Министерство за транспорт и врски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 May 2022 08:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Министерство за транспорт и врски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-povik-za-odobruvanje-vozni-redovi-za-avtobuski-linii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-povik-za-odobruvanje-vozni-redovi-za-avtobuski-linii/#respond Tue, 31 May 2022 08:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=684046

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. -Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток), соопшти Министерството за транспорт. Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk. Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-povik-za-odobruvanje-vozni-redovi-za-avtobuski-linii/feed/ 0
„ТВ21“: Шилегов можен кандидат за нов министер за транспорт и врски ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv21-shilegov-mozen-kandidat-za-nov-minister-za-transport-i-vrski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv21-shilegov-mozen-kandidat-za-nov-minister-za-transport-i-vrski/#respond Mon, 20 Dec 2021 11:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=610765

Името на екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е едно од можните имиња за нов Министер за транспорт и врски, дознава ТВ21 од партиските извори во СДСМ. ТВ21 стапи во контакт со Петре Шилегов, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше ваквата вест. Инаку в среда премиерот Зоран Заев својата оставка ќе ја депонира во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски. Најдоцна до средината на јануари според најавите од Влада, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане Димитар Ковачевски како премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv21-shilegov-mozen-kandidat-za-nov-minister-za-transport-i-vrski/feed/ 0
„Беса транс“ имала активна лиценца за меѓународен превоз на патници, велат од Министерството за транспрот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-trans-imala-aktivna-licenca-za-megjunaroden-prevoz-na-patnici-velat-od-ministerstvoto-za-transprot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-trans-imala-aktivna-licenca-za-megjunaroden-prevoz-na-patnici-velat-od-ministerstvoto-za-transprot/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=598742

До Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, поднесено е барање од страна на превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, информираат од Министерството за транспорт и врски. Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. -Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, информираат од Министерството. Оттаму истакнуваат дека очекуваат истрагата да ги покаже причините поради кои настана трагичната несреќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-trans-imala-aktivna-licenca-za-megjunaroden-prevoz-na-patnici-velat-od-ministerstvoto-za-transprot/feed/ 0
Министерство за транспорт и врски ќе се поднови со завеси од 5 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-transport-i-vrski-kje-se-podnovi-so-zavesi-od-5-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-transport-i-vrski-kje-se-podnovi-so-zavesi-od-5-iljadi-evra/#respond Fri, 19 Feb 2021 12:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=470959

Министерство за транспорт и врски има овјавено оглас на системот за јавни баванки во кој ќе нарачува завеси. Имено, во огласот во делот предмет на на договорот стои набавка на вариолајт завеси додека во делот на проценета вредност стои сумата 300.000 денари. Експертите велат дека непродуктивните трошења на министерствата се недозвиливи во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто сериозно и одговорно не се однесуваат со парите на граѓаните. Ова не е прв пат институциите и министерства да трошат пари за луксузирање и несовесно и недомаќински да се однесувааат со средставата кои ги имаат на располагање. Експертската јавност вели дека ваквото несовесно однесување со парите на граѓаните не остава добар впечаток ниту кај граѓаните ниту во јавноста. Власта во повеќе наврати ветуваше дека ќе нема непотребни трошење се со цел државата да не се задолжува дополнително но тоа не е случај. Досега во јавноста излегоа огромен број на скандали за непродуктивни трошоци кои ги прават токму министерствата и институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-transport-i-vrski-kje-se-podnovi-so-zavesi-od-5-iljadi-evra/feed/ 0
Викендов електронско аплицирање за ЕКМТ дозволи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-elektronsko-apliciranje-za-ekmt-dozvoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-elektronsko-apliciranje-za-ekmt-dozvoli/#respond Wed, 10 Oct 2018 09:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=113177

Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ дозволи за 2019 година и изготвување на Листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година ќе се врши од сабота 13 октомври во 0:00 часот до понеделник 15 октомври во 23:59:00 часот, информира Министерството за транспорт и врски. - Трговските друштва кои имаат важечки лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за ЕКМТ дозволи и поединечни транспортни дозволи-резервација) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), аплицирањето можат да го направат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk, соопшти Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-elektronsko-apliciranje-za-ekmt-dozvoli/feed/ 0
Транспорт ја поништи постапката за финансиска помош за авиопревозници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/transport-ja-ponishti-postapkata-za-finansiska-pomosh-za-avioprevoznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/transport-ja-ponishti-postapkata-za-finansiska-pomosh-za-avioprevoznici/#respond Mon, 06 Aug 2018 09:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=84959

Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници. Постапката е поништена на предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, а по јавното отворање што се оддржи на ден 27 јули годинава за што беше доставена само една понуда, од „Виз ер“. - На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2.1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање, нацедуваат од Министерството за транспорт и врски. Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка. Согласно извештајот од Комисијата, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка. Министерството за транспорт и врски најавува дека во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, со цел, како што посочуваат, да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија. (МИА)    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/transport-ja-ponishti-postapkata-za-finansiska-pomosh-za-avioprevoznici/feed/ 0