министерство за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 11:47:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png министерство за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот Меџити прими вакцина за сезонски грип: Граѓаните да се вакцинираат, да се заштитиме себе и јавното здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-primi-vaktsina-za-sezonski-grip-graganite-da-se-vaktsiniraat-da-se-zashtitime-sebe-i-javnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-primi-vaktsina-za-sezonski-grip-graganite-da-se-vaktsiniraat-da-se-zashtitime-sebe-i-javnoto-zdravje/#respond Mon, 30 Oct 2023 11:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=894470

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип. -Ги повикуваме заинтересираните граѓани да се пријават за вакцинација, вакцините се безбедни и ефикасни. Годинава Министерството за здравство обезбеди 60.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и здравствените работници. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини за комерцијална употреба, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-primi-vaktsina-za-sezonski-grip-graganite-da-se-vaktsiniraat-da-se-zashtitime-sebe-i-javnoto-zdravje/feed/ 0
МЗ се огласи во врска со случајот за починатиот пациент од комбето на Брзата помош чии вработени пиеле кафе на бензинска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-se-oglasi-vo-vrska-so-sluchajot-za-pochinatiot-patsient-od-kombeto-na-brzata-pomosh-chii-vraboteni-piele-kafe-na-benzinska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-se-oglasi-vo-vrska-so-sluchajot-za-pochinatiot-patsient-od-kombeto-na-brzata-pomosh-chii-vraboteni-piele-kafe-na-benzinska/#respond Tue, 22 Aug 2023 12:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=869578

Министерството за здравство се огласи во врска со пишувањата со случајот за починатиот пациент од комбето на Брзата помош чии вработени пиеле кафе на бензинска. -По извршените разговори со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот кој бил во возилото на брзата помош ви ги споделуваме деталите за овој случај: Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требал да биде трансфериран во Општа болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејки ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки, стои во соопштението од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-se-oglasi-vo-vrska-so-sluchajot-za-pochinatiot-patsient-od-kombeto-na-brzata-pomosh-chii-vraboteni-piele-kafe-na-benzinska/feed/ 0
МЗ: Нема нови случаи со ККХТ, граѓаните да се придржуваaт кон овие првентивни мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-nema-novi-sluchai-so-kkht-graganite-da-se-pridrzhuvaat-kon-ovie-prventivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-nema-novi-sluchai-so-kkht-graganite-da-se-pridrzhuvaat-kon-ovie-prventivni-merki/#respond Sat, 19 Aug 2023 14:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=868711

Министерството за здравство ја информира јавноста дека двајцата пациенти заразени со Конго-кримска хеморагична треска се стабилни. Лекарите велат дека најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Што се однесува до ризичните и помалку ризичните контакти со заразените, нема други суспектни случаи ниту пак кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, на последниот состанок што се одржа минатата седмица одлучија да препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од Конго-кримска хеморагична треска која се пренесува од каснување на крлеж. Преветивните мерки главно се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од истата. Превентивни мерки за заштита се: 1.Со облека покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови - врат, глава 2.Носете светло обоена облека за лесно да се забележи крлежот 3.Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид *Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото 4.Обезбедете репелент против крлежи и инсекти кои можат да се нанесуваат на гола кожа 5.По престој во природа направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. *Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и сл); 6.Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи 7.Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни 8.Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни 9.Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ 10.Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе 11.Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе. На состанокот што се одржа по иницијатива на министерот за здравство д-р фатмир Меџити, членовите на Комисијата изготвија информација до Владата на Северна Македонија за организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата, за зголемено присуство на крлежи по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи дезинсекција која е клучна превентивна мерка. Министерството за здравство апелира до населението дека простор за паника нема, ККХТ не се пренесува лесно, туку еиднствено по каснување од крлеж заразен со вирусот. Како најизложени на оваа опасност се риболовците, ловците и сточарите за кои укажуваме деа треба да бидат иклучиво внимателни и да ги почитуваат препораките за превенција. Друга голема група изложена на ризик се здравствените работници, заради контакт со телесните секрети - крв, тие треба да се заштитуваат со ЛЗО при контакт со сомнителни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-nema-novi-sluchai-so-kkht-graganite-da-se-pridrzhuvaat-kon-ovie-prventivni-merki/feed/ 0
МЗ за КУРИР: Од 18 модуларни болници, сега се користат три https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/#respond Wed, 16 Aug 2023 13:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=867478

Министерството за здравство стапи во контакт со јавните здравствени установи во чија надлежност се модуларните болници, согласно информациите кои ги добивме од здравствените установи, од 18 модуларни болници се користат три како амбуланти, информираат од МЗ за КУРИР. -Другите модуларни болници не се користат. Во тек е анализа за да се дадат финални препораки за употреба на модуларните болници. Досега се испитани амбулантите под Здравствен дом Скопје и истите може да се користат како амбуланти, велат од министерството за здравство. Во изјавата за КУРИР посочуваат дека по завршените анализи секоја од клиниките или здравствените домови ќе добие препораки за што може да се користат.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/feed/ 0
МЗ: Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата за нив, да престане да манипулира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-bekim-sali-go-odobril-priemot-na-ambulantitite-i-isplatata-za-niv-da-prestane-da-manipulira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-bekim-sali-go-odobril-priemot-na-ambulantitite-i-isplatata-za-niv-da-prestane-da-manipulira/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=866976

