУ е крајно внимателна и транспарентна во делот на јавните набавки и скоро никогаш не се случува да се доделат пари на ваков начин, во четири очи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-skandal-za-digitalniot-samit-manchevski-podelil-245-000-evra-vo-chetiri-ochi/feed/ 0