министерство за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 16:42:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руското Министерство за одбрана: Процесот на предавање на вооружувањето на Вагнер е при крај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-protsesot-na-predavane-na-vooruzhuvaneto-na-vagner-e-pri-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-protsesot-na-predavane-na-vooruzhuvaneto-na-vagner-e-pri-kraj/#respond Wed, 12 Jul 2023 16:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=855971

Руската приватна воена компанија „Вагнер“ речиси го заврши процесот на предавање на вооружувањето на редовната Армија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, цитирано од британски медиуми. Платениците веќе предале повеќе од две илјади парчиња опрема, вклучувајќи тенкови и проектили, како и 2.500 тони разновидна муниција. Ова е дел од договорот што Вагнер и Кремљ го направија за ставање крај на бунтот на борците на Евгениј Пригожин што избувна кон крајот на минатиот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-protsesot-na-predavane-na-vooruzhuvaneto-na-vagner-e-pri-kraj/feed/ 0
Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/#respond Sat, 24 Jun 2023 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=849263

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот. Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/feed/ 0
Руското МО до борците на „Вагнер“: Заведени сте и вовлечени во криминална авантура на шефот Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-mo-do-bortsite-na-vagner-zavedeni-ste-i-vovlecheni-vo-kriminalna-avantura-na-shefot-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-mo-do-bortsite-na-vagner-zavedeni-ste-i-vovlecheni-vo-kriminalna-avantura-na-shefot-prigozhin/#respond Sat, 24 Jun 2023 08:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=849216

Руското Министерство за одбрана денеска лиферуваше соопштение до борците на платеничката група „Вагнер“ во кое наведува дека тие биле заведени и вовлечени во криминална авантура од страна на шефот на групата Евгениј Пригожин, пренесоа светските агенции. Во соопштението на Телеграм, руското министерство ги повика борците на Вагнер да контактираат со претставници на Министерството за одбрана и претставници на руските агенции за спроведување на законот и вети дека ќе ја гарантира нивната безбедност. „Им се обраќаме на борците од јуришните одреди на приватната воена компанија Вагнер. Вие бевте со измама вмешани во криминалната авантура на Пригожин и учествувавте во вооружени немири. Многу ваши соборци од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка и се обратија за помош во обезбедување безбедно враќање на местата за постојано распоредување“, се наведува во соопштението на руското МО. Во него се додава и дека сите борци и команданти од „Вагнер“ кои го направиле тоа ја добиле сета потребна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-mo-do-bortsite-na-vagner-zavedeni-ste-i-vovlecheni-vo-kriminalna-avantura-na-shefot-prigozhin/feed/ 0
АРМ започна со подготовка на помошта за Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-zapochna-so-podgotovka-na-pomoshta-za-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-zapochna-so-podgotovka-na-pomoshta-za-turtsija/#respond Tue, 07 Feb 2023 07:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=797104

Министерството за одбрана информира дека Армијата отпочна со подготовка и веќе упатува обучен тим за пронаоѓање и спасување во Турција. -Тимот е составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат својот максимум и обученост за спасување на човечки животи под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Туркије, информираат од Министерството. Владата на вчерашната вонредна седница го задолжи Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-zapochna-so-podgotovka-na-pomoshta-za-turtsija/feed/ 0
Ковачки: Одговорност од Петровска, од МО украдени класифицирани документи и компјутери со строго доверлива содржина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-odgovornost-od-petrovska-od-mo-ukradeni-klasificirani-dokumenti-i-kompjuteri-so-strogo-doverliva-sodrzina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-odgovornost-od-petrovska-od-mo-ukradeni-klasificirani-dokumenti-i-kompjuteri-so-strogo-doverliva-sodrzina/#respond Mon, 03 Oct 2022 13:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=740446

