Министерство за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 18:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Министерство за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе ги има на 1 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=869775

Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училишен ден, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. За трето и шесто се изработуваат нови учебници согласно новите наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО) и поради тоа се очекува доцнење на некои од нив. -Поголем дел од учебниците од трето одделение, по три предмети, ќе се достават на 1 септември. Само за еден предмет, за кој чекаме одобрување т.е. последно мислење од рецензентската комисија, ќе биде на почетокот на септември, но не можам да кажам точен датум. За шесто одделение денеска во Националната комисија се одобрени дел од учебниците и за нив ќе направиме максимум за да стигнат на почетокот на учебната година, изјави Шаќири во интервју во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека доцнењето нема да биде како минатата учебна година која, рече, „не беше лесна“ зашто имало нови наставни програми за четири одделенија. Оваа ќе биде поразлична учебна година бидејќи МОН, нагласи Шаќири, се подготвува од почетокот на оваа календарска година. Новите програми од БРО се доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение. -Најголемиот дел веќе се одобрени. Ова не беше истата позиција од претходната учебна година кога програмите беа доставени подоцна во МОН, рече Шаќири и додаде дека се одобрени и над 130 наслови во стручното образование. Во однос на рокот што му е даден на МОН од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за десет дена да ги обезбеди сите учебници поради пријава за продолжена системска дискриминација за доцнењето од минатата учебна година, Шаќири рече дека имал состанок со претседателката на Комисијата и доставиле допис за постапките на МОН и чекорите што ги презело лани за обезбедување на учебниците. На прашањето дали е можно да има штрајк на наставниците затоа што Советот на СОНК и Независниот синдикат на образование не прифаќаат зголемување на платите од 10 отсто, Шаќири одговори дека „има многу причини да не се случи штрајк“. - Да не ги споменувам претходните 20 проценти, само во претходната, една учебна година, се добиени 18,4 проценти повисоки плати во основно и средно образование. Со Општиот колективен договор се добиваат 10 проценти за целиот јавен сектор. Со синдикатот сме во напредна фаза на дискусија да се најде начин, освен со Општиот колективен договор, што може да се предвиди и во делот на покачувањето на минималната плата. Со Општиот колективен договор првпат имаме регрес во 2023 и тоа ќе се случи и во 2024 година, рече Шаќири. Тој објави и дека, во насока на мотивирање на наставниците, со Министерството за финансии разгледуваат можност во новиот колективен договор да влезат и патни трошоци за наставниците и ќе се предвиди оддалеченост до/од училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/feed/ 0
СКАНДАЛ: Грци го хакирале македонското министерство за образование, имале пристап до секоја камера и сите податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grci-go-hakirale-makedonskoto-ministerstvo-za-obrazovanie-imale-pristap-do-sekoja-kamera-i-site-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grci-go-hakirale-makedonskoto-ministerstvo-za-obrazovanie-imale-pristap-do-sekoja-kamera-i-site-podatoci/#respond Sun, 06 Feb 2022 20:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=627802

Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ пред 2 дена го хакирале македонското министерство за образование. Досега од министерството за образование нема никакви податоци за хакерскиот напад, ниту за тоа дали некои фајл е уништен или корумпиран и дали можеби хакерскиот напад се уште е во тек. Од она што го споделува профилот на Твитер „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grci-go-hakirale-makedonskoto-ministerstvo-za-obrazovanie-imale-pristap-do-sekoja-kamera-i-site-podatoci/feed/ 0
Царовска не покажа вистинска грижа за средношколците кои скоро и да немаат практична настава, обвинуваат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-pokaza-vistinska-griza-za-srednoshkolcite-koi-skoro-i-da-nemaat-praktichna-nastava-obvinuvaat-od-komisijata-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-pokaza-vistinska-griza-za-srednoshkolcite-koi-skoro-i-da-nemaat-praktichna-nastava-obvinuvaat-od-komisijata-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 17 Feb 2021 13:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=470034

