министерство за здравсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jan 2022 12:53:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за здравсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Министерството за здравство му се скара на Димитров – веднаш реагираше по неговата изјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ministerstvoto-za-zdravstvo-mu-se-skara-na-dimitrov-vednash-reagirashe-po-negovata-izjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ministerstvoto-za-zdravstvo-mu-se-skara-na-dimitrov-vednash-reagirashe-po-negovata-izjava/#respond Wed, 12 Jan 2022 12:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=618394

Министерството за здравство е изненадено од непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид пандемијата. „Вицепремиерот денеска на пресконференција истакна дека неговите позиции во Владата „во однос на колегите биле различни на многу теми, како и приодот и мерките против пандемијата“. Чесно е Димитров, да каже дека на многу седници на ГККШ или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше, туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците пак беа „удостоени“ со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на Ковид 19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите. Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството. Од Ковид 19 сите трпиме последици, дури и државите кои имаат најорганизиран систем, затоа е важно како ќе реагира секој поединец и како ќе ја разбере својата улога во општетсвото. Оттука неразбирливи се причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови“, велат од министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ministerstvoto-za-zdravstvo-mu-se-skara-na-dimitrov-vednash-reagirashe-po-negovata-izjava/feed/ 0
Министерството за здравство демантира дека има уште еден случај на омикрон во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-ima-ushte-eden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-ima-ushte-eden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija/#respond Thu, 30 Dec 2021 20:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=615087

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија. Утврдување на присуство на сој на вирусот SarsCov2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout може да биде само индикација но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Ковид 19. Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на Ковид 19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт. Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-demantira-deka-ima-ushte-eden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija/feed/ 0
МЗ: Сите документи се спремни за увид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-site-dokumenti-se-spremni-za-uvid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-site-dokumenti-se-spremni-za-uvid/#respond Fri, 10 Sep 2021 13:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=562025

Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на КБ Тетово, каде на голема жалост имаше и човечки загуби. Ја информираме јавноста и истражните органи дека стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата. Стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид. Министерството за здравство информира дека откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите. Примипредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот. Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-site-dokumenti-se-spremni-za-uvid/feed/ 0
Активни близу 8.000 случаи на коронавирус, дневно над 1 000 новозаразени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-blizu-8-000-sluchai-na-koronavirus-dnevno-nad-1-000-novozarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-blizu-8-000-sluchai-na-koronavirus-dnevno-nad-1-000-novozarazeni/#respond Thu, 19 Aug 2021 06:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=552421

Задолжителното приложување сертификат за примена најмалку една доза вакцина, потребно за влез во многу места и присуство на разни настани, го зголеми процентот на вакцинирани. До завчера се ревакцинирани речиси половина милион граѓани. Паралелно со вакцинацијата, се зголемува бројот на новозаразени, кој веќе два дена е по 1000 лица на ден. Расте бројот и на починати како компликација од вирусот. Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани 15 починати лица. Сертификат за примена најмалку една вакцина против Ковид-19 или доказ дека болеста е прележана пред 45 дена, од вчера се потребни за влез во кафуле, обложувалница, трговски молови, казина, културни настани и секаков вид прослави. Мерките се дозирани со цел да се зголеми опфатот за вакцинација и да се спречи ширењето на вирусот, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот, како што рече, се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. -Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани, и во другите земји заболуваат, меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче. Тој посочи дека во градовите каде има повисок опфат со вакцинација од близу 50 проценти засега нема притисок во болниците како што се Битола, Охрид и Штип. Потенцира дека здравствениот систем е целосно подготвен за новиот ковид-бран. – Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен и следиме како се одвива епидемиолошката крива, рече Филипче. Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека мерките се предложени од најстручните луѓе во државата. -Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено, за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет, мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет, самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект, појасни Заев. Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската за ПЦР тест или задолжителна потврда за прележана зараза, за сите што излегуваат и влегуваат во државата. И покрај зголемувањето на бројот на заразени и починати од Ковид-19, премиерот Заев изјави дека не се размислува да се одложи стартот на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември. Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на завчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација. Според информациите од Министерството, завчера прва доза вакцина примиле 11 732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17 427. – Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, се вели во соопштението од МЗ. Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485 464 граѓани. – Со последните бројки, 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведува МЗ. Вакцинирањето се одвива без закажување во вакциналните пунктови низ државата, додека теренската вакцинација се одвива со ротации на медицинските екипи во секое село, рурално населено место и населба. За вакцинирање на децата мора да се закаже термин преку сајтот vakcinacija.mk. Вчера беа регистрирани нови 1.081 случаи на Ковид-19 од 6.802 тестирања, 15 починати на возраст од 37 до 79 години и 91 оздравен пациент. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705. Најмногу активни има во Скопје 2520, потоа следат Тетово со 1477 и Гостивар – 1099. Во Куманово има 497 активни случаи, Кичево – 404, Струмица – 339, Охрид – 213, Струга – 190, Битола – 151, Дебар – 144. Во другите градови има под 100 активни случаи. Богданци е единствениот град во кој нема позитивен на Ковид-19, а во Крушево, Македонска Каменица и Дојран има само по еден активен случај. И покрај тоа што новиот ковид-бран зема замав, останува одлуката од 1 септември учениците да посетуваат настава со физичко присуство. Сојузот на средношколци вчера на онлајн-состанок со министерката Мила Царовска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето. Како што соопшти Министерството за образование и наука, од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје. Министерката Царовска истакна дека учениците се меѓу најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита од пандемијата. – Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19. Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што завчера и Владата донесе одлука, рече Царовска. МОН потсетува дека од минатиот месец има подготвено уште две резервни сценарија кои се лесно применливи доколку се појави потреба, односно ако се влоши епидемиолошката состојба. Според светската статистика, досега се заразиле со коронавирусот околу 210 милиони луѓе, починале 4,4 милиони, а оздравеле речиси 188 милиони лица. СЗО вчера соопшти дека Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани.– Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија вчера претставници на СЗО. Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“. Од СЗО вчера соопштија и дека сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот. Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза, која се дава во богатите земји, советникот на СЗО Брус Ајлворд истакна дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени. Тој нагласи дека прво треба да се дадат две дози на најранливите групи низ светот, а дури потоа трета доза на оние кои веќе се вакцинирани со две. Грција вчера ѝ донираше на Либија 200.000 вакцини. Со специјален лет со авион на военото воздухопловство на Грција, од Атина во Триполи пристигнаа 200.000 вакцини донација од грчката за либиската Влада, а како што соопштија од грчкото МНР, Грција е прва земја што донира вакцини за Либија, јави дописничката на МИА од Атина. Папата Франциск вчера изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 е „чин на љубов“ и ги повика верниците да се имунизираат. – Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-blizu-8-000-sluchai-na-koronavirus-dnevno-nad-1-000-novozarazeni/feed/ 0