министерство за труд и социјална политика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 07:18:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за труд и социјална политика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МТСП: Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-so-septemvriskata-penzija-penzionerite-dobivaat-povisoki-penzii-za-6-8-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-so-septemvriskata-penzija-penzionerite-dobivaat-povisoki-penzii-za-6-8-procenti/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=735549

Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. -Новата методологија предвидува усогласување на пензиите  со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување. Споредбено со просечната пензија усогласувањето би изгледало вака: Просечна пензија во јули 2022 година изнесуваше 16.348, а со усогласувањето од 6,8 отсто во септември 2022 година изнесува 17.422 денари (1.074 денари повеќе). Носењето решенија на долг рок и нивна одржливост од кои директна придобивка имаат граѓаните со акцент на ранливите категории, е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-so-septemvriskata-penzija-penzionerite-dobivaat-povisoki-penzii-za-6-8-procenti/feed/ 0
Лицата со попреченост кои одат со придружба се ослободуваат од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-da-se-oslobodat-od-rabota-licata-so-poprechenost-koi-odat-so-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-da-se-oslobodat-od-rabota-licata-so-poprechenost-koi-odat-so-pridruzba/#respond Tue, 31 Mar 2020 08:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=324709

Сите државни органи и институции се задолжуваат, на единиците на локална самоуправа им се укажува, а на приватниот сектор му се препорачува вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности, информираат од Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на заклучок што го донела Владата. Заклучокот на Владата е донесен по барање на Министерството за труд и социјална политика поради потребата од заштита на лицата со попреченост кои одат со придружба, во услови на спроведување мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што тие спаѓаат во групата на граѓани кои имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми од КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-da-se-oslobodat-od-rabota-licata-so-poprechenost-koi-odat-so-pridruzba/feed/ 0
МТСП: Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-osloboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-lica-so-potvrda-od-lekar-specijalist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-osloboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-lica-so-potvrda-od-lekar-specijalist/#respond Wed, 11 Mar 2020 13:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=315111

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категориите лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби – хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет ТИП 1, малигни заболувања, како и имуно-компромитирачки состојби. Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени. Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-osloboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-lica-so-potvrda-od-lekar-specijalist/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за децата од страната на МТСП е присутна секојдневно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-negrizata-za-decata-od-stranata-na-mtsp-e-prisutna-sekojdnevno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-negrizata-za-decata-od-stranata-na-mtsp-e-prisutna-sekojdnevno/#respond Tue, 05 Feb 2019 09:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=160372

Негрижата за децата од страната на министерството за труд и социјална политика е присутна секојдневно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Царовска нема превземено ништо конкретно за ресорното министерство, туку само чека некој настан   за да се пофали со тоа што „ЌЕ“ преземе, што никогаш повеќе и не се реализира. Да ја потсетиме власта на СДСМ дека во периодот од 2014-2016 година владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори 44 детски градинки во руралните и градските средини, до 2016 година беа отворени  и 25 приватни установи за деца. Ова е доволен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш на преден план и било грижата на децата и градење на повеќе градинки, бидејќи тие не гледаа низ призмата на свои лични интереси, се наведува во партиската реакција. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Додека Царовска низ секој проект гледа како да се збогати и како од тендерите да зеде пари или да ги додели на својот невенчан сопруг. -Граѓаните увидоа дека со СДСМ и Заев државата само оди назад. Поради  ваквите лоши политики на СДСМ потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Токму на тие избори СДСМ ќе биде казнето за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-negrizata-za-decata-od-stranata-na-mtsp-e-prisutna-sekojdnevno/feed/ 0
Ја почувствуваа ли децата „грижата“ на Царовска?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-pochuvstvuvaa-li-decata-grizata-na-carovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-pochuvstvuvaa-li-decata-grizata-na-carovska/#respond Mon, 31 Dec 2018 12:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=146938

