министерство за надворешни работи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиTue, 29 Aug 2023 07:01:45 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngминистерство за надворешни работи – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232„Османи дава 1.8 милиони евра државни пари на внукот на Адеми, Елмедин, уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dava-1-8-milioni-evra-drzhavni-pari-na-vnukot-na-ademi-elmedin-ushte-kolku-vnutsi-na-funktsionerite-na-dui-se-so-pretpriemachki-duh/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dava-1-8-milioni-evra-drzhavni-pari-na-vnukot-na-ademi-elmedin-ushte-kolku-vnutsi-na-funktsionerite-na-dui-se-so-pretpriemachki-duh/#respondTue, 29 Aug 2023 07:01:45 +0000https://kurir.mk/?p=8719151.8 милиони евра ќе завршат во џебот на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-МНР и Бујар Османи даваат тендер на фирмата Еуровиа ДООЕЛ која притоа е и најголемиот донатор на ДУИ. Истата фирма која има земено 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“. А вистинска експанзија на добиени тендери од државни институции доживува од 2017-та година откако СДС и ДУИ се на власт. МНР дава 1.8 милиони евра за столчиња и опрема, а притоа никој не знае каде ќе заврши таа опрема откако ќе заврши Самитот на шефови на земјите членки на ОБСЕ. ДУИзација и се случува на Македонија. ДУИ се грижи за внуците на бившите и сегашните функционери Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?, прашуваат од партијата.
Од таму додаваат дека постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер.
„ЈО веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата која ја дала Еуровиа ДООЕЛ на ДУИ? И дали парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, а тоа значи дека ДУИ финансира од државни пари? Многу набрзо следува одговорност!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>1.8 милиони евра ќе завршат во џебот на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-МНР и Бујар Османи даваат тендер на фирмата Еуровиа ДООЕЛ која притоа е и најголемиот донатор на ДУИ. Истата фирма која има земено 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“. А вистинска експанзија на добиени тендери од државни институции доживува од 2017-та година откако СДС и ДУИ се на власт. МНР дава 1.8 милиони евра за столчиња и опрема, а притоа никој не знае каде ќе заврши таа опрема откако ќе заврши Самитот на шефови на земјите членки на ОБСЕ. ДУИзација и се случува на Македонија. ДУИ се грижи за внуците на бившите и сегашните функционери Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?, прашуваат од партијата.
Од таму додаваат дека постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер.
„ЈО веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата која ја дала Еуровиа ДООЕЛ на ДУИ? И дали парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, а тоа значи дека ДУИ финансира од државни пари? Многу набрзо следува одговорност!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dava-1-8-milioni-evra-drzhavni-pari-na-vnukot-na-ademi-elmedin-ushte-kolku-vnutsi-na-funktsionerite-na-dui-se-so-pretpriemachki-duh/feed/0МНР со важно соопштение за Македонците кои се во Словенија или планираат да патуваат
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-vazhno-soopshtenie-za-makedontsite-koi-se-vo-slovenija-ili-planiraat-da-patuvaat/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-vazhno-soopshtenie-za-makedontsite-koi-se-vo-slovenija-ili-planiraat-da-patuvaat/#respondFri, 04 Aug 2023 13:35:20 +0000https://kurir.mk/?p=863439Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.
Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.
Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected].
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].]]>Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.
Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.
Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected].
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-vazhno-soopshtenie-za-makedontsite-koi-se-vo-slovenija-ili-planiraat-da-patuvaat/feed/0Македонски Дипломатски Синдикат: Се развртеа телефони од МНР до Апелација
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/#respondTue, 07 Mar 2023 15:51:20 +0000https://kurir.mk/?p=809169Македонскиот Дипломатски Синдикат преку реакција до јавноста вели дека Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции.
Реакцијата интегрално е во продолжение:
„Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Без никакво објаснување, незаконски, тивко, под закрила на нова систематизација. Сеча на дипломати.
Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија после 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница.
Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено.
Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација.
Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер.
Единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Без оглед што се работи за идентични случаи и за идентични пресуди како и останатите.
Нашиот претседател, амбасадорот Дабиќ е најистакнатиот и најактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работните права што Македонија некогаш го имала. Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат.
На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.
Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати.
Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.
Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“.
Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството„, стои во реакцијата од Извршниот одбор на Македонскиот Дипломатски Синдикат.]]>Македонскиот Дипломатски Синдикат преку реакција до јавноста вели дека Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции.
Реакцијата интегрално е во продолжение:
„Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Без никакво објаснување, незаконски, тивко, под закрила на нова систематизација. Сеча на дипломати.
Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија после 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница.
Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено.
Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација.
Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер.
Единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Без оглед што се работи за идентични случаи и за идентични пресуди како и останатите.
