министерство за правда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за правда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерство за правда: Предлог Законот за помилување е доставен во владина процедура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/#respond Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=885047

​ Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура, информираат од надлежното министерство. Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. ​Причините за донесување на Законот за помилување, пред се, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон. Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд. Клучните новини содржани во Предлогот на законот се: Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени, стои во соопштението на министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/feed/ 0
Министерството за правда нема информација дека Алил Демири е ослободен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=870912

Министерството за правда за МИА информира дека до овој момент нема добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Косовската полиција во соработка со македонската, вчера во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Откако денеска во медиумите се појавија наводи дека Демири бил ослободен бидејќи обвинителството се откажало од барање на притвор, МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Од Министерството за правда, претходно денеска информираа дека барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активно, односно чекаат одговор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/feed/ 0
Средба Лога-Јовески: Разговарале за активностите кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Wed, 16 Aug 2023 14:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=867497

Министерот за правда Кренар Лога денеска  оствари средба со  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.

За случајот со модуларната болница во Тетово, во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-loga-joveski-razgovarale-za-aktivnostite-koi-se-prezemaat-vo-vrska-so-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Лога стави потпис: Се менуваат изводите од матичните книги, новите ќе имаат графа за етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/#respond Mon, 29 May 2023 14:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=840081

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Од Министерството за правда информираат дека ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените. За другите изводи, како што се наведува во соопштението, поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Лога: Во Министерството за правда се уште не е доставен записникот од седницата на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-vo-ministerstvoto-za-pravda-seushte-ne-e-dostaven-zapisnikot-od-sednitsata-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-vo-ministerstvoto-za-pravda-seushte-ne-e-dostaven-zapisnikot-od-sednitsata-na-sudskiot-sovet/#respond Wed, 03 May 2023 13:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=830174

Министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање за настаните во Судскиот совет рече дека во Министерството за правда сеуште не е добиен записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката на Советот, Весна Дамева. -Денеска проверивме пред да дојде овде дека такви записници не се пуштени кај нас, немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. Другиот дел останува нејасен, бидејќи не е објавена никаква одлука во Службен весник. Така што не би сакал да навлегувам во оваа проблематика додека немам на хартија тоа што веќе го имам побарано како министер за правда, изјави Лога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-vo-ministerstvoto-za-pravda-seushte-ne-e-dostaven-zapisnikot-od-sednitsata-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Објавен составот на експертската работна група за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-sostavot-na-ekspertskata-rabotna-grupa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-sostavot-na-ekspertskata-rabotna-grupa-za-ustavni-izmeni/#respond Wed, 19 Apr 2023 14:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=825548

Министерството за правда попладнево ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја. Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. - Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, наваедуваат од Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-sostavot-na-ekspertskata-rabotna-grupa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Министерството за правда ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-gi-objavi-iminata-na-uchesnitsite-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-gi-objavi-iminata-na-uchesnitsite-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/#respond Tue, 11 Apr 2023 10:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=822810

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. -Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците, се предлозите од парламентарните политички партии за членови во работната група Од институции се предложени Александар Спасов од Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи. Од Министерството за правда велат дека експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава. -Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, информираат од Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-gi-objavi-iminata-na-uchesnitsite-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-utre-ke-go-soopshti-sostavot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-utre-ke-go-soopshti-sostavot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/#respond Mon, 10 Apr 2023 10:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=822389

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ. Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат. СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка. Алијанса за Албанците соопшти дека претставник на партијата во работната група за уставните измени ќе биде пратеникот Ремзи Мехмеди. Според информациите, свои претставници во групата номинирала и Беса, а се очекува денеска и ДУИ да соопшти кој ќе биде номиниран од кај нив. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз викендов информираа дека нема да учествуваат во работната група. Во јавноста излегоа имиња на експерти, но засега нема официјална информација кој од нив ќе биде дел од оваа работна група. Од Министерството за правда велат дека се додека не заврши рокот, верчерва на полноќ, нема да соопштуваат имиња. На дописот од Министерството за правда, први се одѕваа Претседателот Стево Пендаровски, кој потврди дека негов претставник во работната група за измени на Уставот ќе биде професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е негов правен советник, додека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека СЕП активно ќе учествува во работната група и дека најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група свои експерти треба да номинираат и од Министерството за надворешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-utre-ke-go-soopshti-sostavot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-poddrzha-initsijativata-na-opshtina-tsentar-za-konfiskatsija-na-bespravno-izgradeni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-poddrzha-initsijativata-na-opshtina-tsentar-za-konfiskatsija-na-bespravno-izgradeni-objekti/#respond Fri, 07 Apr 2023 13:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=821541

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда. Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти. - Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството. Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-ja-poddrzha-initsijativata-na-opshtina-tsentar-za-konfiskatsija-na-bespravno-izgradeni-objekti/feed/ 0
БЕСА бара албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот, Министерство за правда вели барањето ќе биде предложено на работната група https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-bara-albanskiot-jazik-da-bide-ramnopraven-so-makedonskiot-ministerstvo-za-pravda-veli-baraneto-ke-bide-predlozheno-na-rabotnata-grupa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-bara-albanskiot-jazik-da-bide-ramnopraven-so-makedonskiot-ministerstvo-za-pravda-veli-baraneto-ke-bide-predlozheno-na-rabotnata-grupa/#respond Fri, 31 Mar 2023 14:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=818568

Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата, почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија, и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности, изјави на денешната прес-конференција Фатмир Сабриу од БЕСА. Од партијата бараат од Владата како предлагач на уставните измени во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието за да се инкорпорираат и амандманите на V-тиот амандман на уставот на Република Македонија. -1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма: 2. На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо. 3. Другите ставови од Амандманот V треба да се прилагодат според став 1. Движењето Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но ние инсистираме да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Република Северна Македонија, изјави Сабриу. Од Министерството за правда се огласија од реакција во која велат дека го добиле писмото од БЕСА, во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промената на амандманот V од Уставот. -Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени, ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ке биде наскоро формирана а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата БЕСА, стои во соопштението на Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-bara-albanskiot-jazik-da-bide-ramnopraven-so-makedonskiot-ministerstvo-za-pravda-veli-baraneto-ke-bide-predlozheno-na-rabotnata-grupa/feed/ 0