Голем број скандали ја отсликуваат работа во министерствот за труд и социјална политика кое е под раководство на Мила Царовска и Владата предводена од СДСМ. Таа од опозиција ветуваше многу, но ништо од тоа не успеа да исполни за период подолг од година време. Нереализирањето на ветеното е во речиси сите области во социјалата. Многу слики, многу невладини, но малку зборови од децата како „задоволни сме, сега е подобро“. Царовска е на потег во 2019 година, кога тешко можеше да се слушне добар збор за нејзиниот ресор во 2018 година. Што се случи во 2018 година во ресорот на министерката Царовска? Нефункционалното работење на министерката Царовска се отсликува и во системот на социјална заштита. Во февруари годинава беше силувано 13-годишно девојче во Домот за деца „25 Мај“ Скопје при што директорот на установата си поднесе оставка. Во првото тромесечје од 2018 скандали имаше во Домот „25 Мај“ во Скопје и во Домот „Ранка Милановиќ„ кој истотака се наоѓа во Скопје. Во Домот „25 Мај„ малолетник побегна од установата најверојатно поради лошите услови. Малолетник беше пронајден во Чаир во доцните часови. Од истиот дом 13-годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале бремени.   А додека пак во Домот „Ранка Милановиќ„ од Скопје беше пријавено исчезнување на малолетничка при што за овој случај и министерката Царовска потврди дека ова девојче претходно бегала од институција. Имено на директорката и биле потребни 12 дена за да го пријави случајот во надлежните институции. Друг скандал кој ја вознемири јавноста беше кога во мај годинава излезе информација дека тројца малолетни лица исчезнаа од Домот „25 Мај“ од Скопје. Имено стануваше збор за лица на тринаесет, петнаесет и осумнаесет годишна возраст. Имено во август годинава јавноста ја потресе веста дека четиринаесет годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“ и биле извршени полови дејствија врз неа од страна на непознато лице. Кога станува збор за негрижата на децата од страна на министерката Царовска, не може да не се спомне скандалозното видео од детската градинка во Гевгелија. Станува збор за видео каде се слуша како негувателки од Гевгелиската градинка “Цветови“ со навредливи зборови го смируваат детскиот плач. Поврзано со скандалот во градинката во Гевгелија не може, а да не се спомене долгонајавуваната реформа за во градинките т.е двосменското работење. Имено според информациите кои ги добивме во Р.Македонија двосменски работат само 5 градинки. Според овие бројки апсолутно може да се каже дека оваа долго најавувана реформа на Царовска е целосно промашена. Но, Заев и Царовска со нивните реформи најавија покачување на социјалната помош за 300%. Но, ова беше уште една нивна лага бидејќи не стануваше збор за никакво покачување, туку за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-pochuvstvuvaa-li-decata-grizata-na-carovska/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не се грижи за децата без родители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerkata-za-trud-i-socijalna-politika-mila-carovska-ne-se-grizi-za-decata-bez-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerkata-za-trud-i-socijalna-politika-mila-carovska-ne-se-grizi-za-decata-bez-roditeli/#respond Mon, 10 Dec 2018 11:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=138037

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на МТСП. -Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде тие се сместени. Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот. Дали со сместувањето во мали групни домови, Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови? Повеќе од очигледно е која и е намерата на Царовска за деинституционализацијата на групните домови Народот ќе ја увиди реалната слика на оваа мерка и ќе стави крај на овие црнила, потенцираат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ministerkata-za-trud-i-socijalna-politika-mila-carovska-ne-se-grizi-za-decata-bez-roditeli/feed/ 0
КУРИР СТОРИЈА: Заборавени од државата, семејството Младеновски на свој грб ја носи сета суровост на животот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-storija-zaboraveni-od-drzavata-semejstvoto-mladenovski-na-svoj-grb-ja-nosi-seta-surovost-na-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-storija-zaboraveni-od-drzavata-semejstvoto-mladenovski-na-svoj-grb-ja-nosi-seta-surovost-na-zivotot/#respond Tue, 11 Sep 2018 07:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=99076