Повторно грабеж во Министерството за одбрана. И после 2 години од грабежот во централата на МО кога беа украдени униформи и друга опрема, случај кој до денес не е расветлен, денеска во центарот на Скопје, на улица Орце Николов е ограбена подрачна единица на Министерство за одбрана, обвинува Драган Ковачки. „Од подрачната единица на Министерството за одбрана се украдени класифицирани документи и украдени се компјутери на кои имало класифицирани, односно строго доверливи податоци. (!) Ова дело не е само за оставка, туку и за кривична одговорност. Срамот кој СДС - антимакедонска и' го нанесува на државата, на одбраната и на безбедноста е огромен. Лично не се сеќавам на ваков аматеризам и неодговорност во Одбраната“ - обвини тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-odgovornost-od-petrovska-od-mo-ukradeni-klasificirani-dokumenti-i-kompjuteri-so-strogo-doverliva-sodrzina/feed/ 0
Министерство за одбрана: Немаме планови за враќање на задолжително служење на воен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/#respond Fri, 30 Sep 2022 14:06:41 +0000 https://kurir.mk/?p=739637

Армијата на Република Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, информираа денеска од Министерството за одбрана. Одлуката за професионална војска, наведуваат од МО, ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата. -Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, се вели во соопштението од МО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-nemame-planovi-za-vrakjanje-na-zadolzitelno-sluzenje-na-voen-rok/feed/ 0
Министерство за одбрана: Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-amerikanskite-bombarderi-b-52-so-preletot-nad-skopje-go-demonstriraa-silnoto-sojuznishtvo-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-amerikanskite-bombarderi-b-52-so-preletot-nad-skopje-go-demonstriraa-silnoto-sojuznishtvo-vo-nato/#respond Mon, 22 Aug 2022 15:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=722199

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и  силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана. Во однос на прелетот на двата американски бомбардери, потполковникот Јован Азмановски  од  Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо. – Граѓаните на Скопје и Северна Македонија денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците, рече потполковникот Азмановски. Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над  воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-odbrana-amerikanskite-bombarderi-b-52-so-preletot-nad-skopje-go-demonstriraa-silnoto-sojuznishtvo-vo-nato/feed/ 0
Министерството за одбрана без конкретен одговор дали се донирани воени авиони за Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-odbrana-bez-konkreten-odgovor-dali-se-donirani-voeni-avioni-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-odbrana-bez-konkreten-odgovor-dali-se-donirani-voeni-avioni-za-ukraina/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=713876

Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“. – Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА. Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев. Претходно, Северна Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина. На тоа реагираше официјална Москва. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“. Со контрареакција на изјавата на Захарова, вчера со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ. -Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението. Република Северна Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-odbrana-bez-konkreten-odgovor-dali-se-donirani-voeni-avioni-za-ukraina/feed/ 0
Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/#respond Mon, 25 Jul 2022 17:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=710075

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“. Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“. Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките. Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови. Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/feed/ 0
Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planovite-na-germanskoto-ministerstvo-za-odbrana-predviduvaat-nova-komandna-struktura-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planovite-na-germanskoto-ministerstvo-za-odbrana-predviduvaat-nova-komandna-struktura-na-armijata/#respond Mon, 13 Jun 2022 17:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=690346

Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата како дел од одговорот на Берлин на војната во Украина, јави ДПА. Извори цитирани од ДПА денеска наведоа дека Министерството им соопштило на водечките пратеници дека руската инвазија врз Украина покажа дека командната структура на армијата треба да биде повеќе ориентирана кон барањата на националната одбрана и одбраната на германските сојузници. Новата структура предвидува армијата да има два командни центри со различни задачи. Генерал-мајор Карстен Брејер, кој го предводеше кризниот штаб на канцеларот за време на пандемијата на коронавирусот, ќе ја предводи изградбата на структурата на новиот систем и ќе биде првиот командант на новиот Команден центар за национална одбрана, што треба да стапи на сила во април следната година и ќе се занимава со важни задачи во германските вооружени сили. Оперативната команда во Швиловзе, во близина на Потсдам, истовремено ќе продолжи да ги води странските мисии на германската армија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planovite-na-germanskoto-ministerstvo-za-odbrana-predviduvaat-nova-komandna-struktura-na-armijata/feed/ 0