Министерката Царовска, наместо да се грижи за катастрофалните состојби во училиштата, неуспехот со платформите за онлајн учење и незадоволството на средношколците од полагањето на матура во време на пандемија, смислува настани за дефокусирање од реалните проблеми, реагираат од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. „Мила Царовска не покажа вистинска грижа за средношколците кои скоро и да немаат практична настава, а дел од нив наставата ја одржуваат по приватни фирми и тоа со намален број заради економскиот крах од пандемијата. Очигледно е дека министерката Царовска започна кампања за претстојните локални избори затскриена зад нејзиниот нов проект каде како што и самата вели, ќе идентификува профили на ученици. Ја повикуваме министерката, кога ќе ги посетува средните стручни училишта добро да погледне во какви услови средношколците држат практична настава. Истовремено да се заангажира моделите на кои се држи истата таа настава да не се од памтивек, туку да набави нови, современи а сѐ со цел подобрување на профилот на средношколецот кој ќе излезе на пазарот на трудот по завршувањето на своето образование. Предлагаме, Царовска наместо екскурзии и кампања за локални избори, барем еднаш да започне со реално решавање на проблемите на средношколците, без измеслени проекти со невладини организации кои се блиски до нејзе и до нејзиниот шеф, Зоран Заев. Мила, засукај ги ракавите! Средношколците мака мачат со практичната настава, а наставниот кадар е оставен на немилост бидејќи моделите и системот се во распаѓање“, порачуваат тие.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-ne-pokaza-vistinska-griza-za-srednoshkolcite-koi-skoro-i-da-nemaat-praktichna-nastava-obvinuvaat-od-komisijata-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Министерството за образование испорача искинати и мувлосани учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-obrazovanie-isporacha-iskinati-i-muvlosani-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-obrazovanie-isporacha-iskinati-i-muvlosani-uchebnici/#respond Fri, 16 Oct 2020 12:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=417230

Министерството за образование и наука тотално потфрли во подготовката на новата учебна година. Онлајн насатавата започна со многу проблеми и со еден месец задоцнување, а учениците и родителите се жалат и дека министерството им испорачало искинати, мувлосани учебници, некои и без страници и корици. А некои учебници и воопшто не се испорачани како на пример за македонски и француски јазик, историја за 6-то одделение, географија за 8-мо одделение и многу други. Родителите велат дека се случува хаос, катастрофа и го обвинуваат министерството за образование дека го преспало летото, наместо да ги направат сите подготовки за учениците успешно да ја започеа новата учебна година. И покрај тоа што учениците алармирале кај своите професори и директори на училишта, министерството сеуште не им испорачува нови учебници. Според анкетата што ја спроведе порталот деца.мк, коментарите на родителите се остри. Едни велат дека училиштата барале нови учебници од Министерството за образование, но тие сеуште не се испорачани. Родителите се жалат дека децата немаат од што да ушат, дека наставниците им испраќаат учебници по електронска пошта со препорака да ги испечатат или да почекаат уште малку. Според анкетираните, најголем дел од нив одговорноста ја гледаат во Министерството за образование и наука. -Во државата бесплатно школување? Не. Не треба да велат дека е бесплатно кога освен лаптоп сега треба да купувам и учебници, вели еден од испитаниците. Друг испитаник вели дека учебниците се партал. Тогаш нема потреба од бесплатни учебници. И нема потреба од фамозни тендери на неколку фирми да печатат огромни тиражи. Хаос, лошо, неодговорност, катастрофа се кусите коментари на оние што ги напишале во анкетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-obrazovanie-isporacha-iskinati-i-muvlosani-uchebnici/feed/ 0
Зделки во 4 очи со државата: Министерството за образование склучило договори вредни милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdelki-vo-4-ochi-so-drzavata-ministerstvoto-za-obrazovanie-skluchilo-dogovori-vredni-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdelki-vo-4-ochi-so-drzavata-ministerstvoto-za-obrazovanie-skluchilo-dogovori-vredni-milioni-evra/#respond Thu, 27 Aug 2020 09:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=395983

Министерството за образование и наука во периодот од 30 јули до 5 август годинава склучило десетици зделки во четири очи за набавка на учебници. Имено, на системот за Јавни набавки има објавено десетици договори во кои како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од неколку милиони евра. Министерството согласно потпишаните договори со овие фирми се обврзува дека сумата ќе биде исплатена 45 дена од доставата на учебниците во училиштата. Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdelki-vo-4-ochi-so-drzavata-ministerstvoto-za-obrazovanie-skluchilo-dogovori-vredni-milioni-evra/feed/ 0
Црногорско Министерство за образование: Учениците да не се враќаат во училиште https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorsko-ministerstvo-za-obrazovanie-uchenicite-da-ne-se-vrakjaat-vo-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorsko-ministerstvo-za-obrazovanie-uchenicite-da-ne-se-vrakjaat-vo-uchilishte/#respond Fri, 24 Apr 2020 13:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=336731