Шестгодишниот Мики не се израдува на првиот училишен час откако остана без превоз и незапишан во општинското училиште во село Драгоманце во општина Старо Нагоричане. И неговата поголема сестра, 9 годишната Елеонора го пропушти првото училишно ѕвонче. Седумчленото семејството Младеновски останаа да живеe во село Враготурце кое се наоѓа на 1200 метри надморска висина, близу македонско-српската граница, во непристапен планински терен на територија на општината Старо Нагоричане. Притиснати со сериозни здравствени проблеми ова семејство на свој грб ја носи сета суровост на животот и општеството. -Голема неправда е моите деца, лете-зиме да одат по 13 километри дневно пеш низ планиниве, по студови и жештини за да стигнат до најблиското општинско училиште. Ова не е живот. Сите деца ми се со оштетен вид и со пречки во развојот. Куче да врзеш во оваа пустелија не може да седи, а камоли да живее. Овде возило не се качува и илјадници денари да платиш, вели таткото Новко кој е со сто отсто оштетен вид, а за неговата сопруга потврдува дека е лице со ограничени способности. Со нив живеат и 19 годишниот Стефан и 21 годишната Ангелина, и двајцата со комбинирани пречки во развојот и проблеми со видот, додека 17 годишниот Филип е сместен во интернат во Скопје. Младеновски живеат во стара и трошна куќичка со оскуден мебел, без кујна и купатило и елементарни услови за живот. Куќата само што не паднала, кровот протекува поради што еден од ѕидовите попуштил. Сета покуќнина ја сочинуваат неколку железни кревети, шифоњер, маса, фрижидер и шпорет на дрва. Според таткото Новко, големи биле ветувањата на политичарите се дури дојдат на власт. Како пример ни го посочи тој на актуелната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа додека беше во опозиција често го користеше ова семејство преку социјалните мрежи. Подоцна, Царовска откако седна на министерското столче, за кумановските медиуми изјави дека семејството ги имало добиено сите социјални бенефиции од државата, и не биле приоритет за добивање на социјален стан. -Целосно сум запознаена со случајот и додека бевме во опозиција јас комуницирав со семејството. Тие ги примаат сите права што им следуваат согласно законот. Единствено што може да се направи е да се плати превоз. Тоа што може системот да го направи за ова семејство е направено, превозот треба да го изменаџира Општината, изјави пред нецела година Царовска. Изјавата на Царовска беше контрадикторна со ставовите на нејзината претходничка Фросина Ременски која еднаш  го посетила семејството и дала ветување за трајно решавање на состојбата со социјален стан доколку дојде нејзината партија на власт. -Царовска треба да дојде овде да живее, за да види како е да се живее во изолација.  Со месеци барам да ме прими на разговор градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, но не сака да слушне за нас. Човек кога има маки, бара  помош, ако ми е добро никој не ми треба. Ние ги поставивме, ние ќе ги смениме, категоричен е Новко. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Старо Нагоричане во рамки на своите акции за посета на социјално загрозените семејство, деновиве беше во село Враготурце и донираше основни намирници на фамилијата Младеновски. Семејството Младеновски е лишено од основните човекови права загарантитани со Уставот на Република Македонија. Децата со посебни образовни потреби немаат слободен пристап до образовна, социјална и здравствена институција, а ниту пак имаат пристап до адекватно домување. Остануваат и понатаму сите заедно да живеат во костец со сиромаштијата и социјалната исклученост немајќи пристап до основните ресурси за задоволување на елементарните животни потреби кои значат квалитет на живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-storija-zaboraveni-od-drzavata-semejstvoto-mladenovski-na-svoj-grb-ja-nosi-seta-surovost-na-zivotot/feed/ 0
Царовска удри по воените инвалиди: Затворени 9 подрачни единици на Управата за прашања на борци и воени инвалиди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-udri-po-voenite-invalidi-zatvoreni-9-podrachni-edinici-na-upravata-za-prashanja-na-borci-i-voeni-invalidi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-udri-po-voenite-invalidi-zatvoreni-9-podrachni-edinici-na-upravata-za-prashanja-na-borci-i-voeni-invalidi/#respond Tue, 27 Mar 2018 14:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=33645

Секојдневни скандали го тресат Министерството за труд и социјална политики и министерката Мила Царовска. Се започна со скандалите во Домовите за деца без родители, со злоставуваните малолетници и исчезнатите штитеници. Но скандалите околу министерството не завршуваат тука. Имено,9 подрачни единици на Управата за прашања на борци и воени инвалиди се затворени низ цела Македонија. Управата е во состав на Министерството за труд и социјална политика и се грижи за правата на учесниците во воени конфликти и воените инвалиди кои во најголем број се учесници во конфликтот во 2001-ва година. Царовска е одговорна за затворање на 9 подрачни единици на УПБВИ во следните градови: Крушево, Прилеп, Демир Хисар, Македонски Брод , Кичево, Пробиштип, Штип, Неготино, Свети Николе. Оваа институција, покрај грижата за правата на учесниците во конфликтот во 2001 година, се грижи и за правата на борците во НОВ, како и учесниците во противтерористичката акција во Диво Насеље во Куманово и учесниците во мисиите во Ирак и Авганистан. Подрачните единици на локално ниво служат за остварување на права од боречка и инвалидска заштита. Подрачните единици се затворени како резултат на одењето во пензија на голем дел од вработените во горенаведените градови, а вработените кои биле со волонтерски договор, договорите ниту им се продолжени ниту пак им е одобрено нивно вработување. Последниот стратешки план за работа на Управата за прашања на борци и воени инвалиди во состав на Министерството за труд и социјална политика е од 2017 година со времетраење од две години до 2019 година. Во  планот се уште стојат впишани 34 подрачни единици иако речиси една четвртина од подрачните единици поради негрижа на министерството се веќе затворени. Ова е голем удар за воените ветерани низ цела Македонија и класичен пример за негрижата кон овие граѓани од страна на министерката Царовска и Владата, здруженијата на ветерани се погласно на социјалните мрежи негодуваат за ваквото решение, а не стивнуваат ниту реакциите на гневните ветерани кои се оставени на цедило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-udri-po-voenite-invalidi-zatvoreni-9-podrachni-edinici-na-upravata-za-prashanja-na-borci-i-voeni-invalidi/feed/ 0