Нашиот претседател, амбасадорот Дабиќ е најистакнатиот и најактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работните права што Македонија некогаш го имала. Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат.
На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.
Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати.
Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.
Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“.
Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството„, стои во реакцијата од Извршниот одбор на Македонскиот Дипломатски Синдикат.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/feed/0Се огласи МНР околу смртта на Маја Миа Јанеска
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-mnr-okolu-smrtta-na-maja-mia-janeska/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-mnr-okolu-smrtta-na-maja-mia-janeska/#respondTue, 06 Dec 2022 09:47:26 +0000https://kurir.mk/?p=771641По добиените информации за почината македонска државјанка Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи соопштува дека преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.
Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска била пронајдена мртва со прострелна рана во местото каде што живеела во Јужна Африка. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а пред смртта живеела во Јужна Африка. Без многу детали за причините за смртта, веста ја објавија повеќе африкански медиуми, а преку социјалните мрежи тажната вест ја сподели нејзиното момче, Оми Димпо Мурнс, пејач – рапер од Танзанија.
Јанеска неодамна објави фотографии на нејзиниот инстаграм профил со актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.]]>По добиените информации за почината македонска државјанка Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи соопштува дека преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.
Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска била пронајдена мртва со прострелна рана во местото каде што живеела во Јужна Африка. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а пред смртта живеела во Јужна Африка. Без многу детали за причините за смртта, веста ја објавија повеќе африкански медиуми, а преку социјалните мрежи тажната вест ја сподели нејзиното момче, Оми Димпо Мурнс, пејач – рапер од Танзанија.
Јанеска неодамна објави фотографии на нејзиниот инстаграм профил со актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-mnr-okolu-smrtta-na-maja-mia-janeska/feed/0МНР на Бугарија ќе и врачи остар демарш на македонската амбасадорка по последниот напад на клубот „Цар Борис Трети“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/#respondThu, 24 Nov 2022 07:52:55 +0000https://kurir.mk/?p=765680МНР на Бугарија остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година.
- Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија.
Според нив, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“.
- Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот.
Реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија.
Македонската амбасадорка во Бугарија Агнеса Руси-Поповска денеска во Софија ќе биде повикана во тамошното Министерството за надворешни работи и ќе ѝ биде врачен остар демарш по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавуваат бугарските медиуми.
]]>МНР на Бугарија остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година.
- Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија.
Според нив, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“.
- Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот.
Реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија.
Македонската амбасадорка во Бугарија Агнеса Руси-Поповска денеска во Софија ќе биде повикана во тамошното Министерството за надворешни работи и ќе ѝ биде врачен остар демарш по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавуваат бугарските медиуми.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/feed/0ОЧЕКУВАЛ ПОСЕРИОЗНА КАЗНА ЗА ЛАМБЕ, А НАВИВАЧИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ОМРАЗА – бугарскиот министер за надворешни работи ги „искара“ македонските власти
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/#respondThu, 29 Sep 2022 11:08:11 +0000https://kurir.mk/?p=738976На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Северна Македонија – од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори.
Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола.
Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија.
Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Република Северна Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на РСМ. Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна.
Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова, спроед него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.
– Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.
Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Република Северна Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Република Северна Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.]]>На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Северна Македонија – од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори.
Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола.
Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија.
Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Република Северна Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на РСМ. Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна.
Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова, спроед него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.
– Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.
Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Република Северна Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Република Северна Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuval-poseriozna-kazna-za-lambe-a-navivachite-se-polni-so-omraza-bugarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-iskara-makedonskite-vlasti/feed/0Грчко МНР: Уште еден обид на Турција да го инструментализира мигрантското прашање и евентуално да создаде гранично прашање
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-ushte-eden-obid-na-turcija-da-go-instrumentalizira-migrantskoto-prashanje-i-eventualno-da-sozdade-granichno-prashanje/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-ushte-eden-obid-na-turcija-da-go-instrumentalizira-migrantskoto-prashanje-i-eventualno-da-sozdade-granichno-prashanje/#respondWed, 17 Aug 2022 14:14:44 +0000https://kurir.mk/?p=720011Неодамнешниот случај што се однесува на пренесувањето на барателите на азил од Турција кон Грција во областа Еврос, претставува уште еден обид на Турција да го инструментализира мигрантско- бегалското прашање и евентуално, паралелно, да создаде гранично прашање, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на случајот со мигрантите на копнената граница меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР велат дека „пред овој нов обид на товар на грчките национални интереси, потребна е разумност и одговорност од сите политички сили во земјата, наместо обид, прашањето да се претвори во поле на партиска препукувања, од дел од опозицијата“.