Црногорскиот министер за образование Дамир Шеховиќ порача дека ставот на Министерството е учениците да не се враќаат во училишните клупи до крајот на школската година поради актуелната епидемиолошка ситуација, но конечна одлука за тоа треба да донесе Националното координативно тело за заразни болести и Владата. Тој во интервју за „Вијести“ истакна дека таквиот став се однесува и за децата во градинките, а календарот за оваа училишна година нема да биде продолжен. Шеховиќ нагласи дека Министерството подготвило упатство за оценување, кое ќе биде испратено до сите училишта, за да можат учениците да добијат завршни оценки. Што се однесува до евентуалната екстерна матура, црногорскиот министер изјави дека таа не може да биде организирана онлајн, но се уште не знаат на кој начин ќе се спроведе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorsko-ministerstvo-za-obrazovanie-uchenicite-da-ne-se-vrakjaat-vo-uchilishte/feed/ 0
Учебната година на прагот, учебници ќе доцнат како минатата година?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-na-pragot-uchebnici-kje-docnat-kako-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-na-pragot-uchebnici-kje-docnat-kako-minatata-godina/#respond Tue, 20 Aug 2019 08:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=231450

Уште десетина дена од почетокот на новата учебна година, а Министерството за образование не се произнесе дали и оваа година учебниците за основно и средно образование ќе доцнат. Имено, минатата година учениците беа оставени сами на себе да се снаоѓаат од што ќе учат бидејќи учебниците доцнеа подолг период. Лани министерот за образование пред самиот почеток на учебната година најави дека учебниците ќе доцнат поради две причини: долгот кој министерството го има кон издавачите за учебниците за минатата година, како и измените кои ги најави министерството за 24 учебници во кои беа утврдени грешки. Издавачите лани пред десетина дена писмено се обратиле до министерството со барање да им го исплати долгот од лани за печатените учебници за да почнат да ги печатат учебниците од оваа година, што било одбиено од министерството. Издавачите информираа дека и покрај тоа, почнале да ги печатат учебниците. Дури тогаш книгите за основно образование се комплетирале до втората половина на септември, а за средно крајот на октомври. И покрај ветувањето на министерот, лани родителите се соочија да нивните деца немаат учебници и во ноември што започнаа и лавина реакции за кои пишуваа медиумите. Трет месец од учебна година 2018/2019 низ книжарниците сè уште ги немаше сите потребни учебници кои ги вети Министерството за образование како новина за оваа година. Од книжарниците велеа дека досега не добиле ниту една книга и не знаат кога би се случило тоа. Од книжарниците дури образложуваа дека досега не стигнала ниту една книга но исто така не знаат ниту какви книги би требало стигнат бидејќи моментално немаат ништо. А, поплаки од родители секојдневно имаше и по социјалните мрежи, но и во книжарниците се расправаа, бидејќи нивните деца нема од што да учат. Најчесто велеле „Нека ги донесат веќе книгите бидејќи децата останаа без учење“. Додека пак некои родители копирале 5 или 6 страници од книгата бидејќи наставниците им рекле дека во меѓувреме ќе пристигнат сите книги, но тие никако не пристигале. Дали ваква тензична ситуација не очекува и оваа учебна година 2019/2020 останува да видиме иако во предизборието власта ветуваше подобро образование, но претходниот заменик министер на образование Петар Атанасов на ФБ статус при давање оставка напиша дека во министерството досега откако тие дојдоа на власт ништо позначајно се нема направено за доброто на младите генерации. „Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро. Уште пред парламентарните избори составив тим со кој заедно изградивме одлична програма и план, и силно верувавме во политиките кои требаше да ги реализираме. Се чинеше дека успехот е неизбежен. Ем знаевме, ем можевме, уште само требаше да покажеме дека и умееме“. Сето ова говори дека образованието во Република Македонија тапка во место. Но на почетокот од новата учебна година ќе видиме дали нешто се има сменето за доброто на идните млади генерации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-na-pragot-uchebnici-kje-docnat-kako-minatata-godina/feed/ 0
Образование: Никој не е задоволен од најавеното покачување на платите од 5%, од СОНК бараат да се опфатат и универзитетските професори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovanie-nikoj-ne-e-zadovolen-od-najavenoto-pokachuvanje-na-platite-od-5-od-sonk-baraat-da-se-opfatat-i-univerzitetskite-profesori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovanie-nikoj-ne-e-zadovolen-od-najavenoto-pokachuvanje-na-platite-od-5-od-sonk-baraat-da-se-opfatat-i-univerzitetskite-profesori/#respond Thu, 30 Aug 2018 13:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=94270

Платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат други поволности. Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 % (пет проценти) за 2018, нема да придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните со оваа мерка. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изрази очекување дека во наредниот период владата ќе посвети поголемо внимание на образованието каде платите се најниски во однос на целиот јавен сектор. Тој побара да продолжи зголемувањето на платите, но да се опфатат и вработените во високото образование, кои не се дел од ова покачување. Порача да се изнајде решение и во иднина да се подобри социјалниот статус на вработените и додаде дека отворено треба да се разговара за сите прашања. Минатата година пак, Наставничкиот пленум не беше задоволен од најавите за зголемување на платите на наставниците за пет проценти при објавувањето на Предлог-буџетот за 2018 година. Тогаш тие посочија дека платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат цел куп поволности. - Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 проценти ниту ќе придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните – пишуваше тогаш во соопштението на Наставничкиот пленум. Инаку со денешната спогодба е утврдена најниската плата за најнизок степен на сложеност за вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари, а во средните училишта, 13.117 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovanie-nikoj-ne-e-zadovolen-od-najavenoto-pokachuvanje-na-platite-od-5-od-sonk-baraat-da-se-opfatat-i-univerzitetskite-profesori/feed/ 0
Петар Атанасов ќе биде избран за заменик-министер за образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-atanasov-kje-bide-izbran-za-zamenik-minister-za-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-atanasov-kje-bide-izbran-za-zamenik-minister-za-obrazovanie/#respond Wed, 29 Aug 2018 05:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=93362

Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ денеска на собраниска седница се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука. Точката за именување на заменик-министер за образование е ставена како 20-та на денешната седница на Собранието на Република Македонија. Атанасов на 23 овој месец поднел оставка на функцијата пратеник, а на негово место треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1. На дневен ред на денешната 58. собраниска седница ставени се вкупно 34 точки на разгледување од различни области. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-atanasov-kje-bide-izbran-za-zamenik-minister-za-obrazovanie/feed/ 0
Адеми вети искрена и максимална заложба на новата функција во МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/#respond Mon, 04 Jun 2018 12:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=62166

Арбр Адеми денеска ја презема функцијата министер за образование и наука, на местото на досегашната министерка Рената Дескоска. Како досегашен заменик министер во МОН Адеми вети искрена и максимална заложба, но и целосна посветеност во работењето. - Заедно, партнерски се справуваме со сите предизвици, заедно успеавме да реализираме многобројни активности и по мое лично убедување мислам дека покажавме ажурност, истрајност и искрена заложба за подобрување на состојбите во националниот образовен систем, нагласи Адеми за досегашната соработка со Дескоска. Истакна дека и во иднина ентузијастички, со целото Министерство за образовение и наука, ќе продолжат со реализација на сите приоритети, активности, мерки и проекти, што се дел од програмата на Владата. - Фокусот, секако, останува на реформирање на основното и средното образование преку спроведување на новите законски решенија, како и примена на новите наставни програми, потенцираше новиот министер за образование и наука. Адеми наведе дека се работи на изработка на учебници со подобрена содржина, поголема промоција на средното стручно образование, како и имплементација на концептот на дуално образование и поттикнување на креативноста на наставниците и учениците. - Во делот на високото образование, секако, останува да водиме сметка за имплементација на сите одредби што се дел од новиот закон за високо образование, што треба да обезбеди подобри стандарди за работа и квалитет во таа сфера, посочи Адеми. Адеми информираше дека во согласност со генералните одредби на Владата, Министерството за образование и наука ќе се потруди да издвои поголеми средства за нови можности и развој во областа на науката. - Министерството стои на располагање за соработка со сите засегнати страни, со сите оние кои имаат добри предлози со цел да се подобри состојбата, наведе Адеми. Тој и посака голема успех на Дескоска, која од денеска преминува на функцијата министерка за правда. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/feed/ 0