Беким Сали е последен што смее да каже било што за мандатот и неговата работа како Министер за здравство, а уште помалку да манипулира за случајот со модулатните амбуланти. Во својот краток мандат, Сали не реши ниту едно од отврените прашања поврзани со амбулантите, не изврши ниту една набавка за лекови навремено заради што страдаат пациентите и не остави ниту едно дело зад себе со кое го унапреди здравството. Oсвен тоа со непреземање, се блокирале процеси, реагираат од Министерство за здравство. -Во интерес на вистината, граѓаните треба да знаат точно што има преземено Министерството за здравство по однос на модуларните амбуланти и наследениот хаос кој Сали го остави. Беким Сали крие од јавноста дека со негово одобрение, е направен прием на три амбуланти од страна на министерството, а тоа се модуларните амбуланти во ЗД Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров. Лично тој како министер одобрил и ги примил модуларните амбуланти на 23.09.2022, 19.10.2022 и 22.2.2023, со што изведувачот правно требал да ги наплати. Во прилог на ова соопштение ги праќаме сите документи како и одобрението и извештајот од надзорот. Значи, не министерот Меџити, не Владата или кој било друг, туку Беким Сали одобрил дека амбулантите се примени и треба да се исплатат. Потоа, Сали цели 8 месеци решил да спротивно на она што го потпишал, да не плаќа и да остави свесно државата да сноси правни и тешки финансиски последици. Како тоа Сали решил да не плаќа за нешто го одобрил и примил и веќе е во употреба? Дали свесно сакал да изнуди нешто за себе или што точно сакал да постигне должи како одговор. Долгот кој во меѓувреме е акумулиран по основ на камати за доцнење е повеќе од 200.000 евра кои ќе треба да ги платат граѓаните, велат од МЗ. Од таму велат дека понатаму, министерот Меџити, по преземањето на функцијата, изврши ревизија на сите отворени постапки и долгови кои ги има министерството, меѓу кои долгот за одобрените и примените амбуланти од Сали. -За овој случај, односно дали воопшто треба да се иницира плаќање, министерството направи писмена консултација со Државно правобранителство. Од таму е добиено писмено мислење дека амбулантите мора да се исплатат по приемот. По оваа информација, Министерството за здравство достави информација до Влада за наодите и одговорите од Правобранителство, како и предлог како да се надмине спорот, а притоа, да не се исплати побаруваната камата и да се раскине договорот за преостанатите 7 амбуланти за кои не беше започната градбата. Ова е вистината за постапката и Беким Сали треба да се срами што манипулира со јавноста и ги потпалува граѓаните. До овој момент, како што информиравме вчера, не е исплатено ништо за амбулантите додека Владата не донесе одлука за тоа. Беким Сали сега е должен да каже зошто направил прием на амбулантите? Зошто не плаќал цели осум месеци и буквално не контактирал со никој на оваа тема? Дали сакал да изнуди нешто за себе од целата зделка? Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за сите информации поврзани со овој случај, но манипулации и ситни политички поени нема да дозволиме некој да печали на оваа трагедија, порачуваат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-bekim-sali-go-odobril-priemot-na-ambulantitite-i-isplatata-za-niv-da-prestane-da-manipulira/feed/ 0
Прво на албански, па на македонски јазик: Министерството за здравство на македонските граѓани им се обрати со соопштение „MSH asnjë qindarkë nuk ka paguar për ambulantët“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-na-albanski-pa-na-makedonski-jazik-ministerstvoto-za-zdravstvo-na-makedonskite-gragani-im-se-obrati-so-soopshtenie-msh-asnje-qindarke-nuk-ka-paguar-per-ambulantet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-na-albanski-pa-na-makedonski-jazik-ministerstvoto-za-zdravstvo-na-makedonskite-gragani-im-se-obrati-so-soopshtenie-msh-asnje-qindarke-nuk-ka-paguar-per-ambulantet/#respond Mon, 14 Aug 2023 15:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=866619

Министерството за здравство на Република Македонија своите објави до јавноста почна да ги објавува прво на албански јазик, па потоа на македонски. На официјалниот Фејсбук профил на министерството е објавено соопштение со наслов „MSH asnjë qindarkë nuk ka paguar për ambulantët“, а дури потоа истото е преведено на македонски јазик, па ставен е наслов „МЗ нема исплатено ни денар за амбулантите“. Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити треба да знаат дека на македонската јавност прво треба да се обратат на македонски јазик. Ваков обид за објавување прво на албански јазик имаше и од страна на Беким Сали, кој праксата ја прекина по острите реакции од страна на јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-na-albanski-pa-na-makedonski-jazik-ministerstvoto-za-zdravstvo-na-makedonskite-gragani-im-se-obrati-so-soopshtenie-msh-asnje-qindarke-nuk-ka-paguar-per-ambulantet/feed/ 0
МЗ со демант: Немаме исплатено ни денар за амбулантите, ќе соработуваме со институциите за пожарот во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/#respond Mon, 14 Aug 2023 14:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=866610

Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити го поддржуваат истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење бидејќи тоа е одлика на секое слободно и демократско општество какво што е и нашето. Во целост соработувавме и ќе соработуваме со сите институции во врска со судските постапки поврзани со пожарот во Тетово, велат од МЗ. - Во овој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на МЗ има исплатено пари за модуларните објекти на ЗД Скопје. Ова е апсолутна невистина. Министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложи за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година беа заглавени од страна на претходното раководство на МЗ. Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите, во врска со таа постапка, како би се избегнале судски постапки, за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните, се наведува во соопштението. МЗ изготви информација до Влада од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10 со што би се одбегнало плаќање на затезни камати и отштета. -Оваа постапка се уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти. МЗ работи согласно законот и пред се ги штити граѓаните и нивните права, велат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/feed/ 0
Дијабетичарите најавуваат тужби поради немање терапија, од МЗ велат дека се прават напори да се надминат проблемите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/#respond Fri, 11 Aug 2023 18:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=865957

Министерството за здравство попладнево преку соопштение информираше дека се прават напори да се надминат проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабет. На почетокот на следната недела, како што стои во соопштението, здруженијата на дијабетичари повторно ќе бидат повикани на средба. - Министерството за здравство во целост ги разбира Здруженијата на дијабетичари со кои е во постојан контакт. Апсолутно сме на истата страна во овој случај и даваме максимални напори да ги корегираме пропустите од претходното раководство на Министерството за здравство, кое задоцнило со сите процедури и не ги следело препораките на Комисијата навремено да започне со постапкте. Од првиот ден министерот д-р Фатмир Меџити е во комуникација со Здруженијата и пациентите и транспарентно ги посочи наследените проблеми и причините за пролонгирање на набавките, се вели во соопштението. Пациентите со дијабет не ја исклучуваат можноста за тужби против Министерството за здравство затоа што подолг временски период се оставени без терапија. - Прво ќе поднесеме претставки до Министерството за здравство. Сите што добиле од специјалист извештај за инсулин, за ленти, за глукомери и за антидијабетна терапија преку адвокат претставките ќе ги достават до Министерството. Доколку Министерството не одговори со позитивен одговор, ќе тужиме, изјави Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари за телевизија Сител. Од Министерството за здравство апелираат на воздржаност и разбирање. - Тужби не се решение ниту има потреба од нив затоа што Министерството е партнер со здруженијата, но ако тие веќе решиле да тужат, тоа треба да биде насочено кон претходното раководство кое ги создаде проблемите кои денес Министерството се обидува да ги надмине. Уште еднаш апелираме за воздржаност и разбирање, бидејќи се прави апсолутно се што е во моќ на Министерството, запазувајќи ги правните процедури и рокови од кои едноставно не можеме да отстапиме, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijabeticharite-najavuvaat-tuzhbi-poradi-nemane-terapija-od-mz-velat-deka-se-pravat-napori-da-se-nadminat-problemite/feed/ 0
Министерството за здравство повторно побара разбирање од лицата со дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/#respond Fri, 21 Jul 2023 11:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=858728

Уверување за надминување на состојбата во која се наоѓаат лицата со дијабетес добија денеска овие пациенти на средбата со министерот за здравство Фатмир Меџити кој им најави дека при крај е анализата за пронаоѓање модел за да се избегнат досегашните проблеми. -Министерството за здравство побара разбирање од пациентите за оваа состојба која вети дека во брзо време ќе биде надмината, а министерот Меџити истакна дека по преземање на функцијата максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај, се вели во соопштението. Дијабетичарите си ја бараат терапијата. Со месеци мака мачат да дојдат до глукомери и терапија, Велат, имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме. Меџити на денешната средба истакна дека има целосно разбирање за нив и рече дека додека тој е министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има. -Правиме се во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментот течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Mинистерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2, информираше Меџити. Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државна комисија по жалби за јавни набавки - одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки. -Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцни, таа требала да се започне уште во декември од претходното раководство, истакна Меџити. Mинистерот денеска ја потпишал и одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори. Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-povtorno-pobara-razbirane-od-litsata-so-dijabetes/feed/ 0
Лицата со дијабетес денеска на протест пред Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Fri, 21 Jul 2023 05:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=858600

Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели. - По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме, нагласуваат од СЗДСМ. Тие истакнуваат дека сите рокови се поминати и оти дошло време да си го земат тоа што им следува согласно Уставот, законите и буџетот. - На овој протест повикуваме на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир. СЗДСМ како организатор, не поддржува и однапред се оградува од какво било насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваме од било какви други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвираност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки, потенцираат од СЗДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/litsata-so-dijabetes-deneska-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0