Реакцијата од Министерството за надворешни работи на Грција е во врска со групата од 38 мигранти, кои извесен период беа заглавени на малиот остров во реката Еврос на копнената граница меѓу Грција и Турција, а за кои министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вчера рече дека според „изјавите на мигрантите, турските власти ги истуркале кон островот, ги однеле на брегот на реката и под закана со насилство ги принудиле да дојдат во Грција“.
Додаде дека од сведочењето на мигрантите произлегло дека петгодишно дете го загубило животот на турска територија.
Случајот со групата мигранти и починатото дете веќе неколку дена е актуелен во Грција, а грчката полиција, првично, во неделата соопшти дека по натписите во медиумите за присуството на мигрантите на малиот остров, била спроведена потрага, но без резултат и без да бидат пронајдени лицата, а паралелно додадоа дека добиените координати со локацијата се вон грчка територија, додека пак ден подоцна, во понеделникот, групата беше пронајдена. (МИА)]]>Неодамнешниот случај што се однесува на пренесувањето на барателите на азил од Турција кон Грција во областа Еврос, претставува уште еден обид на Турција да го инструментализира мигрантско- бегалското прашање и евентуално, паралелно, да создаде гранично прашање, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на случајот со мигрантите на копнената граница меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР велат дека „пред овој нов обид на товар на грчките национални интереси, потребна е разумност и одговорност од сите политички сили во земјата, наместо обид, прашањето да се претвори во поле на партиска препукувања, од дел од опозицијата“.
Реакцијата од Министерството за надворешни работи на Грција е во врска со групата од 38 мигранти, кои извесен период беа заглавени на малиот остров во реката Еврос на копнената граница меѓу Грција и Турција, а за кои министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вчера рече дека според „изјавите на мигрантите, турските власти ги истуркале кон островот, ги однеле на брегот на реката и под закана со насилство ги принудиле да дојдат во Грција“.
Додаде дека од сведочењето на мигрантите произлегло дека петгодишно дете го загубило животот на турска територија.
Случајот со групата мигранти и починатото дете веќе неколку дена е актуелен во Грција, а грчката полиција, првично, во неделата соопшти дека по натписите во медиумите за присуството на мигрантите на малиот остров, била спроведена потрага, но без резултат и без да бидат пронајдени лицата, а паралелно додадоа дека добиените координати со локацијата се вон грчка територија, додека пак ден подоцна, во понеделникот, групата беше пронајдена. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-ushte-eden-obid-na-turcija-da-go-instrumentalizira-migrantskoto-prashanje-i-eventualno-da-sozdade-granichno-prashanje/feed/0Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР (ФОТО)
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-predlog-pretstaven-pred-strateshkiot-sovet-na-mnr-foto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-predlog-pretstaven-pred-strateshkiot-sovet-na-mnr-foto/#respondMon, 04 Jul 2022 19:50:51 +0000https://kurir.mk/?p=699978Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет.
- Денес францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, вели Османи.
]]>Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет.
- Денес францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, вели Османи.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-predlog-pretstaven-pred-strateshkiot-sovet-na-mnr-foto/feed/0MНР: Земјава нема испратено предлог за амбасадор во ЕУ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-zemjava-nema-isprateno-predlog-za-ambasador-vo-eu/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-zemjava-nema-isprateno-predlog-za-ambasador-vo-eu/#respondFri, 29 Apr 2022 20:08:12 +0000https://kurir.mk/?p=669974 Министерството за надворешни работи како шпекулации ги оцени информациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија, бидејќи, како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.
-Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во денешната реакција од МНР. ]]> Министерството за надворешни работи како шпекулации ги оцени информациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија, бидејќи, како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.
-Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во денешната реакција од МНР. ]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-zemjava-nema-isprateno-predlog-za-ambasador-vo-eu/feed/0МНР: Продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuvaat-naporite-za-izvlekuvanje-na-nashite-drzavjani-od-ukraina/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuvaat-naporite-za-izvlekuvanje-na-nashite-drzavjani-od-ukraina/#respondMon, 28 Feb 2022 16:14:02 +0000https://kurir.mk/?p=638151Во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е наш врвен приоритет, истакнаа од Министерството за надворешни работи.
Оттаму нагласија дека во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но, како што додадоа, информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.
– Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можеме да ги споделуваме. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени, наведоа од МНР.
Оттаму посочија дека поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.
– Дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија, потенцираат од МНР.]]>Во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е наш врвен приоритет, истакнаа од Министерството за надворешни работи.
Оттаму нагласија дека во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но, како што додадоа, информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.
– Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можеме да ги споделуваме. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени, наведоа од МНР.
Оттаму посочија дека поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.
– Дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија, потенцираат од МНР.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuvaat-naporite-za-izvlekuvanje-na-nashite-drzavjani-od-ukraina/feed/0